Железничкиот коридор 8 добива се поголема актуелност и тој мора да биде изграден. На ист став се и Бугарија и Албанија и сите мораме да работиме заеднички.
На територијата на Македонија, источниот дел кон Бугарија веќе се гради, и се работи на последниот - трет дел за да се добие изведувач до крајот на годината.
Потоа се посветуваме и кон почеток на документационите процедури и постапки за да се дојде до почеток на градба и на делот кон Албанија. За се ова додека се дојде до градба е потребно време, но добро е да почнеме веднаш.

[ https://www.facebook.com/photo?fbid=10231482563030095&set=pcb.10231481100553534 ]
16.02.2026
Изутринава го пробивме и последниот тунел од вкупно 15те од вториот дел од градбата на пругата кон Бугарија ( Бељаковце - Крива Паланка).
Пробивањето на тунелите се смета за една од поспецифичните градежни активности. А на овој проект оваа позиција е веќе завршена.
И натаму моменталниот прогрес од страна на изведувачот не е според очекувањата но можам да соопштам дека најспецифичните сегменти од проектот полека се надминуваат и очекувам месеци на посериозна оперативна активност и видлив прогрес.
Коридорот 8 е од стратешко значење за Македонија и за НАТО и како таков сериозно се работи на неговата изградба и поврзување на Јадранско Море со Црно Море.


[ https://www.facebook.com/photo?fbid=10231446861697584&set=pcb.10231446866297699 ]
Градежни активности на изградбата на пругата кон Бугарија.
Секција 2, од Бељаковце кон Крива Паланка. Должина 34км. Прогрес 35%.
Бележиме зголемен интензитет на градежни активности.
https://m.facebook.com/watch/?v=5205734362984903
Интензивно се гради пругата Скопје - Софија, со 29 мостови и 15 тунели втората делница е градежен и инженерски подвиг.
Изградбата на втората делница од железничката пруга кон Бугарија, на потегот Бељаковце - Крива Паланка, напредува со засилена динамика, станува збор за еден од најкомплексните и најголеми инфраструктурни проекти што се реализирaaт во Македонија.
Се работи за исклучително предизвикувачки проект кој опфаќа изградба на три нови станици, Кратово, Романовце и Гиновце, 29 мостови, 15 тунели, 6 надвозници и 3 подвозници.








https://www.facebook.com/NikoloskiA
@phenomenon Ја претпоставувам дека мислел кај Ранковце бидејки проектов воопшто не ни го опфаќа селото Романовце
Претпоставувам смешал бидејки треба да се гради експресен пат од Романовце до Страцин
СО 149 МИЛИОНИ ЕВРА ГРАНТ ОД ЕУ ЌЕ СЕ ГРАДИ ТРЕТАТА ФАЗА ОД ПРУГАТА КОН БУГАРИЈА
Екипите на ЈП „Чистота и Зеленило“ денеска го расчистија насобраниот отпад околу на железничкиот премин во населба „Перо Чичо“.
https://www.facebook.com/photo?fbid=1640073674145163&set=pcb.1640075987478265
Општина Куманово и јавното претпријатие неколкупати годишно организираат акции за чистење на оваа локација, и трошат големи пари за тоа, но состојбата редовно се повторува. Надлежните признаваат дека истите лица го фрлаат отпадот на оваа локација, но досега поминуваат неказнето.










