Кон содржината
Градба.мк Градба.мк
Верски објекти(општ...
 
Известувања
Исчистете ги сите

[Лепливо] Верски објекти(општо)

27 Написи
4 Корисници
47 Реакции
5 Прегледи
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема   [#862]

Во оваа тема ќе следиме изградба на црковни храмови низ Македонија за кои нема отворено посебни теми исто така и манастири, манастирски комплекси и слични објекти.



   
Цитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема  

26.11.2025

НОВ ПАРАКЛИС ВО ГЕВГЕЛИЈА: OСВЕТЕНИ ТЕМЕЛИТЕ НА „СВ. АРХАНГЕЛ МИХАИЛ“

Со самиот чин на осветување на камен-темелникот, во Гевгелија, симболично започна реализацијата на уште едно спомен-обележје посветено на Архангел Михаил , кое ќе претставува место на молитва, собирање и духовен мир за верниците и жителите на Гевгелија, сместено во новиот урбан парк, во близина на станбената населба „Караорман“. Осветувањето го изврши митрополитот Повардарски г. Агатангел, во сослужение со митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф и свештенството од Повардарската и Гевгелиската епархија. Помеѓу големиот број верници, на осветувањето присуствуваа и: градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов; министерот за култура и туризам, Зоран Љутков; функционери од локалната и законодавната власт; членови на Општинскиот совет и бројни гости.
По завршувањето на чинот на осветување на камен-темелникот, митрополитот Повардарски, г. Агатангел,се обрати пред присутните верници, истакнувајќи ја историската и духовната важност на овој настан за Гевгелија и за целата заедница. Тој го сподели следното:

  • Вознемирен сум духовно денес, бидејќи желбата за изградба на нов црковен храм во Гевгелија, конечно, ми се оствари. Се вознесуваме сите заедно во овој прекрасен ден, затоа што по повеќе од 140 години, нашата генерација ја има таа чест да се обедини и да ги осветиме темелите на новото светило во овој убав град, Гевгелија. Верувам дека народот што живее во овој дел од градот ќе има потреба од духовно преобразување, затоа што црквата е духовно лечилиште за сите нас, за искупување на нашите гревови и спасение на нашите души.
    Градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов истакна дека проектот претставува реализација со цел создавање нови вредносни простори во Гевгелија, нагласувајќи дека параклисот ќе биде симбол на почит, континуитет и грижа за духовните потреби на граѓаните.
  • Во 2023 година како градоначалник со задоволство ја прифатив иницијативата на Македонската православна црква за подигање на овој параклис во чест на Св. Архангел Михаил. Овој православен храм во новиот парк на булевар „Гевгелија“ ќе биде место кое ќе го збогати духовниот живот во Гевгелија, а истовремено ќе го промени и урбаниот лик на тој дел од градот. Да создаваме простори кои собираат, обединуваат и ги штитат правите вредности. Да придонесеме и за зајакнување на верата и духот на македонскиот народ. Со овој проект продолжуваме со реализација на ветувањата за уредување на нови содржини во Гевгелија. Параклисот не е само верски објект, туку симбол на почит, континуитет и грижа за духовните потреби на граѓаните- рече Сарамандов.
    Ова спомен-обележје се реализира преку Програмата за одбележување значајни настани и истакнати личности со спомен-обележја за периодот 2024 - 2025 година. Основниот проект за изградба на параклисот е изработен од градежната фирма „Слемепроект“ од Штип, чиј сопственик е архитектот и дипломиран инженер Благој Здравев.
    По повеќе децении, ова спомен-обележје претставува нов чекор во збогатувањето на верскиот живот на градот.






[ https://www.facebook.com/profile.php?id=100071471694876 ]



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема  

Изградба на црква 'Свети Спас' на Видране Бразда






[ https://www.facebook.com/profile.php?id=61557290403486 ]



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
(@bukefal)
Активен член
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 5
 

Da ne znae nekoj dali ima napredok od crkvata vo Gradsko?



   
ОдговорЦитат
Skopje
(@skopje)
Почитуван член
Се приклучи: пред 4 месеци
Објави: 88
 

@Bukefal

Не се наоѓаат никакви информации на интернет за црквата. Еве го и рендерот:

Црквата има и своја фејсбук страница, иако не е активна од 2022 г.

https://www.facebook.com/crkvasvetiapostolpavlegradsko/



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
(@kavtown)
Почесен член
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 348
 

Fotki od crkvata Svetiot Apostol Pavle vo Gradsko, ednata e od mesec juni a drugata e napravena na 25ti avgust 2025, den na osvetuvanjeto na krstot



   
3
Реагираа Skopje, Bukefal и stef4o
ОдговорЦитат
(@kavtown)
Почесен член
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 348
 

Црква Св. Димитриј Кавадарци










   
2
Bukefal и stef4o реагираа
ОдговорЦитат
(@kavtown)
Почесен член
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 348
 

Црква Св. Петка Кавадарци







   
2
Bukefal и stef4o реагираа
ОдговорЦитат
(@kavtown)
Почесен член
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 348
 

Полошки манастир Св. Ѓорѓи Кавадарци ( Тиквешко езеро )











   
2
Bukefal и stef4o реагираа
ОдговорЦитат
(@kavtown)
Почесен член
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 348
 

⛪ МЕСТА НИЗ ТИКВЕШИЈАТА – ЦРКВА „СВ. АТАНАСИЈ ВЕЛИКИ“ НЕГОТИНО

Во близина на центарот на Неготино, покрај кејот на Тимјаничка Река, се наоѓа Црква „Св. Атанасиј Велики“ — единствената градска црква во Неготино и соборен храм на Неготинската парохија.

Црквата е изградена во 1837 година и претставува едно од најзначајните духовни и културни обележја во градот. Низ своето постоење, храмот бил сведок на бројни историски настани и промени.

За време на Втората светска војна, бугарскиот окупатор го премачкал стариот живопис со вар и врз него бил изработен нов живопис со послаб квалитет, со цел асимилација на локалното население. И покрај тоа, црквата останала симбол на верата и духовноста во Неготино.

Во 2015 година започнала поголема обнова на храмот, при што биле обновени прозорците, фасадата и внатрешноста на црквата, а бил изработен и нов иконостас. Во текот на обновата продолжило и сликањето на новите фрески, кои ги работела тајфата Александарски од Велес. Обновата била реализирана со средства од Повардарската епархија, како и со донации од фирми и граѓани.

Денес, Црква „Св. Атанасиј Велики“ претставува духовно собиралиште за верниците и едно од најпрепознатливите места во Неготино, кое со својата историја и изглед го чува духовното наследство на Тиквешијата.





   
❤️
Bukefal и Bukefal реагираа
ОдговорЦитат
(@kavtown)
Почесен член
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 348
 

Манастир Св. Ѓорѓи во Неготино






   
❤️
Bukefal и Bukefal реагираа
ОдговорЦитат
(@kavtown)
Почесен член
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 348
 

Црква Св. Троица во Росоман






   
❤️
Bukefal и Bukefal реагираа
ОдговорЦитат
(@kavtown)
Почесен член
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 348
 

Црква Успение на Пресвета Богородица во Демир Капија







   
❤️
Bukefal и Bukefal реагираа
ОдговорЦитат
(@kavtown)
Почесен член
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 348
 

Манастир Св. Никола -Моклиште ( Кавадарци )












   
❤️
Bukefal и Bukefal реагираа
ОдговорЦитат
(@kavtown)
Почесен член
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 348
 

Осветување на новиот конак при црквата „Света Петка“.🙏

Чинот на осветување на конакот го изврши Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, во сослужение на Митрополитот Повардарски г. Агатангел и други архиереи на САС на МПЦ-ОА, како и на бројно свештенство на Повардарската епархија.

Овој конак се изгради со средства на Повардарската епархија, како и со прилози на жителите на градот Кавадарци. Во овој новоизграден црковен конак, покрај параклис посветен на светиот архиепископ Мирликиски, Никола, чиј ктитор е Градоначалникот на Општина Кавадарци, г-дин Митко Јанчев, има и библиотека, канцеларии, приемни простории, трпезарија, кујна и други помошни простории.









   
2
❤️
Реагираа Bukefal, Skopje и Bukefal
ОдговорЦитат
Страница 1 / 2
Сподели: