Кон содржината
Градба.мк Градба.мк
Известувања
Исчистете ги сите

Тетовски сообраќај

4 Написи
1 Корисници
4 Реакции
243 Прегледи
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 7 месеци
Објави: 2282
Стартер на тема   [#849]

Во оваа тема ќе се следи инфраструктурниот развој на Тетово,изградба и реконструкција на поголеми булевари,улици и сл.



   
Цитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 7 месеци
Објави: 2282
Стартер на тема  

февруари 5, 2026

Новиот булевар кон Порој веќе „попушти“ – дупки па грпки, Касами: операторот да ги ревидира сите грешки

Нерамнини и грпки од асфалт има на новиот дел од продолжувањето на булеварот „Видое Смилевски-Бато“ од касарната во Тетово до селото Порој кој општината го пушти во употреба во декември. Според граѓаните кои редовно се движат по оваа делница, на ова му претходело пропаѓање на дел од асфалтната подлога, па се интервенирало најверојатно во обид да се пополнат дупки, но воедно се формирале грпки на патот.

На новинарско прашање до градоначалникот на Тетово, дали ќе се контролира квалитетот на градежниот зафат, тој со одговор дека ќе се бара од фирмата изведувач да ги поправи грешките.

„На новиот булевар јас и во друга прилика одговорив дека уште не е направено примопредавање. Ние го пуштивме употреба пред новогодишните празници, кога беа присутни на нашите луѓе кои се привремено вработени во странство поради итноста на потребата за да се пушти во употреба и користење за граѓаните. Во меѓувреме има обврска операторот да ги ревидира сите грешки кои се појавиле во овој период и од моментот кога ќе се формално ќе се направи примопредавање, а комплетно значи тој дел од булеварот ќе биде како што е по тендерската документација, изјави денес Биљал Касами.

Овој дел од булеварот беше пуштен во употреба со сечење на црвена лента и свеченост на 29 декември 2025 година.

Ова е трето продолжување на булеварот. Прво се продолжи од крстосницата со улицата „Борис Кидрич“ до касарната во должина од околу 671 метар. Ова продолжување се градеше во период од февруари 2020 до април 2021 година кога градоначалничка беше Теута Арифи, а средствата беа од Светска Банка

Првата делница, од околу 650 метри од ова продолжување од касарната во правец кон Порој беше завршено на почетокот на април 2025 година. Во текот на наредните девет месеци се работеше на преостанатиот дел до Порој со што булеварот се приклучува кон регионалниот пат Тетово-Јажинце.

[ https://tetovoinfo.mk/noviot-bulevar-kon-poroj-vekje-popushti-dupki-pa-grpki-kasami-operatorot-da-gi-revidira-site-greshki/ ]



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 7 месеци
Објави: 2282
Стартер на тема  

Кружен тек оформен на „Благоја Тоска“ и „Борис Кидрич“ – градежните работи се во тек

Кружен тек е оформен на крстосниците на улиците „Благоја Тоска“ и „Борис Кидрич“ и нема да има семафори. Градежните работи се во тек.

[ https://tetovoinfo.mk/kruzhen-tek-oformen-na-blagoja-toska-i-boris-kidrich-gradezhnite-raboti-se-vo-tek/ ]



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 7 месеци
Објави: 2282
Стартер на тема  

Кружен тек во Тетово претворен во паркинг

https://www.youtube.com/watch?v=AoM1DYpOpjA

 

Наместо олеснување на сообраќајот овој нов кружен тек во Тетово поради несовени поединци кои паркираат возила, стана опасност за безбедноста во сообраќајот и придонесе за урбаниот метеж. Отсуство на сообраќајна дисциплина во градот, како и хроничниот недостиг од паркинг-простори се децениски предизвик. Во градот е тешко да се најде паркинг и покрај живеалиштата, а уште потешко на другите места.

,,Јас пред зградата моја никогаш паркинг не можам да најдам, по улициве се бориш по пола час каде да паркираш и секој ден е истиот проблем.  Има премногу згради, премногу возила”, вели жител на Тетово.

,,Живеам во оваа зграда позади мене, за 142 стана има само 42 паркинг места па може да замислите каков хаос е, а секој веќе во просек има по две возила дома што значи проблем е огромен”.

,,Пример кај мене, живеам кај Блок77, имаше паркинзи порано колку што имаше станови. Моментално сега нема се доселија од другите села и зафатено е, значи проблем е. Дојди преку ден сега, барај паркинг, нема”, вели дриг жител.

План за мобилност каде се утврдени над 10 000 локации за паркирање. Ова е одговорот на градоначалникот на Тетово кој го води градот во втор мандат за решение на постојаниот проблем.  Катни гаражи, воведување едносмерни улици за да има зонско паркирање, затворени паркинзи  и слично се неговите идеи.

,,Сега веќе имаме интегрално решение за решавање на овој проблем, но ние сме свесни дека иако сега формално правно имаме комплетирано целата процедура, имплементацијата на терен нема да оди лесно.  Затоа е предвидено дали месец дали 3 месеци да имаме тест период”,вели градоначалникот Биљал Касами.

Општината ја отфрли физибилити студија за јавно приватно партнерство за паркиралишта. И понатаму паркирањето ќе го раководи општинското претпријатие.

https://telma.com.mk/2026/08/08/kruzhen-tek-vo-tetovo-pretvoren-vo-parking/


Оваа објава е изменета пред 1 месец 2 пати од stef4o

   
😕
Bukefal и phenomenon реагираа
ОдговорЦитат
Сподели: