Кон содржината
Градба.мк Градба.мк
Спортски објекти(оп...
 
Известувања
Исчистете ги сите

[Лепливо] Спортски објекти(општо)

48 Написи
4 Корисници
59 Реакции
35 Прегледи
(@kavtown)
Почесен член
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 348
 

Градски стадион во Кавадарци. Пред и потоа













   
2
❤️
Реагираа akul1122, Bukefal и akul1122
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема  

УШТЕ НЕ Е ПОЧНАТА ИЗГРАДБАТА НА СПОРТСКАТА САЛА ВО БИТОЛСКОТО СЕЛО БИСТРИЦА КОЈА БЕШЕ НАЈАВЕНА ЛАНИ ВО ФЕВРУАРИ

Една недела по најавата на градоначалникот на Битола Тони Коњановски дека за скоро ќе почнат со работа на терен, уште не е почната изградбата на спортска сала во битолското село Бистрица. Таму беше турнат стар објект за да се изгради нова сала, но откако при ископот пролетта 2025 година се појави септичка јама која не беше предвидена во проектот, градежниот зафат запре.

Деновиве на седница на општинскиот Совет, салата беше наречена Калимеро бидејќи додека локалната власт се фалеше со изградба на други спортски терени, не се спомна до каде е изградбата на таа во Бистрица.

Советникот Никола Гаговски од независната граѓанска иницијатива „Поинаку“ од советничката говорница ја пушти снимката на градоначалникот Тони Коњановски од 7 февруари 2025 година како најавува дека Бистрица ќе добие нова спортска сала.

„Во Бистрица една лопата немаат фрлено. Наместо да разговараме за сечење лента таму, ние разговараме за милионски долгови во училиштата“ , рече Гаговски.

Претседателот на Советот Бојан Бојкоски од ВМРО-ДПМНЕ рече дека ќе ја направат салата и сите ќе ги викнат на сечење лента.

Ден по седницата, на 13 мај, градоначалникот на Битола Тони Коњановски на новинарското прашање на САКАМДАКАЖАМ.МК до каде е изградбата на салата рече дека го решиле проблемот што не бил предвиден во проектот.

„Да, таму имавме мал застој во изведбата на таа спортска сала. Таа е една од четирите кои Општината ќе ги добие. При реконструкцијата се појави септичка јама. Се работи планската документација, сакаме целосно да бидеме во согласност со законот за дислокација на септичката јама, но и работите на терен отпочнуваат деновиве. Не сум задоволен во делот со динамиката, но го решивме пролемот што не бил предвиден со проектот’, рече Коњановски.

Теренот за градба на салата беше исколчен уште пред повеќе од една година. Според најавата, салата ќе чини 37 милиони денари. За да се гради беше срушен стар објект при што се оштети ѕидот од школото, па постоеше опасност Државниот санитарен и здравствен инспекторат да забрани користење на една од училниците, по што проблемот го санираше Општината.

Покрај салата во Бистрица предвидена е изграба уште на три други спортски сали: во основното училиште „Стив Наумов“ каде се почнат градежните рабoти, како и во подрачните училишта во Долно Оризари и Стрелиште.

[ https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/ushte-ne-e-pochnata-izgradbata-na-sportskata-sala-vo-bitolskoto-selo-bistritsa-koja-beshe-najavena-lani-vo-fevruari/ ]



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
(@kavtown)
Почесен член
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 348
 

🏗️ Напредуваат градежните активности за изградба на нов СПА центар, како доградба на спортско рекреативниот објект – затворен базен, на површина од 240 м².
💆‍♂️ СПА центарот ќе располага со:
• парна бања
• сауна
• џакузи
• топли лежалки / клупи
• дел со тушеви
• соблекувални
• простории за масажа
• предпростор со тоалет и туш за масажа
• технички простории
Со реализацијата на овој проект се проширува понудата на затворениот базен и се создаваат нови можности за релаксација и рекреација.
Изведувач на работите е Жикол.







   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
(@kavtown)
Почесен член
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 348
 

Градски стадион Тетово











   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема  

НАПРЕДУВА ИЗГРАДБАТА НА НОВИОТ ОБЈЕКТ ВО СПОРТСКИОТ ЦЕНТАР „ЈАСМИН“ ВО КАВАДАРЦИ

Интензивно се работи на изградбата на новиот објект во рамки на Спортскиот центар „Јасмин“ во Кавадарци, а проектот веќе добива препознатлива форма на терен.
Станува збор за капитална инвестиција која ќе се простира на површина од 1.000 квадратни метри во основа, со подрум, приземје и кат. Во новиот објект се предвидени куглана, сала за гимнастика, како и седум апартмани за сместување на спортисти.
Вредноста на проектот изнесува 118 милиони денари, а средствата се обезбедени преку Владата на Република Македонија во рамки на вториот повик за финансирање на инфраструктурни проекти.
Со реализацијата на оваа инвестиција, Кавадарци добива нов современ спортски капацитет кој ќе придонесе за развојот на спортот, подобрување на условите за тренинг и создавање подобри можности за спортистите и спортските клубови во градот.



[ https://www.facebook.com/photo?fbid=122128190259145040&set=pcb.122128190301145040 ]



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
(@kavtown)
Почесен член
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 348
 

Министерот за спорт Борко Ристовски, заедно со претседателот на Владата Христијан Мицкоски и заменик-градоначалникот на Општина Карпош, Неделчо Крстевски, денеска официјално го пуштија во употреба новиот базен кај спортската сала „Наум Наумовски Борче“ во Скопје.

Станува збор за базен од затворен тип со должина од 25 метри и ширина од 9 метри, кој по пуштањето во употреба, ќе биде предаден во владение на Општина Карпош.

Изградбата на базенот започна во 2023 година од тогашната Агенција за млади и спорт, но проектот подоцна беше оставен недовршен. Министерството за спорт, во рамките на Програмата за изградба и реконструкција на спортската инфраструктура, го отпочна процесот на откочување на затекнатите и заглавени инфраструктурни проекти, обезбеди средства и ја заврши нивната реализација со цел тие што поскоро да бидат ставени во функција на спортот и на граѓаните.





   
2
❤️
Реагираа akul1122, Bukefal и akul1122
ОдговорЦитат
(@kavtown)
Почесен член
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 348
 

Реконструирани спортските игралишта во СОУ Киро Спанџов Брко.
Реконструкцијата е донација од министерство за спорт и компанијата Дрекселмаер

https://youtu.be/mWoaG7derUo?si=u2nvdYgpBfOpSO_b



   
ОдговорЦитат
(@kavtown)
Почесен член
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 348
 

Исто пред некоја година се постави вештачка трева и рефлектори на игралиштето во гимназијата Добри Даскалов - Кавадарци






   
2
Bukefal и akul1122 реагираа
ОдговорЦитат
(@kavtown)
Почесен член
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 348
 

За неколку дена завршува реконструкцијата на тартан патеката на градскиот стадион во Велес.

Проектот се изведува во соработка со Министерството за спорт, што претставува значајна инвестиција во спортот и здравјето на граѓаните.







   
2
Bukefal и akul1122 реагираа
ОдговорЦитат
(@kavtown)
Почесен член
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 348
 

Започна првата фаза од реновирањето на спортската сала „Јане Сандански“ во Пехчево

Започна реализацијата на првата фаза од реновирањето на спортската сала „Јане Сандански“ во Пехчево, проект кој се спроведува во соработка помеѓу Општина Пехчево и ООУ „Ванчо Китанов“ Пехчево, како краен корисник на објектот.

Во рамките на оваа фаза ќе се изврши целосна демонтажа на постојниот и дотраен систем за греење, како и инсталација на нов систем за затоплување кој ќе обезбеди повисока енергетска ефикасност, поголема сигурност во работењето и подобри услови за користење на спортската сала во текот на целата година.

Проектот се финансира со сопствени средства и претставува значаен чекор кон подобрување на спортската инфраструктура во општината. Новиот систем за греење ќе овозможи непречено користење на салата во зимски услови, како за учениците од ООУ „Ванчо Китанов“, така и за спортските клубови и граѓаните.

Градоначалникот на Општина Пехчево, Александар Китански, истакна дека станува збор за инвестиција која директно придонесува за подобри услови за спорт и рекреација, додека директорката на ООУ „Ванчо Китанов“ Пехчево, Емилија Станоевска, ја нагласи важноста на проектот за подобрување на условите за реализација на наставата по физичко образование и спортските активности.

Ова е прва фаза од планираното реновирање на спортската сала, со што продолжуваат заложбите за модернизација на јавната инфраструктура и создавање подобри услови за младите и локалната заедница.






   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
(@kavtown)
Почесен член
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 348
 

Реконструираниот стадион " Петар Милошевски " во Битола







   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
(@kavtown)
Почесен член
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 348
 

Novata tribina na gradskiot stadion vo Stip



Novata tribina na gradskiot stadion vo Ohrid



   
2
Bukefal и akul1122 реагираа
ОдговорЦитат
(@kavtown)
Почесен член
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 348
 

Vo Opstina Ilinden e izgraden teren vo vestacka treva od najvisoka kategorija, a se postavi i kamen temelnik na tribina so kapacitet od 1100 gledaci






   
2
Bukefal и akul1122 реагираа
ОдговорЦитат
(@kavtown)
Почесен член
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 348
 

🛹 Реновирани оштетените плочи на скејт паркот.

Екипите на Комуналец извршија реновирање на оштетените шперт-плочи на скејт паркот, со цел просторот да биде безбеден и функционален за сите што го користат.

Скејт паркот е една од содржините наменети за младите, а одржувањето на ваквите простори е дел од грижата за безбедно и квалитетно поминато слободно време.

🙏 Благодарност до екипите за извршената работа.






   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
(@kavtown)
Почесен член
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 348
 

Градоначалникот м-р Онер Јакупоски на увид на градежните активности во Спортската сала „Македонија“:

Се надминуваат пропустите во проектирањето за модерна и функционална сала.

Градоначалникот на Општина Маврово и Ростуше, м-р Онер Јакупоски, изврши теренски увид во тековните градежни активности за реконструкција и санација на Спортската сала „Македонија“.
Со цел доследно следење на процесот, на лице место беа повикани и присутни претставници на проектантот, надзорниот орган и изведувачот на градежните работи.

За време на посетата детално беше разгледана динамиката на изведување на градежните активности, при што беше направена анализа на досега завршените фази.
Меѓутоа, при теренскиот увид беа констатирани и утврдени бројни недостатоци и пропусти во првичното проектирање на овој објект — нешта кои директно би ја довеле во прашање крајната функционалност на спортската сала.

Гледајќи во интерес на граѓаните и спортистите, сите засегнати страни се согласија дека за да добиеме навистина модерна, безбедна и функционална спортска сала, овие технички недостатоци мора итно да се надминат.

Заеднички заклучок:
Градоначалникот Јакупоски, проектантот, изведувачот и надзорот донесоа заеднички став дека за целосно и квалитетно ставање во функција на објектот, неопходно ќе биде спроведување на втора фаза на јавна набавка.
Во оваа следна фаза ќе бидат прецизно предвидени и опфатени сите потребни позиции кои првично биле изоставени, а кои се клучни за комплетирање на салата.

Општина Маврово и Ростуше останува посветена на принципот на одговорно, транспарентно и квалитетно работење, со цел спортската сала „Македонија“ да биде изградена по највисоки стандарди.
—————————————————————






   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
Страница 2 / 4
Сподели: