Кон содржината
Градба.мк Градба.мк
🚧Автопат Скопје-Бла...
 
Известувања
Исчистете ги сите

🚧Автопат Скопје-Блаце

9 Написи
3 Корисници
9 Реакции
254 Прегледи
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 7 месеци
Објави: 2282
Стартер на тема   [#895]

Долг пат до автопатот Скопје - Блаце

Патот, кој води од Скопје кон граничниот премин „Блаце“ кон соседно Косово, сега има по една лента во двата правци, полни со крпеници. 12-те километри треба да бидат автопат, кој се ветува со децении. Изградени се само два од вкупно 12 километри, но, и тие не можат да се стават во функција, затоа што завршуваат во провалија, па и веќе изградениот дел ќе мора да се менува.

[ https://www.slobodnaevropa.mk/a/avtopat-skopje-blace/33674034.html ]



   
Реагираше Bukefal
Цитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 7 месеци
Објави: 2282
Стартер на тема  

Има 11 понуди за автопатот Скопје – Блаце, наскоро почнува изградбата на втората фаза

Втората фаза од изградбата на автопатот Скопје – Блаце би требало да започне многу брзо, откако ќе заврши тековната евалуација на понудите од тендерот, рече денеска министерот за транспорт и врски, Александар Николоски и посочи дека процесот сега е во рацете на меѓународните финансиски институции.

Според министерот, тендерската постапка е целосно водена од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), која го објави повикот и во моментов врши детална евалуација на пристигнатите апликации. Токму од нивната финална одлука ќе зависи и точниот датум за почеток на градежните работи на терен.

„Имаме 11 понуди за автопатот Скопје – Блаце кои доаѓаат од реномирани компании. Евалуацијата ја прави Европската банка за обнова и развој, а најавите се дека многу брзо ќе излезат со конечна одлука“, изјави Николоски.

Доизградбата на оваа автопатска делница е од клучно значење за инфраструктурното поврзување на земјава со соседно Косово, што дополнително ќе ја олесни трговијата и протокот на патници меѓу двете држави.

[ https://fokus.mk/ima-11-ponudi-za-avtopatot-skopje-blatse-naskoro-pochnuva-izgradbata-na-vtorata-faza/?fbclid=IwY2xjawRW00JleHRuA2FlbQIxMQBzcnRjBmFwcF9pZBAyMjIwMzkxNzg4MjAwODkyAAEezwNQM3_Djdada5VgJwSj8GQUk98yHpMR3RUR5In9HeyJybGtaokHnHkqgpU_aem_9w_CXaTfTROaPnNPEk0Gkg ]



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
Могли
(@mogli)
Угледен член
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 27
 

Имам едно прашање. Вчера бевме сведоци на големи колони на Блаце. Зошто не се пушти во употреба едната лента од автопатот во насока кон граничниот премин, целата е веќе изградена и готова. Не дека тоа ќе ги намали гужвите, но сепак возилата ќе бидат во повеќе колони наместо во една, со што сега се блокира целиот магистрален пат.
Иако си во повеќе колони, кога го гледаш пред тебе ГП, не изгледа како да е далеку, додека во една долга колона кога не знаеш што има по 2км, нервозата е секогаш поголема.



   
Реагираше Govrleec
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 7 месеци
Објави: 2282
Стартер на тема  

Автопатот Скопје-Блаце ќе почне да се гради на почетокот на месец јули?!

На почетокот на јули годинава ќе почне да се гради автопатот Скопје – Блаце, брифираат од Владата за ТВ21.

Како што напоменаа, евалуацијата и изборот на компанија е завршен, и сега тече жалбена постапка во втор степен, а потоа треба да се очекува почеток на градежните актвиности.

Според новите проценки, проектот треба да чини 215 милиони евра.

[ https://mk.tv21.tv/avtopatot-skopje-blatse-ke-pochne-da-se-gradi-na-pochetokot-na-mesets-juli/ ]



   
2
Могли и Bukefal реагираа
ОдговорЦитат
(@akul1122)
Почитуван член
Се приклучи: пред 6 месеци
Објави: 168
 

🛣 ПОЧНУВАМЕ ИЗГРАДБА НА НОВ АВТОПАТ, СКОПЈЕ - БЛАЦЕ КОЈ ЌЕ БИДЕ ГЛАВНА АРТЕРИЈА ЗА ПОВРЗУВАЊЕ СО КОСОВО И ЦРНА ГОРА.

Работна средба со Фатих Туркменоглу, директор на канцеларијата на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), каде што разговаравме за изградбата на автопатот Скопје – Блаце.

Изведувачот на автопатот е конзорциумот предводен од македонската градежна компанија Гранит. После подолг временски период една домашна градежна компанија целосно ќе изведува автопат.

Автопатот Скопје – Блаце претставува витална патна артерија со која Македонија се поврзува со Косово и Црна Гора. Неговата изградба ќе придонесе за поефикасен транспорт и побезбеден сообраќај, ќе ја подобри поврзаноста со соседните земји и ќе создаде нови можности за економски развој, трговија и инвестиции, со што Македонија дополнително ќе ја зацврсти својата улога како важна транзитна и транспортна врска во регионот.

🏗️ Проектот предвидува 5 тунели, 2 галерии и 12 мостови, заедно со помалите инфраструктурни објекти вкупно 40 објекти ќе се изведат на терен

Ја градиме Македонија! 🇲🇰



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 7 месеци
Објави: 2282
Стартер на тема  

СО ЗАЕМ ОД ЕБОР ОД 167 МИЛИОНИ ЕВРА И ГРАНТ ОД ЕУ ОД 30 МИЛИОНИ ЕВРА ЌЕ СЕ ГРАДИ АВТОПАТОТ СКОПЈЕ-БЛАЦЕ, ЌЕ БИДЕ ГОТОВ ЗА 4 ГОДИНИ

Во август ќе почне изградбата на автопатот Скопје-Блаце во должина од 10,5 километри, и ќе биде завршен за 4 години. Денеска во Владата беше потпишан договорот за заем меѓу Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во висина од 167,6 милиони евра. За овој проект од Европската унија (ЕУ) е добиен грант од 30,8 милиони евра.

Како што кажа на потпишувањето на договорот директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски, избран е изведувачот, а тоа е конзорциум предводен од македонската градежна компанија „Гранит“. Во финална фаза е постапката за избор на надзор, по што наредниот месец би почнале градежните работи.

„Автопатот во должина од 10,5 километри, ќе има по две ленти во двата правци со ширина од 3,5 метри и лента за застанување од 2,5 метри. Теренот е ридско-планински, дел од масивот на Скопска Црна Гора и е тежок терен за изведба. Затоа со проектот се предвидуваат пет тунели во должина од 5 километри, 9 мостови во должина од 2,5 киломтри, 11 подпатници, 4 галерии за стабилизација на косини и 9 потпорни ѕидови“, рече Трајановски.

Вицепремеирот и министер за транспорт и врски Александар Николоски кажа дека, иако според договорот рокот за изведба е 4 години, од изведувачот „Грант“ добиле ветување дека градежните работи ќе завршат побрзо односно за три и пол години.

[ https://sdk.mk/index.php/makedonija/so-zaem-od-ebor-od-167-milioni-evra-i-grant-od-eu-od-30-milioni-evra-ke-se-gradi-avtopatot-skopje-blatse-ke-bide-gotov-za-4-godini/ ]



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 7 месеци
Објави: 2282
Стартер на тема  

„Гранит“ го потпиша договорот, автопатот Скопје - Блаце од 10,5 километри ќе чини 222 милиони евра

Градежниот гигант „Франит“ до Македонска берза достави известување дека го потпишал договорот со инвеститорот ЈП „Државни патишта“ за изградба на вториот дел од автопатот Скопје - Блаце и истиот ќе чини 222 милиони евра заедно со петгодишното одржување. 

По потпишувањето на договорото се очекува да започне изградбата на автопатот од 10,5 километри, кој ќе се надоврзе на веќе изградените 1,5 километри и вкупната должина до косовската граница ќе биде 12 километри. „Гранит“ наедно извести дека изградбата ќе трае точно четири години.

„ГД ГРАНИТ АД Скопје на ден 20.08.2026 го потпиша Договорот за изведувањенаработисоЈавнотоПретпријатиезадржавнипатишта за Проектот изградба на автопат TEN-T Скопје – Граница со Косово кои се состои од: дел А: Изградба на автопат TEN-T Скопје – Граница со Косово и дел Б: 5-годишно одржувањена автопат TEN-T Скопје – Граница со Косово.
Вкупна вредност на договорот изнесува 13.622.686.664 денари со рок на изведба 1460 дена од датум на воведувањеворабота“, соопшти друштвото.

Министерот за транспорт Александар Николоски претходно пред два месеци информираше дека почнува изградба на нов автопат, Скопје-Блаце, кој ќе биде главна артерија за поврзување со Косово и Црна Гора. и дека после подолг временски период една домашна градежна компанија целосно ќе изведува автопат.

Автопатот Скопје – Блаце претставува витална патна артерија со која Македонија се поврзува со Косово и Црна Гора. Неговата изградба ќе придонесе за поефикасен транспорт и побезбеден сообраќај, ќе ја подобри поврзаноста со соседните земји и ќе создаде нови можности за економски развој, трговија и инвестиции/

Проектот е финансиран дополнително со грант од 30,8 милиони евра. Трасата поминува низ ридски и планински терен, па затоа проектот вклучува изградба на пет тунели, девет мостови, 11 надвозници, четири галерии и девет потпорни ѕидови. 

https://faktor.mk/granit-go-potpisha-dogovorot-avtopatot-skopje---blace-od-105-kilometri-kje-chini-222-milioni-evra



   
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 7 месеци
Објави: 2282
Стартер на тема  
Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора. Автопатот Скопје – Блаце е значаен инфраструктурен проект треба да го зајакне транспортното и економското поврзување на Македонија и регион со дополнително отворање кон пристаништето Драч и пристаништето Бар.
Приоритетот на оваа Влада е напредок, соработка, економски развој и на тој начин развој на државата и на целиот регион.
 


   
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 7 месеци
Објави: 2282
Стартер на тема  

ПОЧНА ИЗГРАДБАТА НА АВТОПАТОТ СКОПЈЕ-БЛАЦЕ ОД 10,5 КИЛОМЕТРИ, 4 ГОДИНИ ЌЕ ГО ГРАДИ „ГРАНИТ“

Трајановски кажа дека имотно-правните односи на оваа делница во најголем дел се расчистени, односно за два месеца целосно ќе биде чиста делницата од почеток до крај. Тој кажа дека по изградба на автопатот постојниот пат до граничниот пат Блаце ќе се користи како алтернативен пат.

Премиерот Христијан Мицкоски кажа дека овој проект е историски, нешто што оваа Влада го имала како приоритет и сега, после две години власт, стартува неговата реализација.

„Задоволство е што овој проект ќе го реализира македонска компанија, тоа значи дека ќе имаме додадена вредност во македонската економија, повеќе работни места за македонските граѓани, нешто што претставува еден од врвните приоритети на Владата“, рече Мицкоски.

На почетокот на градежните работи за изградба на автопатот до граничниот премин Блаце присуствуваше косовскиот премиер Албин Курти.

https://sdk.mk/index.php/makedonija/pochna-izgradbata-na-avtopatot-skopje-blatse-od-10-5-kilometri-4-godini-ke-go-gradi-granit/?fbclid=IwY2xjawT7qG1wZG9mBWV4dG4DYWVtAjExAHNydGMGYXBwX2lkEDIyMjAzOTE3ODgyMDA4OTIAAR4vjRnlwUc5ZE2z83eyKi6EeoOtTygyNaHxEBLN7MFHiRlUClo-6qVqSqOhAw_aem_W7MwL6Q-Eu8sLY1Q0wjugA



   
2
Могли и Bukefal реагираа
ОдговорЦитат
Сподели: