Кон содржината
Градба.мк Градба.мк
Спортски објекти(оп...
 
Известувања
Исчистете ги сите

[Лепливо] Спортски објекти(општо)

68 Написи
4 Корисници
75 Реакции
3,094 Прегледи
(@kavtown)
Почесен член
Се приклучи: пред 8 месеци
Објави: 442
 

 



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 8 месеци
Објави: 2622
Стартер на тема  

ВТОРИОТ ТЕНДЕР ЗА ИЗГРАДБА НА САЛАТА „ЏЕКСОН“ ВО ШТИП ГО НАДМИНАЛ ЗАКОНСКИОТ ЛИМИТ ЗА ДОПОЛНИТЕЛНИ РАБОТИ, ВЕЛИ НОВО ИСТРАЖУВАЊЕ



   
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 8 месеци
Објави: 2622
Стартер на тема  

ЗА ОБНОВА НА ФУДБАЛСКИОТ СТАДИОН ВО ЧЕГРАНЕ ИСПЛАТЕНИ 70.000 ЕВРА, А СЕГА ИМА САМО ЛЕДИНА СО ИСУШЕНА ТРЕВА

Истражувањето на Центарот за граѓански комуникации објавено под наслов „Јавен надзор над јавните набавки“ открива класичен пример на неефикасно трошење на јавни пари при изградба на стадион во гостиварското село Чегране.

Агенцијата за млади и спорт на 30 декември 2022 донела одлука за изградба на фудбалско игралиште со трибини во Чегране. Еден од основните критериуми на тендерот била најниската цена со предвидена електронска аукција. Откако била завршена електронската аукција, комисијата утврдила дека прворангираниот понудувач, иако доставил изјава за способност, всушност не ги исполнувал условите, па договорот ѝ припаднал на второрангираната фирма „Лабино трејд“ од Гостивар.

Договорот бил склучен во март 2023 на износ од 5.818.356 денари без ДДВ, односно околу 112.000 евра со ДДВ. Според договорната обврска, „изведувачот е должен сите работи да ги изврши во рок од осум месеци од денот на воведување во работата“. Тоа значело дека игралиштето требало да биде готово уште во декември 2023.

Речиси три години подоцна, состојбата е поразителна. На теренот нема ниту тревник, ниту реконструирани трибини, ниту систем за наводнување и осветлување, иако токму тоа биле главните ставки во тендерот. Центарот за граѓански комуникации во својата анализа ги утврдил овие неправилности со изградбата на стадионот во Чегране.

„Фудбалското игралиште требаше да биде реконструирано уште во декември 2023. Речиси три години подоцна, наместо функционален терен, на локацијата нема ниту бусен трева, ниту реновирани трибини, ниту систем за наводнување, ниту осветлување, како што беше предвидено со тендерот. Договорот го склучила Агенцијата за млади и спорт во март 2023, во вредност од околу 112.000 евра. Досега се исплатени околу 70.000 евра, односно приближно 63% од вкупната сума. Според последниот извештај на надзорот и според состојбата на терен, на игралиштето не се работи уште од втората половина на 2025. Договорот за реконструкција е веќе истечен. Министерството за спорт, како правен наследник на Агенцијата за млади и спорт, не одговори дали се преземени мерки поради неисполнувањето на договорот, ниту дали се применети договорните механизми за санкционирање на доцнењето. Ваквата состојба укажува на сериозна негрижа за ефектот од потрошените јавни пари.“, се вели во извештајот на Центарот за граѓански комуникации.

Оттаму додаваат дека случајот отвора многу поголемо прашање од тоа зошто изведувачот не го завршил стадионот. Клучно е зошто институциите дозволиле договорот да истече, десетици илјади евра да бидат исплатени, а надзорниот орган да не ја алармира државата за реалната состојба на терен.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/za-obnova-na-fudbalskiot-stadion-vo-chegrane-isplateni-70-000-evra-a-sega-ima-samo-ledina-so-isushena-treva/



   
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 8 месеци
Објави: 2622
Стартер на тема  
НОВИОТ СПОРТСКИ ОБЈЕКТ ВО „ЈАСМИН“ ВО НАПРЕДНА ФАЗА НА ИЗГРАДБА
 
Во напредна фаза се градежните активности на новиот објект во рамки на Спортскиот центар „Јасмин“ во Кавадарци, кој постепено го добива својот изглед.
Објектот ќе се простира на 1.000 квадратни метри во основа и ќе има подрум, приземје и кат. Во него се предвидени куглана, сала за гимнастика и седум апартмани за сместување на спортисти.
Инвестицијата е вредна 118 милиони денари и целосно се финансира преку Владата, во рамки на вториот повик.
 


   
ОдговорЦитат
Skopje
(@skopje)
Почитуван член
Се приклучи: пред 8 месеци
Објави: 146
 
Нашиот нов проект: Стадион Охрид
 

 



   
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 8 месеци
Објави: 2622
Стартер на тема  

Стадионот во Тетово

https://www.facebook.com/photo?fbid=1678694183626554&set=pcb.1678694596959846



   
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 8 месеци
Објави: 2622
Стартер на тема  
180 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА ЦЕЛОСНА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА СПОРТСКАТА САЛА „МАКЕДОНИЈА“ ВО ПРИЛЕП!
 
Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција.
Владата на денешната седница ја усвои Информацијата за реализација на проектот, со кој спортската сала „Македонија“ ќе добие нов лик и современи услови за спорт и рекреација.
Изградена во 1978 година, оваа сала има големо значење за спортот во Прилеп. Со реконструкцијата создаваме услови за нејзино целосно враќање во функција и нови можности за спортистите, младите и рекреативците.
Салата ќе располага со 1.959 места за публика и ќе овозможува одржување натпревари и активности во ракомет, одбојка, боречки спортови и други спортски дисциплини.
Инвестицијата од 180 милиони денари ќе се реализира во периодот од 2026 до 2028 година.
 


   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
(@kavtown)
Почесен член
Се приклучи: пред 8 месеци
Објави: 442
 

Картинг центар Струга

 



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
Страница 5 / 5
Сподели: