Кон содржината
Градба.мк Градба.мк
Гранични премини и ...
 
Известувања
Исчистете ги сите

Гранични премини и царински терминали

16 Написи
4 Корисници
23 Реакции
23 Прегледи
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема   [#975]

Оваа нишка е наменета за сите актуелности поврзани со граничните премини и царинските терминали.



   
Цитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема  

Од активностите поврзани со изградба на ГП Маркова Нога кон Грција





[ https://www.facebook.com/profile.php?id=61573106934372 ]

Едно проектно решение што го најдов поврзано со овој ГП

Управна Зграда за Царини и Гранична Полиција на Граничен Премин
Долно Дупени, Општина Ресен, Северна Македонија 2022






[ https://primaing.com.mk/markova-noga/ ]



   
2
❤️
Реагираа akul1122, Bukefal и akul1122
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема  

Од 10 април започнува електронската евиденција и контрола на граничните премини на државјаните од државите кои не се членки на ЕУ

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека од 10 април 2026 започнува целосната имплементација на системот за влез во ЕУ (EES – Entry/Exit System), со што на надворешните граници на Европската унија се воведува нов, дигитализиран начин на евиденција и контрола на државјани кои патуваат за краткорочен престој а се од држави кои не се членки на ЕУ.

Со воведувањето на ЕЕС, влезовите и излезите ќе се евидентираат електронски, а системот ќе овозможи обработка на основни биометриски податоци (отпечатоци од прсти и фотографија), со цел побрза идентификација и поефикасно следење на дозволениот престој согласно правилото „90 дена во период од 180 дена“ со што времето на задржување на граничните премини за влез во ЕУ би се зголемило.

Воедно МВР известува дека од страна на Граничната полиција на нашата држава се преземени сите потребни мерки и активности, односно ставени се во функција сите расположливи материјално-технички и човечки ресурси, со цел обезбедување брз и непречен проток на патници на нашите гранични премини.

Граничната полиција ќе постапува со засилена ангажираност на терен, континуирано ќе ја следи состојбата, ќе презема соодветни мерки за одржување на проточноста на сообраќајот и ќе ги информира граѓаните за сите важни информации поврзани со примената на системот, се наведува во соопштението од МВР.

[ https://24.mk/details/od-10-april-zapochnuva-elektronskata-evidencija-i-kontrola-na-granichnite-premini-na-drzhavjanite-od-drzhavite-koi-ne-se-chlenki-na-eu ]



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема  

Новиот граничен систем да не важи за Македонците кои летово ќе одат во Грција, бара туристичката комора

Македонците кои летово ќе одат на одмор во Грција да не оставаат отпечатоци и да не се фотографираат на граница. Туристичко-угостителската комора бара нашите државјани да бидат изземени од новиот електронски систем за влез во ЕУ во периодот од 1 јуни до 1 септември.

Претседателот на комората, Керим, појасни дека веќе се во контакт со грчкото министерство за туризам и се надеваат на позитивен одговор.

„Предвидуваме некои сценарија во коишто ќе има долготрајни часови на чекање. Еден пример, четиричлено семејство, еден автомобил, за да се сликаат им требаат отприлика десетина минути. Еден апарат ќе биде за 6 коли за еден час. Ако се соберат 4-5 илјади коли, направете пресметка колку е тоа во време. Тек автобус ако дојде..треба да излезат од автобусот, да се сликаат, па ќе падне системот, нема да се погоди убаво сликата. Специфичен е системот. Добар е, не викам дека е лош. ЕУ си има одлична заштита со ова, меѓутоа ако може да се одложи, барем во шпицот на летната сезона“, вели тој.

Дека е можно привремено укинување на овие правила покажува и примерот со Велика Британија. Грчката влада веќе одлучи за нивните туристи да не важат биометриските проверки за да се избегне хаос на аеродромите. Грција е свесна дека со речиси 5 милиони британски гости годишно, секое доцнење на граница значи удар врз туризмот.

Слично сценарио очекуваат и во Србија. Од тамошните туристички здруженија велат дека иако можеби нема да има официјална одлука, Грција веројатно ќе ја искористи можноста самата да ги суспендира контролите кога метежот ќе стане преголем, како што дозволуваат европските препораки.

Новиот систем, кој е во сила веќе две недели, ги испрати старите печати во пасошите во историјата. Наместо тоа, сега се применува дигитална регистрација која вклучува: скенирање на пасошот, земање отпечатоци од прсти и фотографирање, како и автоматско следење на тоа колку дена патникот престојува во земјата.

Иако најавуван како модерно решение, системот во пракса се покажа како многу бавен. Светските медиуми известуваат за хаос на аеродромите и патиштата низ повеќе европски земји, каде патниците со часови чекаат во редици.

[ https://www.sitel.com.mk/noviot-granichen-sistem-da-ne-vazhi-za-makedoncite-koi-letovo-kje-odat-vo-grcija-bara-turistichkata ]



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема  

Одобрени се еколошките процедури од Бугарија, преминот Струмјани-Берово ќе почне да се гради

Бугарските институции надлежни за заштита на животната средина ги одобрија еколошките процедури за изградба на граничниот премин Струмјани – Берово (Клепало). Со тоа е дадено „зелено светло“ за изградба на граничниот премин, поврзаната инфраструктура и патот III-1008 од Струмјани до границата со Македонија.

Според пишувањето на весникот Fakti.bg одобрена е опцијата 1 за трасата, која предвидува пократок премин, помал обем на градежни активности и ограничено влијание врз животната средина. Избраното решение е во согласност со барањата за заштита на природата, вклучувајќи ги и целите за заштита на зоната „Кресна – Илинденци“ од мрежата Натура 2000. Во исто време, овозможува имплементација на инфраструктурата со минимално влијание врз природните предели и биодиверзитетот.

Новиот билатерален граничен премин, кој ќе биде лоциран на територијата на општините Струмјани и Берово, е стратешки проект во рамките на Приоритетот 2 „Поповрзан прекуграничен регион“ од програмата Interreg VI-A IPA Бугарија – Северна Македонија, управувана од Министерството за регионален развој и јавни работи. Вкупната вредност на проектот е 11 милиони евра, вклучувајќи го и националното кофинансирање од двете земји, се наведува во информацијата на бугарското министерство за животна средина.

Водечки партнер е администрацијата на округот Благоевград, назначена за корисник со одлука на Советот на министри на Република Бугарија, а партнер од Република Северна Македонија е Дирекцијата на Царина.

[ https://fokus.mk/odobreni-se-ekoloshkite-protseduri-od-bugarija-preminot-strumjani-berovo-ke-pochne-da-se-gradi/ ]



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема  

ИЗГРАДЕНИ 60 ОТСТО ОД ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН МАРКОВА НОГА НА МАКЕДОНСКАТА СТРАНА ВО ПРЕСПА, НА ГРЧКАТА УШТЕ СТОИ ЛИВАДА


Додека од македонска страна се гради граничниот премин Маркова Нога во Преспа, од грчката страна на границата нѐ пречека стар земјен пат обраснат со трева кој наликува на ливада. Во изминатата година, откако на 12 март 2025 беше ставен камен-темелникот со што се означи почетокот од реконструкцијата на граничниот премин Маркова Нога-Лемос во Преспа, кај нас патот е проширен и израмент, подготвен за асфалтирање, се градат царинската управа со придружната инфраструктура, работат градежни машини. Од грчка страна нема ништо – ни машини, ни работници, ни градежни интервенции.

Преминот Маркова Нога-Лемос е затворен 59 години, а според најавите во 2025, интензивно требаше се обновува во следните 16 месеци и треба да биде готов до 2027. Средствата во износ околу од 14 милиони евра за преминот се обезбедени преку Европската унија (ЕУ), а имплементацијата се одвива преку Програма за развој на Обединетите нации (УНДП).

Кога се потпиша Преспанскиот договор во 2018 година, Грците урнаа цел еден рид за да почне да се гради патот, но потоа не видовме други градежни работи“, велат лица кои живеат во близина на граничниот премин.

Според објавата на Општина Преспа, Грција, договорот за градежни работи и уредување на околината на граничната станица Лемос беше потпишан во април годинава, што значи таму допрва ќе почне да се гради. Рокот е 24 месеци што значи дека треба да биде завршен до април 2028 година.

Проектот се однесува на изградбата на потребната инфраструктура за беспрекорно работење на полициска и царинска контрола на граничниот премин. Градбите вклучуваат осум контролни пунктови (шалтери), централна двокатна зграда, каде во приземје ќе бидат сместени услугите за контрола, додека на катот ќе бидат уредени простории, потоа уште една зграда и паркинг за возила“, се вели во објавата на грчката Општина Преспа.

Од Делегацијата на Европската Унија во Скопје, на нашето прашање дали воопшто е започната изградбата од грчка страна, ни одговорија:

„Проектот БорПрес2 (BorPres2) започна со имплементација во февруари 2026 година, а подготовките за градежните активности се во тек. Градежните работи за новата зграда за царинска и полициска контрола во Грција и реновирањето на постојната полициска станица во Северна Македонија се очекува да завршат во февруари 2028“.

И од Kанцеларијата на УНДП во земјава, што го спроведува проектот „ЕУ за Преспа“, ни одговорија дека се очекува делот на грчката страна да биде завршен во првата половина на 2028 година.

Што се однесува на македонскиот дел, од УНДП велат дека работите се одвиваат согласно планираната динамика, при што досега се реализирани околу 60% од предвидените зафати.

„Во моментов, се спроведуваат следните активности: изградба на Управната зграда на Царината со внатрешни инсталации, изведба на долниот строј на главната сообраќајница во правец кон Грција, поставување резервоар за вода со систем за противпожарна заштита, инсталирање мала пречистителна станица и поставување надворешни инсталации (атмосферска и фекална канализација и водоводна мрежа)“, ни рекоа од УНДП.

Со новиот премин времето на патување помеѓу Ресен и Лемос ќе се намали од над 2 часа на само 40 минути, овозможувајќи поголема прекугранична мобилност, посилна економска и културна размена и поттик на регионалниот туризам. Граничниот премин ќе биде наменет за автомобили и патнички возила до 10 лица, но не и за камиони и автобуси.

„Да бидеме искрени, желбата не е само наша за преминот да биде што поскоро, туку заедничка. Тогаш ја добиваме комплетната слика, бидејќи Преспа е од трите страни на Езерото и нашата заедничка цел е во туризмот заедно да настапуваме“, ни рече градоначалникот на Ресен, Јован Тозиевски, кој лани заедно со евроамбасадорот Михалис Рокас, премиерот Христијан Мицкоски и постојаниот преставник на УНДП Армен Григоријан, со засадување дрвца и удирање камен-темелник од македонската страна на границата го означија почетокот од реконструкцијата на граничниот премин Маркова Нога-Лемос во Преспа.

Слична е инфраструктурната состојба и со железницата Битола-Лерин, додека од македонска страна е направена, од грчка не е репарирана зашто, како што грчките колеги му рекле на министерот за транспорт и врски Александар Николоски, Грција нема пари за тоа.

[ https://sdk.mk/index.php/naslovna/izgradeni-60-otsto-od-granichniot-premin-markova-noga-na-makedonskata-strana-vo-prespa-na-grchkata-ushte-stoi-livada/ ?]



   
ОдговорЦитат
(@akul1122)
Почитуван член
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 133
 

@stef4o Срамота е колку Грците сакаат инфраструктурно да не изолираат и се гледа дека тоа намерно го прават.

Знаците за Македонија сеуште стојат како Skopia, а во некои места и Југославија. Иако по Преспанскиот договор треба да стои Северна Македонија, јас еден таков знак немам видено.

А тоа дека не изолираат во однос на инфраструктурата, да не ни збориме. Патот од Богородица до Солун е катастрофален, под сите европски стандарди.

Пругата до Лерин исто. Ние целосна нова пруга изградивме, они неможат старата да ја обноват.

И еве сега и со граничниот премин. Колку што јас знам се работи за пат долг само неколку километри што они треба да го изградат. Срамота во 21ви век.



   
ОдговорЦитат
(@akul1122)
Почитуван член
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 133
 

ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН МАРКОВА НОГА-ЛЕМОС ОД ГРЧКА СТРАНА ТРЕБА ДА СЕ ИЗГРАДИ ДО АПРИЛ 2028

Граничниот премин Маркова Нога-Лемос од грчката страна треба да биде изграден до април 2028, наместо до крајот на 2027, како што беше најавено во март 2025. Според објавата на Општина Преспа, Грција, договорот за градежни работи и уредување на околината на граничната станица Лемос беше потпишан во април годинава, што значи таму допрва ќе почне да се гради. Рокот е 24 месеци што значи дека треба да биде завршен до април 2028 година. Од македонската страна досега е изградено околу 60 отсто од граничниот премин Маркова Нога.

„Проектот се однесува на изградбата на потребната инфраструктура за беспрекорно работење на полициска и царинска контрола на граничниот премин. Градбите вклучуваат осум контролни пунктови (шалтери), централна двокатна зграда, каде во приземје ќе бидат сместени услугите за контрола, додека на катот ќе бидат уредени простории, потоа уште една зграда и паркинг за возила“, се вели во објавата на грчката Општина Преспа.

https://sdk.mk/index.php/naslovna/granichniot-premin-markova-noga-lemos-od-grchka-strana-treba-da-se-izgradi-do-april-2028/



   
2
Могли и Bukefal реагираа
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема  

Од овој датум Грција ќе го „олабави“ ЕЕС системот за Србите: За македонците нема никаква информација дали ќе куртулат од гужбите на граница

Грција најверојатно нема официјално да го суспендира новиот систем за влез во Европската унија – ЕЕС (Entry/Exit System) – за граѓаните на Србија, но се очекува неговата примена да биде значително ограничена во текот на летото, со цел да се избегнат големи гужви на граничните премини.

Ова за српската телевизија Прва го потврди генералниот конзул на Србија во Солун, Јелена Вујиќ Обрадовиќ, која посочи дека иако нема формална одлука, постојат уверувања базирани на добрите односи меѓу двете земји.

Од 1 јуни до 30 август системот ќе биде практично суспендиран за граѓаните на Србија. Ќе се применува во ноќните часови, но нема да влијае на создавање дополнителни гужви – изјави таа.
Во пракса, тоа значи дека во периодите на најголем метеж, контролите ќе се сведат на основна проверка на документи, без задржување поради биометриски процедури.

Причината за ваквите мерки е што примената на ЕЕС системот веќе предизвика подолги чекања на границите, што претставува сериозен предизвик за туристичките земји како Грција, особено во летната сезона кога бројот на патници драстично се зголемува.

Иако нема официјална потврда за целосна суспензија, се очекува надлежните да ја прилагодуваат примената на системот во пракса, со цел да се обезбеди побрз проток на сообраќај и да се избегне колапс на граничните премини.

Директорот на српската туристичка асоцијација ЈУТА, Александар Сеничиќ, изјави дека грчката страна усно ветила дека во текот на летната сезона нема да има целосна примена на ЕЕС системот за српските туристи.

Имавме состаноци со грчките власти и кон крајот на мај ќе има средба на високо ниво во Атина, а претходно и во Солун, со цел да се договорат мерки за отворање повеќе гранични премини и проширување на лентите – од шест на десет, како и дополнителни траки за автобуси – за побрз проток на патници – рече Сеничиќ.
ЕЕС е нов дигитален систем за контрола на влез во Шенген-зоната, кој предвидува собирање биометриски податоци од патниците, како отпечатоци од прсти и фотографирање, со што се заменува досегашното ставање печати во пасошите.

[ https://faktor.mk/od-ovoj-datum-grcija-kje-go-olabavi-ees-sistemot-za-srbite-za-makedoncite-nema-nikakva-informacija-dali-kje-kurtulat-od-guzbite-na-granica ]



   
2
Bukefal и akul1122 реагираа
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема  

(ВИДЕО) Ќе ни прогледува ли Грција низ прсти при поминување на границата

Прво Велика Британија, а потоа и Србија излегоа со тврдење дека Грција нема да ја спроведува новата процедура на ЕУ при влез и излез од Шенген-зоната за нивните државјани. Во таква атмосфера разбирливо е што во земјава почна да се поставува прашањето – а ние?
Фактите, сепак, велат дека официјална Атина нема потврдено ослободување од скенирањето отпечатоци од прсти и фотографирањето за ниту една држава. Според актуелните правила на Брисел и не може да има такво нешто. Проверивме што е можно во пресрет на летото

[ https://www.youtube.com/watch?v=wIQ2eNSo_7Q ]

[ https://360stepeni.mk/video-ke-ni-progleduva-li-grtsija-niz-prsti-pri-pominuvane-na-granitsata/ ]



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема  

60% изведени градежни работи на ГП Маркова Нога







[ https://www.facebook.com/profile.php?id=61573106934372 ]



   
3
❤️
akul1122, Могли, Bukefal и 1 луѓе реагираа
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема  

ГРЧКИ МИНИСТЕР: Имам поплаки од колегите од С.Македонија и од Србија, но ЕЕС мора да се спроведе

Многу ми е жал, но треба да ја имплементираме европската легислатива, бидејќи Европската комисија инсистира на целосна примена, изјави министерот за заштита на граѓаните на Грција, Михалис Хрисохоидис, говорејќи за примената на системот за влез и за излез од земјите на Европската Унија (ЕЕС), за што рече дека добил поплаки од колегите од Северна Македонија и од Србија.

„Жал ми е што сето ова во првата фаза предизвикува доцнење, кое не се должи на недостиг на персонал. Проблемот е двоен – прво, процедурите што бараат одредено време и не можеме да ги прескокнеме бидејќи ЕК инсистира на целосна примена, што значи дека секој државјанин од трета земја, како и полицаецот што го контролира, треба да потроши неколку секунди или минути. А второ, за жал, како што веќе знаете, нашата инфраструктура, реално е застарена и треба обновување“, изјави Хрисохоидис.

Воведувањето на новиот систем за влез и за излез од земјите на Европската Унија создаде големи метежи на граничните премини, затоа што секое преминување на надворешните граници на Шенген-зоната се врши со електронска евиденција и биометриска проверка, со фотографирање и земање отпечатоци од прсти.

[ https://faktor.mk/grchki-minister-imam-poplaki-od-kolegite-od-smakedonija-i-od-srbija-no-ees-mora-da-se-sprovede ]



   
2
Bukefal и Kavtown реагираа
ОдговорЦитат
(@akul1122)
Почитуван член
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 133
 

ПРЕМИНОТ МАРКОВА НОГА-ЛЕМОС ОД ГРЧКА СТРАНА ТРЕБА ДА БИДЕ ГОТОВ ДО 2028, НО ЌЕ ВИДИМЕ, СЕПАК, ОВА Е БАЛКАН, РЕЧЕ ЕВРОАМБАСАДОРОТ РОКАС ВО ПРЕСПА

Активностите од грчката страна за изградба на граничниот премин Маркова Нога-Лемос во Преспа се планира да се завршат до февруари 2028. Сепак, ќе видиме како ќе напредува тоа, ова е Балкан, рече евроамбасадорот Михаилс Рокас при денешната посета на македонската страна на границата.

Рокас, заедно со високи државни функционери и претставници на Програма за развој на Обединетите нации (УНДП), ја посетија Преспа по повод Светскиот ден на животната средина. Тиеизвршија и увид врз градежните работи за реконструкција и пуштање во употреба на преминот кај Маркова Нога на македонскиот дел од границата.

Беше истакнато дека од македонската страна веќе се готови 60 проценти од преминот.

Од она што го видовме на терен, таму и денес се работеше, но од грчка страна уште нема градежни зафати. Во април годинава, во Грција беше потпишан договорот со изведувачот што значи дека градежните работи допрва ќе следуваат.

„Овој регион е многу важен за двете земји, ќе придонесе кон меѓусебна соработка на двете страни, економска размена, кон раздвижување на регионот. Полициските служби имаат соработка и тие би требало да ги надгледуваат работите и да следат како тече процесот“, рече Рокас.


https://sdk.mk/index.php/eu-si-ti/preminot-markova-noga-lemos-od-grchka-strana-treba-da-bide-gotov-do-2028-no-ke-vidime-sepak-ova-e-balkan-reche-evroambasadorot-rokas-vo-prespa/



   
2
Bukefal и Kavtown реагираа
ОдговорЦитат
(@kavtown)
Почесен член
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 348
 

МАКЕДОНИЈА ДОБИВА НОВ ГРАНИЧЕН ПРЕМИН СО ГРЦИЈА Проектот „Пуљевац“ веќе се крчка. Со реализација на овој проект очекувам туризмот и економските размени да се кренат на многу повисоко ниво, порача актуелниот градоначалник на Општина Кавадарци, Митко Јанчев

За третиот градоначалнички мандат, заедно со мојата матична политичка партија ВМРО-ДПМНЕ, планираме да реализираме посуштински и постратешки проекти, а еден од нив е Македонија дадобие нов граничен премин со Република Грција, изјави актуелниот градоначалник на Кавадарци, Митко Јанчев.

– Кавадарци како најразвиена индустриска зона во Македонија има проект којшто веќе се работи во ЈП „Државни патишта“ за изградба на обиколница. Таа обиколница ќе биде долга околу 16 километри и тешкиот товарен сообраќај и транзитот би го тргнале од урбаните средини, а тоа на дневна основа е 250-400 тешки товарни возила кои секојдневно прават еколошки неред низ градот. Во склоп на овој проект е реализација на граничниот премин Пуљевац за кој сметаме дека ќе успееме во текот на следниот мандат целосно да го реализираме. Со тоа нема да биде Општина Кавадарци крајот на светот, туку ќе биде продолжеток кон друга држава, а тоа во случајов е Грција. Со реализација на овој проект очекувам туризмот и економските размени да се кренат на многу повисоко ниво – истакна Јанчев.

https://plusinfo.mk/makedoni-a-dobiva-nov-granichen-premin-so-grci-a-proektot-pu-evac-ve-e-se-krchka/



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
Skopje
(@skopje)
Почитуван член
Се приклучи: пред 4 месеци
Објави: 88
 

ИМа убави воздушни снимки од граничниот премин во видеото...

Маркова нога во Преспа ќе отвори врска после 60 години прекин

https://www.youtube.com/watch?v=yaM3S1Xj3ac



   
2
Могли и Bukefal реагираа
ОдговорЦитат
Страница 1 / 2
Сподели: