Кон содржината
Градба.мк Градба.мк
Комерцијални објект...
 
Известувања
Исчистете ги сите

[Лепливо] Комерцијални објекти(општо)

61 Написи
5 Корисници
54 Реакции
3,551 Прегледи
(@kavtown)
Почесен член
Се приклучи: пред 8 месеци
Објави: 442
 

Oaza market - Tetovo

 



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
(@kavtown)
Почесен член
Се приклучи: пред 8 месеци
Објави: 442
 

 

 


Оваа објава е изменета пред 3 месеци од Kavtown

   
2
Bukefal и akul1122 реагираа
ОдговорЦитат
(@kavtown)
Почесен член
Се приклучи: пред 8 месеци
Објави: 442
 

 



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
(@kavtown)
Почесен член
Се приклучи: пред 8 месеци
Објави: 442
 

Со големо задоволство, Рамстор го објавува отворањето на својот нов и прв маркет во Кавадарци, лоциран на Булевар Цветан Димов бр. 15. 🛒

Новиот Рамстор маркет е 36-тиот продажен објект на компанијата во земјата и располага со 600 м² современо уреден и функционално организиран продажен простор. Дизајниран е со фокус на практичноста, удобноста и пријатното шопинг искуство, овозможувајќи им на потрошувачите брзо и лесно секојдневно пазарење.

Во маркетот се достапни над 10.000 внимателно селектирани производи, со богат избор на свежо овошје и зеленчук, домашни и интернационални брендови, како и широк асортиман за сите секојдневни потреби. Посебно место имаат месарата и пекарата, кои на потрошувачите им нудат свежи и квалитетни производи за секојдневното пазарење. 🥩🥐

Отворањето беше одбележано со бројни промоции, дегустации, акциски цени, подароци и гратис производи, а специјалните понуди ќе важат до 23 август. 🎁 Потрошувачите можат да ги искористат и придобивките од Рамстор Клуб картичката, преку која собираат поени и остваруваат дополнителни заштеди при секое купување.

Со отворањето на новиот и прв Рамстор маркет во Кавадарци, Ramstore Македонија продолжува со проширување на својата продажна мрежа и носи ново, современо шопинг искуство поблиску до потрошувачите.

Компанијата продолжува континуирано да инвестира во развојот на своите маркети, современи малопродажни концепти и висококвалитетна услуга, со цел да одговори на секојдневните потреби и очекувања на своите потрошувачи.

Со ова отворање, Рамстор го прави својот прв чекор во Кавадарци, со желба да стане дел од секојдневието на кавадарчани и да им понуди повеќе избор, повеќе поволности и подобро шопинг искуство. ❤️

Рамстор – Добиј повеќе, Живеј подобро!

 



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
(@kavtown)
Почесен член
Се приклучи: пред 8 месеци
Објави: 442
 

Отворање на Дим маркет во Делчево

 



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
(@arnaudovgoce4)
Нов член
Се приклучи: пред 3 месеци
Објави: 3
 

Во повторната јавна презентација за деталниот урбанистички план за градска четврт 17 во општина Кочани се предвидени две нови парцели со намена Б2, дали некој е подетално запознаен што би било во план да се гради на овие две парцели ?

https://kocani.gov.mk/%d0%bf%d0%be%d0%b2%d1%82%d0%be%d1%80%d0%bd%d0%b0-%d1%98%d0%b0%d0%b2%d0%bd%d0%b0-%d0%bf%d1%80%d0%b5%d0%b7%d0%b5%d0%bd%d1%82%d0%b0%d1%86%d0%b8%d1%98%d0%b0-%d0%b8-%d1%98%d0%b0%d0%b2%d0%bd%d0%b0-%d0%b0/

 



   
ОдговорЦитат
(@kavtown)
Почесен член
Се приклучи: пред 8 месеци
Објави: 442
 

Toa znaci deka na edna od dvete lokacii ke imate Lidl  vo Kocani hah. Po mene, Lidl ke bide na parcelata sproti zdruzenie na vozaci



   
ОдговорЦитат
(@arnaudovgoce4)
Нов член
Се приклучи: пред 3 месеци
Објави: 3
 

@kavtown Можно е едната да е за лидл но другата е П+6 со висина на венец 25м претпоставувам се работи за Mall од затворен тип.



