Пред два денови возев од Битола до Прилеп и назад. Машини има, се работи, но темпото е многу бавно. Ситуацијата на делницата од с. Тополчани до с. Ново Лагово (која е поблиску до регионалниот пат по кој сега се вози) е во иста состојба како и пред некој месец во април кога поминав тука. Моментално се работи на делницата од с. Лознани до с. Беранци, но сепак, како што реков работите се одвиваат многу бавно.
Динамиката е бавна, поминувам 2-3 пати месецот и нема ни четвртина од тие 750 луѓе и 300+ машинерија.
За стариот пат да не зборуваме во каква очајна ситуација е. Нешто околу лагово закрпија но не е доволно.
А сега во близина на Лознани се поминува и преку железнички премин, кој што многу јасно не е обезбеден никако, така да со големо внимание треба да се поминува.
А за тоа што државата се правда со жителите на Ореовец. Мене не ми е јасно како можи една држава да нема разработен механизам за решавање правно-имотни проблеми при вакви случаеви да се решаваат на брз начин. Или пак со случаеви каде што некои луѓе блокираат пристапи до ресурси од државен интерес. Држава си и нема што бескрајно да се расправаш со секој во вакви случаеви. Од друга страна тоа може да им е оправдување за немање на доволно пари за да ги исплаќаат навремено бехтел и енка
@nikolakoco89 па не е едноставно да се справиш со организирана група луѓе, може да наштети на имиџот на владата а и општо на државата ако тие граѓани имаат до некаде право.
Изградбата на автопатот Прилеп – Битола продолжува со засилено темпо, еден дел ќе биде во функција следната година
Изградбата на автопатот Прилеп – Битола напредува според предвидената динамика, а првите 12 километри од трасата се очекува да бидат пуштени во употреба во текот на следната година. Ова го соопшти вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, кој информираше и за плановите за продолжување на патното поврзување кон Прилеп.
Според Николоски, при изградбата на автопатот за првпат во земјава се применува нов метод, при кој наместо класична земјена подлога се поставува дробен камен, што треба да обезбеди поголема стабилност и поквалитетен коловоз.
Тој посочи дека истиот принцип ќе биде применет и при изградбата на автопатите Кичево – Букојчани и Скопје – Блаце.
Министерот најави дека првата делница, во должина од 12 километри, ќе биде ставена во функција следната година, додека изградбата на останатиот дел ќе продолжи со предвидената динамика.
Осврнувајќи се на делницата Фариш – Прилеп, Николоски истакна дека остануваат околу 25 километри за кои сè уште се разгледува најсоодветното решение.
Во моментов се анализира дали овој дел ќе се гради како автопат или како експресен пат, со цел да се избере најоптималниот модел за реализација.
Автопатот Прилеп – Битола е еден од клучните инфраструктурни проекти за подобро поврзување на Пелагонискиот Регион со централниот дел на државата. Во меѓувреме, во функција веќе се ставени и двете делници од експресниот пат Прилеп – Градско, односно правците Градско – Дреново и Дреново – Фариш.