20/08/2024
Крњево
Крњево е мало маало лоцирано на западниот дел од Скопје, блиску до центарот на градот. Името на маалото потекнува од зборот „крњ“, што значи скршено или непотполно, што може да укажува на некој инцидент или настан од минатото.
Крњево маало било познато по своите занаетчии и многубројните кафеани. Историјата на ова маало открива уникатни традиции, како бањањето во Стара нова бања и познатата Саат кула.
И за Крњево најголем проблем е урбанизацијата. И покрај донесениот Детален урбанистички план (ДУП), Општина Центар сè уште не ја решава инфраструктурата, што го отежнува напредокот на градежните проекти. Потребни се нови системи за канализација и електрични инсталации под земја за да се овозможи реализација на планираните проекти.


[ https://trn.mk/shto-ostana-od-starite-skopski-maala/ ]
И овој дел од градот почна интензивно да се урбанизира последниве 2 години(по отпочнувањето на големата зграда Порта Скопје)но за жал по примерот/концептот на Маџир Маало,сличен концепт на многу зградички од по 5 ката со поткровје на улички со ширина од едвај 3м,заостаната инфраструктура,микс од стари куќарки,сервиси,авто-перални...
И овој потег беше под мораториум но најголемата промена беше само кај маркичката за проектот Порта Скопје каде се зголеми катноста но се намали површината за градба,а кај останатите маркици направени се само некои помали промени.
ДУП-ГЧ-ЦС-07-КРЊЕВО 2(2011-2019)
Извадок од ДУП-ГЧ-ЦС-07-КРЊЕВО 2(актуелна верзија)
При креирање на нов ГУП веројатно ќе биде отстранет бул.Крушевска Република па и тој простор ќе се пополни со згради
Моментално најголем интерес за градба има во прва линија поред бул.Гоце Делчев во линија со проектот на Адора
Притоа пешачката патека(означена со жолти стрелки) која води кон комплексот УКИМ служи и како тротоар но истовремено и како паркинг и сервисна улица за пристап до куќи,градилишта,сервиси па движењето секојдневно е доста хаотично.Притоа градилиштата што се отворени на уличките попречно(означени со црни стрелки) создаваат дополнителен хаос при дотур на материјали,бетонирање и сл.
Дел од новоградбите