   
Реагираше Kavtown
ОдговорЦитат
(@kavtown)
Почесен член
Се приклучи: пред 8 месеци
Објави: 442
 

Sinsay отвора нова продавница во Кавадарци и бара менаџер за истата

 



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
(@kavtown)
Почесен член
Се приклучи: пред 8 месеци
Објави: 442
 

Prodavnicata na Sinsay vo Kavadarci ke bide vo stanbeno delovniot kompleks na Extra Living

 



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
(@kavtown)
Почесен член
Се приклучи: пред 8 месеци
Објави: 442
 

 



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
(@kavtown)
Почесен член
Се приклучи: пред 8 месеци
Објави: 442
 

Со големо задоволство, Рамстор го објавува отворањето на својот нов маркет во Автокоманда – Скопје, лоциран на ул. Ташко Караџа бр. 1А. 🛒

Новиот Рамстор маркет располага со вкупна површина од 600 м², организирана на две нивоа, со модерен и функционален концепт кој овозможува практично, удобно и пријатно шопинг искуство. За дополнителна удобност на потрошувачите, маркетот располага и со паркинг простор со 9 паркинг места. 🚗

На првото ниво потрошувачите можат да најдат богат избор на прехранбени и непрехранбени производи, свежо овошје и зеленчук, домашни и интернационални брендови, како и широк асортиман за секојдневните потреби.

На второто ниво се наоѓа Ramstore Home, со разновидна понуда на производи за домот – од практични решенија за организација и складирање, до производи кои го прават секојдневието поудобно и пофункционално. 🏠

Отворањето беше одбележано со бројни промоции, дегустации, акциски цени, подароци и гратис производи, а специјалните понуди ќе важат од 16.09 до 26.09.2026. 🎁

Потрошувачите можат да ги искористат и придобивките од Рамстор Клуб картичката, преку која собираат поени и остваруваат дополнителни заштеди при секое купување.

Со отворањето на новиот маркет во Автокоманда, Рамстор продолжува со развојот и проширувањето на својата продажна мрежа, носејќи современ малопродажен концепт и уште поголем избор поблиску до потрошувачите.

Компанијата продолжува континуирано да инвестира во развојот на своите маркети, современи концепти и висококвалитетна услуга, со цел да одговори на секојдневните потреби и очекувања на своите потрошувачи.

Со новиот маркет во Автокоманда, Рамстор носи повеќе избор, повеќе поволности и подобро шопинг искуство. ❤️

Рамстор – Добиј повеќе, Живеј подобро!

 



   
ОдговорЦитат
(@kavtown)
Почесен член
Се приклучи: пред 8 месеци
Објави: 442
 

Албанската групација „Балфин“, која е сопственик на „Ист гејт мол“, а своевремено го изгради и „Сити мол“ во Скопје, соопшти дека ќе отвора „ритејл-паркови“ — трговски центри од отворен тип, во пет македонски градови.

 

 

Од компанијата тврдат дека предноста на „ритејл-парковите“ е во лесниот пристап, отворениот простор, практичното паркирање и јасната организација на продавниците, што ги прави привлечни и за потрошувачите и за брендовите.

„Балфин груп“ е приватна инвестициска групација со седиште во Албанија, основана од Самир Мане во Виена во 1993 година. Во нејзина сопственост се некои од најголемите компании во Албанија. Денес групацијата, освен во Македонија, е присутна и во Австрија, Албанија, Косово, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Швајцарија, Хрватска, Холандија и САД.

 

(  sloboden pecat )



   
ОдговорЦитат
(@kavtown)
Почесен член
Се приклучи: пред 8 месеци
Објави: 442
 

So ogled deka vo Gostivar, Kicevo, Prilep, Veles i Kumanovo nema saglam delovno trgovski objekti, ocekuvam tie da bidat 5te grada kade sto Balfin Group ke gradi Retail parkovi



   
ОдговорЦитат
(@akul1122)
Реномиран член
Се приклучи: пред 8 месеци
Објави: 183
 

@kavtown Овој концепт на трговски центри е одличен и е сосема добар за сите наши градови. Овој концепт со години го градат во Хрватска, Србија и БиХ.
Све на едно место без потреба да се гради огромен затворен објект. Сега ако истура дожд не е баш пријатно ама во сите други прилики е стварно многу добар концепт и нема еден ваков retail park што сум бил и да кажам дека е лош.


Оваа објава е изменета пред 1 месец од akul1122

   
ОдговорЦитат
Страница 4 / 5
Сподели: