Кон содржината
Градба.мк Градба.мк
Известувања
Исчистете ги сите

Скопски сообраќај

32 Написи
4 Корисници
41 Реакции
8 Прегледи
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема   [#848]

Во темава ќе ги опфатиме помалите инфраструктурни проекти низ главниот град.
Поточно ќе се следи прогрес на реконструкција на улици и булевари,сервисни улици,пробивање помали улици,краци од главни улици и слични проекти.



   
Реагираше Bukefal
Цитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема  

22.01.2026

После речиси три децении запоставеност, започнуваме со целосна реконструкција на улицата „Перо Наков“
Денес, заедно со градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски, ја започнавме целосната реконструкција на оваа значајна сообраќајна артерија, ,,Перо Наков", односно делницата од булевар ,,Киро Глигоров" до улица ,,Вера Радосавлевиќ", која секојдневно ја користат илјадници жители.
Реконструкцијата опфаќа изградба на нови тротоари од двете страни на улицата, доизградба на атмосферската канализација, комплетна замена на асфалтните слоеви на површина од 11.050 метри квадратни, современо осветлување и подземно поставување на операторските мрежи.
Дополнително, просторот го оплеменуваме и џебови за паркинг и контењери




[ https://www.facebook.com/photo/?fbid=1428337248919560&set=pcb.1428338838919401 ]



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема  

17.11.2025
Денеска, заедно со градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, извршивме увид во почетокот на градежните активности за целосна реконструкција на една од најважните сообраќајни артерии во Аеродром – ул. Фрањо Клуз во Стар Аеродром.
Должина: 390 метри
Два нови слоја асфалт
Нови тротоари од двете страни
Продолжување на постојната атмосферска канализација



[ https://www.facebook.com/photo/?fbid=1156672693282058&set=pcb.1156672723282055 ]

16.02.2026-фаза 2



[ https://www.facebook.com/photo?fbid=1431156465467761&set=pcb.1431156648801076 ]

27.02.2026

Во завршна фаза е изградбата на улицата „Фрањо Клуз“ во Аеродром



[ https://www.facebook.com/photo?fbid=1458882715865013&set=pcb.1458887655864519 ]



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема  

13.02.2026

Започна целосната реконструкција на улицата „Ферид Мурати“
Започна целосната реконструкција на улицата „Ферид Мурати“, еден од најзначајните инфраструктурни проекти во Чаир. Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, заедно со градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, го најавија почетокот на градежните работи на терен.
Проектот опфаќа нов асфалт, две уредени сообраќајни ленти во двата правци, стандардизирани тротоари, велосипедски патеки од двете страни, организиран паркинг за околу 200 возила, како и нов систем за јавно осветлување. Инвестицијата се реализира во соработка со Светска банка и Министерството за транспорт.
Улицата „Ферид Мурати“ има особено значење за оваа зона, бидејќи поврзува важни населби и значително ќе го подобри сообраќајот и безбедноста. Модернизацијата на инфраструктурата останува приоритет за подобрување на квалитетот на живот на граѓаните.



[ https://www.facebook.com/cair.gov.mk ]



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема  

Октомври 2025

ја најавуваме целосната реконструкција на улицата „Симеон Кавракиров“ во Мичурин, каде што ќе се изврши обнова на коловозот и тротоарите



[ https://www.facebook.com/photo?fbid=1213838160589907&set=pcb.1213838427256547 ]



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
(@akul1122)
Почитуван член
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 133
 

Завршена е реконструкцијата на улицата Бранислав Нушиќ во Општина Карпош. Изјава на геадоначалникот Лукровски:

"Според планираната работна динамика, завршивме со реконструктивниот зафат на дел од улицата Бранислав Нушиќ во населбата Карпош 2. Станува збор за инвестиција вредна 9.889.366 денари, каде беше поставен нов асфалт во должина од 366 метри, нови рабници и тротоари.

Со подобрување на временските услови, Општината, во наредниот период ќе продолжи со реализација на капиталните и инфраструктурните проекти."



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема  

Судски спор ја остави дупката кај ФОН со години отворена



Пешачката патека завршува на неколку метри пред дупката, каде што има поставено ограда и знаци за предупредување за возачите. Сепак, пешаците немаат од каде да преминат преку улицата „Индустриска“, па мораат да кружат околу дупката, а притоа тие излегуваат директно на булеварот „Киро Глигоров“.ија“

Во изминативе неколку години жителите на Гази Баба се соочуваат со сериозен проблем кај зградата на Универзитетот ФОН, поточно на крстосницата на булеварот „Киро Глигоров“ и улицата „Индустриска“, каде што со години зјае еден огромен „кратер“ што сериозно ја загрозува безбедноста на илјадниците возачи што секојдневно минуваат кај оваа локација.

Кратерот“ зјае, жителите бараат итна реакција
Дупката е огромна, а во неа низ годините можеа да се забележат израснати дрвја и растенија, а до пред неколку недели, местото не беше ниту соодветно заградено, само со заштитни мрежи и по некоја лента, но од реакцијата на дел од жителите на општината што побараа итно решавање на проблемот, денес можеме да забележиме дека местото е соодветно заградено.

Овој „кратер“ постои со години и остана недопрен дури и кога во Гази Баба се реновираше и отвораше новата улица кон комплексот згради што се изградија во населбата Керамидница.

Граѓаните на социјалните мрежи постојано се жалат за оваа длабока дупка, а последно еден од жителите посочи дека, како што вели, редно време е да се исполни дупката бидејќи не треба да се чека да се случи некој трагичен настан за да реагираат институциите.

Да не знае некој случајно кога била бомбардирана општина Гази Баба? Овој кратер е цела деценија вака како што гледате. Местото е на раскрсницата кај ФОН и „Мерцедес“, најнебезбедната раскрсница во цела Македонија! Дали институциите во Македонија чекаат некое дете да загине во оваа дупка или некое дете да загине на оваа раскрсница, за потоа сите да се наредат со солзи во очите и да си направат некое колективно жалење? – вели жителот.

Тој додаде дека дупката е само дополнителен ризик за пешаците и за возачите на крстосницата кај ФОН, која, според него, сама по себе претставува опасност за пешаците земајќи предвид дека нема семафор, ниту сообраќајни знаци, ниту видливи пешачки премини, и затоа побара Градот и Општината во најкус рок треба да најдат решение за неа, а воедно во тоа решение да влезе и затрупувањето на големата дупка.

Жителите реагираат дека веќе им е преку глава од неажурноста на надлежните и изјавија дека само прашање на време е кога граѓаните ќе почнат со блокирање на крстосницата како единствен преостанат начин да ги „мотивираат“ Општината и Градот после една деценија да го решат овој сериозен проблем и да ја зголемат безбедноста на илјадниците граѓани што секојдневно минуваат покрај овој огромен „кратер“.

Дупката ќе се затвори по изградба на колекторите
„Слободен печат“ беше на терен и увиде дека ситуацијата е навистина ужасна. Пешачката патека завршува на неколку метри пред дупката, каде што има поставено ограда и знаци за предупредување за возачите.

Сепак, пешаците немаат од каде да преминат преку улицата „Индустриска“ па мораат да кружат околу дупката, а притоа тие излегуваат директно на булеварот „Србија“ и чекорејќи по десната сообраќајна лента, тие преминуваат и повторно се качуваат на тротоарот што води кон мостот за премин во општина Аеродром, како и кон кејот на Вардар.

Поради ова, освен што е грдо за око, местото е навистина небезбедно за пешаците и велосипедистите, па затоа испративме прашања до Градот и до Општина Гази Баба зошто дупката со години не се затрупува.

Од Општината, како секогаш, не добивме одговор, додека, пак, од Градот ни одговорија дека оваа дупка сѐ уште не е затрупана бидејќи под неа се наоѓа дел од колекторскиот систем за пречистителната станица во Трубарево, проект кој „Слободен печат“ пред неколку денови темелно го анализираше, земајќи предвид дека е навистина таинствен и за него надлежните не одговараат до каде е изградбата.

– Дупката што подолг период е оставена отворена, поврзана е со проектот за изградба на колекторите по левиот и десниот брег на реката Вардар – соопштија од Град Скопје. Под дупката се наоѓа дел од колекторскиот систем, кој е предвиден како инфраструктура поврзана со идната пречистителна станица за отпадни води во Трубарево.

„Заглавената“ пречистителна станица е откочена
Проектот за изградба на пречистителната станица започна во декември 2019, во време на мандатот на градоначалникот беше Петре Шилегов, а тендерот беше распишан во јуни 2020 и тогаш беше најавено дека во 2025 година главниот град ќе ја добие пречистителната станица, со што трајно ќе се реши проблемот на отпадни води од кои се загадува Вардар.

Сепак, проектот „заглави“ во времето на Данела Арсовска, која го разреши тогашниот директор на ЈП „Водовод и канализација“ Златко Перински и го обвини за „брцнување рачиња во медот“, или како што официјално соопштија од Градот, обиди за влијание и несоодветно постапување при избирање на изведувач за тендерот за изградба на пречистителната станица, проект вреден 136 милиони денари.

Оттогаш, работата целосно запре и дефинитивно беше пробиен прводадениот рок и долго време не се говореше за проектот се до доаѓањето на Орце Ѓорѓиевски на функцијата градоначалник на Скопје, кој и во кампањата, но и последно во неговиот отчет за 100-те дена работа сосема накусо го спомна овој проект и соопшти дека е „откочен“.

– Го откочивме најголемиот еколошки проект во историјата на Скопје, пречистителната станица за отпадни води вредна околу 185 милиони евра – рече градоначалникот без да прецизира до која фаза е стигната реализацијата.

Проектот за изградба на колектори е на суд
Од Градот додадоа дека местото кај ФОН со години е раскопано и нема реакција од надлежните поради судски спор што се води во странство.

– Во моментов за овој проект се води судски спор надвор од државата, поради што градежните активности се запрени – велат од Град Скопје.

Сепак, прашани за подетални информации околу проектот и судскиот спор, од Градот само накусо одговорија дека инвеститор на проектот е Министерството за животна средина и просторно планирање, додека, пак, изведувачот за пречистителната станица е италијанска компанија.

-Инвеститор на проектот е МЖСПП, додека изведувач е италијанска фирма. За подетални информации во врска со проектот, роковите и понатамошните активности, граѓаните може да се обратат до Министерството за животна средина и просторно планирање – брифираат од Град Скопје.

Дупката уште долго ќе си „мирува“
„Слободен печат“ потоа на оваа тема го контактираше Министерството за животна средина, од каде што добивме одговор дека дупката ќе се пополни по завршувањето на проектот за колекторски систем во Скопје, за кој, како што велат, се бара најефикасно и најбрзо решение за негово целосно завршување.

– Пополнувањето на дупката е во рамките на завршување на проектот за колекторскиот систем на Град Скопје. Во моментов Министерството за животна средина и просторно планирање заедно со Град Скопје и ЈП „Водовод и канализација“ работи на изнаоѓање најбрзо и најефикасно решение за целосно завршување на проектот за колекторски систем за Скопје во чии рамки е и отворениот ископ во близина на објектот на „Мерцедес“ – одговорија од МЖСПП за „Слободен печат.

Со оглед на тоа што просторот под огромната дупка е директно поврзан со колекторите на бреговите од Вардар, граѓаните и жителите на оваа општина можат да очекуваат дека дупката ќе биде закрпена само по завршување на судскиот спор и успешно поставување на колекторите, процес што може да трае со години, со што воедно и оваа дупка ќе продолжи да зјае и да биде опасност за граѓаните.

[ https://www.slobodenpecat.mk/sudski-spor-ja-ostavi-dupkata-kaj-fon-so-godini-otvorena/ ]



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема  

Денешни фотки
Пред една недела почнале со реконструкција на кракот од бул.3-та Македонска Бригада кој води кон комплексот Урбан Гарден






   
2
Bukefal и akul1122 реагираа
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема  

ГАЛЕРИЈА | Расцепот кај Теферич ќе го проголта патот

Ужасни се сликите кои денес можат да се видат доколку се помине покрај патот кон Теферич, кој иако пред еден месец пропадна и беше затворен за сообраќај додека да се најде решение за ова проблематично место кое низ годините постојано се свлекува, изминативе денови имаше уште едно, многу поголемо и поопасно свлечиште.

Ако тогаш едниот дел од патот беше одделен, асфалтот раскршен и пропаднат цел метар, денес ситуацијата е значително полоша – патот е одделен повеќе од неколку метри и свлекувањето продолжило надолу, но и странично, каде пропаднал и дел од рибникот и заштитната ограда.

Жителите своето незадоволство за бројните неуспешни, неквалитетни и донекаде избрзани реновирања на патот го искажаа преку напишана порака на пропаднатата сообраќајница упатена до градоначалничката на Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска: „Бети пази да не паднеш!“

Ова следи откако по првичното свлекување на патот во февруари, Трајкоска објави фотографии од увидот на местото на кои можеше да се забележи како таа, заедно со нејзиниот колега од Сопиште Јане Мицевски, застанаа над пропаднатиот асфлат и „ѕиркаа“ надолу кон расцепите.

Во галеријата подолу можете да ја погледнете моменталната состојба во која се наоѓа колабираниот пат кон Теферич.






[ https://www.slobodenpecat.mk/galerija-rascepot-kaj-teferich-kje-go-progolta-patot/ ]



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема  

Денеска извршив увид во градежните активности за изградба на две нови сообраќајници во населбата Расадник - „Новопланирана улица-2“ и „Пристапна улица-2“. Ова е дел од нашата стратешка определба во Општина Кисела Вода за континуирано унапредување на патната мрежа, поквалитетно сообраќајно поврзување и повисок стандард на живеење.
Проектот опфаќа:
Поставување на двослоен асфалтен коловоз на површина од 1.600 квадратни метри, со нови рабници од двете страни.
Поплочување на 460 квадратни метри нови тротоарски површини за поголема безбедност на пешаците.



[ https://www.facebook.com/photo?fbid=1522375709896265&set=pcb.1522376393229530 ]



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема  

Од пред извесно време се реконструира улицата Мирослав Крлежа во Центар кај Министерство за култура,по што се очекува да биде претворена во пешачка зона

Денешни





   
2
Bukefal и akul1122 реагираа
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема  

Напредува проектот за булеварот „Митхат Фрашери“ во Чаир

На терен беа утврдени точките за проширување на булеварот „Митхат Фрашери“, со што се отвора патот за започнување на процедурите и реализацијата на градежните работи.
Во текот на денот, претставници на Општина Чаир, заедно со комисијата на Град Скопје, излегоа на терен за утврдување на овие точки. Овој процес е дел од постапките за уредување на имотно-правните односи и започнување на експропријацијата, како предуслов за почеток на работите.
Проектот го опфаќа делот од крстосницата со улицата „Џон Кенеди“ до крстосницата со булеварот „Босна и Херцеговина“, во должина од околу 1,4 километри, и предвидува современи сообраќајни решенија со четири сообраќајни ленти (по две во секоја насока), централен зелен појас, велосипедски патеки во двата правци, тротоари за пешаци, како и заштитно зеленило и простори за автобуски постојки.
По завршувањето на административните постапки, се очекува во најскоро време да започнат градежните работи, со што ќе се отвори патот за реализација на проектот.





[ https://www.facebook.com/cair.gov.mk ]



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема  

Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, извршија увид во стартот на градежните активности, означувајќи почеток на проект кој долго време беше неопходен и очекуван.
Ова не е само реконструкција – ова е инвестиција во безбедноста, мобилноста и квалитетот на живот. Со должина од 485 метри, улицата претставува витална артерија низ која секојдневно се движат голем број граѓани.
Проектот за „Симеон Кавракиров“ опфаќа:
Целосна обнова на коловозот
Модерни и безбедни тротоари
Нова асфалтна конструкција
3950 м² асфалт и 2305 м² тротоари со бехатон
Вкупната вредност на оваа инвестиција изнесува 22 милиони и 630 илјади денари.
Со оваа реконструкција, „Симеон Кавракиров“ добива нов, современ изглед и значително подобрена функционалност, што директно придонесува за побезбеден и поефикасен сообраќај.




[ https://www.facebook.com/OpstinaAerodrom ]



   
2
Bukefal и akul1122 реагираа
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема  

Започнавме со реконструкција на вториот дел од улицата „Ленинова“, на потегот од бул. „Партизански одреди“ до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во должина од над 600 метри.
Во моментов се реализираат првата и втората фаза, а на делот до ул. „Наум Наумовски Борче“ воведен е привремен режим на сообраќај во наредните 30 дена.
Сообраќајот се одвива по една коловозна лента, додека за време на асфалтирањето ќе има и целосни затворања со пренасочување по околните улици.
Станарите ќе имаат пристап до своите домови, а ќе се пропуштаат и интервентни возила.
Со оваа реконструкција воспоставуваме континуитет со првиот дел од „Ленинова“. Предвидено е уредување на коловозот, тротоарите и пешачките патеки, поставување велосипедска патека и обновување на зеленилото долж целиот потег.

[ https://www.facebook.com/OpstinaCentar ]



   
2
Bukefal и akul1122 реагираа
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема  

(Фото) Непрописно паркирање блокира сообраќај во Аеродром, жителите алармираат дека ова е ризик и за децата
објави Скопје1.мк

Сообраќаен хаос, блокирани ленти и зголемен ризик за безбедноста – ваква е секојдневната состојба на улицата „Франјо Клуз“ во скопската населба Аеродром, реагираат жители преку социјалните мрежи односно групата „Аеродромци“.

Според нив, една од сообраќајните ленти речиси постојано е зафатена од непрописно паркирани возила, најчесто од посетители на локалите во околните згради, кои ја користат коловозната лента како паркинг. објави Скопје1.мк

Проблемот е дополнително сериозен поради близината на основното училиште „Блаже Конески“, каде во периодите кога учениците доаѓаат и си заминуваат од настава, метежот е најизразен.

Жителите предупредуваат дека ваквата состојба претставува и безбедносен ризик, особено во случај на итни интервенции. „Доколку дојде возило на брза помош или пожарна, тешко дека ќе може да помине“, посочуваат тие.

И покрај бројните поплаки, засега нема конкретна реакција од надлежните. Граѓаните бараат засилени контроли, санкции за несовесните возачи и трајно решение за нормализирање на сообраќајот. објави Скопје1.мк

[ https://skopje1.mk/nepropisno-parkiranje-blokira-soobrakjaj-vo-aerodrom-zitelite-alarmiraat-deka-ova-e-rizik-i-za-decata ]



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
Страница 1 / 3
Сподели: