„Орка Холдинг“ ја купи продавницата на „Евро Азија“ во ГТЦ, продавачите заработија милиони
Орка Холдинг во својот извештај за работењето во 2025 доставен до Македонска берза објави дека во текот на минатата година ја купил продавницата на „Евро - Азија Доо“ во Гратскиот трговски центар - Скопје.
„Групацијата Орка Холдинг во изминатава 2025 година успешно ја заврши планираната инвестициска агенда, реализирајќи купопродажен договор со кој се стекна со нов недвижен имот, деловен простор од околу 1.000 м2 во ГТЦ (Евроазија), воедно значително се изнвестираше во изградбата на новиот деловен објект на улица Скупи, во непосредна близина на Бизнис центарот Орка Холдинг и Клиничката болница Аџибадем Систина, чија конечна изградба и технички прием е планиран да се реализира во текот на 2026 година“, објави холдингот.
Сумата на купопродажбата не е експлицитно објавена во извештајот, но кога ќе се види билансот на работење на „Евро - Азија Доо“ за минатата година, може да се претпостави дека станува збор за висока сума. Друштвото на Зоран Андевски и Јане Спировски има речиси 2 милиони евра приходи и раст од 262 отсто на приходите, како и зголемена добивка (безмалку милион евра) за 440 проценти
Просторот на „Евро Азија“ во ГТЦ Скопје се смета за еден од поголемите продавници во шопинг центарот, на ударно место на првиот спрат.
За атрактивен локал во ГТЦ Скопје, особено ако е на приземје, кон главните коридори, блиску до влезови, плоштадот или со голема фреквенција на луѓе, цената може да биде значително повисока од просекот. Општопознато е дека цените на недвижнините во овој трговски центар се движат од 4.000 до 7.000 евра за метар квадратен на поатрактивните локации.
„Орка Холдинг“ преку својата фирма за недвижности „Кара“ веќе поседува неколку продавници во ГТЦ. Најголем сопственик на недвижнините е самиот ГТЦ како акционерско друштво основано од АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор. Голем дел на продавници ги поседуваат физички лица, но и банки, аптеки, познати маркети и застапници на модни брендови.
„Орка Холдинг“ во текот на минатата година подели дивиденда од 100 милиони денари, а голем дел од приходите во 2025 се од продажбата на акциите за 48,7 милиони денари на Алта банка како нов купувач на Стопанска банка - Битола.
„Евро - Азија“ работеше во ГТЦ од 1996 година и беше една од попрепознатливите продавници за облека во градот.
🍗🔥 Голема вест за сите љубители на крцкаво пилешко!
Наскоро во Bliss Mall & Retail Park пристигнува светскиот фаворит – KFC! 🎉
Подгответе се за легендарниот вкус, препознатливите рецепти и незаборавните моменти со семејството и пријателите. ❤️
Останете со нас – наскоро ќе откриеме повеќе детали за отворањето!
#KFC #ComingSoon #BlissMall #BlissMallRetailPark

Скопје добива нова урбана дестинација: ТРИАНГЛА – хотел, современ шопинг парк и семејни содржини на едно место
Скопје наскоро ќе добие нов мултифункционален урбан комплекс – ТРИАНГЛА, кој на едно место ќе ги обедини современото хотелиерство, шопингот, гастрономијата, семејните содржини и деловните настани.
Во ТРИАНГЛА своето место веќе го обезбедија брендови од различни категории, создавајќи разновидна понуда за секојдневни потреби, мода, здравје, дом, храна и гастрономија. Меѓу нив се Pepco, Sinsay, LC Waikiki, Eurofarm, Office Plus, Sara Fashion, Tehnomarket, Sportlab, Biana Shoes, Aura d’Or Perfumes, Terra Restaurant, како ресторански концепт во рамки на комплексот, како и SPAR – еден од најпознатите меѓународни синџири за храна и производи за секојдневна потрошувачка.
Официјалното отворање на комплексот е планирано за оваа есен, кога посетителите за првпат ќе имаат можност да го искусат новиот концепт што спојува престој, шопинг, гастрономија, бизнис и забава во една современа урбана приказна.

Со големо задоволство, Рамстор го објавува отворањето на својот втор маркет во населбата Водно, лоциран на ул. Партениј Зоографски бр. 28Г.
Новиот Рамстор маркет е 35-тиот продажен објект на компанијата во земјата и располага со 180 м² современо уреден и функционално организиран продажен простор. Дизајниран е со фокус на практичноста, удобноста и пријатното шопинг искуство, овозможувајќи им на потрошувачите брзо и лесно секојдневно пазарење.
Во маркетот се достапни околу 3.500 внимателно селектирани производи, избрани според највисоките стандарди за квалитет, свежина и разновидност. Потрошувачите ќе можат да најдат богат избор на свежо овошје и зеленчук, како и широк асортиман домашни и интернационални брендови за сите секојдневни потреби.
Отворањето беше одбележано со бројни промоции, дегустации, продажни акции, подароци и гратис производи, а специјалните понуди ќе бидат достапни до 27 јули. Покрај атрактивните попусти, посетителите можат да ги искористат и придобивките од Рамстор Клуб картичката, преку која собираат поени и остваруваат дополнителни заштеди при секое купување.
Со отворањето на новиот маркет во населбата Водно, Ramstore Македонија достигнува вкупно 35 маркети во 8 градови низ државата, со вкупна продажна површина од околу 30.000 м². Компанијата продолжува континуирано да инвестира во развојот на својата продажна мрежа, современи малопродажни концепти и висококвалитетна услуга, поддржана од тим од повеќе од 750 вработени ширум земјата.
Со ова отворање, Рамстор уште еднаш ја потврдува својата посветеност на обезбедување модерно, достапно и квалитетно шопинг искуство, останувајќи верен партнер на своите потрошувачи и нивните секојдневни потреби.




