Кон содржината
Градба.мк Градба.мк
🚧Автопат Кичево-Охр...
 
Известувања
Исчистете ги сите

🚧Автопат Кичево-Охрид

18 Написи
3 Корисници
23 Реакции
24 Прегледи
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема   [#880]

Во оваа нишка ќе го следиме процесот на градба на овој автопат кое трае една деценија и веројатно до крајот на 2027 би бил ставен во функција.
Сите вести и фотографии од градбата ќе бидат постирани во оваа нишка.



   
Реагираше Bukefal
Цитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема  

26.05.2025

СЛЕДИМЕ ПРОГРЕС: Забрзана градежна активност од село Врбјани до Охрид, дел од автопатот Кичево-Охрид
Тимот на ЈПДП и директорот Коце Трајановски постојано се на терен и од блиску ги следат работите на изградбата на автопатот Кичево-Охрид и во моментов се работи интензивно со посебен акцент на делницата од село Врбјани до Охрид.
✓Па така, интензивно се изведува асфалтирање на делот од Врбјани до Ботун-главна траса
✓Забрзано се градат пристапните патишта од:
• Врбјани до Сливово,
• Сливово-Арбиново,
• Арбиново-Издеглавје,
• Издеглавје-Песочани,
• Песочани-Ново Село,
• Ново Село-Ботун, како и
• Пристапен пат до село Горенци и
• Пристапен пат село Оровник
✓Се изведува последната фаза пред асфалтирање и градежни активности на клучките Арбиново и Издеглавје
✓Се поставува жичана ограда
✓Се поставува еластична ограда
✓Кај Климештани е завршена десната страна и пуштена под времен режим на сообраќај и започнуваат активности на лева страна-главна траса
✓Започната е првата фаза на клучка Требеништа
✓Интензивно се работи од Подмоље до х. Амасадор на изградба на столбови за натпатник, изградба на потпорен ѕид, како и на изградба на фекална и атмосферска мрежа
✓Се работи интензивно и на натпатникот кај Св. Еразмо
✓Левата страна од Подмоље до Охрид е при замиот крај и се поставува еластична ограда во средишниот дел, а се вршат и припремни работи за асфалтирање на десната страна- главна траса.
Поради зголемените активности на терен ги замолуваме сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат времената сигнализација поставена според одобрен сообраќаен проект од страна на МВР и Министерство за транспорт.



[ https://www.facebook.com/drzavnipatista ]



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема  

13.07.2025

Трајановски: Граѓаните од денеска на подделницата 3 може да возат по првите километри автопат на Кичево-Охрид
Пуштени во употреба првите километри на подделницата 3 од автопатот во изградба Кичево-Охрид. Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски заедно со претседателот на Владата на РСМ Христијан Мицковски, министерот за транспорт Александар Николоски, градоначалникот на Општина Охрид Кирил Пецаков, како и бројни советници, пратеници и граѓани, беа присутни на ставањето во функција на дел од автопатот кој е крвоток на патната инфраструктура и значително ќе го олесни пристапот до главните туристички центри Охрид и Струга.
„Денеска, кажано фигуративно, почнуваме да го гледаме светлото на крајот на тунелот и да го гледаме изгрејсонцето на брегот на нашиот Охридски бисер. До него веќе ќе стигнуваме и преку првите километри автопат, а ќе направиме сѐ што е во наша моќ најбрзо што може да го имаме на располагање целиот автопат иако сѐ уште пред нас има големи предизвици. Од Требеништа до Охрид ќе се вози по левата страна под времен режим на сообраќај додека на десната страна се работи интензивно со цел да се стави и тој дел во функција. Изградбата на автопатската делница е најважниот потег за развојот на стопанството и туризмот во регионот и земјава и тоа е мотив плус да продолжиме со засилени градежни активности за реализација на овој капитален проект.“-рече директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски.
Во моментов и на останатите подделници градежните работи се одвиваат со силен интензитет, согласно со новиот динамички план за изградба на автопатот. Забрзано се градат и пристапните патишта од Врбјани до Сливово, Сливово-Арбиново, Арбиново-Издеглавје, Издеглавје-Песочани, Песочани-Ново Село, Ново Село-Ботун, како и на пристапен пат до село Горенци, село Оровник и Мешеишта. Изградбата на овие пристапни патишта е многу важна затоа што од нивната изградба зависи и пуштањето на делот од автопатот од Климештани до Охрид.







[ https://www.facebook.com/drzavnipatista ]



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема  

25.07.2025

Трајановски: „Проблемите се решаваат на терен. Уште еден петок на автопатот во изградба Кичево-Охрид!“
Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски заедно со инженерскиот тим како и секоj петок и овој е на автопатот во изградба Кичево-Охрид каде што на лице место се запознава со реализацијата на динамичкиот план на работа, со евентуалните проблеми настаните на терен во текот на работењето на Изведувачите со што побрзо и поефикасно се делува во правец на нивно разрешување.
Од Надзорот над работите Трајановски беше известен дека се работи со полна пареа и дека работата на Изведувачите Гранит, Синохидро и Илинден се одвива на сите подделници:
☑️ Подделница 1 од Кичево до Подвис каде што е изведувач Гранит се работи активно на вијадуктот, на девијацата Лавчани и на неколкуте потпатници,
☑️ Подделница 2 од Подвис до Пресека, изведувачите над работите (Гранит/ Синохидро/Илинден) работат на патниот јазол Извор, на Клучка Душегубица, но и на останатите објектите,
☑️ На тунелите Пресека се работи на електриката
☑️ Подделница 4 од Песочани до Требеништа каде е изведувач Синохидро се работи на главната траса, особено е ставен акцент на клучка Требеништа, како и на пристапните патишта делница Ново Село-Ботун, Климештани-Мешеишта; на патниот јазол Требеништа, но и на другите објекти на одделницата,
☑️ Подделница 5 од Требеништа до Охрид (Синохидро/Илинден) интензивно се работи на десниот коловоз.

[ https://www.facebook.com/drzavnipatista ]



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема  

08.08.2025

СЛЕДИМЕ ПРОГРЕС: Наскоро уште една делница од автопатот Кичево-Охрид ќе биде во функција!

Со полна пареа, се работи и се асфалтира на главната траса на дел од автопатот во изградба Кичево-Охрид.
Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски заедно со инженерскиот тим изврши увид во активностите на траса при што беше известен дека се работи забрзано и дека работата на Изведувачите Гранит, Синохидро и Илинден се одвива на сите подделници од автопатот.
Покрај асфалтирањето се поставува и еластична ограда, се бетонираат плочасти и цевасти пропусти, се уредуваат клучки и натпатници, се поставува осветлување итн.
Очекувањата се наскоро, за многу краток период да биде ставена во функција уште една делница од автопатот во изградба Кичево-Охрид.
Од теренскиот увид беше видлива раздвиженоста на трасата каде што изведувачите заедно со подизведувачите работат под полна пареа. Директорот на ЈПДП Коце Трајановски им изрази јавна благодарност на сите чинители кои се активно и максимално посветен и вклучени во реализацијата на овој значаен проект.





[ https://www.facebook.com/drzavnipatista ]



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема  

07.09.2025

Пуштена во употреба уште една делница од автопатот Кичево – Охрид, долга 17-тина км!

Со овие нови 17-тина километри ставени во функција патувањето до туристичкиот центар Охрид станува побрзо и поудобно и најважно од сè- побезбедно!
Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски заедно со претседателот на Владата на РСМ Христијан Мицковски, министерот за транспорт Александар Николоски, градоначалникот на Општина Охрид Кирил Пецаков, и бројни пратеници, гости и советници свеченото ја пуштија наведената автопатска делница.
„Ова е голем чекор напред за граѓаните и стопанството – заеднички успех на сите кои беа дел од овој проект. Конкретно, завршени се градежните работи на два сегмента: дел од подделницата 4 (Климештани–Требеништа) и целата подделница 5 (Требеништа–Охрид) со вкупна должина од 17-тина километри и го опфаќа делот од Климештани до Охрид. Автопатот е со вкупна широчина од 26.5 метри и ги содржи сите конструктивни елементи за автопат.“, изјави директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски.
Со изведбата на овие подделници со вкупна должина од 17-тина км се изградија еден мост, 10 потпорни ѕида, пет (5) патни јазли со осветлување (Ботун, Требеништа со врска за државен пат А3, Аеродром Св.Апостол Павле, Подмоље, Св.Еразмо), четири (4) надпатници, 15 подпатници, 80 плочести и цевасти пропусти, два (2) паралелни пристапни пата со приклучоци на постоечки објекти, два (2) приклучоци на постоечки објекти и една (1) девијација на локален пат за с. Климештани.



[ https://www.facebook.com/drzavnipatista ]



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема  

22.12.2025

ЈПДП: Увид во активностите поврзани со стабилизација на косините на автопатот во изградба Кичево-Охрид“

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски заедно со вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, како и градоначалниците на општина Кичево Александар Јовановски и општина Дебрца Златко Сиљаноски, пратеникот Ѓоргија Сајкоски, заменик министерот за јавна администрација Лазе Јаќимоски извршија увид во изградбата на автопатот Кичево-Охрид, почно извршија увид во активностите поврзани со стабилизација на косините.
Трајановски и Николоски изразија задоволство од напредокот кој е согласно со предвидените планови. При увидот од стручните тимови беа известени за начинот и постапката која се применува при стабилизацијата на косините.
Од Изведувачот на работите и од Надзорот тие беа информирани дека во моментов се изведуваат активности на подделницата 1 и 2 каде се работи припрема на заштитни мерки на косини и тоа со пошумување, поставување на геокомпозитна мрежа, прскање со бетон. Потоа, на косина на стационажа на 15-ти километар се изведува решение со галерија и се работи на бушење и бетонирање на шипови, оплатирање армирање на плоча, оплатирање армирање на кружни столбови, армирање и оплатирање на потпорен ѕид итн.
Напорите се насочени кон тоа што поголем дел од автопатот во изградба да биде функционален и ставен во употреба за полесно патување до туристичкиот центар Охрид.





[ https://www.facebook.com/drzavnipatista ]



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема  

Трајановски и Чен Чен го потпишаа Анекс бр.8 од Договорот за изградба на автопатот Кичево – Охрид

По претходно потпишување на Анексот бр. 8 на Договорот за изградба на автопатот Кичево – Охрид од страна на заменик претседател на Владата задолжен за политички систем Љупчо Димовски, и од вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, потпис на Анексот 8 ставија и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски и генералниот претставник на Синохидро во Македонија г-дин Чен Чен.
Со Анексот бр. 8 од Договорот треба да се овозможи дозвршување на градежните работи на автопатот во изградба, при што се предвидуваат дополнителни 186 милиони евра, и краен рок за завршување 31 мај 2027 година. Ова е потребно заради непредвидени и дополнителни нови градежни работи кои се нужни и неопходни за целосно и квалитено завршување на проектот и на активности поврзани со:

  1. Санација на 14 свлечишта и обезбедување на глобална стабилност
  2. Еластична Одбојна Ограда со примена на EN 1317 Стандард,
  3. Изградба на контролен центар,
  4. Дополнителните работи за изградба на паралелни патишта.
    Со ова се надминати проектните предизвици со косините и свлечиштата и може да се продолжи поинтензивно со градежните активности.
    Инаку, во изминатиот период, посебно во минатата година, со силна поддршка на Владата се забрза напредокот на проектот па така на 13 јули, 7 септември и 31 декември 2025 година предвремено се овозможи пуштање во сообраќај на 13,5 км, 12,34 км и 2,12 км од првите делови од главната траса на потегот од Врбјани до Ботун, како и Климештани-Охрид, со вкупна должина на двата коловоза од 27,96 км. Исто така, беа изградени и дел од пристапните патишта за околните села, при што се постигнаа значајни резултати во текот на различните фази на изградбата.

[ https://www.facebook.com/photo/?fbid=1390373609801017&set=pcb.1390374693134242 ]



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
(@akul1122)
Почитуван член
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 133
 

Денеска премиерот Мицкоски соопшти дека новите 186 милиони евра што се потребни да се доврши проектот Кичево-Охрид ќе се обезбедуваат од домашни банки, финансирањето од страна на кинеската Ексим банка е прекинато.



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
(@akul1122)
Почитуван член
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 133
 

Од утре за сообраќај затворени сите споредни влезови и излези кои привремено функционираа на автопатската делница Охрид-Кичево

СВР Охрид ја информира јавноста дека од утре за сообраќај ќе бидат затворени сите споредни влезови и излези кои привремено функционираа на автопатската делница Охрид-Кичево, во близина на селата Требеишта и Мешеишта, општина Дебрца.

Со цел безбедно вклучување на автопатската делница во близина на овие населени места, возачите на моторни возила, од утре, за непречено вклучување на автопатот, исклучиво да го користат пристапниот пат кај клучката во близина на охридскиот аеродром „Св.Апостол Павле“ до кој водат споредните изградени патишта надвор од автопатот.

https://makfax.com.mk/makedonija/od-utre-za-soobrakaj-zatvoreni-site-sporedni-vlezovi-i-izlezi-koi-privremeno-funkcioniraa-na-avtopatskata-delnica-ohrid-kichevo/



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
(@akul1122)
Почитуван член
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 133
 

🛣 На автопатот Охрид - Кичево се работи и доцна навечер имајќи предвид дека временските услови се поволни, со што ја потврдуваме нашата решителност и посветеност да го доизградиме автопатот во рокот што е предвиден.

Од утре во сообраќај се става и клучката Требеништа, со што се завршува уште еден дел од автопатот Охрид - Кичево.

Кога се има јасна цел, силна координација и волја – резултатите се неизбежни.

Интензивно работиме и на споредните патишта, кои не беа предвидени претходно, со цел ниту едно населено место да не остане неповрзано.

Покажуваме континуитет и одговорност во реализацијата на капиталните проекти кои се од стратешко значење за државата.

Ја градиме Македонија! 🇲🇰



https://www.facebook.com/100044155070313/posts/pfbid02Rr8W5o9cxm7776UViwtGd7qLV4Y8sGHnH1eke1LZZ9Fexc1U3p1m4e7CpmYWAB4Yl/



   
2
Bukefal и stef4o реагираа
ОдговорЦитат
(@akul1122)
Почитуван член
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 133
 

НА АВТОПАТОТ ОХРИД - КИЧЕВО ГРАДИМЕ АРХИТЕКТОНСКО ЧУДО

Автопатот Охрид Кичево со силна посветеност ќе се заврши при крајот на 2026 година согласно предвидените рокови 🛣

Силно напредува изградбата на автопатот Охрид - Кичево.

Свлечиштата на автопатот Охрид-Кичево, проблем кој ја блокираше целата изградба на автопатот, го решивме со најголемиот инженерски потфат во овој регион, со изградба на таканаречени Галерии.

Со вкупно 14 галерии на цела траса создаваме безбеден автопат, автопат кој треба да биде сржта на економијата на западниот дел од земјата.

Ја градиме Македонија 🇲🇰












   
2
Могли и Bukefal реагираа
ОдговорЦитат
(@phenomenon)
Доверлив член
Се приклучи: пред 3 месеци
Објави: 50

   
2
Могли и Bukefal реагираа
ОдговорЦитат
(@akul1122)
Почитуван член
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 133
 

Снимка од дрон од Автопат Кичево-Охрид

https://www.instagram.com/reel/DYOob_miJF9/?l=1



   
3
Реагираа Могли, Skopje и Bukefal
ОдговорЦитат
(@akul1122)
Почитуван член
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 133
 

Цела делница Кичево-Охрид:

https://youtu.be/voA67nyu0j4?si=QHgRnLmDvh4IKYuT



   
2
Skopje и Bukefal реагираа
ОдговорЦитат
Страница 1 / 2
Сподели: