Објава од министерот за спорт Борко Ристовски:
🏃♂️🏟️ УШТЕ ЕДНО ВЕТУВАЊЕ ПРЕТВОРЕНО ВО РЕАЛНОСТ - ВЕЛЕС ДОБИ СОВРЕМЕНА АТЛЕТСКА ПАТЕКА ПО ИААФ СТАНДАРДИ!
Кога пред неколку месеци им ветив на велешките спортисти дека ќе ја обновиме атлетската патека, знаев дека тоа не е само инфраструктурен проект. Тоа беше обврска кон генерациите спортисти кои со години тренираа во несоодветни услови и не се откажуваа.🏃♀️🏃
Денеска во Велес, заедно со градоначалникот, Марко Колев, и со нашиот најдобар маратонец Дарио Ивановски, ја пуштивме во употреба новата современа атлетска патека реконструирана според највисоките ИААФ стандарди. Со овој проект конечно ставаме крај на долгогодишните барања на велешките спортисти и спортски работници за реконструкција на овој значаен спортски објект.🏃♀️🏃🥇
Министерството за спорт инвестираше 19,3 милиони денари за целосна реконструкција на патеката, која сега нуди врвни услови за тренинг и натпреварување.🏟️🏆
✔️ Нов тартан со ИААФ сертификат
✔️ 4.700 м² современа спортска подлога
✔️ 6 ленти на кружната патека и 8 ленти на спринтерската делница
✔️ Услови за сите атлетски дисциплини според меѓународни стандарди
Ова е втора атлетска патека што ја изградивме во изминатиот период, по онаа во Гевгелија, во рамките на програмата на Министерството за спорт за изградба и реконструкција на спортската инфраструктура, според која во изминатите две години реализирани се над 70 инфраструктурни проекти низ целата државата. ✨️🇲🇰
Продолжуваме да инвестираме во спортската инфраструктура затоа што нашите спортисти заслужуваат современи услови за работа, напредок и нови успеси. 🏅💪
Ветувањата имаат тежина само ако ги исполнуваме!⚡️



НАЈГОЛЕМАТА СПОРТСКА САЛА СТАНУВА Т АРЕНА Официјалната промоција ќе се одбележи со музички настан за сите граѓани
Т Арената во рамките на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ наскоро ќе добие нов визуелен изглед со препознатливата магента боја на Т брендот и на надворешниот и во внатрешниот простор на салата.

Македонски Телеком и Спортскиот центар „Борис Трајковски“ започнуваат стратешко партнерство со кое најголемата спортска сала во земјата добива ново име и нов идентитет и станува Т Арена.
Т Арената во рамките на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ наскоро ќе добие нов визуелен изглед со препознатливата магента боја на Т брендот и на надворешниот и во внатрешниот простор на салата. Телеком веќе 25 години ја поврзува Македонија преку најдобрата мрежа, а преку ова партнерство ќе овозможи нови моменти што ги поврзуваат луѓето: спортски успеси, незаборавни концерти и врвни настани.
СЕ РУШИ И ГЛАВНАТА ТРИБИНА ЗАРАДИ РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ГРАДСКИОТ СТАДИОН ВО ТЕТОВО ОД 10 МИЛИОНИ ЕВРА ШТО ПОЧНА ВО 2024

Во рамки на реконструкцијата на Градскиот стадион во Тетово, почна да се руши и главната трибина. Останатите трибини веќе се срушени и делумно изградени. Работите за реконструкцијата на Градскиот стадион ја врши Општина Тетово, а градоначалникот Билал Касами вели дека градот ќе добие модерен спортски објект.
„Се работи на модерен стадион, по стандарди на УЕФА, кој на Тетово ќе му ја донесе спортската инфраструктура што ја заслужува“, рече Касами.
Реконструкцијата на стадионот почна во април 2024. Тогаш, градоначалникот Касами тогаш самиот се качи на багерот и започна со рушењето на источната трибина.
Во ноември 2023, Општина Тетово преку јавното претпријатие „Тетово транспорт“, кое тогаш беше, а и сега е во загуби, распиша тендер по што склучи и договор со фирмата-изведувач во март 2024. Реконструкцијата чини 600 милиони денари (околу 10 милиони евра).
Градскиот стадион е изграден во почетокот на 1980-тите години, кога фудбалската екипа на „Тетекс“ го оствари својот најголем успех и влезе во Првата фудбалска лига на Југославија. Стадионот беше изграден во рекордно време, спаѓаше во редот на најмодерните фудбалски објекти во тогашна Југославија, а имаше капацитет од над 20.000 гледачи. Останува нејасно зошто мораше до темел да се руши овој убав стадион наместо со многу помали средства да се реконструира во делот на трибините.
Фирми од Бугарија влегоа во сопствеништвото на туристичкиот центар Кожуф
Две бугарски фирми станаа нови потенцијални инвеститори на Ски Кожуф Инвест, фирма која под ова име сега е сопственик на туристичкиот центар, додека се посилни се гласините дека ова место повторно ќе се отвора за туристите,
Од пред неколку недели со свој удел во Ски Кожуф Инвест се стекнала компанијата Интернешнл Груп Струмица, фирма за градежништво од 2018, која сега е во сопственост на две фирми од Бугарија - Зунче и Грал (фирма за изградба на станови и одгледување медицински канабис), двете од Петрич.
До октомври 2024 удел во Интернешнл Груп имал и познатиот струмички бизнисмен Горан Крстев, поврзуван како близок бизнис соработник со поранешниот премиер Зоран Заев. Интернешнл Груп има двајца управители - едниот е Горан Крумов од струмичко Дабиље, а другиот е скопјанецот Златко Димитровски, за кого во изминатиот период се пишуваше дека му е близок бизнис соработник во транспортната компанија на Јорданчо Јанев – Дано, баџанакот од Струмица на премиерот Христијан Мицкоски. Интернешнл Груп од ноември 2025 е основач и на „Тхе Гранд Спин“ заедно со Енерго Максистем на балерината Тања Вујисиќ Тодоровска, а името иако алудира на коцкарски бизнис, официјалната дејност е градежништво со почетен влог од 1.116.400 евра.
„Интернешнл Груп“ сега има удел од 43 отсто во „Ски Кожуф Инвест“, компанијата која, како новооснована од 2024, ги поседува недвижнините на некогашниот зимски ски центар.
Втор сопственик на Ски Кожуф Инвест сега е и Кожуф Маунтаин Ресорт на Владо Наков, а управител е Ристо Наков. Компанијата е регистрирана во 2022 и лани имала минимални приходи. Дејноста е хотелско сместување, Имињата се поврзани со Ангел Наков, поранешниот извршен директор на зимскиот центар Кожуф кој заврши во стечај, Фирмата има и удел во Кожуф Ски Бајк Хајк, друштво формирано на крајот на 2023.
Трет сопственик на Ски Кожуф Инвест е основачот БСГ Инвест Тим од Гевгелија на БС Билдинг, компанија на Бранислав Палазов и Стефан Русев, едни од најпознатите бизнисмени и градежници од Гевгелија
Од претходно, со купувањето на опремата и недвижниот имот се исполнети условите за рестартирање на центарот Кожуф, но за тоа, како што велат упатените, е потребно и да се направи разрушениот пат од страна на државата. Ски-центарот Кожуф беше девет години во стечај, а инвестицијата која беше повеќемилионска не се реализираше најмногу поради тоа што патот никогаш не се направи онака како што треба.
Менаџер на „Ски Кожуф Инвест“ е Глигор Беловинов од Валандово
( фактор мк )
Нема ли отворено нишки за нашите ски центри или јас не можам да ги најдам ?



@Kavtown Нема ли отворено нишки за нашите ски центри
Нема.
@stef4o би можело да се отвори 😅
А во врска со Ски Кожув, има ли надеж некогаш повторно да се отвори? Прв шестосед во Македонија многу жално што пропаѓа а тој центар има толкав потенцијал ние не разбираме
Груевски имаше многу визија за ски центаров а и општо за ски центариве низ државава а штета што други влади оттогаш не се многу фокусирани на ски центрите
Имаше и објава Груевски скоро на неговиот ФБ и тоа доста голема за ски центрите ако ја најдам ќе ја споделам тука
Штета држава како нас со сите тие планини што ги имаме да не ги искористиме
Gradonacalnikot na Kavadarci, Mitko Jancev e dosta angaziran da se otvori ski Kozuf uste ovaa godina. Ski centarot Kozuf celosno e pod Opstina Kavadarci, pa zatoa e i angaziranosta na Jancev da se pronajdat kompanii koj sto bi investirale vo centarot. I te kako Kavadarci ke ima benefit od negovoto rabotenje i od prodazbata na gradezni parceli
Во тек е поставување современо осветлување на фудбалскиот стадион во населба Илинден
Општина Илинден продолжува со реализација на активностите за доградба и модернизација на фудбалскиот стадион во населба Илинден, со цел создавање современи услови за развој на спортот и организирање натпревари според највисоки стандарди.
Во рамки на тековните градежни активности започна поставувањето на современ систем за осветлување со над 30 рефлектори, кој ќе овозможи одржување на тренинзи и натпревари и во вечерните часови, согласно современите европски стандарди и УЕФА критериуми.
Поставувањето на осветлувањето е дел од поширок проект кој се реализира во повеќе фази, при што во претходниот период беше извршена целосна реконструкција и проширување на фудбалскиот терен, поставена е нова вештачка трева, изградена е заштитна ограда и имплементиран е современ систем за дренажа.
Паралелно се одвива и изградбата на нова трибина со капацитет од 1.100 гледачи, како и современи подтрибински административни и технички простории. Проектот предвидува изградба на соблекувални со санитарни јазли и тушеви, простории за судии и службени лица, тоалети за посетители, вклучително и за лица со попреченост, магацински и складишни простории, како и посебен коридор за движење на играчите.
Со проектот е предвидено и хортикултурно уредување на околниот простор, изградба на паркинг за повеќе од 60 возила, како и обновување на комуналната инфраструктура.
Увид во текот на градежните активности изврши градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, кој истакна дека поставувањето на современото осветлување е значаен чекор во унапредувањето на условите за користење на стадионот, овозможувајќи негова функционалност и во вечерните часови.
Со реализацијата на овој капитален спортски проект, Општина Илинден продолжува да инвестира во спортската инфраструктура и ја потврдува својата заложба да остане препознатлив центар на спортот и спортските активности.


Уште една значајна инвестиција на Општина Кавадарци во подобрување на условите за образование и спорт.
Започна реконструкцијата на спортската сала во СОУ ,,Добри Даскалов’’ која е целосна инвестиција на Општина Кавадарци во висина од 4.200.000 денари.
Со ова го заокружуваме процесот на модернизација на спортската инфраструктура во Гимназијата. Спортската сала ќе добие целосно нов спортски под, обновени ѕидни површини, модерно осветлување, нов систем за греење и вентилација, како и современ систем за противпожарна заштита. На тој начин учениците и наставниците ќе добијат современи, безбедни и функционални услови за реализација на наставата и спортските активности.
Како Локална самоуправа остануваме посветени на инвестиции што создаваат подобри услови за младите, затоа што секој денар вложен во образованието и спортот е инвестиција во иднината на Кавадарци.




Во месец август ќе биде отворена новата спортска сала "Џексон" во Штип
https://www.facebook.com/share/v/1987GFYYKZ/
Денес присуствував на поставување на камен темелник на изградба на нов објект во рамки на Спортски центар „Јасминʼʼ




[ https://www.facebook.com/photo/?fbid=1622508085897778&set=pcb.1622508465897740 ]
Се чека на пари од Владата за да се доврши реконструкцијата на Соколана (ВИДЕО)

Реконструкцијата на спортскиот комплекс Соколана во Куманово не може да продолжи без дополнителните 700.000 евра кои, според градоначалникот Максим Димитриевски, треба да ги обезбеди Владата.
Тој очекува средствата да бидат одобрени во текот на 2027 година, потсетувајќи дека за нив веќе било разговарано со премиерот Христијан Мицкоски.
Димитриевски изјави дека Општина Куманово ги завршила првите три фази од реконструкцијата со сопствени средства, а за комплетирање на проектот остануваат уште четвртата и петтата фаза.
„Според наша проценка и според проценката на проектот, се потребни уште 700 илјади евра за завршување. Чекаме повик од страна на Владата, а беше дадено ветување и од страна на премиерот дека тие средства ќе бидат обезбедени. Јас тоа очекувам да се случи во тековната 2027 година. Веќе имам разговарано на таа тема со премиерот и ние тој проект ќе го завршиме“, изјави Димитриевски.
Тој појасни дека првата фаза, која опфаќала статичко зајакнување и обезбедување на објектот од рушење, е целосно завршена и финансирана од Општина Куманово.
Со општински средства е реализирана и втората фаза – замена на кровниот покривач, како и третата фаза, која вклучува партерно уредување и доуредување на спортските терени.
Исклучок е реконструкцијата на надворешното игралиште, која претходно беше финансирана од тогашната Агенција за млади и спорт.
Според градоначалникот, преостануваат поставување на столаријата, изработка на фасадата и целосно внатрешно уредување на објектот.
На прашањето дали е уверен дека Владата ќе го исполни ветувањето, Димитриевски рече дека очекува тоа да се реализира, но потсети дека реализацијата зависи и од финансиските можности.
– Сигурен сум дека тоа што го ветил премиерот, што сме го ветиле заедно, ќе биде реализирано. Многу работи се ветуваат и даваме изјави за многу работи. За жал, како велат возрасните, колку ви е чергата, толку ќе си ги испружите нозете, изјави тој.
Инаку, уште при посетата на Соколана во септември 2025 година, премиерот Христијан Мицкоски најави дека Владата ќе обезбеди 700.000 евра за довршување на реконструкцијата на објектот.
Тогаш, заедно со градоначалникот Димитриевски, беше соопштено дека Општина Куманово веќе инвестирала околу половина милион евра во реконструкцијата на Соколана, паркот и спортските терени, додека Владата треба да ја финансира завршната фаза.
👉Започна проектот за гасификација на спортската сала во Куманово.
🚧Екипите на Јавното претпријатие „Куманово-гас“ интензивно работат на прекоп и изградба на подземна инсталација за приклучување на спортската сала на природен гас.
📌Паралелно се врши и изградба на системот за греење и вентилација во спортската сала.



Vo zavrsna faza izgradbata na sportskata sala "Dzekson" vo Stip
https://www.facebook.com/share/v/1EhPinE7Mt/









