Кон содржината
Градба.мк Градба.мк
Патна мрежа(општо)
 
Известувања
Исчистете ги сите

[Лепливо] Патна мрежа(општо)

19 Написи
6 Корисници
19 Реакции
808 Прегледи
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 7 месеци
Објави: 2282
Стартер на тема   [#976]

Република Северна Македонија се одликува со добро развиена патна мрежа во вкупна должина од 14.182 km, вклучувајќи автопатишта, магистрални, регионални и локални патишта. Главни оски на државната патна мрежа претставуваат двата Пан-европски коридори, Коридор VIII (исток – запад) и Коридор X (север – југ).

Регионалните патишта обезбедуваат пристап до главните патни коридори и магистралната патна мрежа и заедно со локалните патишта се од големо значење за развојот на локалната економија, привлекувањето на нови инвестиции, мали бизниси и земјоделски активности низ земјата. Согласно важечката легислатива, Јавното претпријатие за државни патишта е орган одговорен за управување, изградба, реконструкција, одржување и заштита на државните патишта во Република Северна Македонија.
Во моментот, вкупната должина на патната мрежа во државата изнесува 14.182 km, од кои 242 km се класифицирани како автопатишта, 911 km се магистрални патишта, 3.771 km регионални, а 9.258 km се локални патишта, прикажано во табела 1. Патната мрежа претставува добра почетна основа за понатамошен развој на државата.
Како во другите земји, така и во Република Северна Македонија, патниот транспорт има најголемо учество во вкупниот превоз на стока и патници. Во структурата на превозот на стока која се транспортира по патиштата низ Република Северна Македонија, националниот превоз доминира над меѓународниот и транзитниот превоз. Исто така, патниот превоз доминира над железничкиот превоз.
Вo основа, постојната патна конструкција е цврста и со добар квалитет.

[ https://roads.org.mk/patna-mreza/ ]



   
Реагираше Bukefal
Цитат
(@akul1122)
Почитуван член
Се приклучи: пред 6 месеци
Објави: 168
 

„Коридор 8 под лупа: Како напредува изградбата на автопатските делници?“

Денеска беше извршен увид во градежните активности на автопатските делници Гостивар-Букојчани и Кичево-Охрид, кои се дел од Коридорот 8, еден од најзначајните инфраструктурни проекти во државата.

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски, заедно со претседателот на Владата на РС Македонија, Христијан Мицкоски и потпретседателот на Владата, Александар Николоски, при увидот долж трасата констатираа значителен напредок во изведбата, добрата организација на терен и висока ангажираност на механизацијата и работната сила.

Коридорот 8 има стратешко значење за државата и претставува клучен проект за подобрување на патната поврзаност, зголемување на безбедноста во сообраќајот и поттикнување на економскиот развој. Со реализацијата на овие делници, државата дополнително се позиционира како важна транзитна рута и активен дел од европските транспортни мрежи.

„Во однос на градежните активности на делницата Гостивар-Букојчани во моментов активно се работи на 11 километри од вкупно планираните 31 километар. Во функција се кампот за 1200 лица и базата за бетон. Мостот на седмиот километар е целосно прооден, а во тек се завршни работи на коловозот. Активно се работи и на два моста, еден натпатник и заштита на косини кај Гостивар и околните населени места. Генералниот напредок на оваа делница изнесува 59,98%. И на делницата Тетово-Гостивар непречено се работи на околу 14 од вкупно 17,5 километри, со активни инфраструктурни и земјени работи, дислокација на инсталации и изградба на паралелниот пат и дренажната инфраструктура. Констатирано е дека работите се одвиваат согласно предвидената динамика, без нарушување на сообраќајот во околните населени места. Дислокациите се обврска на „Бехтел и Енка“, интензивно работиме заедно за што побрзо решавање на тие дислокации и мислам дека во најбрз можен рок и таму ќе видите многу поинтензивна работа“, рече во изјавата за медиумите директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски.

Увидот продолжи на автопатот ви изградба Кичево–Охрид каде покрај изгардбата на 6-те галерии и 8-те потпорни ѕидови, се реализираше и планско пошумување на косините со цел нивна долгорочна стабилизација и заштита од ерозија. Во периодот ноември–февруари беа засадени 200.000 садници на четири подделници. Засадени се бор, багрем и јавор, а контролите покажуваат одличен напредок на садниците. Со оваа активност се обезбедува поголема безбедност на патот и подобрување на животната средина.

Автопатот Кичево–Охрид, во должина од 57 километри, влегува во завршна фаза. Вкупната вредност на проектот изнесува 803 милиони евра, од кои досега се реализирани околу 629 милиони евра. На терен се ангажирани 953 работници и над 400 градежни машини под водство на „Синохидро“, како и домашните компании „Гранит“ и „Илинден“. Проектот се реализира со стабилна финансиска динамика и со фокус на квалитетна и безбедна патна инфраструктура.

Продолжува и рехабилитацијата на превојот Пресека, на делниците Извор-Врбјани и Ботун-Климештани, во должина од 15,1 километри. Проектот е вреден околу 6,5 милиони евра, а реализацијата моментално изнесува 50%. Во тек се активности за поставување нов асфалт и современа безбедносна опрема. Рокот за завршување е октомври 2026 година.

Надлежните институции и Владата остануваат целосно посветени на континуирано следење на реализацијата на проектите, почитување на роковите и обезбедување современа и безбедна патна инфраструктура во интерес на граѓаните и долгорочниот развој на државата.

https://www.facebook.com/100064851724223/posts/pfbid0TmyAWdzNgNA2ifR3DQ9yzmg8un2vimwbi2F2koBPpzBXhVnkoYwKjyBxcdhZfh2al/



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
(@akul1122)
Почитуван член
Се приклучи: пред 6 месеци
Објави: 168
 

Свлечишта ја отежнуваат изградбата на патот Кичево-Дебар, компанијата од лани бара повеќе пари за потпорни ѕидови

Сè уште не е завршен патот Кичево-Дебар поради свлечишта кои се откриени за време на изградбата на истиот. Од компанијата „Илинден“, која ги извршува работите, велат дека голем дел од патот, кој е во должина од 19 километри, е асфалтиран, но дека и натаму има одрони на неклку делови, објави ТВ21.

За патот да биде завршен, од компанијата велат дека е потребно да се изградат потпорни ѕидови, за што компанијата побарала дополнителни средства од Јавното претпријатие за државни патишта, но тие сѐ уште не се одобрени.

https://www.slobodenpecat.mk/svlechishta-ja-otezhnuvaat-izgradbata-na-patot-kichevo-debar-komapnijata-od-lani-bara-povekje-pari-za-potporni-dzidovi/



   
2
Bukefal и Kavtown реагираа
ОдговорЦитат
(@akul1122)
Почитуван член
Се приклучи: пред 6 месеци
Објави: 168
 

ЌЕ СЕ ГРАДИ ЕКСПРЕСЕН ПАТ КОЧАНИ-ВИНИЦА-ДЕЛЧЕВО, КАКО И РАДОВИШ-СТРУМИЦА Mакедонија влегува во интензивни инвестиции во експресната патна мрежа

Освен почетокот на изградбата на експресниот пат Куманово-Страцин како дел од Планот за раст, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, во гостувањето во Дневникот на ТВ Сител најави нов тендер за изработка на студии за изградба на експресен пат Кочани-Виница-Делчево, како и за експресен пат Радовиш-Струмица.

– Експресниот пат Куманово-Страцин е дел од Планот за раст со Европската Унија, ќе има и ИПА компонента, така што очекувам до следната година заедно со Европската Унија да ги завршиме сите документи и да почне и таму да се гради. Добро е што таму експропријацијата е завршена, одиме на проектирање и на изградба – изјави Николоски.

Во однос на плановите за изградба на нови експресни патишта, тој најави:

– Во соработка со директорот на ЈПДП, Коце Трајановски, објавуваме тендер за сите потребни студии за експресен пат кој ќе оди Кочани-Виница-Делчево, а за скоро време ќе излезе и за експресниот пат Радовиш-Струмица.

https://plusinfo.mk/e-se-gradi-ekspresen-pat-kochani-vinica-delchevo-kako-i-radovish-strumica-makedoni-a-vleguva-vo-intenzivni-investicii-vo-ekspresnata-patna-mrezha/



   
4
phenomenon, Могли, Bukefal и 1 луѓе реагираа
ОдговорЦитат
(@akul1122)
Почитуван член
Се приклучи: пред 6 месеци
Објави: 168
 

Македонија денеска доби нов Street View, не е све пуштено во целост (ќе биде деновиве) такада одете и погледнете. За да не барате што е ново, погледнете Рекорд, Вевчани, Кичево-Охрид и делчиња од Катланово-Велес. Верувам дека во следниве неколку саати ќе пуштат повеќе. Има и многу помали планински патчиња такада дефинитивно овој пат е многу поопширно покриена Македонија за разлика од 2014 и 2015 кога прв пат добивме Street View coverage.



   
3
Реагираа Kavtown, Govrleec и Bukefal
ОдговорЦитат
(@kavtown)
Почесен член
Се приклучи: пред 7 месеци
Објави: 409
 

Продолжуваат инвестициите во патната инфраструктура во Тиквешкиот регион.

Подготовки за асфалтирање на патниот правец Мрежичко – Мајден, проект што го реализира ЈП за државни патишта и Македонијапат со инвестиција вредна над 50 милиони денари.

Со оваа значајна инвестиција ќе се подобри безбедноста и квалитетот на сообраќајното поврзување, ќе се олесни секојдневното движење на жителите и ќе се создадат подобри услови за локалниот развој.

Продолжуваме со инвестиции кои значат поквалитетна патна инфраструктура и подобри услови за живот за граѓаните.

 



   
2
akul1122 и Bukefal реагираа
ОдговорЦитат
Могли
(@mogli)
Угледен член
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 27
 

На експресниот пат Градско - Дреново поставена е нова хоризонтална и вертикална сигнализација. Обележувањето беше премногу лошо бидејќи имаше линии насекаде и човек не знае каде треба да вози. Има и неколку слики на Facebook страницата на Македонија пат. 



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
Могли
(@mogli)
Угледен член
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 27
 

Објавено од: @akul1122

Македонија денеска доби нов Street View, не е све пуштено во целост (ќе биде деновиве) такада одете и погледнете. За да не барате што е ново, погледнете Рекорд, Вевчани, Кичево-Охрид и делчиња од Катланово-Велес. Верувам дека во следниве неколку саати ќе пуштат повеќе. Има и многу помали планински патчиња такада дефинитивно овој пат е многу поопширно покриена Македонија за разлика од 2014 и 2015 кога прв пат добивме Street View coverage.

забележав дека повеќе градови меѓу кои Гостивар и Кичево, како и дел од помалите градови во источна Македонија ги нема со најновото ажурирање, додека имаме покриеност на многу села во кои нема ни асфалтен пат. Дали некој има инфо зошто е тоа така?

 



   
ОдговорЦитат
(@akul1122)
Почитуван член
Се приклучи: пред 6 месеци
Објави: 168
 

@mogli Штета е, претпоставувам дека немале време. Можда и ќе се вратат за брзо. На овој линк може да се прати каде ќе одат следно:

 

https://www.google.com/intl/en_ch/streetview/how-it-works/



   
ОдговорЦитат
Могли
(@mogli)
Угледен член
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 27
 

Да, знам, следам и јас, но ми беше баш чудно.. Си мислев дали можеби има врска со некои дозволи за снимање.. Но сепак.. Не ми се верува дека ќе се вратат за брзо. Деновиве го ставија и Косово и и таму гледам дека состојбата е слична како и во Македонија. 



   
ОдговорЦитат
(@kavtown)
Почесен член
Се приклучи: пред 7 месеци
Објави: 409
 

Kako sto mozam da vidam, google maps nema vo Kicevo, Gostivar, Delcevo, Probistip, Vinica, Kocani, Makedonska Kamenica, Makedonski Brod, Debar, Kratovo i Kriva Palanka, a delumno ima vo Veles i Resen. ( vo veles ima delumno zatoa sto  vo nekoj ulicki ni orel nemoze da stigne, a ne pak kola hah )



   
ОдговорЦитат
(@akul1122)
Почитуван член
Се приклучи: пред 6 месеци
Објави: 168
 

@kavtown Сепак поркиено е многу подобро него што беше во 2014 и 2015.

Штета ми е и за Мавровско езеро што не направиле целосен круг, нема Маврово, Леуново, Никифорово.



   
2
Bukefal и Kavtown реагираа
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 7 месеци
Објави: 2282
Стартер на тема  

Автопатите во Македонија не се мерат само во километри, туку и во години. Демир Капија - Смоквица се градеше шест години, Миладиновци - Штип пет, а Кичево - Охрид влегува во својата тринаесетта година.

Во моментов е најскапиот автопат што се гради во Македонија е Скопје - Блаце и ќе чини близу 20 милиони евра по километар. Проектот има пет тунели, две галерии, 12 моста и околу 40 објекти. Цената: 198 милиони евра за 10,5 километри.

 

 

https://www.facebook.com/photo/?fbid=1046586484796254&set=a.235377415917169



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
(@akul1122)
Почитуван член
Се приклучи: пред 6 месеци
Објави: 168
 

@stef4o Да дополнам, со завршување на проектите на Бехтел и Енка, Кичево-Охрид и Кичево-Букојчани би дошле на бројка 500км автопатишта што сметам дека е сосема доволно за Македонија, а другите патни правци доволно е и да бидат експресни патишта бидејки освен автопатот А1 и патот Скопје-Охрид другите патни правци немаат доволно фреквентност за да имаат потреба од автопат.

По завршување на патиштава, не би било лошо владава да се позанимава со целосна рехабилитација на повеќе патни правци како и вградување модерна сообраќајна опрема и градење на одморалишта!



   
ОдговорЦитат
(@bukefal)
Активен член
Се приклучи: пред 6 месеци
Објави: 7
 

@akul1122  Jas bi sakal da napravat i avtopat Bitola - Resen - Ohrid...  i od toj pravec da se stignuva po avtopat



   
Реагираше Могли
ОдговорЦитат
Страница 1 / 2
Сподели: