Оваа нишка е наменета за сите комерцијални објекти(маркети,дистрибутивни центри и слично) за кои не се отворени посебни нишки во темата.
Pokraj Little America, vo Kavadarci ke se gradat uste dva trgovski centra, edniot e investicija na Kam a drugiot na Javor Trans od Strumica
25.03.2026
ПО ХОТЕЛИТЕ, И СУПЕРМАРКЕТИТЕ ЌЕ СТАНАТ ОБЈЕКТИ ОД ДРЖАВНО ЗНАЧЕЊЕ, НОВА ИЗМЕНА НА ПРАВИЛНИКОТ ЗА УРБАНИСТИЧКО ПЛАНИРАЊЕ
Супермаркети, хипермаркети и други големи маркети ќе станат објекти од државно значење, според нова измена на Правилникот за урбанистичко планирање што ја прави Министерството за транспорт и врски, само еден месец по измената со која хотелите станаа објекти од државно значење.
Со измените во Правилникот се предвидува постапките за урбанизација за изградба на супермаркети и хипермаркети со површини над 5.000 метри квадратни да се одвиваат преку Министерството за транспорт.
Претставници од Министерството за транспорт и врски на денешната стручна расправа кажаа дека оваа „малку необичаена измена се прави за да се олени процедурата на идните инвеститори и да се забрза процесот на издавање на дозволи“.
„Предложените измени во Правилникот за урбанистичко планирање имаат за цел да ги поттикнат инвестициите, да ја зголемат конкурентноста преку побрзи и поефикасни постапки за урбанизација на просторот, отворање на нови работни места и побрз економски развој. Од причина, а имајќи предвид дека урбанизацијата за овој тип на градби на локално ниво се одвива со забавена динамика, државата со оваа измена обезбедува помош на инвеститорите преку поефикасна и побрза реализација на инвестиционите планови. Исто така, со предвидените измени се намалуваат и административните постапки кои влијаат на брзата реализација на инвестициите“, соопштија од Министерството.
Denes slucajno mi izleze na youtube. Vaka po imeto, investitor najverovatno ke bide istata kompanija sto go gradi Mega shopping park vo Gevgelija. Eve go nacekav i ova portfolio, tuka ima nekoj podetalni informacii :
https://smartliving.mk/mk/mega-shopping-and-residence-kichevo/
Na renderite go gledam i logoto na Lidl, pa najverovatno stanuva zbor za parcelata vednas do izgradeniot market na Lidl. ( vo krugot na poranesnata fabrika Tane Caleski )
https://maps.app.goo.gl/B4maKDz3xGZSy5B26
Kam market kupi parcela od 1600m2 vo Kavadarci i za brzo vreme ke pocne so gradba na marketot. ( ova ke bide vtor nivni market vo kavadarci )
https://goo.gl/maps/jgm84VvqSKHCGVVu9
До 2029 година, во Прилеп има можности да бидат изградени три затворени модерни трговски центри
За период од три години, односно до крајот на мандатот на оваа локална власт, Прилеп има реални шанси да добие дури три затворени трговски центри. Според упатените, ова е една од мерките за поголемо раздвижување на локалната економија, која би имала и извесна туристичка компонента. Прилепчани, пак, поделени во размислувањата околу оваа идеја.
Некои сметаат дека, заради традиционалните навики на градот да се пазарува од Чаршијата, трговските центри надвор од градот тешко би просперирале, додека пак други се убедени дека тоа сериозно му недостига, особено што заради неработните недели, градот останува пуст, зашто граѓаните одат да шопингуваат во соседните градови каде веќе има молови.
„Тоа е добро. Подалеку од градот, понема сообраќај таму. Убаво е тоа да се направи… Еве во странство секаде е така, надвор се големите молови“.
„За надвор од градот, тоа е ок. Ама, не знам, ние сме си сè уште традиционалисти и локал-патриоти, тука да ни биде, пред порта“.
„Мислам дека нема да функционира, сè што е подалеку од градот, од центаров, народот многу ретко оди… Еве го народов кај е“.
„Ќе замре градот ако се отворат такви. Мислам дека не му е на Прилеп потребно тоа… Битола, Кавадарци не знам како функционираат, ама за Прилеп, штетно ќе биде“.
„Ни треба, апсолутно ни треба. На секоја локација да се достапни, не еден, туку повеќе му требаат на градот“.
Од Општината засега не ги откриваат другите локации, ниту пак кажуваат за кои компании станува збор. Но уверуваат дека до 2029 година Прилеп ќе ги добие уште во предизборието ветените молови. Ова особено што преговорите со некои од реномираните заинтересирани компании веќе биле во тек.
„Ова ветување беше за рамка од четири години, но ќе си дозволам да кажам дека до мене стигнаа уште две нови иницијативи за формирање на такви retail-паркови, односно нови трговски центри во Општина Прилеп и јас се надевам дека до крајот на мандатот Општина Прилеп ќе има три затворени трговски центри, како никаде во Македонија“, открива Дејан Проданоски, градоначалник на Прилеп.
Инаку, веќе постоечката метална конструкција во Индустриската зона „Прилеп 1 – Металец“, како најсигурна локација за изградба на еден од предвидените молови, датира уште од 70-тите години на минатиот век и таму од неодамна, по повеќегодишна стагнација, ЛС започна со инфраструктурно уредување на зоната, за што од Буџетот ќе бидат потрошени 37,4 милиони денари, а со цел привлекување на нови стопански субјекти, покрај веќе десетината кои стопанисуваат тука со над 1000 вработени.
Денес со особена чест присуствував на поставувањето на камен-темелникот на првиот трговски центар во Општина Сопиште капитална инвестиција вредна над 5.000.000 евра, која претставува нова ера на развој, економски напредок и нови можности за нашите граѓани.
Овој значаен проект не е само изградба на објект, туку силна порака дека Сопиште се движи напред, дека стануваме атрактивна и посакувана општина за инвестиции, нови работни места и подобар животен стандард.
Со вакви проекти ја градиме иднината модерна, стабилна и просперитетна Општина Сопиште, во која младите ќе останат, а новите генерации ќе имаат повеќе можности.



[ https://www.facebook.com/photo?fbid=122276687258266322&set=pcb.122276687402266322 ]
Dua Mall Struga






Remall Tetovo














