Изградба на шопинг центар на северната граница, на територијата на општина Куманово, сличен на „Мега шопинг парк“ во Гевгелија, најави денеска премиерот Христијан Мицкоски.
Тој истакна дека Владата ќе стори сѐ за да ги олесни процедурите и да ја забрза постапката за реализација на инвестицијата.
„Како што сега разбрав од инвеститорот, веќе се развива идеја за изградба на ваков сличен, можеби и нешто помал објект на северната граница, во општина Куманово. Ние како Влада ќе сториме сѐ што е во наша моќ, во рамки на законите и Уставот, да помогнеме, да го преземеме институционалниот ризик и да ги забрзаме процедурите, со цел да се изградат што повеќе вакви објекти. Како држава имаме интерес, бидејќи низ Коридорот 10 годишно транзитираат најмалку 10 милиони патници. Тоа ќе претставува додадена вредност за македонската економија. Ако само 10 проценти од нив застанат и одлучат да пазаруваат, тоа ќе значи приходи преку ДДВ и други давачки, нови вработувања и поголема економска активност“, истакна Мицкоски.
https://kumanovonews.mk/vesti/mickoski-najavi-izgradba-na-soping-centar-vo-kumanovo
Sopstvenikot na Stip City Mall ( Goran Jordev ) gradi kompleks vo Berovo vo koj ke ima retail park, hotel, dom za stari lica i stanbeni edinici. Kompleksot ke se vika Berovo Green Gate. Inaku, Jordev e sopstvenik i na drvniot kombinat Fagus vo Pehcevo i na Taxi kompanija so elektricni avtomobili vo Stip, Kavadarci I Berovo.
https://www.instagram.com/berovogreengate?igsh=Y3R4YnFjeWp6c3h1
Na ovaa lokacija se gradi kompleksot
https://maps.app.goo.gl/rK8BsM7MRXvbVqE97
Францускиот бренд KIABI пристигнува во Македонија
Unlimited Fashion е ексклузивен франшизен партнер кој го носи францускиот бренд KIABI, познат по своите стилски, инклузивни и достапни модни колекции, во Југоисточна Европа. Гордо го претставуваме брендот низ земјите од Западен Балкан. Основан во 1978 година во северна Франција, KIABI ја револуционизираше индустријата на готова облека со својот пионерски концепт на достапна мода, инклузивен пристап што го промени начинот на кој се облекуваат семејствата.
BALFIN Group го воведе глобално препознатливиот бренд KIABI во Северна Македонија, Албанија, Црна Гора и Косово, нудејќи широк спектар на квалитетни и одржливи производи по конкурентни цени, со што го унапредува малопродажното искуство за купувачите и обезбедува атрактивна дестинација за семејна мода.
https://www.kiabi.com/homme_200010

ФЕКАЛИИ ТЕЧАТ ВО ПОДРУМСКИТЕ ПРОСТОРИИ НА ЗГРАДИТЕ ВО „СКОПЈАНКА“ ВО СКОПСКИ АЕРОДРОМ

Со фекалии се поплавени подрумските простории на зградите во рамките на ТЦ „Скопјанка“ во скопски Аеродром. Станува збор за деловни објекти кои се сопственост на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и со деловен простор. Дел од нив се издадени под кирија на приватни фирми, а дел стојат празни. Во празните објекти се наоѓа препумпна станица која сега не работи, па затоа фекалиите се излеваат низ просториите.
Станарите на зградите за САКАМДАКАЖАМ.МК велат дека никој не реагира на нивните поплаки, се шири неподнослива смрдеа, загрозено е нивното здравје, а ако водата дојде во допир со струја може да избие пожар.
„Веќе со фекалии се поплавени неколку деловни простории кои се лоцирани на нивото „минус еден“ бидејќи препумпната станица која исто така е во сопственост на Акционерското друштво во државна сопственост, не работи. Во поплавените делови има осигурувачи за струја, па ако не е исклучена постои опасност од струен удар или пожар, што дополнително ја загрозува безбедноста на станарите на зградата. Бараме итна реакции од Општина Аеродром оти од Акционерското друштво не преземаат ништо. Ни велат ние, станарите да сме го презеле одржувањето на подрумските простории, кои се нивна сопственост“, велат станарите.
Директорот на Акционерското друштво за стопанисување со деловен простор Јован Лукаров вели дека одржувањето на препумпната станица не е нивна одговорност и дека тој им предложил на станарите сите заедно да се вклучат во решавање на овој проблем.
„Препумпната станица е за сите во зградите, и затоа јас на инспекторите во Општина Аеродром им предложив сите да учествуваме во одржувањето процентуално, зависно од тоа колку простор имаме, односно да плаќаме и ние но, и станарите. Како што за лифотт во зградите плаќаат сите така треба и за овој случај. Тоа е заеднички интерес и треба сите да го одржуваме“, вели Лукаров.
Drini Mall - Struga


Со големо задоволство, Ramstore го објавуава отворањето на својот втор маркет во Штип, лоциран на Ул. Борис Крајгер бр. 20А.
Новиот Ramstore маркет, кој е 34-ти продажен објект на компанијата во земјава, располага со 600 м² современо уреден и функционално организиран продажен простор, како и дополнителен магацински простор од 130 м². Маркетот е дизајниран со фокус на практичност, удобност и пријатно шопинг искуство за потрошувачите.
Асортиманот опфаќа над 6000 производи, внимателно селектирани според високите стандарди за квалитет, свежина и разновидност. Во рамки на маркетот се наоѓа деликатес оддел со квалитетни производи, пекара со секојдневно свежо подготвени производи, пиљара со свежо овошје и зеленчук со акцент на сезонската понуда, како и месара со свеж и внимателно избран асортиман на месни производи. Дополнително, потрошувачите имаат на располагање широк избор на производи и познати брендови за секојдневните потреби.
За квалитетната услуга и пријатната атмосфера се грижи тим од 17 вработени, додека на располагање на потрошувачите се и 3 наплатни каси, како и обезбеден паркинг простор пред објектот.
Отворањето на маркетот беше одбележано со бројни промоции, дегустации, продажни акции, подароци и гратис производи, а специјалните понуди ќе бидат достапни до 30 мај. Покрај големите попусти, потрошувачите имаат можност да ги искористат и бенефициите од Ramstore Club картичката за дополнителни поволности при купувањето.
Со новиот маркет во Штип, синџирот Ramstore Македонија достигнува вкупно 34 маркети во 8 градови низ државата, со вкупна продажна површина од околу 30.000 м². Компанијата продолжува да расте и да инвестира во квалитетна услуга, современи продажни концепти и тим од над 750 вработени ширум земјата.
Со ова отворање, Ramstore уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон создавање модерно, достапно и квалитетно шопинг искуство за своите потрошувачи.







📸 Погледнете дел од атмосферата на големото отворање на новиот Жито маркет за првпат во Кавадарци!
Благодарност до сите што беа дел од овој посебен ден – заедно создадовме вистинска атмосфера! 🎈🎉
Ве покануваме да нè посетите и лично да ја доживеете удобноста, изборот и квалитетот што ги нудиме.
📌 Маркетот се наоѓа на 📍 ул.8ми Септември








Na kajgana forumot nekoj postiral deka Balfin Group ( sopstvenicite na east gate mall i neptun) ja kupil fransizata za Mcdonald's za vo Makedonija, Albanija i Kosovo. Balfin Group isto taka ja imaat fransizata za Spar, Flying Tiger i Kiabi vo Makedonija, Albanija i Kosovo
Како и што најавив пред 2 месеца, Рамстор до крајот на месецот ќе го отвори својот прв маркет во Кавадарци. Локацијата на маркетот ќе биде во станбено деловниот комплекс Екстра Ливинг


Market Dijana - Negotino
( imaat 17 marketi vo kavadarci, negotino, demir kapija i rosoman )















