Кон содржината
Градба.мк Градба.мк
Базени и аква парко...
 
Известувања
Исчистете ги сите

Базени и аква паркови

30 Написи
3 Корисници
35 Реакции
11 Прегледи
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема   [#915]

05.03.2026

Започнува изградбата на модерниот базен во ООУ „7 Март“
Во просториите на Основното училиште „7 Март“ започна изградбата на модерен базен, еден од најзначајните спортски проекти за младите генерации во Чаир. Камен-темелникот на оваа инвестиција, вредна околу 1 милион евра, го постави градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити.
Спортскиот објект ќе има современи димензии, со должина од 25 метри и ширина од 8,80 метри, додека длабочината на базенот ќе биде прилагодена за учење и тренинг. Проектот има за цел да создаде безбедни и професионални услови за учење пливање, развој на спортски активности и организирање натпревари.
Базенот ќе биде опремен со посебни гардероби, тушеви, простории за тренери и современа опрема, исполнувајќи ги современите стандарди за безбедност и енергетска ефикасност.
Оваа инвестиција претставува значаен чекор во развојот на спортската инфраструктура во општината и создавање современи услови за спортски и рекреативни активности за учениците и граѓаните.


[ https://www.facebook.com/photo/?fbid=1332632012244974&set=pcb.1332632232244952 ]



   
Реагираше Bukefal
Цитат
(@kavtown)
Почесен член
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 348
 

Kavadarci dobiva mini aqua park, zatvoren bazen i spa centar

https://www.facebook.com/share/v/18WNbvTGCF/

https://www.facebook.com/share/v/1Y5saPVgUQ/



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
(@kavtown)
Почесен член
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 348
 

Продолжуваат градежните активности за реконструкција на Градскиот Базен Кавадарци ✔️

📌Реконструкцијата предвидува намалување на нивото со комплетно нови плочки, нов пумпен систем за вода и филтри. На дел од големиот базен ќе се постават и топогани, а другиот дел ќе си остане рекреативен.

⬇️Во малиот детски базен ќе се постават детски реквизити за водните лудории за децата, а во партерот ќе има и детско игралиште на гумена подлога. Комплетно ново реновирање на тоалети, соблекувални, тушеви, партер околу целиот базен, соба за доктор, влезни партии, нови кровови на постоечките шанкови, лежалки и се што е дополнително потребно за Градскиот базен да функционира како забавен воден парк и за младите и за постарите.






   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
(@akul1122)
Почитуван член
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 133
 

Директорот на СЦ "Борис Трајковски" Апостолски изјави дека даваат максимални напори за аква паркот во Скопје да биде функционален за ова лето.

https://kanal5.com.mk/danijel-apostoloski-za-akva-parkot-davame-ogromen-napor-da-gi-ispochituvame-site-rokovi-za-ova-leto-konechno-da-pochne-so-rabota/a745530



   
2
Bukefal и Kavtown реагираа
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема  

(ВИДЕО) Базенот во Кисела Вода: свечено промовиран лани, а сè уште под клуч

Од пет ветени затворени базени низ државата, се плива единствено во Штип. За останатите базени во Битола, Ѓорче Петров и Кичево, општините и Министерството за спорт меѓусебно си ја префрлаат одговорноста за недовршените приклучоци за вода и струја

[ https://www.youtube.com/watch?v=P8sZLT_i3U0 ]

[ https://360stepeni.mk/video-bazenot-vo-kisela-voda-svecheno-promoviran-lani-a-se-ushte-pod-kluch/ ]



   
2
Bukefal и Kavtown реагираа
ОдговорЦитат
(@kavtown)
Почесен член
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 348
 

🏊Работите на затворениот базен напредуваат со засилено темпо ✔️Деновиве се поставуваше подно греење, важен дел од современиот систем кој ќе обезбеди подобри услови и функционалност на објектот.

Базенот наскоро ќе биде место наменето за учениците од основните и средните училишта, но и за рекреација на сите граѓани.
Базенот ќе биде ставен во функција најкасно до месец август.







   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема  

Затворениот базен кој се гради во Струмица ќе донесе нови можности за спорт, рекреација и активен живот во градот.
Градоначалникот Петар Јанков денес изврши увид во тековните градежни активности на објектот кој се наоѓа во спортско-рекреативната зона.
Новиот базен, кој се реализира на површина од 600 м², ќе обезбеди современи услови за пливање, спортски тренинзи и рекреативни активности за граѓаните во текот на целата година, со што дополнително ќе се збогати спортската понуда во градот.
За реализација на проектот, Министерството за спорт обезбеди финансиска поддршка во износ од 50.501.267 денари


[ https://www.facebook.com/opshtina.strumica ]



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема  

Чаир добива Спортски Базен
Денеска официјално беше пуштен во употреба Спортскиот базен во близина на ООУ „Исмаил Ќемали“ во Топанско Поле, современа инвестиција во вредност од околу 1 милион евра, која веќе е ставена во служба на граѓаните, спортистите и младите од Општина Чаир.
На свеченото отворање, градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, заедно со министри, државни функционери и претставници на институции, го оценија овој проект како инвестиција од особено значење за развојот на спортот и создавање поквалитетни услови за младите генерации.
„Оваа инвестиција не е само спортски објект, туку важен чекор кон создавање современи услови за развој на спортот и рекреацијата во нашата општина. Нашите млади заслужуваат достоинствени простори и современи стандарди,“ изјави Меџити.
Спортскиот базен е изграден според современи стандарди и ќе служи за учење пливање, спортски активности и тренинзи на спортски клубови, создавајќи функционален и безбеден простор




[ https://www.facebook.com/cair.gov.mk ]



   
2
Bukefal и Kavtown реагираа
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема  

Базенот „Карпош“ пред реконструкција, младите пливачи пред нов предизвик

Базенот „Карпош“ наскоро треба да влезе во голем ремонт, што значи дека еден од најважните објекти за пливачите во Скопје повторно ќе биде затворен на подолг период. Според информациите објавени од „Слободен печат“, се подготвува обемна реконструкција на покривот, коритото, соблекувалните и останатата инфраструктура во објектот.

Точниот датум на затворање сè уште не е познат, ниту колку време ќе трае реновирањето. Но најавата веќе предизвика загриженост кај пливачите и родителите, бидејќи базенот „Карпош“ е клучен простор за тренинзи, особено за младите спортисти кои се во редовен натпреварувачки процес.

Базен што веќе беше затворен пет месеци
Ова не е првпат пливачите да останат без базенот „Карпош“. Во април минатата година објектот беше принудно затворен по оштетување на дел од покривната конструкција. Тогаш беше загрозена безбедноста на корисниците, а најавената едномесечна санација се пролонгираше и траеше околу пет месеци.

Базенот повторно беше отворен на 1 октомври, но со привремено решение, односно со поставени заштитни платна под покривот. Тие требаше да служат како преодно решение додека не се подготви проект за целосна реконструкција.

Сега, според најавите, тој проект влегува во фаза на реализација. Реновирањето треба да опфати повеќе делови од објектот, не само покривот, туку и базенското корито, просторот под него, соблекувалните и придружната инфраструктура.

Се бараат алтернативи за тренинзите
Додека се чека конкретниот план за затворањето, се бараат алтернативни решенија за пливачите да не останат целосно без тренинг. Како можни опции се споменуваат училишни базени во Скопје, базенот во салата „Партизан“, базен во Ѓорче Петров, како и можност дел од пливачите да бидат префрлени на „Олимписки“.

Но проблемот е што не сите базени имаат услови за квалитетен тренажен и натпреварувачки процес. Училишните базени често не ги исполнуваат потребните димензии и длабочина за сериозни пливачки тренинзи, што дополнително ја усложнува состојбата за клубовите и младите спортисти.

Затворањето на „Карпош“ доаѓа како нов удар за пливачката заедница, која и минатата година се соочи со долга пауза поради санацијата на објектот. Ако ремонтот се пролонгира, пливачите повторно ќе бидат ставени во ситуација да импровизираат со тренинзи, термини и услови.

Во град во кој спортската инфраструктура и онака е ограничена, затворањето на еден ваков базен не е само технички зафат. Тоа е проблем за цели генерации деца и спортисти кои зависат од секој термин во вода.

[ https://nezavisen.mk/bazenot-karposh-pred-rekonstrukcija-mladite-plivachi-pred-nov-predizvik/ ]



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
(@kavtown)
Почесен член
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 348
 

Досие покриен базен во Охрид: Состојбата е лоша, поплавен е подрумскиот дел од објектот

Читатели на OhridPress до редакцијата доставија фото и видео материјали од состојбата во која се наоѓа покриениот базен кој повеќе од една деценија се гради во Охрид.

  • Оградата е урната на повеќе места, а и вратата со денови е отворена. Од некоја чешма постојано тече вода, а напуштени се и работничките бараки кои се лево од самиот влез. Побаравме чувар или одговорно лице, но не сретнавме никого и направивме неколку фотографии и видео од објектот на кои се гледа состојбата во која се наоѓа објектот во моментов, стои во пораката.

На материјалите се гледа дека објектот е во релативно лоша состојба, со поголеми оштетувања на долната оплата од покривната конструкција. Дел од електричната инсталација и кнауфот се поставени, но и овој дел е далеку од комплетна изведба.

Она што најмногу е загрижувачко, според доставените материјали, е сепак повеќе од еден метар вода кој е забележителен во долниот дел на објектот, најверојатно во подрумските простории.

Повеќе на: https://h1.nu/1qPz9

Кон крајот на јануари годинава, за емисијата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија, министерот за спорт Борко Ристовски изјави дека во проектот за изградба на покриен базен во Охрид има голем проблем со машинството.

  • Со изведувачот го раскинавме договорот и во моментов се прави ново проектирање. Базенот започна да се гради пред 8-9 години и таму има сериозни наоди за сторен криминал, Сега чекаме да се комплетира извештајот од вештачењето и да се предаде во Јавното обвинителство. Има големи проблеми во делот со машинството. Со изведувачот го раскинавме договорот и во моментов се прави ново проектирање, затоа што се сменети условите од периодот кога се започнато првичното проектирање, истакна Ристовски.

Тој откри дека според основниот проект било предвидено за базенот да се користи вода од локалниот водовод, истата да се преработува и да се загрева.

  • Ако земаме толку големи количини вода од водоводот, ќе се доведе во прашање снабдувањето на локалните корисници. Според новиот план, предвидено е за загревање да се користи систем со воздух. Дојдоа експерти кои го разгледуваа и кога ќе се заврши проектот ќе се внесе веднаш во програмата, напомена министерот Ристовски.

Базенот во Охрид започна да се гради во далечната 2015 година, но за жал, и понатаму останува само ветување за охриѓани. Првичниот договор предвидуваше овој спортски објект да биде завршен најдоцна до април 2018 година. Потоа како следни крајни рокови беа зададени 2020, односно 2021 година. Според најавите затворениот пливачки базен треба да биде енергетски ефикасен објект и ќе користи биотермални пумпи што ќе го направат неговото користење во зима далеку поевтино.
( facebook- ohrid press )










   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема  

И ЛЕТОВО НЕМА ДА РАБОТИ АКВА ПАРКОТ ВО СКОПЈЕ

Аква паркот што е дел од СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје и ова лето нема да работи. Како што вели директорот на спортскиот центар Даниел Апостоловски, потребна е целосна санација на објектот и реквизитите, но оваа година нема пари за таква инвестиција.

„Аква паркот го наследив во очајна состојба. Потребни се милион евра да се реконструира, а оваа година сме насочени кои реновирање на базенот. За жал, и ова лето паркот ќе биде затворен“, вели Апостоловски.

Аква паркот е затворен во 2024 година и не остварува никакви приходи. Според ревизорскиот извештај за работата на СЦ „Борис Трајковски“, одлуката за затворање е донесена поради економска неисплатливост и истечен десетгодишен гарантен рок на реквизитите и опремата. Во 2023, Аква паркот остварил приход од 4,29 милиони денари, што е 41% помалку од планираното.

Аква паркот беше отворен во 2015 година пред почетокот на летната сезона. Има 10 тобогани, базен за деца, базен со бранови, мрзлива река, административна зграда и кафуле.

[ https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/i-letovo-nema-da-raboti-akva-parkot-vo-skopje/ ]



   
2
😕
Реагираа akul1122, Bukefal и akul1122
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема  

Проблемите што испливаа со изградбата на базенот во Чаир

Додека на последниот ден од учебната година, група ученички се прскаа со вода во дворот на чаирското основно училиште „Исмаил Ќемали“, на само 50 метри од нив, заклучен беше новиот училиштен базен. Децата знаеја дека има базен, ама не знаеја кога, како и дали воопшто ќе може да го користат.

„Имаме уште една година школо, од септември можеби ќе ни го дадат да го користиме“, малку збунето забележаа две осмоодделенки.

Базенот свечено беше отворен пред две недели, со доцнење од една и пол година, кое било толерирано од општината. Згора на тоа, како што во своето последно истражување открива Центарот за граѓански комуникации (ЦГК), шест месеци, базенот бил готов само на хартија.

Иако од Чаир испратиле известување до Бирото за јавни набавки дека тендерот е реализиран, парите се исплатени, а фирмата 100 проценти ја завршила работата на објектот, вреден речиси 900 илјади евра, на терен на големо се вршеле градежни активности.

Ова ЦГК го потврдиле и со нивната теренска посета на базенот, прво во март, а потоа и на почетокот на мај, а и од документите од надзорот – кој дал цела листа работи што треба да се доправат, откако градежната компанија ги известила дека проектот е готов.

„Општината го прогласила базенот за изграден во истиот ден кога добила извештај од надзорот, кој набројува незавршени работи и допрва бара приклучување на електрична и водоводна мрежа, за да се изврши финалното тестирање на базенот“, откриваат од ЦГК.

Во своето истражување за тендерот, од ЦГК нотираат низа проблеми при реализацијата на овој тендер. Така, на пример, Општина Чаир, иако според договорот требало, сепак не ја казнила градежната компанија за доцнење со изградбата на базенот и двапати го прифатила нејзиното барање за продолжување на рокот.

Во меѓувреме, истата компанија што го гради базенот во Чаир – Еуровиа, го менува името во Еаком, и годинава во јануари, во конзорциум со уште една фирма, го добива тендерот за изградба на втор базен во истата општина, во училиштето „7 Март.“

Еуровиа и бизнисот со изградба на училишни базени

Првите чекори за изградба на училишните базени се прават во 2019 година. Тогашната влада носи одлука за изградба на дури 14 вакви базени, кои главно ќе бидат наменети за ученици, бидејќи длабочината им е околу 80 сантиметри во најплиткиот и до 120 во најдлабокиот дел.

Тетовската градежна компанија Еуровиа, во овој бизнис влегува во 2020 година, кога од тендерот на Агенцијата за млади и спорт (АМС), за шест нови базени ја добива изградбата на оној во Тетово. За останатите пет, избрана е друга фирма.

Но, среќата работи во прилог на тетовската компанија.

Базенот во Тетово е готов и официјално отворен среде лето, во јули 2022 година, со најава дека, сепак, со работа ќе почне од септември, кога почнува и учебната година. Изградбата на другите пет базени во Кичево, Битола, Штип, Ѓорче Петров и Кисела Вода заглавува, па Агенцијата за млади и спорт ја ангажира и Еуровиа како подизведувач, во сомнителна постапка за која во повеќе наврати пишуваше редакцијата на „360 Степени.“

Компанијата, која пред неколку години стана позната во јавноста како голем донатор на партијата ДУИ, во октомври 2025 година го смени името во Еаком и продолжи да добива тендери, иако во меѓувреме ДУИ отиде во опозиција.

Покрај вториот базен во Чаир, лани во октомври, Еуровиа, во конзорциум со својата партнерска фирма во овој бизнис – Вивинт, ги добива тендерите за изградбата на уште два затворени училишни базени во Тетово. Трите базени се градат со пари од унгарскиот кредит, а секој од нив чини меѓу 800 илјади и 1 милион евра.

Додека рокот за завршување на базените во Тетово е една година, изградбата на вториот базен во Чаир ќе потрае, бидејќи е предвидено да трае три години.

Тој ќе се гради во дворот на училиштето „7 Март“, непосредно до спортската сала. Локацијата веќе е оградена со тараби и почнати се првите ископи за новиот базен.

Како ќе работи затворениот базен во Чаир

Иако базенот во основното училиште „Исмаил Ќемали“ е официјално отворен, на стаклата од влезните врати сè уште има траги од кал, во дворот стојат неколку водоводни цевки, а еден кабел останал да виси од електричниот орман

За време на посетата на БИРН, вратата беше заклучена и на неа беше залепено ливче на кое пишуваше дека влезот на неовластени лица е забранет, како и дека е потребна пријава кај одговорното лице пред влегување внатре. Немаше оставено ниту име, ниту контакт од одговорниот.

Нема информации и за тоа дали и како базенот ќе функционира ова лето, ниту, пак, кој ќе стопанисува со него. БИРН испрати неколку прашања до општината, ама и покрај најавите дека ќе одговорат, до објавувањето на текстот не добивме одговори.

На официјалното отворање, градоначалникот Изет Меџити изјави дека од следната година, учениците од петто и шесто одделение ќе имаат часови по пливање, кое ќе стане дел од наставната програма, како и дека базенот ќе биде во функција и за рекреација и за пливачките клубови што сега се формирале во Чаир.

„Инвестираме во децата и во нивното здравје“, истакна Меџити.

Од ЦГК, пак, изразуваат сомнеж дека отворањето на базенот, на само 10 дена пред крајот на учебната година било избрзано, само за да се потврди дека е реализиран тендерот и да се минимизираат последиците од јавното објавување на нивното истражување за тендерот, за кое, како што велат, општината била свесна дека се изработува.

[ https://prizma.mk/problemite-shto-isplivaa-so-izgradbata-na-bazenot-vo-chair/ ]



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
(@kavtown)
Почесен член
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 348
 

Aqua Park Macedonia - Probistip

I



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
(@kavtown)
Почесен член
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 348
 

Aqua Park Hotel Izgrev - Struga



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
(@kavtown)
Почесен член
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 348
 

Mini Aqua Park Salida - Prilep








   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
Страница 1 / 2
Сподели: