03.05.2025
Почна изградбата на автопатот Тетово-Гостивар кој е дел од Коридорот 8, се очекува да биде готов за две години

Делницата Тетово-Гостивар ќе биде долга 17,5 километри, на автопатот ќе има по две коловозни ленти во еден правец, плус една лента за застанување. Очекувањата се кога ќе биде завршен, патот Тетово-Гостивар-Кичево-Охрид да може да се вози за еден и пол час
Камен-темелник за изградба на автопатот Тетово-Гостивар во должина од околу 18 километри беше поставен денеска, а се очекува, проектот вреден 90 милиони евра, да биде завршен за две години.
Проектот за изградба на автопатот Тетово-Гостивар, кој е дел од Коридорот 8, опфаќа и изградба на девет натпатници од кои осум се за поврзување на локалните патишта со новопроектираниот паралелен пат, еден натпатник е за новата клучка во Општина Боговиње и Општина Врапчиште, додека за реконструкција на клучката за излез од Тетово ќе се користи постоечкиот натпатник.
На поставувањето на камен-темелникот беа присутни премиерот Христина Мицкоски, вицепремиерите Александар Николоски и Изет Меџити, директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски, како и американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер и претставник на компанијата „Бехтел и Енка“ и одговорен за проектот Џош Бејкер.
Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски нагласи дека за две и пол години земјава ќе имаа пат по сите прописи и сите стандарди.
„Во јуни 2024 година кога беше формирана оваа Влада вкупно беа експроприрани 560 парцели на трите делници денеска во април 2025 година се експропирани 2 497 на трите делници. Тоа значи дека отвораме фронт за работа на делницата Гостивар – Тетово од 17,5 километри, Гостивар – Букојчани 14,7 и Прилеп-Битола 29 километри“,рече Николоски.
Додаде дека според планираното активно ќе се работи на изградба на автопати во рамки на коридорите 8 и 10 во должина од 65 до 68 километри.
03.05.2025
Трајановски: „Отпочнуваме со градежни активности за изградба на автопатот Тетово-Гостивар, дел од Коридорот 8“
„Не е доволно само постојано да говориме за важноста на Коридорот 8 и за поврзувањето на државата со регионот туку потребно е зборовите да ги преточиме во дела. Денеска говореа делата и покрај градежните активности на делниците Гостивар–Букојчани и Прилеп–Битола кои напредуваат, отпочнуваме со градежни активности и на Тетово-Гостивар.“, изјави директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски на означувањето на стартот на градежните работи на конзорциумот Бехтел и Енка на делницата Тетово-Гостивар.
Претседателот на Влада Христијан Мицкоски, потпретседателите на Владата Николоски, Меџити и Димовски, во присуство на амбасадорката на САД Агелер, пратеници, градоначалници, како и претставници на Бехтел и Енка беа дел од означувањето на стартот на изградбата на автопатската делница Тетово-Гостивар во должина од 17,5 км, дел од проектот за изградба на Коридоритте 8 и 10д кои ги гради конзорциумот Бехтел и Енка.
Веќе се чувствуваат и економските придобивки од градежните активности на конзорциумот затоа што за изградбата на 110те киломтри автопатишта овозможи поголема вклученост на домашните градежни компании во реализацијата на Коридорите 8 и 10д, па така околу 60% од изведувачите на проектот се локални компании, како и повеќе од 90% од подизведувачите. Ова значи раздвижување на економијата и подобрување на инвестициите.
Досега на трите делници завршена е експропријацијата на вкупно 2497 парцели, а градежните активности на делниците Гостивар–Букојчани и Прилеп–Битола напредуваат.
Јавното претпријатие за државни патишта во Годишната програма за 2025 година испланира вкупно 150 милиони евра за конзорциумот „Бехтел и Енка“. Од овие средства, 130 милиони евра се веќе предвидени во државниот буџет за оваа година за американско-турскиот оператор, а дополнително има уште околу 20 милиони евра непотрошени од претходните години.






[ https://www.facebook.com/drzavnipatista ]
ЗА ДВЕ ГОДИНИ СЕ ПРОДОЛЖУВА РОКОТ ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТИШТАТА ШТО ГИ ГРАДИ „БЕХТЕЛ И ЕНКА“ Николоски вели дека две години претходната влада не направила ништо
За две години ќе се продолжи рокот за изградба на автопатското поврзување Тетово-Гостивар и Гостивар- Букојчни, информира денеска министерот за транспорт и врски Александар Николоски за време на увидот на работите на автопатот направен заедно со премиерот Христијан Мицскоски и директорот на ЈП Патишта, Коце Трајановски.
Николоски рече дека притоа очекува да не се зголеми цената на чинење на автопатот што го гради конзорциумот „Бехтел и Енка“.
-Причина за продолжување на рокот за изградба на автопатот е застојот од 2 години бидејќи претходната влада не направила ништо. Надзорниот инженер на проектот во ноември побара да се надополни тој период од рокот за изградба и ние немавме друг избор освен дека прифатиме. Одиме на рокот на завршување декември 2029 година што не значи дека нема да се завршат делови пред тој рок– рече Николоски.