Кон содржината
Градба.мк Градба.мк
Патна мрежа(општо)
 
Известувања
Исчистете ги сите

[Лепливо] Патна мрежа(општо)

19 Написи
6 Корисници
19 Реакции
809 Прегледи
(@akul1122)
Почитуван член
Се приклучи: пред 6 месеци
Објави: 168
 

@bukefal За овој патен правец нажалост поради тешкиот терен и недоволната исплатливост, можеме само да очекуваме некое подобрување откако ќе се изгради северната обиколница на Ресен.

Ако не се лажам, владејачката ВМРО-ДПМНЕ имаа во програма изработка на проектна документација за експресен пат на овој патен правец.

А и реално, АКО некад нешто се почне да се гради тоа највероватно би било преку некои ЕУ грантови + би било само експресен пат (на автопат тука заборави)

На SkyScraperCity форумот имавме една дискусија за овој патен правец пред околу година дена ако не се лажам (ако не те мрзи, побарај ја), и зборевме за од каде би можел да оди некој иден експресен пат. Се дискутираа тунели под Галичица, но за Македонија јас мислам дека е тоа science-fiction.

Најреално за овој патен правец би било: 

- Изградба на северна обиколница на Ресен

- Изградба на северна обиколница на Охрид (Требеништа-Косел)

Зошто зборам за Требеништа-Косел? Поради тоа што, над селото Требеништа, ќе се гради клучка детелина. Клучка детелина спојува два автопатишта или автопат/експресен пат.

Синохидро веќе изгради еден дел од клучката, остатокот претпоставувам ќе го гради Бехтел и Енка.

Ако ја гледаме клучката Требеништа од сателит, од северната и јужната страна се наоѓа автопатот Кичево-Охрид, од западната страна се наоѓа идниот автопат Требеништа-Ќафасан, но источната останува празна.

Затоа јас верувам дека тука има дали некаков план или па само простор за иден регионален патен правец Требеништа-Косел кој би формирал некаква северна обиколница над Охрид.

Такада, реално кога ќе земеме во предвид колкава е густината на овој патен правец и финансиите на државата, реални се само Требеништа-Косел и обиколницата на Ресен и некоја можна рехабилитација на останатите делници.



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
(@mirakuliks)
Активен член
Се приклучи: пред 1 месец
Објави: 11
 

По комплетирање на Скопје-Охрид и Ќафасан, реално остануваат една и пол делница кои теба да се направат, ама ми се чини дека то би било како што се спомна погоре со ЕУ фондови, а тоа еизградба на Скопје-Велес паралелно со постоечката Велес-Скопје страна, и Велес-Прилеп автопат преку Бабуна како дел од кракот 10Д на коридорот 10.



   
ОдговорЦитат
(@akul1122)
Почитуван член
Се приклучи: пред 6 месеци
Објави: 168
 

@mirakuliks Да, обавезно моменталната делница Катланово-Велес мора да стане стар пат, а новиот да го прати по-новиот коловозот кој оди од Велес према Катланово.

Велес-Прилеп не е ни толку потребно како автопат поради изградбата на експресниот пат Градско-Фариш, а веќе владата планира и изградба на експресен пат или автопат помеѓу Фариш и Прилеп преку Плетвар.

Јас да сум директор на ЈПДП или Министер за транспорт и врски, би се фокусирал ма рехабилитација, вградување на модерна сообраќајна опрема, изградба на одморалишта, да се вгради ИТС на сите автопатишта (незнам до кај заглавија со вградување на ИТС на автопатот А1, ама ај), и ова се со цел малце македонските патишта да заличат на нешто бидејки соседна Србија веќе не претрка во однос на патна инфраструктура одамна...

Не би било лошо и да се воспостави затворен систем на плаќање на патарини (веќе пуштен е тендер за физибилити за автопатот А2) на сите автопатишта. Според мене е најдобар систем за Македонија.



   
ОдговорЦитат
Могли
(@mogli)
Угледен член
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 27
 

Дополнување за Google Street View - почнаа да се појавуваат уште понови слики. На пример дел од патиштата имаат слики од лани есента, но и од оваа пролет или лето. Исто така, веќе дел од Кичево е достапен со слика од јуни оваа година. Тоа можеби значи дека дополнително ќе се стават и местата кои сега ги нема.



   
ОдговорЦитат
Страница 2 / 2
Сподели: