Кон содржината
Градба.мк Градба.мк
Известувања
Исчистете ги сите

Скопски сообраќај

46 Написи
6 Корисници
46 Реакции
1,691 Прегледи
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 8 месеци
Објави: 2622
Стартер на тема  

од твитер

Периодов почнаа да поставуваат столбчиња по средина на ул.Фрањо Клуз и ул.Вангел Тодоровски во Стар Аеродром за да спречат паркирање и застанување по улиците.
До овој проблем дојде откако во новите згради се отворија многу локали претежно кафулиња,игротеки и маркети.



   
2
Nikola Kochovski и Bukefal реагираа
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 8 месеци
Објави: 2622
Стартер на тема  

Бидејќи Општината и Градот немаат капацитет, Министерството за транспорт ќе го санира патот кон Теферич

Николоски соопшти дека оваа одлука била донесена на владина седница, а со неа, Министерството го презема целиот проект, и додаде дека очекува во наредната недела да биде распишан тендер за избор на изведувач кој ќе го реализира проектот за санирање на патот кон Теферич.

Министерот за транспорт и врски Александар Николоски денеска соопшти дека Министерството ќе ја преземе обврската и ќе го санира пропаднатиот пат во Теферич, објаснувајќи дека Општина Кисела Вода и Град Скопје немаат капацитет да решат едно вакво сериозно свлечиште и проблематиката е далеку од нивните можности.

-Патот за Теферич е еден голем, исклучително сериозен проблем, имајќи предвид дека се работи за сериозно свлечиште. Проблематиката е далеку поголема од можностите и капацитетите коишто ги имаат Општина Кисела Вода и Град Скопје – информираше министерот.

Тој соопшти дека оваа одлука била донесена на владина седница, а со неа, Министерството го презема целиот проект и Николовски додаде дека очекува во наредната недела да биде распишан тендер за избор на изведувач кој ќе го реализира проектот за санирање на патот кон Теферич.

-На седница на Влада донесовме одлука со којашто целокупниот проект го презема Министерството за транспорт и врски. Веќе имаме изработено проект за стабилизација и санација и очекувам во најскоро можно време, а тоа е непосредно следната недела, да се распише тендер за избор на изведувач“, рече Николоски.

Ова е можеби првата конкретна мерка која ја преземаат властите откако патот распука во февруари, а потоа дополнително се оштети во март, за денеска местото да изгледа застрашувачки, а единственото нешто што успеа Општината да го направи во врска со овој проблем е да натрупа земја и сено со што се обиде да го запре сообраќајот по овој исклучително опасен коловоз.

Последно кога „Слободен печат“ беше на терен, свлечиштето беше повторно засилено, а според Извештајот и мислењето на Градежниот факултет, свлекувањето на оваа локација е агресивно и има нагон да се проширува, како што и можеме да видиме изминативе неколку месеци.

Патот распука само пет месеци откако беше саниран кон крајот на септември 2025 година, кога беше поставен нов тенок слој асфалт, со што очигледно само естетски се прикри сериозната опасност, а оттогаш до денес, од Општината не сакаат ни да се спомне кој бил последниот изведувач, проектант и фирма надзор на проектот за реконструкција на улицата и ниту еднаш не одговорија на прашањата на „Слободен печат“.

Освен за медиумите, од локалната самоуправа со месеци не одговараат ниту на прашањата на дел од опозициските советници во Советот на Кисела Вода, кои со месеци ги исцрпуваат сите можности за да ги дознаат одговорите на овие прашања кои ги засегаат сите граѓани, а особено жителите на Кисела Вода.

[ https://www.slobodenpecat.mk/bidejkji-opshtinata-i-gradot-nemaat-kapacitet-ministerstvoto-za-transport-kje-go-sanira-patot-kon-teferich/ ]



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 8 месеци
Објави: 2622
Стартер на тема  

ФОТО | Карпошани се жалат: Улицата „Атинска“ ја раскопаа и ја оставија, се наголтавме прашина!

Улицата „Атинска“ во општина Карпош, во делот што се протега покрај булеварот „Осми Септември“, цел месец е оставена раскопана, откако уште на почетокот на јули беше најавено дека започнува нејзината реконструкција.

Жителите од околните згради се жалат дека се наголтале прашина и прашуваат кога Општината планира да ја заврши улицата и да ги спаси од секојдневната „тортура“

Градоначалникот Сотир Лукровски на 10 јули објави дека започнуваат градежните активности на улицата, при што целосно ќе се обнови коловозот и тротоарите и ќе се постават нови рабници.

Започнуваме со целосна реконструкција на овој дел од улицата „Атинска“. Ги замолуваме граѓаните за трпение и разбирање додека траат градежните активности, истакна градоначалникот.

Тој најави дека вредноста на инвестицијата изнесува 16 милиони денари, а рокот за реализација е 30 работни дена.

Но, рокот помина, а улицата остана недоправена.

 Пред еден месец копате улица на булевар „Осми Септември“ и ја оставате незавршена. Месец дена се гушиме во песок! На апел на граѓаните кажувате дека истата екипа копа ваму, копа таму, дека ќе дојдете и ќе асфалтирате. Денес кажувате дека екипата ви е на годишен одмор. Улицата можевте и да ја затворите и да спречите ваква тортура! Со кое право сте вака неодговорни и наштетувате на здравјето на граѓаните!? – прашува карпошанка во објава на социјалните мрежи.

Но, од Општина Карпош на прашањето зошто е „Атинска“ оставена раскопана и зошто се запрени градежните работи, тврдат дека се работи.

– Ве информираме дека во моменот, на улица „Атинска“, градежните работници поставуваат рабници и сливници за атмосферска вода. Дополнително, во наредните неколку денови ќе се постави прв слој на асфалт на улицата. Со тековна динамика, работниците ќе продолжат со реализација на овој проект – одговараат од Општината, не спомнувајќи дека рокот за завршување на овој проект истече на 10-ти август.

Сепак, според фотографиите кои ни ги испратија жители на Карпош, не изгледа дека е така.

https://www.slobodenpecat.mk/foto-karposhani-se-zhalat-ulicata-atinska-ja-raskopaa-i-ostavija-se-nagoltavme-prashina/



   
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 8 месеци
Објави: 2622
Стартер на тема  

Искривените плочки на кружниот тек во Дебар Маало заменети со асфалт

 

Неодамна од Општина Центар најавија дека започнува претпоследната фаза од реконструкцијата на улицата и дека се поставува втор слој асфалт на потегот од булеварот „Партизански Одреди“ до „Илинденска“, а дека притоа ќе се асфалтира и кружниот тек.

Изградбата на кружниот тек беше во рамките на обновата и проширувањето на улицата „Орце Николов“, кога се поставија тесни вело-ленти и нови тротоари, како и паркинг „џебови“ за резидентите и за зонските паркинзи. Но, се покажа дека бекатон плочки не функционираат добро на кружен тек, па набргу тој пропадна, се направија бранови, дел од плочките пропаднаа,  а граѓаните реагираа и бараа Општината да си ја исправи грешката.

Конечно, по неколку најави, тоа и се случи.

https://www.slobodenpecat.mk/iskrivenite-plochki-na-kruzhniot-tek-vo-debar-maalo-zameneti-so-asfalt/



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 8 месеци
Објави: 2622
Стартер на тема  

ОПШТИНА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ ПОЧНА ДА ЈА АСФАЛТИРА ГЛАВНАТА УЛИЦА ВО ХРОМ ОТКАКО ПОЛА ГОДИНА ГИ ОСТАВИ ЖИТЕЛИТЕ БЕЗ АВТОБУС

 



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 8 месеци
Објави: 2622
Стартер на тема  

Семафори со тастер ќе го решаваат хаосот кај дивиот премин на Бит-пазар, Град Скопје чека мислење од МВР за проектот

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски на последната седница за советнички прашања во Советот на Град Скопје, прашан што се случува со нелегалниот пешачки премин, повтори дека прави чекор назад за да ја испочитува волјата на мнозинството граѓани, особено повозрасните, кои не можат да го користат натпатникот што со години е затворен и запуштен.

По повеќе од седум месеци од најавата за затворање на дивиот премин кај Бит-пазар од страна на скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски, конечно Градот донесе одлука со поставување семафор на тастер и со обележување на преминот да се реши оваа проблематична локација.

Во месеците од најавата за затворање на преминот и конечната одлука за негово обележување и поставување семафори, на оваа локација имаше еден неуспешен обид за поставување ограда од Градот, потоа протест од чаирчани, па сериозно контроверзна и критикувана одлука за правење „чекор назад“ од страна на градоначалникот Ѓорѓиевски и откажување на Градот на постави ограда, како и една сообраќајна несреќа со двајца повредени пешаци.

Опозицијата жестоко реагираше на одлуката да остане отворен преминот и го обвини градоначалникот на Скопје за политичко ретерирање, на што тој одговори дека не ретерира, туку прави „чекор назад“ од претходниот став со цел да ја исполни народната волја, која ја видел преку разговорите со чаирчани од кои најмногу забелешки имале повозрасните.

– Не станува збор за политичко ретерирање тоа што кажав дека ќе се консултирам со граѓаните, бидејќи кај многумина од нив видов искрено барање на друг начин да го промениме и да го регулираме движењето на пешаците, имајќи предвид дека најголемиот број забелешки беа од повозрасни граѓани. Јас не се срамам и не се плашам некогаш ако треба некогаш да одам чекор назад кога е во прашање народната волја – одговори градоначалникот.

Ѓорѓиевски на последната седница за советнички прашања во Советот на Град Скопје, прашан што се случува со нелегалниот пешачки премин, одговори и повтори дека прави чекор назад за да ја испочитува волјата на мнозинството граѓани, особено повозрасните, кои не можат да го користат натпатникот што со години е затворен и запуштен, со што е донесена одлука преминот да остане отворен, но на негово место да се постави семафор со тастер.

Тој посочи дека во договор со ЈП „Улици и патишта“ и СВР Скопје, ќе се изработи проект за безбедносно обележување на сообраќаен премин.

– Во однос на пешачкиот премин кај Бит-пазар, јас се консултирав со граѓаните. Јас сум кажал, единствена работа што не можеме да ја поправиме и на која не можеме да делуваме е тоа кога зависи од Бога. Мене број еден приоритет во моето владеење овие четири години ми е мислењето на граѓаните. Кога граѓаните и мнозинството одлучиле дека е подобро и за бизнисите таму, но и поедноставно е особено за повозрасните госпоѓи, кои не можат и не се во состојба физички да го користат натпатникот, тогаш се договоривме со „Улици и патишта“ и со СВР Скопје, врз основа на анализа и врз основа на закон, да се изработи проект за безбедносно обележување сообраќаен премин каде што ќе бидат поставени и семафори за пешаците што ќе бидат со тастер за да не се создава сообраќаен метеж. Таму ќе бидат поставени семафори и регуларен пешачки премин – изјави Ѓорѓиевски.

По оваа изјава, од Град Скопје за „Слободен печат“ велат дека сообраќајното решение е во фаза на подготовка и е веќе испратено до Министерството за внатрешни работи, од каде се чека повратна информација, односно мислење за проектот.

– По направените анализи и во согласност со законските правила, во тек е подготовка на сообраќајно решение, со кое постојниот нелегален пешачки премин ќе биде соодветно уреден и обележан. Според најавата на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, на локацијата се предвидува поставување уреден пешачки премин и семафор. Во овој момент, постапката е во фаза на подготовка на проектот, односно сообраќајното решение кое е испратено во Министерство за внатрешни работи за мислење. Откако ќе бидат завршени сите потребни постапки и ќе се исполнат условите за реализација, ќе се пристапи кон поставување на соодветната сигнализација и семафорите – изјавија од Градот за „Слободен печат“.



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 8 месеци
Објави: 2622
Стартер на тема  
НОВ СООБРАЌАЕН РЕЖИМ И 415 НОВИ ПАРКИНГ-МЕСТА ВО МИЧУРИН И СТАР АЕРОДРОМ
Општина Аеродром отпочна со изработка на проект за нов сообраќаен режим во Мичурин и Стар Аеродром, кој ги опфаќа улиците „Владимир Комаров“ и „Симеон Кавракиров“, со поинаква организација на сообраќајот, воведување еднонасочни улици, нови паркинг-места и велосипедски патеки.
Со новиот режим ќе се овозможи подобро и поефикасно искористување на уличниот простор, со поорганизирано движење на возилата и создавање дополнителен простор за паркирање и велосипедскиот сообраќај.
Во Стар Аеродром се предвидуваат приближно 200 паркинг-места, додека во Мичурин се предвидуваат 215 нови паркинг-места.
Со воведувањето на ваков сообраќаен режим, просторот се збогатува со нови содржини и подобро се распределува меѓу различните учесници во сообраќајот - возачи, велосипедисти и пешаци.
Целта е да се создаде поорганизиран, пофункционален и побезбеден сообраќај, со повеќе можности за паркирање и подобри услови за велосипедскиот сообраќај.
 


   
ОдговорЦитат
(@ivan_s)
Угледен член
Се приклучи: пред 4 недели
Објави: 31
 

Зошто Град Скопје конечно не пристапи кон изградба на мостот во Вардариште?! Проектирањето е доделено уште пред две/три години на некое проектанстско биро, сигурно досега е готов проектот. Експропријација нема воопшто, се е на државно земјиште. Срам ли им е дека ќе има Скопје трет мост што нема да биде поврзан, па за да не се прави притисок од јавноста остваат прво другите два да се поврзат.


Оваа објава е изменета пред 4 недели од ivan_s

   
ОдговорЦитат
(@ivan_s)
Угледен член
Се приклучи: пред 4 недели
Објави: 31
 

Уште една врска која очајно му треба на Скопје и целата таа гужва во делот на Автокоманда, Маџари, Триангла. Планирата врска на улица 15-ти Корпус кај поранешниот автопазар, односно Фершпед. Од објекти за еден индустриски има на трасата, Шмеки комерц за кој верувам може да се најде решение.



   
ОдговорЦитат
(@ivan_s)
Угледен член
Се приклучи: пред 4 недели
Објави: 31
 

Пред неколку месеца, заедно со интервенцијата на раскрсницата кај Тутунски Комбинат, се преасфалтираше кракот од улицата 11ти Октомври кон Центар се до раскрницата кај Црвен Крст. И повторно се направи истата грешка во хоризонсталната сигнализација. Секојдневно гужвите и нервозите се затоа што двете ленти од поназад каде што почнува улицата кај Тутунски, кои треба да водат право, всушност неприродно се престројуваат кон десно. Затоа и коли редовно се качуваат по тротоар што имаат намера да вртат десно, а тие што одат право им смеетаат за да се престројат. Ова ќе го зголеми и пропустниот капацитет на возила во правец Кисела Вода - Центар затоа што сега во еден такт на семафорот идат коли практично само од средната лента, тогаш би иделе коли и од двете ленти право.

А решението е сосема елегантно, што веќе го има во Скопје, по целата должина на булевар Теодосиј Гологанов.

Еве како е тоа на Булевар Митрополит Теодосиј Гологанов:

 


Оваа објава е изменета пред 4 недели од ivan_s

   
ОдговорЦитат
(@ivan_s)
Угледен член
Се приклучи: пред 4 недели
Објави: 31
 

Ова е фесјбук страница на фирмата EuroRoad DesignGroup LLc Skopje за кои знам дека имаат добивано тендери за проектирање на некои сообраќајни решенија низ Македонија. И кај нив најдов на страницата некаков дизајн за раскрницата кај Мавровка на три нивоа?! 

https://www.facebook.com/reel/734772282982003

И сега сум збунет дали ова сами разработувале некаков концепт, или ова е план на градските власти за изведба?

*дали може embedded facebook reel да се поставува во постот. Ги молам модераторите да интервенираат во постов ако има начин да се стави embed video.

 

<iframe src="https://www.facebook.com/plugins/video.php?height=314&href=https%3A%2F%2Fwww.facebook.com%2Freel%2F734772282982003%2F&show_text=false&width=560&t=0" width="560" height="314" style="border:none;overflow:hidden" scrolling="no" frameborder="0" allowfullscreen="true" allow="autoplay; clipboard-write; encrypted-media; picture-in-picture; web-share" allowFullScreen="true"></iframe>


Оваа објава е изменета пред 4 недели 2 пати од ivan_s

   
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 8 месеци
Објави: 2622
Стартер на тема  

Реконструирана ул.Мирослав Крлежа во Центар

https://www.facebook.com/photo?fbid=1076512658347130&set=pcb.1076512715013791



   
ОдговорЦитат
(@mirakuliks)
Активен член
Се приклучи: пред 3 месеци
Објави: 14
 

@ivan_s 

Има посебна тема за проектот за кружниот ток и нов мост за влез во Сарај и западниот влез за Скопје:
https://gradba.mk/forum/gradska-infrastruktura/%f0%9f%93%a2%d0%ba%d1%80%d1%83%d0%b6%d0%b5%d0%bd-%d1%82%d0%b5%d0%ba%d0%bc%d0%be%d1%81%d1%82-%d1%93%d0%be%d1%80%d1%87%d0%b5-%d0%bf%d0%b5%d1%82%d1%80%d0%be%d0%b2-%d1%81%d0%b0%d1%80%d0%b0%d1%98/#post-9418

 

За денивелирани решенија за кај раскрницата кај мавровка имаше дискусии и на стариот форум, додуша овие се комплетно надземни.

 


Оваа објава е изменета пред 4 недели 2 пати од mirakuliks

   
Реагираше ivan_s
ОдговорЦитат
(@ivan_s)
Угледен член
Се приклучи: пред 4 недели
Објави: 31
 

@mirakuliks ако може модераторот нека го премести постот



   
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 8 месеци
Објави: 2622
Стартер на тема  
Асфалтиран е дел од улицата „Маџир Маало“, каде што жителите досега се движеа по земјена улица, без асфалтиран коловоз.
Покрај асфалтирањето, уредено е и одводнувањето, со што се подобруваат условите за движење и пристапот до домовите.
Општина Центар продолжува со унапредување на уличната инфраструктура, а следно е асфалтирање на дел од улицата „Истарска“ во Ново Маало, со цел побезбедни и поуредени улици за сите жители.
 


   
ОдговорЦитат
Страница 3 / 4
Сподели: