Кон содржината
Градба.мк Градба.мк
Известувања
Исчистете ги сите

Скопски сообраќај

32 Написи
4 Корисници
42 Реакции
11 Прегледи
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема  

РЕШАВАМЕ ДЕЦЕНИСКИ ПРОБЛЕМИ – ГРАДИМЕ ПОБЕЗБЕДЕН АЕРОДРОМ
Денеска извршив увид во градежните активности на улицата „Матеја Матевски“, зад кулите Џевахир – место што со години претставуваше инфраструктурен и сообраќаен предизвик.
Конечно ставаме крај на еден децениски проблем и создаваме безбедна и функционална улица за сите. Жителите добиваат сигурна делница за движење и нормален сообраќај – нешто што одамна го заслужуваат.


[ https://www.facebook.com/photo/?fbid=1278519967763996&set=pcb.1278520331097293 ]



   
2
❤️
Реагираа akul1122, Bukefal и akul1122
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема  

Од мај 2025 па се до март годинава се одвиваа активности за пробивање и асфалтирање на нова сервисна улица до школото Димитар Влахов поред Трета Македонска Бригада во Аеродром.
Лево од улицата е планирана изградба на комплексот Биси Империум така што оваа улица би требало да помогне во подобрување на проточноста на овој дел со оглед на тоа дека никнуваат голем број новоградби.

Денешни фотки,сеуште не е пуштена во употреба




   
2
Bukefal и akul1122 реагираа
ОдговорЦитат
(@phenomenon)
Доверлив член
Се приклучи: пред 3 месеци
Објави: 50
 



   
ОдговорЦитат
(@akul1122)
Почитуван член
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 133
 

@phenomenon Време е да ја ажурираат мапава 🙂



   
ОдговорЦитат
(@akul1122)
Почитуван член
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 133
 

По три децении, реконструирана е улицата "Перо Наков". ✅️

https://www.facebook.com/watch/?v=26976318818629452&vanity=1OrceGj



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
Skopje
(@skopje)
Почитуван член
Се приклучи: пред 4 месеци
Објави: 88
 

Вториот дел на ул. Ленинова (уште се работи, не е завршено):



   
3
Реагираа Bukefal, akul1122 и stef4o
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема  

Реконструкцијата на кракот на булеварот „Трета македонска бригада“ кај Метро влезе во завршна фаза.
Со проектот обновуваме делница во должина од 777 метри, со поставување на околу 6.000 м² нов асфалт, како и нови тротоари на површина од 1.500 м²
Вредноста на инвестицијата изнесува 17 милиони и 908 илјади денари.



[ https://www.facebook.com/photo?fbid=1299354909013835&set=pcb.1299355532347106 ]



   
2
Bukefal и akul1122 реагираа
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема  

(Фото) Огромна дупка на улица во Кисела Вода, граѓаните поставија картонска кутија како предупредување
објави Скопје1.мк

Граѓани од скопската општина Кисела Вода реагираат на дупка на улицата „Емил Зола“, во близина на зградата „Пегла“, која веќе подолг период претставува ризик за возачите.

Според објави на социјалните мрежи, некој од жителите поставил картонска кутија околу оштетениот дел од асфалтот со цел да ги предупреди возачите и да ги натера да ја избегнуваат дупката. објави Скопје1.мк

Веројатно не сум единствената на која ѝ пречи ‘кратерот’. Улицата е вака оштетена повеќе од две недели, се надевам дека нема да се дозволи некој да настрада или да си го оштети возилото, за да се реагира со поправка. Се работи за пропаднат асфалт на раскрсницата кај зградата Флетајрон“, стои во објава на една жителка.

Таа додава дека проблемот е присутен подолго време и дека е потребна итна реакција од надлежните служби.

Пред речиси еден месец, фотографии од истата дупка беа објавени на социјалните мрежи со порака дека возачите треба да бидат внимателни и дека се очекува санација во најбрз можен рок. објави Скопје1.мк

[ https://skopje1.mk/foto-ogromna-dupka-na-ulica-vo-kisela-voda-gragjanite-postavija-kartonska-kutija-kako-predupreduvanje ?]



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема  

Денешни фотки од реконструкцијата на ул.Симеон Кавракиров во Мичурин-Аеродром
Активностите започнаа на 07.04.2026 со гребење на стариот асфалт а изминатиов месец се работи на тротоарите и некакви инсталации за оптички кабли.












   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
Skopje
(@skopje)
Почитуван член
Се приклучи: пред 4 месеци
Објави: 88
 

Конечно се обновува оштетениот мост „Естекада“ во Автокоманда

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска информираше дека започнува долгоочекуваната реконструкција и санација на мостот „Естекада“ во Автокоманда, кој е една од главните сообраќајници бидејќи ги поврзува жителите на Гази Баба со општина Аеродром.

-Овој мост има особено значење, затоа што се наоѓа на еден од најфреквентните излези од Скопје и претставува важна врска за граѓаните кои секојдневно се движат кон и од општините што гравитираат во овој дел. Тука минуваат работници, ученици, семејства, компании, транспорт и затоа нашата обврска е оваа сообраќајна артерија да биде безбедна, функционална и достоинствена – изјави градоначалникот.

Мостот има специфична градба и е уникатен, но изминатата деценија е тотално заборавен и поради илјадниците возила кои секојдневно минуваат по него, асфалтот исполнет со дупки и испакнатини од тешките товарни возила, има оштетени заштитни огради од бројните сообраќајни несреќи.

Ѓорѓиевски информираше дека проектот опфаќа реконструкција на пристапни рампи на вкупна површина од 10.000 метри квадратни, од кои 3.800 квадрати ќе бидат целосно изгребани и обновени со два нови слоја асфалт, а нов асфалтен слој ќе добие и самиот мост.

Исто така, од Град Скопје ни одговорија дека на терен ќе се направи и корекција и санација на металните огради, санација на оштетените бетонски делови, како и корекција на преодните плочи на местата каде што е евидентирано нивно пропаѓање.

-Во однос на состојбата на надвозникот и оштетувањата на коловозната површина, информираме дека е предвидена целосна реконструкција на објектот. Проектот опфаќа реконструкција на коловозната површина, замена на хидроизолацијата, комплетно асфалтирање на целиот надвозник, корекција и санација на металните огради, санација на оштетените бетонски делови, како и корекција на преодните плочи на местата каде што е евидентирано нивно пропаѓање- одговорија од Град Скопје за „Слободен печат“.

Сообраќајницата брои четири клучки, една од страната на „Алкалоид“, потоа од излезот од Автокоманда кон „Фершпед“ и трговскиот центар „Годи“ и обратно, како и рампата во правец од Камник кон Автокоманда, каде има исклучување од булеварот „Александар Македонски“, а местото е од голема важност поради тоа што одовде е и излезот од Скопје во насока кон обиколницата и кон Куманов

https://www.slobodenpecat.mk/foto-konechno-se-obnovuva-oshteteniot-most-estekada-vo-avtokomanda/



   
2
Bukefal и stef4o реагираа
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема  

Нема крај на градежните работи на „Мирослав Крлежа“, жителите се наголтаа прашина


Целта на овој проект е да се затвори целиот потег од зградата на Министерството за култура, па сè до крајот на улицата која е слепа и не излегува на булеварот „Партизански одреди“, и целиот овој простор да се пренамени во пешачка и резиденцијална зона за паркинг, со што право на влез и паркирање ќе имаат само жителите на зградите на овој потег.

Пред четири месеци започна реконструкцијата на улицата „Мирослав Крлежа“ во Дебар Маало, која беше најавувана со години, уште во мандатот на ексградоначалникот Саша Богдановиќ, но денес просторот е затрупан во прашина и активностите се небаре запрени.

Целта на овој проект е да се затвори целиот потег од зградата на Министерството за култура, па сѐ до крајот на улицата, која е слепа и не излегува на булеварот „Партизански одреди“, и целиот овој простор да се пренамени во пешачка и резиденцијална зона за паркинг, со што право на влез и паркирање ќе имаат само жителите на зградите на овој потег.

Реконструкцијата се изведува на вкупна површина од околу 6.000 метри квадратни, а како што тогаш најавија од Општината, 70 отсто од потребните финансиски средства се обезбедени од Светска банка, додека преостанатите се покриени од општинскиот буџет.

– Станува збор за проект што се реализира на барање и по мера на жителите. Ова е зафат што долго време беше најавуван и ветуван, но денес конечно се реализира на терен. Овој дел од Дебар Маало, добива нов лик, уреден, безбеден и функционален јавен простор – изјави градоначалникот Горан Герасимовски на денот кога отпочнаа градежните активности.

Иако во рамките на реконструкцијата е предвидено да се инсталира ново улично осветлување, да се постават клупи и канти за отпадоци, како и целосна обнова на коловозот и на тротоарите со поставување гранитни и травертин плочи, денес, четири месеци подоцна, местото е полно со прашина и дупки за каблите за струја кои во најголем дел се обележани и со црвена лента, но има и дупки што не се воопшто заштитени и се потенцијална опасност за пешаците што транзитираат одовде.

На дел од улицата се поставува нова водоводна и атмосферска мрежа, додека фекалната канализација е веќе изведена, а каблите на ЕВН се спуштени под земја, а од Општината претходно информира дека проектот вклучува и уредување на зелените површини, замена на исушените дрвја со нови садници и поставување ниско зеленило.

Сепак, денес голем дел од овие предвидени изведувања не се заврши, а скопјанка, која живее во близина на оваа улица, за „Слободен печат“ вели дека секојдневно поминувајќи на оваа улица голта прашина, а дека навечер не се познаваат отворените дупки, што е опасно за минувачите.

– Јас секојдневно минувам по „Мирослав Крлежа“ и постојано голтам прашина, местото е цело ископано и незаградено, а градежните активности се забавени. Паркинг местата каде што се паркираа жителите сега се ископани и поминати со песок, нема каде да се паркираат автомобилите. До кога ќе се реновира оваа улица? – прашува таа.

Токму ова прашање го поставивме и до Општина Центар, од каде до објавувањето на текстот не добивме официјален одговор до каде е изградбата на пешачката зона на „Мирослав Крлежа“, како и резидентниот паркинг.

Пренамената на оваа улица во пешачка за првпат ја најави поранешниот градоначалник на Центар, Саша Богдановиќ, во 2021 година, но проектот не се спроведе.

Сепак, минатата година пренаменување на улица „Мирослав Крлежа“ во пешачка зона и резиденцијална зона влезе во Планот за програми и развој од 2025 до 2027 година, кој беше изгласан во Советот на Општината.

Според планот, за пренамената на улицата се предвидени 82 милиони денари, или нешто над 1.3 милиони евра, од кои 750.000 денари се веќе исплатени за изработка и ревизија на основен проект, додека, пак, како што се наведува, во 2022 година немало давачки бидејќи бил раскинат договорот со изведувачот.

Потоа, за во 2024 година биле предвидени милион денари за избор на нов изведувач и за негово почнување со работа, додека пак најмногу средства биле предвидени за минатата година, кога требало да се издвојат 45 милиони денари, или околу 730 илјади евра.

– Во 2024 година се предвидува избор на изведувач за што се предвидени средства во износ од 1.000.000 денари за почнување со работа, средства во износ од 45.000.000 денари за 2025 година, средства во износ од 1.000.000 денари за 2026 година и средства во износ од 34.250.000 денари за 2027 година – беше наведено во образложението во Планот за развој на овој проект.

[ https://www.slobodenpecat.mk/nema-kraj-na-gradezhnite-raboti-na-miroslav-krlezha-zhitelite-se-nagoltaa-prashina/ ]



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема  

Денес се започна со асфалтирање на ул.Симеон Кавракиров во Мичурин







   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема  

Нов асфалт за улицата „Симеон Кавракиров“ во Мичурин

Во населбата Мичурин, во тек е асфалтирање на коловозот на улицата „Симеон Кавракиров“.Улицата е долга 485 метри и претставува важна сообраќајна врска за жителите на населбата.

Од Општина Аеродорм информираат дека во рамки на реконструкцијата се реализираат: 3.950 квадратни метри нов асфалт, 2.305 квадартни метри нови тротоари со бехатон-плочки, како и нови ниски рабници за поголема безбедност и функционалност.

-Со овој проект добиваме побезбедна, поуредена и помодерна улица, а жителите, подобри услови за секојдневно движење и поквалитетен живот – потенцираат од локалната самоуправа.

Вредноста на инвестицијата е 22.630.000 денари.

[ https://www.vecer.press/22nov-asfalt-za-uliczata-simeon-kavrakirov-vo-michurin/ ]



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема  

Започнува реконструкција на улицата „Трифун Бузев“ во Карпош 4
Општина Карпош започнува со санација на дел од улицата „Трифун Бузев“.
🔹Ќе се изврши поставување нов асфалт на коловоз во должина од 112 метри,
🔹реконструкција на долниот строј,
🔹замена на рабници и
🔹бекатон плочки долж пешачката патека.
Дополнително, ќе бидат обновени и двата паркинзи во непосредна близина на улицата, со должина од по 80 метри.

Изведувач на работите е фирмата „Филип Инженеринг ДООЕЛ“, а вкупната вредност на зафатот изнесува 8.441.538 денари.
Средствата се обезбедени преку поддршка од Владата на РСМ, по апликација на проектот од страна на Општина Карпош на јавен повик на Министерството за локална самоуправа.



[ https://www.facebook.com/photo?fbid=1463336272493517&set=pcb.1463337379160073 ]



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема  

Продолжува трансформацијата на улицата „Ферид Мурат“
Работите за реконструкција на улицата „Ферид Мурат“ продолжуваат со засилена динамика. По завршувањето на асфалтирањето на едната страна од пешачките патеки, во тек се подготовките за асфалтирање на велосипедските патеки и пешачките површини на другата страна од улицата, а завршувањето на оваа фаза се очекува до крајот на неделата.
Градежните активности се реализираат за време на летниот распуст, користејќи го периодот со намалена фреквенција на движење, со цел проектот да биде завршен побрзо и со што помало влијание врз секојдневниот сообраќај. Проектот се реализира со поддршка на Светска банка и е дел од инвестициите на Општина Чаир за модернизација на патната инфраструктура





[ https://www.facebook.com/cair.gov.mk ]



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
Страница 2 / 3
Сподели: