Оваа нишка ги опфаќа сите проекти поврзани со изградба,реконструкција и се останато поврзано со градските пазари низ градовите во Македонија.
11.02.2026
Изградбата на Градскиот пазар во Радовиш во понапредна фаза


[ https://www.facebook.com/photo/?fbid=1468554065273387&set=pcb.1468558681939592 ]
02.02.2026
Во тек е изградбата на нов модерен био пазар во Кавадарци – инвестиција во здравјето, земјоделието и локалниот развој.
Ваквиот пазар ќе биде прв од ваков вид во Тиквешкиот регион, инвестираме во здравјето, земјоделието и локалниот развој во Кавадарци.
Овој проект има за цел да обезбеди современ, уреден и сертифициран простор каде локалните земјоделци, органски производители и мали семејни бизниси ќе можат директно да ги продаваат своите производи, без посредници – по фер цени, со зголемена доверба од потрошувачите. Со овој капитален проект инвестираме во три столба – здравјето на граѓаните, економската моќ на нашите производители и одржливата иднина на Кавадарци. Ова е простор каде локалното добива вистинско значење. Клучни карактеристики на Био Пазарот
• Простори за продажба на органски јаткасти плодови, мед, преработки и домашни прозводи, сирење, кашкавал, урда, путери од јаткасти плодови и слично.
• Објектот ќе биде поделен на 15 деловни единици.




[ https://www.facebook.com/opshtinakavadarci ]
После подолг временски период, а по интензивирање на градежните работи последните половина година дена конечно граѓаните на Општина Виница, но и на околните градови и населени места, добија нов модерен затворен градски пазар.
Затворениот градски пазар e лоциран на вкупна површина од 1810 м2, со дуќани за продажба на овошје и зеленчук, млечни и месни производи, административна просторија, санитарни јазли и 87 челични продажни пултови (тезги).
За изградбата на градскиот пазар беа потрошени 24 милиони денари и сите беа обезбедени и истовремено целосно исплатени на изведувачите од Буџетот на Општина Виница.
Покрај изградбата на затворениот градски пазар извршивме и партерно уредување на просторот околу градскиот пазар во кој беше опфатено демонтажа на дотраената постоечка ограда и подни обработки, поставување на нова метална ограда околу градскиот пазар и нова хидроизолациона подна обработка, поставување на челични продажни пултови (тезги) за потребите на градскиот пазар, обложување на потпорните ѕидови со декоративен камен и поставување на клупи за седење.
За партерното уредување дополнително беа потрошени 8,5 милиони денари од кои 7 милиони денари беа обезбедени од Министерство за транспорт и 1,5 милиони денари од Буџетот на Општина Виница.
Покрај овој капитален проект денес извршивме увид на улицата „Ванчо Прке“ која ја поврзува Виница со населба и село Градец, на која целосно беше реконструирана водоводната мрежа во должина од 558 метри и канализационата мрежа во должина од 543 метри.
Финансиските средства за овој проект изнесуваат вкупно 11,5 милиони денари и се обезбедени од Министерството за животна средина и Министерството за транспорт.
И за крај направивме увид на главната улица во село Градец и крак кон црквата во селото, инаку тоа е улица која премиерот при посета на село Градец уште пред да стапи на функцијата премиер им ја вети на жителите на село Градец.
Целосната реконструкција на главната улица во село Градец е во должина од 630 метри и кракот од истата е во должина од 220 метри.
Финансиските средства за овој проект изнесуваат 7,5 милиони денари и се обезбедени преку повикот на Владата за инфраструктурни проекти за општините од Министерство за транспорт.







Ви го претставуваме Градскиот пазар во Виница — наш проект кој неодамна беше официјално пуштен во употреба. Од идеја и цртеж, до реализиран објект и простор што ќе го користат генерации.








[ https://www.facebook.com/photo?fbid=1417855067040504&set=pcb.1417859640373380 ]
⬇️Интензивно се одвиваат градежните активности на Био Пазарот.
Изградбата на овој Био Пазар ќе обезбеди современ, уреден и сертифициран простор каде локалните земјоделци, органски производители и мали семејни бизниси ќе можат директно да ги продаваат своите производи, без посредници – по фер цени, со зголемена доверба од потрошувачите. Со овој капитален проект инвестираме во три столба – здравјето на граѓаните, економската моќ на нашите производители и одржливата иднина на Кавадарци.
✔️Инвестиција на Општина Кавадарци во вредност од 26.500.000 ден плус ДДВ





🏗️ Градскиот пазар во Радовиш со интензивни градежни активности
Во тек се интензивни градежни активности за изградба и уредување на новиот Градски пазар. Работите се одвиваат и во внатрешниот и во надворешниот дел на објектот, согласно предвидената динамика.
Со оваа инвестиција, пазарот ќе стане функционален, побезбеден и поуреден простор, кој ќе одговори на потребите на граѓаните и ќе придонесе за развојот на локалната трговија.
Продолжуваме посветено да работиме на проекти што значат подобар квалитет на живот и подобри услови за сите наши сограѓани - информираше Градоначалникот Љупче Почивалец.




















































