Кон содржината
Градба.мк Градба.мк
Проблем со диви деп...
 
Известувања
Исчистете ги сите

Проблем со диви депонии

10 Написи
1 Корисници
8 Реакции
303 Прегледи
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 8 месеци
Објави: 2622
Стартер на тема   [#991]

Во оваа нишка ќе бидат опфатени сите работи поврзани со појавата на мини диви депонии низ градските средини како и низ сите друг локации каде има ваква појава во државата.



   
Цитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 8 месеци
Објави: 2622
Стартер на тема  

ГАЛЕРИЈА | Огромна дива депонија во Лисиче

На улицата „Ѓорѓе Андреевиќ Кун“ во Горно Лисиче, која е во непосредна близина на најголемата сообраќајница во населеното место, улицата „Горно Лисиче“, изминатиот период се оформила огромна дива депонија која е распространета низ зелената површина покрај патот.
Местото е огромно, а миризбата што владее таму е ужасна, ако се земе предвид дека на оваа локација се собрал секаков тип отпад – тековен, градежен, кабаст и слично, а во галеријата подоле можете да погледнете за колкаво ѓубриште се работи.








[ https://www.slobodenpecat.mk/galerija-ogromna-diva-deponija-vo-lisiche/ ]



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 8 месеци
Објави: 2622
Стартер на тема  

ФОТО | Повторно се активира депонијата кај Железничка, некој „истоварил“ када за капење, автомобилски гуми…


На зелената површина покрај Железничката станица во Скопје, каде изминатава година многупати се формираа мини-депонии и ѓубришта со секаков тип на отпад, очигледно е дека продолжува традицијата на несовесните граѓани бидејќи денеска некој од нив среде тротоарот ја фрлил кадата за капење, а на локацијата се наоѓаат и автомобилски гуми, картонски кутии и уште неколку предмети.

Жителите на Острово постојано испраќаат видеа и слики од ова девијантно однесување и бараат сериозна реакција од службите на Општината и ЈП „Комунална хигиена“ за поголема регулација и контрола на оваа локација која постојано е жариште на мини-депонии кои, веднаш откако ќе бидат отстранети, повторно се оформуваат.

[ https://www.slobodenpecat.mk/foto-povtorno-se-aktivira-deponijata-kaj-zheleznichka-nekoj-istovaril-kada-za-kapenje-avtomobilski-gumi/ ]



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 8 месеци
Објави: 2622
Стартер на тема  

ПАК ГОРИ СКОПСКАТА ДИВА ДЕПОНИЈА ВАРДАРИШТЕ, АКО НЕМА ТРАЈНО РЕШЕНИЕ ЌЕ ИМА БЛОКАДИ

Скопската дива депонија Вардариште денеска повторно е запалена, а тешка миризба на чадот се чувствува во поголем дел на Скопје. Последен пат Вардариште, која се наоѓа на 6,5 км од Владата, гореше пред 7 месеци.

„Преку 112 добиена е пријава за пожар во депонијата Вардариште. Од 17:30 до 18:40 часот, Противпожарната бригада на Град Скопје интервенирале на површина од 1.000 метри квадратни на улица Перо Наков. Интервенцијата ја извршиле со 2 возила и 6 пожарникари. Пожарот е изгаснат“, соопшти вечерва Центарот за управување со кризи (ЦУК).

На 3 јануари, граѓанската иницијатива „Стоп за Вардариште“ која ги предводеше повеќемесечните протести во Аеродром поради честото палење, објави дека на состанокот на 30 декември градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски им ветил дека Божиќ ќе почне површински да се чисти депонијата. Им било речено дека депонијата ќе ја чистат екипи на ЈП „Улици и патишта“ и механизација од Општина Гази Баба, а ќе бидат ангажирани и приватни фирми.

„Ова е последно предупредување од наша страна! Доколку не се испочитува договореното, не се стави целосен крај на загадувањето што го предизвикува Вардариште и ваквите палења се повторат, нема да останеме мирни, а ќе бидеме приморани и на потенцијално ново активирање на блокадите. Ги повикуваме сите надлежни институции да реагираат итно и со највисок степен на сериозност, а Министерството за внатрешни работи да го вратат полициското присуство на депонијата. Нема да дозволиме Вардариште повторно да го труе Скопје!“, соопштија вечерва од „Стоп за Вардариште“.

На 3 јануари, од „Стоп за Вардариште“ рекоа дека на состанокот не беше посочен конкретен рок кога ќе се исчисти депонијата бидејќи процесот зависи од згрижувањето на ранливото население, за што е надлежно Министерството за социјална политика, демографија и млади. Рекоа дека според заменик-министерот Ѓоко Велковски, оваа постапка треба да заврши до крајот на 2026, а за неа веќе постои владина одлука.

На состанокот на 30 декември било кажано дека по празниците ќе биде објавена тендерска постапка од Град Скопје за одгаснување на депонијата, а целосната проектна документација, вклучително и ревизија на физибилити студијата од 2014 година, треба да биде готова до крајот на мај. Ѓорѓиевски ветил дека почетокот на одгаснувањето е планиран за август, а целиот процес ќе биде отворен за медиумите и јавноста. Од „Стоп за Вардариште“ било укажано дека при последните посети на депонијата бил забележан само еден полицаец во цивилно возило. Ѓорѓиевски рекол дека ЈП „Комунална хигиена Скопје“ врши надзор и спроведува вечерни патроли.

Ѓорѓиевски во кампањата за локалните избори вети дека во неговиот четиригодишен мандат ќе направи парк на местото на депонијата.

[ https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/pak-gori-skopskata-diva-deponija-vardarishte-ako-nema-trajno-reshenie-ke-ima-blokadi/ ]



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 8 месеци
Објави: 2622
Стартер на тема  

Започна процесот на одгасување на Вардариште, чекор поблиску до најголемиот мега парк!
Како што ветив, по спроведената физибилити студија, денес започна процесот на одгасување на депонијата Вардариште.
Мапирани се 22 точки, односно бунари за собирање на отпадните гасови кои со години се наталожуваа на ова место.
Од сите бушотини ќе се земаат примероци кои ќе се испитуваат во сертифицирани лаборатории, со цел прецизно утврдување на количеството и составот на гасовите.
Паралелно, се одвива и процесот за темелно површинско расчистување на депонијата.
Вардариште, почитувани, ќе стане минато.
Она што со децении беше симбол на запоставеност и извор на ризици по здравјето и никој не успеа да го реши, ние го претвораме во можност и нов почеток.
На ова место ќе никне современ мега парк на површина од околу 300.000 метри квадратни, простор на живот, рекреација и чист воздух, новите бели дробови на Скопје.
Ова ќе биде новото срце на градот, место каде семејствата ќе создаваат спомени, младите ќе спортуваат, а природата повторно ќе го врати својот изгубен сјај.
Градиме иднина во која зеленилото не е луксуз, туку стандард, а здравата животна средина, приоритет.








[ https://www.facebook.com/photo?fbid=1497208955365722&set=pcb.1497211088698842 ]



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 8 месеци
Објави: 2622
Стартер на тема  

На „Вардариште“ се дупчи и ќе се одгасува депонијата: Која фирма го прави тоа и за колку пари?

Од Град Скопје досега нема одговор која фирма го изврши мапирањето на бунарите, која фирма ги прави бушотините и кога и како се избрани, ниту кога ќе биде распишан тендер за избор на компанија која ќе го врши одгасувањето и колку тоа ќе го чини Градот.

После три месеци откако градоначалникот Орце Ѓорѓиевски соопшти дека површински се чисти старата скопска депонија Вардариште, пред два дена излезе со нова информација, односно дека по спроведената физибилити студија, започнува процесот на одгасување на депонијата.

Неговата објава на социјалната мрежа Фејсбук, каде градоначалникот редовно ги споделува информациите за активностите за кои тој сака да слушне јавноста, следеше еден ден откако Вардариште, после седум месеци пауза, повторно гореше.

Од граѓанската иницијатива „Стоп за Вардариште“ се заканија дека доколку не се испочитува договореното и не се стави целосен крај на загадувањето од депонијата, ќе бидат принудени да ги активираат блокадите.

Одговорот од градоначалникот беше дека започнало одгасувањето, а потоа депонијата ќе стане парк.

Мапирани се 22 точки, односно бунари за собирање на отпадните гасови кои со години се наталожуваа на ова место. Од сите бушотини ќе се земаат примероци кои ќе се испитуваат во сертифицирани лаборатории, со цел прецизно утврдување на количеството и составот на гасовите. Паралелно, се одвива и процесот за темелно површинско расчистување на депонијата – напиша Ѓорѓиевски.

На ова место, ветува градоначалникот, потоа ќе никне мега парк на површина од околу 300.000 метри квадратни, простор на живот, рекреација и чист воздух, новите бели дробови на Скопје.

По завршувањето на целиот процес, ќе изградиме и мост кој ќе ги поврзува Гази Баба и Аеродром, значително намалувајќи го сообраќајниот метеж и создавајќи побрза и пофункционална градска поврзаност – додаде тој.

Граѓаните од Ново Лисиче и Аеродром летово не можеа прозорци да отворат во своите домови, ниту да ги изнесат децата да си поиграат во населбата од загадувањето од депонијата, која неколкупати гореше. Поради тоа тие протестираа и блокираа улици, па конечно, на тој начин ги размрдаа надлежните да почнат малку посериозно да се занимаваат со депонијата, по што блокадите беа ставени во мирување.

На крајот од декември од „Стоп за Вардариште“ информираа дека имале средба со Ѓорѓиевски чија цел била да се провери до каде е спроведувањето на ветените чекори и да се постават рокови за нерешените проблеми.

На средбата меѓу другото станало збор и за одгасувањето на Вардариште.

По празниците ќе биде објавена тендерска постапка од Град Скопје, која ќе трае до средината на февруари 2026 година. Целосната проектна документација, вклучително и ревизија на физибилити студијата од 2014 година, треба да биде готова до крајот на мај 2026 година. Почетокот на одгаснувањето е планиран за август 2026 година, а целиот процес ќе биде отворен за медиумите и јавноста – соопштија тогаш од „Стоп за Вардариште“.

Но, сега е веќе април, а тендер според проверката на Електронскиот сајт за јавни набавки, сѐ уште не е објавен. Од Град Скопје досега нема одговор на прашањата според која студија се прави одгаснувањето, по постојната или веќе е направена ревизија. Нема одговор ниту која фирма го изврши мапирањето на бунарите, која фирма ги прави бушотините и кога и како се избрани, ниту кога ќе биде распишан тендер за избор на компанија која ќе го врши одгасувањето и колку тоа ќе го чини Градот. На фотографиите што ги објави градоначалникот се гледа дека на бушотината работат луѓе од лабораторијата за испитување градежни материјали „Гео дизајн инженеринг“. Но нема објаснување како е избрана токму оваа фирма

Во однос на чистењето на депонијата, на терен и не се гледа некој голем напредок.

На прашањето до „Стоп за Вардариште“, како Иницијатива која во име на граѓаните контактира со Градот и градоначалникот, дали и понатаму се чисти површинскиот слој на депонијата, оттаму велат дека според последните информации од Град Скопје чистењето се спроведува кога тоа го дозволуваат временските услови.

Кон крајот на минатата година и на почетокот на оваа, и самите неколкупати забележавме активности за чистење на терен. Но, исто така, при неколку од последните посети на локацијата, не забележавме работни активности. Во меѓувреме добивме ветување дека овие денови ќе започне одгаснувањето на дивата депонија, а во текот на вчерашниот ден прочитавме вест дека овој процес веќе стартувал. Ние ќе продолжиме да надгледуваме и да го посетуваме Вардариште, и сите наши забелешки ќе ги доставуваме до институциите и до јавноста – велат од граѓанската иницијатива.

За тоа дали имаат редовна комуникација со Град Скопје околу активностите на депонијата, тие велат дека во последниве месеци таа е во стагнација и дека последниот состанок бил одржан на 30-ти февруари. Повторно требале да имаат средба со градоначалникот во февруари, но оттогаш досега не успеале да добијат термин за нов состанок.

Она што го слушавме на досегашните состаноци ни влеваше надеж дека процесот ќе се одвива во вистинска насока. Сепак, жалиме што комуникацијата и состаноците со Градот стагнираат, иако постојано инсистираме тие да продолжат, бидејќи токму тоа е клучно за транспарентноста на целиот процес и за можноста да следиме што навистина се случува на терен – посочуваат од Иницијативата.

Оттаму, исто така, објаснуваат дека полициската патрола на депонијата во меѓувреме е тргната и апелираат до Министерството за внатрешни работи повторно да го обезбеди просторот и да ја врати редовната полициска патрола со што би се спречиле нови инциденти, како оној од пред два дена.

Тие се свесни дека целосната санација на Вардариште е долг и сложен процес и дека не може да се реши преку ноќ, па очекуваат договорените рокови да бидат испочитувани. Но, како што велат, постои јасен услов, а тоа е во меѓувреме да не се случуваат нови палења, како она од пред два дена

Доколку ваквите инциденти се повторат и здравјето на граѓаните е доведено под ризик, ќе бидеме приморани да преземеме конкретни мерки, вклучително и потенцијално повторно активирање на блокадите – велат од „Стоп за Вардариште“.

[ https://www.slobodenpecat.mk/na-vardarishte-se-pravat-bushotini-i-kje-se-odgasuva-deponijata-koja-firma-go-pravi-toa-i-za-kolku-pari/ ]



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 8 месеци
Објави: 2622
Стартер на тема  

ВО ПРОДОЛЖЕНИЕ ДЕЛ ОД МНОГУТЕ ДЕПОНИИ ВО ШУТО ОРИЗАРИ,А ГИ ИМА УШТЕ ПОВЕЌЕ!.

ЛОКАЦИИ:
-на патот кај ,,Мевче палас " ресторант

  • центар - казино Шутка
  • ванила строг центар Шутка
  • кај месарниците
  • блиску фудбалскиот стадион ,,Напредок".
  • до Џамијата Амди





[ https://www.facebook.com/photo?fbid=1342607661347419&set=pcb.1342607901347395 ]



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 8 месеци
Објави: 2622
Стартер на тема  

Од чистењето депонии низ Центар(Крњево,Маџир Маало)-превземено од фб

Просто неверојатно колку има запуштени,заборавени локации среде центар на град,еден куп депонии на само 100-тина метри од судови,банки и други државни/јавни институции.Последниве неколку години многу отидовме назад во поглед на одржувањето на јавната чистота.

 



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 8 месеци
Објави: 2622
Стартер на тема  

(ФОТО+ВИДЕО) Мини-депонија никнува на плац помеѓу куќи во Триангла-Маџари!

Во непосредна близина на главната улица Благоја Стефковски во скопската населба Триангла-Маџари, никнува мини-депонија помеѓу десетици куќи и неколку дуќани.

Како што велат дел од околните жители кои се обратија до редакцијата на „Фокус“, депонијата ја создаваат мал број несовесни граѓани што живејат во близина.

Тие, според нашите соговорници, го користат празниот плац помеѓу домовите, за да се ослободат од ѓубрето, како и од непотребниот мебел и друг вид на отпад.

Имено, фотографиите што ни беа доставени покажуваат дека таму може да се забележат кеси со ѓубре, стари гуми, градежен шут, душеци, кревети, а во тоа се уверивме и за време на увидот што го направивме на лице место.

Жителите со кои поразговаравме посочуваат дека се чувствуваат немоќни да најдат решение за ситуацијата со која се соочуваат од 2 причини.

Прво, не можат да најдат разбирање со оние кои всушност ја создаваат депонијата, бидејќи, објаснуваат тие, на добронамерните укажувања добиле негативни, па дури и заканувачки реакции.

И второ, додаваат тие, иако неодамна се организирале и потпишале петиција за да се исчисти просторот, сепак, од надлежните во локалната самоуправа добиле одговор дека нивните раце се врзани од причина што станува збор за приватна парцела.

Ако се извршат проверки во Катастарот за недвижности, оваа локација, каде не постои објект, е претставена преку неколку катастарски парцели, кои се во заедничка сопственост на 2 физички лица и на државата.

https://fokus.mk/foto-video-mini-deponija-niknuva-na-plats-pomegu-kuki-vo-triangla-madhari/



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 8 месеци
Објави: 2622
Стартер на тема  

Вардариште ќе се деконтаминира со пари од Владата, но може да биде опасно за неиселените жители на диво

Заврши одгаснувањето на неформалната депонија Вардариште, а следува деконтаминација на земјиштето и конечното уредување во парк. 
 
Од независната граѓанска иницијатива „Стоп за Вардариште“, кои пред два дена биле на средба со претставници од Град Скопје, соопштија дека биле информирани дека измерените концентрации на метан не се на толку високо ниво што би можело да го попречи или забави процесот на деконтаминација, како и дека добиените резултати се охрабрувачки.
 
Главниот заклучок во извештајот на групацијата која го одгаснувала локалитетот вели дека депонијата не е целосно стабилизирана во поглед на присуството на депониски гас. Присуството на метан и јаглероден диоксид укажува дека процесите на разградување на органската материја сè уште траат и дека биолошката активност може да продолжи и по престанокот на одлагањето отпад.
 
Затоа, по одгаснувањето следува деконтаминација, која нема да ја спроведува Град Скопје, туку Владата, а Град Скопје ќе помогне доколку тоа е потребно.
 
„Како изведувач е најавена германската компанија WTE, која работи и на проектот за пречистителната станица, а надзорот ќе го врши француска компанија. За оваа намена одобрени се 10 милиони евра од Владата и тоа 7,5 милиони евра за довршување на колекторскиот систем, а 2,5 милиони евра за деконтаминацијата на Вардариште.
 
Со деконтаминацијата ќе биде опфатена површина од околу 600.000 м², односно
Ископување и отстранување на отпадот, транспорт и префрлање на отпадот во Дрисла како и заштита на подземните води.
 
„Почетокот на работите се очекува во средината на следниот месец, додека завршувањето на целиот процес на деконтаминација е планирано до март следната година“, информираат од „Стоп за Вардариште“.
 
Според најавите од Градот, изградбата на планираниот парк на оваа локација следува во наредниот период, а ЈП „Улици и патишта“ добило задача да го изработи проектот за паркот, што треба да биде готов на почетокот на следната година и јавно презентиран.
 
По започнувањето на реализацијата, изградбата би требало да трае 7-8 месеци. Граѓаните ќе можат да дадат предлози за идното уредување на просторот.
 
Сепак, на локацијата сѐ уште се диво населени околу 200 граѓани, за кои на средбата било  посочено дека претходно планираното иселување на жителите од Вардариште кое требаше да се случи пред неколку месеци било одложено до создавање на сите неопходни услови за негово спроведување.
 
Дополнително, планираните активности за деконтаминација отвораат прашања за безбедноста на луѓето што живеат во непосредна близина.
 
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски најавил дека ќе се настојува процесот да се придвижи и заврши што поскоро. Воедно, ветено е и соодветен третман за згрижување на луѓето кои живеат таму.
 
Конкретен рок за иселување не бил соопштен.
 
Од „Стоп за Вардариште“ беа објавени и податоците од анализата на составот на депонискиот гас.
 
Според резултатите од лабораториските анализи на составот на депонискиот гас, изработени од српската фирма „Заштита – Београд“, измерени се следните концентрации на гасови:
Метан: од 0,7% до 17,4%
Јаглероден диоксид: од 3,8% до 19,2%
Кислород: од 0,1% до 15,4%
H2S (ppm): Од 0 до 1
CO (ppm): од 1 до 3
Споредбени вредности за составот на депонискиот гас кај активна депонија (според извештајот):
Mетан (CH4): 45-60%
Јаглерод диоксид (CO2): 40-60%
Кислород (О2): 0,1-1%,
Сулфиди: 0-1
Јаглерод моноксид (CO): 0-0,2“, соопштија од таму. 
 


   
ОдговорЦитат
Сподели: