Во оваа нишка ќе бидат опфатени сите џамии кои се во фаза на градба или неодамна завршени низ Македонија.
Како напредува Мехмед Али Пашината џамија?
сведочиме за успешно достигнување на уште една благословена фаза од доградбата на Горната џамија во Лабуништа.
![]()
![]()
[ https://labunista.mk/post/kako-napreduva-mehmed-ali-pashinata-dzamija ]
Дали Лабуништа ја гради најголемата џамија во Р. Македонија?
![]()
Ова прашање сè почесто се слуша меѓу народот — и со право. Според достапните податоци, изградбата што моментално се реализира во Лабуништа навистина претставува еден од најголемите и најзначајни верски објекти во државата.
📊 Површина на објектот:
🔹 Подрум:
Стара џамија: 148.8 м²
Нова џамија: 412.5 м² ➡️ Вкупно: 561.3 м²
🔹 Приземје:
Стара џамија: 224.4 м²
Нова џамија: 618 м²
➡️ Вкупно: 842.4 м²
🔹 Мезин:
Стара џамија: 120 м²
Нова џамија: 180 м² ➡️ Вкупно: 300 м²
📌 Вкупна површина (приближно): 561.3 + 842.4 + 300 = 1703.7 м²
👥 Ако се земе просек од околу 2 лица на м², тоа значи: ➡️ 1700 м² × 2 = над 3000 верници
🕌 Ова значи дека џамијата ќе може да прими повеќе од 3000 луѓе истовремено, што ја прави една од најголемите — а можеби и најголема во Македонија.
Но можеби најважното не е колку е голема… туку што конечно ќе се реши долгогодишниот проблем со гужвите, особено во Рамазан и во периодите кога нашите гурбетчии се враќаат дома.
[ https://labunista.mk/post/dali-labunishta-ja-gradi-najgolemata-dzamija-vo-r-makedonija ]
Најголемата џамија во Македонија се наоѓа во Скопје
Ова е џамијата Милост (Mëshira) во скопската населбата Топанско Поле (Општина Чаир). Камен-темелникот на џамијата е поставен во 2014 година со донација од Турција, односно со финансиски средства на Турската верска фондација (TDV) и Претседателството за верски прашања на Република Турција (Diyanet). Во склоп на џамијата има библиотека, сала за конференции, , кујна, летниковец, административна зграда, едукативен центар, читална и амфитеатар. Кога ќе ја погледнете однадвор, изгледа многу атрактивно и убаво. Џамијата има трапезоидна форма со четири минариња и османлиска архитектура. Џамијата со своите карактеристики наликува на Михримах Султан џамијата во Истанбул и на Коџатепе џамијата во Анкара





