07.08.2025
СЛЕДИМЕ ПРОГРЕС: Изградба на автопат Прилеп-Битола
Интензивно се работи на изградбата на автопатот Прилеп-Битола во должина од околу 40 км кој е дел од Коридорот 10д и од проектот за изградба на четирите автопатски делници во изведба на американско-турскиот конзорциум Бехтел и Енка.
Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски на терен беше запознаен со моменталниот статус на изведба на градежните активности при што беше известен дека во моментов непречена работа е овозможена на должина од околу 11,5 км и се изведуваат градежни активности на 1 мост, 2 подпатника, 2 надпатника, 4 плочести пропусти и 22 цевасти пропусти. На овие позиции работат околу 700 лица и се вклучени повеќе од 400 различни машини и механизација од изведувачот и од подизведувачите.
Инаку, во тек се земјените работи на дел од главната траса, се врши расчитување на вегетација, отстранување на хумусен слој, а на дел од главната траса отпочната е изведба на насипи. Досега се извршени ископувања на околу 660,000.00m³ земја, вградени се 350,000.00 m³ материјал за пополнување, произведени се 30,000.00 m³ бетон за завршување на бетонски работи на автопатската делница. Изграден е и камп за привремено сместување со капацитет за повеќе од 750 лица.
Секоја работа на терен носи предизвици. Па така е и со оваа траса каде сè уште е во тек и процесот на отстранување и уништување на старите експлозивни направи на кои наидовме на дел од трасата, а за можните археолошки наоѓалишта од страна на надлежните институции обезбеден е повремен и постојан надзор на трасата. Во обата случаи, работите за изградба на патната делница на конкретните локации се запираат додека не се обезбедат соодветни потврди дека планираната траса е чиста и нема пречки за да се продолжат работите.
Финансиската конструкција за оваа делница од патната инфраструктура е проценета на 260 милиони евра според студијата за оправданост.






[ https://www.facebook.com/photo/?fbid=1202993188539061&set=pcb.1202999441871769 ]
ДЕСЕТИНА ГАЗДИ НА ХАЦИЕНДИ ЈА БЛОКИРААТ ИЗГРАДБАТА НА АВТОПАТОТ БИТОЛА – ПРИЛЕП
Самоволието на десетина сопственици на луксузни хациенди со градини и базени во селото Ореовец ја отежнува изградбата на Коридорот 10д, Прилеп – Битола, а штетата што ќе треба да ги плати државата бидејќи изведувачот размислува да бара отштета, може да надмине 150 милиони евра, објави ТВ Алфа.
Овие луѓе, според телевизијата, речиси две години, 24 часа дневно, не дозволуваат пристап до државниот каменолом од кој изведувачот на работите „Бехтел и Енка“ треба да земаат градежниот материјал за изграба на автопатот. Тие тврдат дека се загрижени за животната средина иако сите анализи и контроли го покажуваат спротивното.
Инспекторите на Министерството за екологија и на Општина Прилеп по увидот на терен не констатирале неправилности, а апаратите за мерење на загадувањето, на вибрациите и на бучавата кои се поставени таму покажуваат дека нема отстапувања од дозволените вредности.
– Јавното претпријатие го разбира правото на група граѓани за изразување на незадоволство преку организирање на јавен собир, но тоа не значи дека треба да се дозволи 24 часовна блокада на пристапот за работа и оневозможување на работата, а посебно доколку се работи за Проект од јавен интерес– изјавија од Јавното претпријатие за државни патишта.
Симптоматично е што оние кои ја попречуваат градбата на автопатот преку блокирање на пристапот до државниот каменолом, не реагираат на ист начин за работата на неколку приватни каменоломи кои во овој крај работат со години.
Проценките се дека штетите од овие блокади можат да надминат дури 150 милиони евра, поради пенали кои би морала да ги плаќа државата, но и поради трошоци за купување на материјали од приватни ископувачи наместо од државно земјиште. Изведувачот Бехтел и Енка веќе размислува да бара отштета која би била сериозен удар за државниот буџет и според одредени процени би надминала и десетици милиони евра.
Конкретниот каменолом односно Позајмиште 6 е во сопственост на државата и е оддалечен повеќе од 700 метри од селото, локацијата е одредена со самиот договор за изведба на Коридор 8 и Коридор 10д а претходно и била планирана за доделување концесија за комерцијално користење.
Факт е дека доколку ова позајмиште не се користи практично нема изградба на автопатот Прилеп – Битола.
Автопатот Прилеп - Битола се гради со силен интензитет, Пелагонија ќе добие модерен автопат по сите стандарди за нов економски развој и посилна иднина на регионот
Интензивно се работи на 22 км пробиена траса од вкупно 40 км или на 55 % од вкупно предвидената траса. Изградбата се реализира согласно динамичкиот план, покрај земјените работи на трасата се работи на 2 моста, 2 потпатника, 1 натпатник и 1 клучка.
Навременото завршување на автопатот Прилеп - Битола ќе значи забрзан развој на Пелагонискиот регион, можност за нови инвестиции, развој на локалните бизниси и повеќе работни места.




„Пелагонија ќе добие модерен автопат по сите стандарди за нов економски развој“: Николоски вели интензивно се работи
Изградбата на автопатот Прилеп-Битола се одвива со силна динамика, сите предизвици што се појавуваат на трасата се надминуваат со добра координација на институциите и Изведувачот и очекуваме оваа автопатска делница да биде завршена почетокот од 2028 година, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, кој заедно со директорот на ЈП за државни патишта Коце Трајановски извршија увид во градежните работи.
- Интензивно се работи на 22 км пробиена траса од вкупно 40 км или на 55 % од вкупно предвидената траса.
Изградбата се реализира согласно динамичкиот план, покрај земјените работи на трасата се работи на 2 моста, 2 потпатника, 1 натпатник и 1 клучка. Од увидот беше потенцирано дека во завршна фаза се работите на потпатникот кај населеното место Алинци, потпатникот под регионалниот пат R1101 и натпатникот кај село Ново Лагово. Исто така забрзани градежни активности има и кај населените места Тополчани и Вашарејца.
Во овој момент според диманичкиот план и оперативните потреби на терен се работи со преку 75 машини и механизација. Во однос на експропријацијата, беше истакнато дека од вкупно 1263 предмети, до сега решени се 1204, а во постапка се уште 59 предмети, што беше заклучено дека експропријацијата се реализира забрзано - посочи Николоски.
Вицепремиерот при увидот потенцираше дека навременото завршување на автопатот Прилеп-Битола ќе значи забрзан развој на Пелагонскиот регион, можност за нови инвестиции, развој на локалните бизниси и повеќе работни места. Овој автопат има силно влијание врз севкупниот развој на Пелагонија и затоа е многу важно да биде изграден на време и согласно сите стандарди.
Автопатот Прилеп-Битола е дел од Кородорот 10 -д, паневропски коридор што и дава посебно економско и геополитичко значење на Македонија.
Од Прилеп за Битола одев пред еден месец, тогаш ништо не се работеше и немаше машини ниту луѓе. Исто, патував минатата среда и веќе повторно имаше механизација и се работеше на повеќе места. Истото веќе може да се забележи на sentinel hub.
Што се однесува до рокот на завршување, кај мас стандард, секогаш имаме различни рокови. Прво беше крај на 2027 (што секако не е возможно), потоа пролет 2028, а пред некој ден дури и пролет 2029 што мислам дека е премногу долго за ваков рамичарски автопат кој почна на терен да се гради крајот на 2024та година. Тоа значи 4 и пол години. Дали е ова реален случај (во нормални услови), ве молам некој поупатен нека каже. Се надевам нема да биде ова уште еден автопат од типот на Кичево-Охрид.
@Могли Барем според мое мислење овој автопат нема да заврши како уште еден Кичево-Охрид поради тоа што проблемите што се појавија на Кичево-Охрид, е практички невозможно да се појават тука на Прилеп-Битола.
Министерот за транспорт Николоски најави дека првите километри од автопатот Прилеп-Битола ќе ги возиме уште и следната пролет.
Тој рок од 2029 година што се спомнува е нажалост од недоволно информирани и недоволно неупатени новинари. (ова го приметувам како многу честа појава дека новинариве често грешат кога треба да се пишува за инфраструктурни проекти)
Мислам дека ако не грешам, тој рок почеток на 2029 година е ставен како краен за да се завршат сите четири делници во целост што ги гради Бехтел и Енка низ државава. (А ќе биде потребен за Требеништа-Ќафасан а можеби и за Гостивар-Букојчани)
Единствениот реален проблем што го имаат Бехтел и Енка конкретно за делницава е тоа што стариот пат е во релативно катастрофална состојба. Но, проблеми како свлечишта или проблеми поврзани со тунели нема тука како што има на Кичево-Охрид. Поради тоа, еден сериозен конзорциум како што е Бехтел и Енка очекувам овој рамничарски автопат да го заврши во целост во текот на 2028 година. Овој конзорциум е веќе докажан дека работи одлично низ цел регион. (Косово, Хрватска)
А крај на 2027 како рок за завршување на Прилеп-Битола можеби и е возможно доколку во брзо време се реши проблемот што го имаат со село Ореовец и таму со одлагалиштата.
Да, секако дека нема проблеми од таков тип како свлечишта и слично. До крај на минатата година на веб страницата на јпдп има извештаи за напредувањето на сите делници, но повеќе не се објавуваат. Таму беше наведено дека првичниот рок за изградба на сите 3 делници беше 31 декември 2027, но истиот е продолжен до 31 декември 2029.
Одев за Скопје на 15.04 и можам да кажам дека вистина имаше и машини и луѓе на делницата, но со оглед на тоа дека од Лагово т.е. обиколницата околу Прилеп сѐ уште не е почната, тоа значи дека крај на 2027 не е возможно. Јас искрено се надевам дека есента 2028 ќе може да се вози, но ајде да видиме.
Што се однесува до стариот пат, делницата од надвозникот кај Алинци до Лагово е во многу лоша состојба. Со оглед дека летото е на прагот, ќе станува уште полоша. Но, тој е првиот дел каде што почна да се гради автопатот, па можеби навистина следна година во ова време ќе возиме по нов пат. Ајде да видиме.
Што се однесува до новинарите, се согласувам со тоа што не знаат доволно добро да пренесат информации и тоа предизвикува забуни. На секој портал имаше различни информации.
И јас исто така, се надевам дека делницата од Лагово до Тополчани ќе биде најбрзо пуштена во употреба, што е и повеќе од 5км 😎
100 МИЛИОНИ ЕВРА ЌЕ НЀ ЧИНАТ БЛОКАДИТЕ ОД ДЕСЕТИНА ГАЗДИ НА ДИВОИЗГРАДЕНИ ВИЛИ СО БАЗЕНИ Вицепремиерот Николоски за опструкциите во изградбата на автопатот Прилеп-Битола
Работите на автопатот Прилеп-Битола добро напредуваат, дел од него ќе стане реалност до следната пролет, а целосно ќе биде готов во 2029 година, но се соочува со една опструкција – изјави вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски во настап на поткаст на порталот Курир.мк.
– Станува збор за десетина сопственици на диво изградени вили и хациенди со базени во околината на Прилеп. Имајќи предвид дека на целата траса помеѓу Битола и Прилеп затоа што е рамничарска положбата, поминува низ Пелагонија, не може да се најде материјал, народски кажано тампон, со кој што може да се гради овој автопат. И локацијата е во близина на месноста Ореовец. Таму има десетина буџовани кои ги штитат своите хациенди и вили и не му дозволуваат на изведувачот да пристапи кон наоѓаиштето иако на приватниот изведувач кој што има во соседството наоѓалиште, него му дозволуваат – рече Николоски.
Вицепремиерот вели дека штетата може да биде навистина голема. За него е јасно дека таму има агенда.
– Да знае јавноста дека штетата по однос на државниот буџет може да достигне до 100 милиони евра имајќи предвид дека сега сме приморани да купуваме материјал од приватни каменоломи и да плаќаме за неговиот транспорт. Кога ќе ја пресметате цената на материјалот и на транспортот може да стигне до 100 милиони евра кои што можеме да ги вложиме за целиот регион да се трансформира, а ние треба да ги даваме по приватни џебови. Јасно е таму дека има агенди, само се прашувам дали се агендите бизнис и политички или се само бизнис – рече тој.
Николоски очекува во најбрзо време да се отстрани таа блокада и да се почне и таму со работа.
Започнат на терен есента 2024та со завршување во 2029та.
Не сум стручен, но мислам дека 5 години се многу за рамничарски терен каде:
- нема тунели
- нема огромни мостови
- половина од трасата (едната лента) е истата и има потреба само од проширување
- нема живеалишта покрај патот или некои фабрики и слично (освен во близина и околу обиколницата на Прилеп)
- има повеќе надвозници и подвозници, но сите тие се мали
- има 3 до 4 клучки од кои едната е веќе одамна готова (кај зоната Алинци)
Не ми е логично за Гостивар - Букојчани да биде потребно исто време колку и за Прилеп - Битола.
Искрено се надевав на побрзо завршување, но тоа е што е.
@Могли Сепак, јас не верувам дека ќе се заврши во 2029г.
Ќе се заврши во текот на 2028 година.
А имаат проблеми како што се бомбите на дел од трасата (и плус тоа што пред некој ден излезе вест декс имаме само два пиротехничари во земјава, сигурно ја отежнува работата) и имаат проблеми со Ореовец и жителите на тоа село.
Се надевам дека е така и ќе биде што побрзо. Секој ден има различни информации на тв и на нет. Една недела се зборува за жителите на с. Ореовец и за нивните блокади, па наеднаш имаме посета од министерот каде кажува дека изградбата продолжува, па потоа повтпрно блокади. За волја на вистината, кога патував за Скопје пред околу 2 и пол недели, вистина во сообраќајот имаше многу камиони со кршен камен, но не успеав да забележам дали доаѓаа од Ореовец или од друго место. Сепак, после Плетвар истите веќе ги немаше што индицира дека сепак доаѓаат од близина. И на sentinel hub може да се забалежи дека веќе има некои помали промени.




