Ме интересира од каде доаѓа називот на оваа сала, Џексон не е типично македонско име 🙂
Фудбалското игралиште со вештачка трева во Струмица добива осветлување, наскоро рефлектори и на другото игралиште
Деновиве на иницијатива на градоначалникот на Струмица Петар Јанков интензиво се работи на осветлување на спортскиот терен односно фудбалското игралиште со вештачка трева кај СРЦ Пандев во Струмица. Ова игралиште беше изградено пред пет година од програмата Хетр трик на УЕФА од страна на Фудбалска федерација на Македонија и тогашна Академија Пандев.
Таму веќе се подигнати столбовите за рефлектори со што ќе се овозможат услови и за ноќен тренинг и натпревари под светло.
Реализацијата на овој проект на кој најмногу ќе се израдуват најмладите фудбалерчиња во Струмица е благодарение на Општина Струмица, ФФМ и ОФС Струмица . Во проектот е вклучена и Општина Струмица со сите дозволи но и заложбите на градоначалникот Петар Јанков да бидат осветлени сите спортски терени во општината.
Како што не информираше претседателот на ОФС Струмица Илија Илиев-Ромата по осветлување на ова фудбалско игралиште ќе се пристапи и на осветлување на теренот со вештачка трева Филип Лазаровски.
( drnka.mk )
🚧 КРАЈ НА 61-ГОДИШНОТО ЧЕКАЊЕ – ЦРЕШЕВО ДОБИВА УЧИЛИШНА СПОРТСКА САЛА‼️
🏫 По повеќе од шест децении, учениците од Црешево конечно ќе добијат современа училишна спортска сала – проект што ќе го промени секојдневието на сегашните, но и на идните генерации.
👷 Денес, градоначалникот Бобан Стефковски заедно со директорката на ООУ „Наум Охридски“, Елизабета Андова, извршија увид во градежните активности. Она што го видовме е охрабрувачко – работите се одвиваат со одлична динамика, а очекувањата се салата да биде завршена и ставена во употреба на почетокот на октомври.
⚽ Учениците од Црешево, Виниче и Смилковци конечно ќе добијат услови какви што заслужуваат – современ спортски објект изграден според европски стандарди, наменет за кошарка, одбојка, ракомет и сите активности од физичкото и здравственото образование.
🚿 Проектот опфаќа и современи соблекувални со тушеви и тоалети, простории за наставниот кадар и простор за складирање на спортската опрема – комплетен објект кој ќе ги задоволи сите потреби на училиштето.
💰 Вкупната вредност на инвестицијата изнесува 34.099.421 денари, средства обезбедени од Владата на Република Македонија.
🏗️ Напредуваат градежните активности на новиот објект во рамки на Спортскиот центар „Јасмин“ во Кавадарци. Проектот постепено добива своја форма на терен.
Новата инвестиција, која се реализира во рамки на Спортскиот центар „Јасмин“, ќе се простира на површина од 1.000 м² во основа, со подрум, приземје и кат, а ќе содржи:
🏐 Куглана
🤸♀️ Сала за гимнастика
🏨 7 апартмани за сместување на спортисти
Проектот е вреден 118.000.000 денари и целосно е финансиран преку Влада – втор повик.
Со оваа инвестиција Кавадарци продолжува да се развива како модерен, активен и спортски ориентиран град - велат од локалната самоуправа.
ФОТО | Концертите на Чолиќ и на Аоки го „изгореа“ тревникот во Битола
Стадионот„Петар Милошевски“неодамна помина низ сериозна реконструкција и доуредување, со значителни средства вложени во неговото модернизирање, а проектот чинеше околу еден милион евра.
Проблемот доаѓа во најлош можен момент, бидејќи новата сезона воВтората македонска фудбалска лигазапочнува викендов. Пелистер на стартот треба да го пречека Камењане, но поради состојбата на „Петар Милошевски“, битолчани ќе мора да бараат алтернативно решение за домашниот натпревар.
https://www.slobodenpecat.mk/foto-koncertite-na-cholikj-i-aoki-go-izgorea-trevnikot-vo-bitola
@stef4o Од општина Битола одговориле дека тревникот ќе се врати во прва состојба
https://www.gol.mk/fudbal/koncertite-go-oshtetija-trevnikot-vo-bitola-no-toj-se-obnovuva-po-plan
🏁 Нова инвестиција во спортската и рекреативната инфраструктура на Кавадарци.
По најавата за вовед во работа и поставувањето на камен-темелникот, продолжуваме со реализација на Картинг центарот, инвестиција обезбедена преку вториот повик на Владата. Центарот ќе се простира на 2.700 м², со современа картинг патека и придружни објекти, а вредноста на инвестицијата изнесува 35.247.407 денари.
Нова содржина за младите, љубителите на автомобилизмот и спортот, но и дополнување на туристичката понуда на Кавадарци.
Денес присуствувавме на отворањето на новата спортска сала во ООУ „Круме Кепески“ во Општина Кисела Вода.
https://www.facebook.com/photo/?fbid=1656557919159461&set=pcb.1656579372490649
Градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев, најави нова, голема инвестиција во развојот на ски-центарот „Михајлово“, со која двојно ќе бидат зголемени неговите капацитети.
За таа цел, како што рече, обезбедена е донација во износ од 100.000 евра, со кои е планирана изградба на нова ски- патека, покрај постојната „Македонија“, која ќе се протега од самиот врв, накај шумската куќа, односно одморалиштето „Михајлово“, па надолу.
Покрај новата ски-патека, планирано е и поставување на уште еден ски-лифт. Инвестицијата предвидува и систем за вештачки снег, осветлување и сета потребна инсталација, со што ќе се создадат значително подобри услови за зимски спортови и за рекреација.
Јанчев потенцираше дека особено значајно е што постојат компании што ја препознаваат визијата за развој на Кавадарци и се подготвени финансиски да помогнат во реализацијата на вакви проекти.
Градоначалникот посочи и дека во изминатите осум години Општина Кавадарци во континуитет, секоја година, успевала да обезбеди по најмалку 1,5 милиони евра преку донации, финансиски и материјални средства, оценувајќи дека станува збор за резултат што ретко може да се сретне кај локалните самоуправи.
Новата инвестиција треба дополнително да го развие „Михајлово“ како зимска туристичка и спортска дестинација и да создаде услови за поголем број посетители, подолга скијачка сезона и понатамошен развој на целиот локалитет.
Ски-центарот „Михајлово“ беше отворен на 1 јануари минатата годинава, кога почна да функционира скијачката патека „Македонија“. Тој се наоѓа на планината Кожуф, оддалечен околу 35 километри од Кавадарци. Годинава, на 1 јануари, беше пуштена во употреба уште една ски-патека, долга 1.200 метри, заедно со нов ски-лифт и со уште две дополнителни ски-патеки.
( vecer press )
Картинг центарот добива нова динамика
Продолжуваат градежните активности за изградба на Картинг центарот во Кавадарци, инвестиција обезбедена преку вториот повик на Владата. На површина од 2.700 м² се реализира современа картинг патека со придружни објекти, со вкупна инвестиција од 35.247.407 денари.
Работите напредуваат, а со секоја фаза сме поблиску до создавање нова спортско-рекреативна содржина за младите, љубителите на автомобилизмот и спортот, но и нова атракција која ќе ја збогати туристичката понуда на Кавадарци.
Кавадарци продолжува да создава нови можности, нови содржини и простор за спорт, рекреација и забава. 🏎️🏁
Напредуваат градежните активности на новиот објект во рамки на Спортскиот центар „Јасмин“ во Кавадарци. Проектот постепено добива своја форма на терен.
Новата инвестиција, која се реализира во рамки на Спортскиот центар „Јасмин“, ќе се простира на површина од 1.000 м² во основа, со подрум, приземје и кат, а ќе содржи:
🏐 Куглана
🤸♀️ Сала за гимнастика
🏨 7 апартмани за сместување на спортисти
Проектот е вреден 118.000.000 денари и целосно е финансиран преку Влада – втор повик.
Со оваа инвестиција Кавадарци продолжува да се развива како модерен, активен и спортски ориентиран град!
Повеќенаменски објект во село Дреново.
✔️Завршуваат градежните работи на повеќенаменскиот објект во село Дреново на површина од 530м2, од кои само за спорт, рекреација и културни манифестации се предвидени 360м2, додека останатиот дел ќе биде наменет за соблекувални, тоалети и една деловна просторија за потребите на Месната заедница Дреново.
Инвестиција во висина од 30 милиони денари е на Општина Кавадарци.



































