Кон содржината
Градба.мк Градба.мк
Железничка станица ...
 
Известувања
Исчистете ги сите

Железничка станица Скопје

7 Написи
3 Корисници
7 Реакции
2 Прегледи
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема   [#900]

Оваа нишка се однесува на главната Железничка станица во Скопје за која е најавена реконструкција а изминативе неколку месеци беа отстранети сите поставени портали со билборди со цел да не го нагрдуваат просторот а исто така се одлепени и извадени сите закачени постери и плакати по ѕидовите.



   
Реагираше Bukefal
Цитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема  

16.10.2025

Ќе се реконструира скопската железничка станица

Почнува проект за реконструкција на Железничката станица во Скопје, ремонт на пругата Зелениково- Велес, како и проект за санација на неколку свлечишта на мостот на Црна Река.

Проектот за реконструкција на станицата ќе се работи една година, по што ќе следува обезбедување на средства и почеток на градежни работи, финансирањето ќе биде или со државниот Буџет, или со заем од класичните заемодаватели, но не е исклучена можноста да влезе во стратешката партнерство со Велика Британија, најави директорот на ЈП Македонски железници Инфраструктура, Синиша Ивановски. Нарачател на проектот станица е ЈП „Македонски Железници – Инфраструктура

Проектот за реконструкција ќе го зачува основниот изглед и ќе бидат вметнати нови модерни содржини.

Според директорот Синиша Ивановски, дополнително во соработка со факултетите ќе се работи и на неколку други проекти.

„Ќе се работи на проектирање за санација нa мост на Црна река, кој е во крајна сериознa состојба, еднаш се сруши во 2020 години што значи застој за железничкиот сообраќај. Потоа проект за санација на неколку свлечишта низ државата кои се проблем за железничкиот сообраќај, проектирање за ремонт на пругата Зелениково-Велес за што има огромен број на критики за бавно возење меѓу 10, 20 и 30 км на час и започнување на проектирање за целосна реконструкција на Железничката станица Скопје“, рече Ивановски и додаде: „Реконструкцијата ќе треба да обезбеди непречено функционирање во следните децении. Целосно реконструирана железничка станица, пругата до аеродромот и во исто време брзата железничка пруга на Коридор 10, е добро да се случат во исто време“.

Деканката на Архитектонски факултет, Анета Христова – Поповска, истакна дека претстои многу работа, а прво ќе се направи документирање и анализа на оригиналната документација, а ќе бидат ангажирани и експерти од надвор.

„Транспортниот центар е овој џин кој со години атрофира и станува дисфункционален и не ја исполнува својата задача. Со сите зафати и реконструкции што ќе ги предложиме, а кои ќе се однесуваат на оригиналната состојба на објектот, со сета почит кон големиот проектант Кензо Танге, ќе придонесат за надградба на одредени содржини кои овој објект ќе го направат социјален хаб, ќе преставува додадена вредност за она што претставуваат железничките станици. Тој приклучок со брзата железница е извонредна работа, тоа го очекуваме со години и им го должиме на генерациите по нас“. изјави Христова – Поповска.

Според деканот на Градежниот факултет, Јосиф Јосифовски треба да се направи целосна реконструкција и рехабилитација со елементи од железницата каде се јавуваат проблеми, санирaње на мостовските контрукции, на свлечиштата, потпoрните ѕидови итн.

Со овој проект ќе ги обезбедиме сите услови и стандарди кои важат во западноевропските држави. Учеството на Градежниот факултет е залог и гарант за квалитетот на извршените работи”, истакна Јосифовски.

Планот е реконструкцијата на станицата да биде пуштена во употреба заедно со брзата пруга и железничкиот крак до Меѓународниот аеродром Скопје.

[ https://www.porta3.mk/kje-se-rekonstruira-skopskata-zheleznichka-stanica ]



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема  

07.12.2025


[ https://www.facebook.com/sinisha.ivanovski.1 ]



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема  

14.12.2025
Продолжуваме со отстранување на билборди, рекламни паноа и рекламни материјали од Железничката станица Скопје.
Денес се отстранети билбордите над булеварот Кузман Јосифовски Питу (Аеродром- Центар).
Следните викенди продолжуваме со активноститете за враќање на првичниот, автентичен изглед на станицата во Скопје.


[ https://www.facebook.com/photo/?fbid=10230711050702769&set=pcb.10230711054502864 ]



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
(@akul1122)
Почитуван член
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 133
 

Ќе се изврши екстерно чистење на Железничката станица, објавен е тендер од МЖ Инфраструктура кој можете да го најдете тука.



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема  

Билбордите и од двете страни се отстранети




   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
Skopje
(@skopje)
Почитуван член
Се приклучи: пред 4 месеци
Објави: 88
 

СЕ ЧИСТИ ЖЕЛЕЗНИЧКАТА СТАНИЦА ВО СКОПЈЕ

Започна чистење и уредување на Железничката станица во Скопје, со планови за долгорочна реконструкција и враќање на нејзиниот изглед.

Започна акција за чистење и уредување на Железничката станица во Скопје, која со децении, како што наведуваат надлежните, била оставена без соодветна грижа и станала визуелно и функционално запуштен објект во центарот на главниот град.

Директорот на ЈП „Железници Инфраструктура“, Синиша Ивановски, преку објава на својот Фејсбук профил информира дека веќе се преземаат конкретни мерки за подобрување на надворешниот и внатрешниот изглед на станицата, како дел од подолгорочен процес на реконструкција.

Според него, првичните активности опфатиле отстранување на билборди, светлосни реклами и постери кои со години биле поставени на објектот, како и започнување на генерално чистење на просторот.

„По декади запуштеност се чисти Железничката станица во Скопје. Железничката станица во Скопје треба да претставува гордост на главниот град. Декади запуштеност и немање институционална и општествена грижа, за жал, ја претвори во тотално не-репрезентативен објект“, наведува Ивановски.

Тој додава дека процесот нема да биде брз, но дека институцијата започнува систематски пристап кон враќање на функционалноста и изгледот на објектот.

„Превземаме мерки за подигнување на нивото на надворешниот и внатрешниот изглед преку долготрајна акција и сет на активности“, стои во објавата.

Во рамки на првите чекори, останал само еден светлосен рекламен панел, за кој, како што посочува, доколку не биде отстранет во рок од седум дена, договорот за закуп ќе биде раскинат.

Ивановски информира и дека паралелно се работи на поширок план – во соработка со Архитектонскиот факултет се подготвува проект за целосна реконструкција, додека ИЗИИС ја испитува конструктивната состојба на објектот.

„Процесот на враќање на нормалниот изглед нема да биде лесен, но да почнеме денес“, порача директорот.

https://plusinfo.mk/se-chisti-zheleznichkata-stanica-vo-skop-e-po-decenii-zapushtenost-zapochna-akci-a-za-vra-a-e-na-ne-ziniot-izgled/



   
Реагираше akul1122
ОдговорЦитат
Сподели: