Кон содржината
Градба.мк Градба.мк
Верски објекти(општ...
 
Известувања
Исчистете ги сите

[Лепливо] Верски објекти(општо)

27 Написи
4 Корисници
47 Реакции
6 Прегледи
Skopje
(@skopje)
Почитуван член
Се приклучи: пред 4 месеци
Објави: 88
 

Неодамна беше осветена и црквата Свети Никола во село Љубанци (Скопска Црна Гора):

https://www.facebook.com/mpczenskimanastir



   
3
Реагираа Bukefal, Kavtown и stef4o
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема  

BELL TOWER DESIGN
St. Ilija - Crnilishte
A contemporary interpretation of local craftsmanship, expressed through natural wood, stone, and copper, forming a new landmark within the village skyline



[ https://www.facebook.com/photo/?fbid=122257152416083486&set=pcb.122257152452083486 ]



   
2
Bukefal и Kavtown реагираа
ОдговорЦитат
(@kavtown)
Почесен член
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 348
 

Во Кавадарци ќе се гради нова црква посветена на Света Богородица – најави на денешната седница на совет, градоначалникот Митко Јанчев

https://www.facebook.com/share/v/19ErkQ28My/

Ова е локацијата каде што треба да се гради новиот храм

https://maps.app.goo.gl/aodM9qB6e4LmGu6t7



   
❤️
Bukefal и Bukefal реагираа
ОдговорЦитат
(@kavtown)
Почесен член
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 348
 

Над Кавадарци засветли уште еден симбол на верата и надежта.
Во населба Глишиќ, новиот крст гордо се издига над градот, носејќи мир, светлина и благослов за сите.
( prevzemeno od facebook na fotograf riste stamadziev )



   
❤️
Bukefal и Bukefal реагираа
ОдговорЦитат
Skopje
(@skopje)
Почитуван член
Се приклучи: пред 4 месеци
Објави: 88
 

Проект за нова крстилница и трпезарија во црква Свети Ѓорѓи во Чаир, Скопје

извор: https://www.facebook.com/skopjemeleem



   
2
Bukefal и Kavtown реагираа
ОдговорЦитат
(@kavtown)
Почесен член
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 348
 

По повеќе години, црквата „Св. Никола“ во Маврово повторно под вода

Поради значително зголемениот водостој на Мавровското Езеро, познатата црква „Св. Никола“ во Маврово повторно е опкружена со вода, создавајќи ја препознатливата глетка која со години привлекува внимание кај посетителите и фотографите.

По подолг период во кој езерото беше со пониско ниво, а црквата се наоѓаше на суво, годинава високите води повторно го достигнаа храмот, кој е еден од најпрепознатливите симболи на Маврово.

Црквата „Св. Никола“, изградена во средината на минатиот век, остана делумно потопена по создавањето на вештачката акумулација, а нејзиниот изглед во водите на езерото со текот на времето стана едно од најпознатите обележја на овој туристички регион.

Фотографиите направени деновиве сведочат за враќањето на една од највпечатливите панорами на Маврово, која повторно го привлекува вниманието на туристите и љубителите на природните убавини.

Фото: Црквата „Св. Никола“ во Маврово повторно е опкружена со водите на Мавровското Езеро поради високиот водостој на акумулацијата.





   
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема  

Денес во дворот на Црквата „Св. Георгиј“ во Трубарево беше осветен величествениот 25-метарски христијански крст – силен симбол на верата, надежта и духовното единство на нашиот народ.



[ https://www.facebook.com/photo/?fbid=1016445504100698&set=pcb.1016446470767268 ]



   
2
Bukefal и Kavtown реагираа
ОдговорЦитат
(@kavtown)
Почесен член
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 348
 

Преубавата црква „Св.Богородица“ со антички орнаменти во с.Дреново кај Кавадарци. Во селото Дреново има стара црква која била изградена од цар Душан и завршена со живописување кратко по неговата смрт во 1356 г.Црквата,која била тешко оштетена за време на турското владеење со Македонија,била обновена од селаните на почетокот на 19 век. Потоа,селаните од Дреново за обнова на црквата донеле и градежен материјал од месноста Градиште во близина на селото и тоа:мермерни столбови,капители и други украсни елементи кои ги откопувале од античката епископска базилика а сега се наоѓаат вградени и околу новата црква и расфрлени во селото. Археолошки артефакт ископан во местото наречено Градиште или Марково кале,познато и како Девол,укажува на постоење на антички град кој се софпаѓа со имињата :Бријаниум,Персеида,Деуриоп,Еуристум,сите со историско постоење на истата локација,од каде што почива величествената епископска црква,која покасно е ископана за обнова на средновековната црква во Дреново и во која се вградени елементи од постарата. Црквата првично се нарекувала„Св.Димитрија“ но покасно е преименувана.









   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
(@kavtown)
Почесен член
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 348
 

Почитувани верници, со голема радост Ве покануваме да бидете дел од еден голем и историски чин за нашата заедница.
На 13 јули 2026 година (понеделник), на Црквата во изградба „Св.Апостол Павле“ во Градско, со почеток во 09:30 часот, ќе се одржи свечената црковно-народна прослава по повод: ✝️Осветување на новата црковна камбанарија – чиј глас со децении ќе не свикува на заедничка молитва, по што следи Прекршување на празничниот колач во чест на нашиот Патрон „Св. Апостол Павле“ и Водосвет (крштевање на вода) за здравје, мир и бериќет на сите верници и нивните семејства.
✅️Да се обединиме во заедничка молитва, да го прославиме празникот и да ја споделиме радоста од новиот духовен украс на нашиот храм.



   
❤️
Bukefal и Bukefal реагираа
ОдговорЦитат
(@bukefal)
Активен член
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 5
 

Konecno ni stavija crkva vo Gradsko.... i treba malce da se pogrizi za crkvata vo dolno Gradsko... epten e zapustena



   
Реагираше Kavtown
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема  

во Глишиќ свечено беше осветен големиот крст, кој ќе остане како траен симбол на верата и духовноста за жителите на Глишиќ и целиот наш крај.
На чинот на осветувањето присуствуваа градоначалникот на Општина Кавадарци Митко Јанчев и претседателот на Советот др Стојанчо Рамов. Овој значаен проект е реализиран благодарение на иницијативата и посветеноста на Месната заедница Глишиќ, со поддршка од Општина Кавадарци, ЈП „Комуналец“, општествено одговорни компании и физички лица кои несебично помогнаа во неговата изградба.
Крстот, висок 15 метри со распон од 10 метри, ќе биде место на молитва, благослов и духовно собирање, сведоштво за силната вера и заедничката желба да оставиме нешто вредно за идните генерации.

[ https://www.facebook.com/photo/?fbid=1588391169311545&set=pcb.1588391515978177 ]



   
2
Bukefal и Kavtown реагираа
ОдговорЦитат
Skopje
(@skopje)
Почитуван член
Се приклучи: пред 4 месеци
Објави: 88
 

Денес, 13 јули 2026 година, на празникот Павловден, Неговото Високопреосвештенство, Митрополит Повардарски г. Агатангел, благослови и изврши осветување на камен-темелник за изградба на нова камбанарија при храмот "Свети Апостол Павле" во Општина Градско. На светиот чин на осветување на камен-темелникот присуствуваше и градоначалникот на Општина Градско, г-дин Киро Нацков, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, г-дин Драган Ковачки, бројни жители на Општината, како и претставници на општинските институции. Овој значаен чин претставува нов духовен придонес за верниот народ од овој крај.

https://www.facebook.com/povardarskaeparhija



   
2
❤️
Реагираа Bukefal, Bukefal и Kavtown
ОдговорЦитат
Страница 2 / 2
Сподели: