Кон содржината
Градба.мк Градба.мк
Известувања
Исчистете ги сите

Коритото и кејот на реката Вардар

8 Написи
2 Корисници
7 Реакции
747 Прегледи
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 8 месеци
Објави: 2622
Стартер на тема   [#1007]

Сите вести поврзани со уредување на коритото и кејот на Вардар ќе бидат постирани во оваа нишка.



   
Цитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 8 месеци
Објави: 2622
Стартер на тема  

12.02.2026

Кејот на Вардар добива нов лик и нова градска плажа, отворена за сите генерации
Со засилено темпо течат работните активности за уредување на кејот на реката Вардар, простор каде секојдневно се рекреираат илјадници граѓани и кој претставува едно од најважните урбани јадра на Скопје.






[ https://www.facebook.com/photo?fbid=1446083917144893&set=pcb.1446084880478130 ]



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
(@akul1122)
Реномиран член
Се приклучи: пред 8 месеци
Објави: 183
 

11.03.2026
Активности од ЈП "Улици и Патишта" на Градска Плажа



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 8 месеци
Објави: 2622
Стартер на тема  

Песокот е веќе на кејот, се враќа градската плажа


Во овој момент се поставува песокот, по што веднаш ќе почне и поставувањето на урбаната опрема. Просторот ќе биде уреден со лежалки, клупи, канти за отпадоци, како и со платна за сенка, со цел граѓаните да добијат функционално, пријатно и уредено место за одмор и рекреација. Градската плажа наскоро ќе биде ставена во функција и достапна за скопјани – појаснуваат од Град Скопје

Градската плажа на кејот на реката Вардар ова лето ќе му се врати на Скопје. Градските власти се оптимисти и велат дека е прашање на денови кога ќе биде функционална таа и кога ќе може да ја користат скопјани. Откако се појавија информации во медиумите дека дури следното лето би се реализирала оваа најава на Ѓеорѓиевски, кој ја обелодени уште во февруари, од Град Скопје демантираат и велат дека тоа ќе се случи многу наскоро.

– Во овој момент се поставува песокот, по што веднаш ќе почне и поставувањето на урбаната опрема. Просторот ќе биде уреден со лежалки, клупи, канти за отпадоци, како и со платна за сенка, со цел граѓаните да добијат функционално, пријатно и уредено место за одмор и рекреација. Градската плажа наскоро ќе биде ставена во функција и достапна за скопјани – појаснуваат од Град Скопје.

Инаку, Град Скопје и деновиве работи на уредување на кејот на реката Вардар.

Скопскиот градоначалник објави дека едно од најубавите и најпосетувани места во Скопје, простор каде што секојдневно илјадници скопјани пешачат, спортуваат, се рекреираат и поминуваат време со своите семејства, се уредува со нова урбана опрема.

– Поставени се нови клупи и канти за отпадоци, со што кејот станува попријатен, почист и пофункционален за сите граѓани – нагласи тој.

Притоа, наведе дека ги реализираат овие активности по барање на голем број жители, кои, како што истакна, секој ден го користат овој простор.

Воедно, додаде дека истовремено продолжува редовното одржување на кејот, како и акцијата за чистење на коритото на реката Вардар на територијата на Скопје.

Скопскиот градоначалник уште во февруари нагласи дека кејот е меѓу неговите приоритети.

– Уште од првите денови по преземањето на функцијата градоначалник, почнавме со темелно чистење, со што, конечно, Вардар повторно тече по своето природно и нормално корито – истакна Ѓорѓиевски.

Тој тогаш, исто така, информираше дека продолжува уредувањето на кејот со јасна визија за функционален и жив јавен простор, дека се реконструираат спортските терени за фудбал, одбојка на песок и за баскет, дека се поставува нова урбана опрема и дека се создаваат модерни фитнес-зони на отворено.

Во рамките на овој проект се опфатени и спортските терени во Маџир Маало. Активности се одвиваат со поддршка од Министерството за спорт.

Скопје ја имаше градската плажа „Парк“ кај лунапаркот, која беше отворена во 2010 година.

Неколку месеци подоцна, беше отворена уште една, до Камениот мост. Втората беше урната по неколку години, поради градежните работи за проектот „Скопје 2014“, а од првата постојат спортските терени со песок. Двете чинеа над 370 илјади евра.

[ https://www.vecer.press/pesokot-e-veke-na-kejot-se-vraka-gradskata-plazha/ ]



   
2
Bukefal и akul1122 реагираа
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 8 месеци
Објави: 2622
Стартер на тема  

Интензивни активности на екипите на ЈП"Улици и патишта" за машинско чистење на коритото на река Вардар од наталожен земјан материјал и наноси на смет и рачно чистење на косините од обрасната вегетација.




[ https://www.facebook.com/photo/?fbid=1544297270820346&set=pcb.1544297340820339 ]



   
2
Bukefal и akul1122 реагираа
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 8 месеци
Објави: 2622
Стартер на тема  

Галијата спроти „Холидеј ин“ остана чир среде центарот на Скопје

Самата руинирана конструкција на галијата го привлекува вниманието на туристите, кои сакајќи да се фотографираат во неа, ризикуваат да пропаднат и да се повредат кога поминуваат по гнилите скали и по искршените штици на мостот што води до неа. Постоеја обиди таа да се дислоцира, но не успеаја, бидејќи фирмата закупец поведе судски спор против Град Скопје, уверувајќи дека не постои основ за уривање на галијата. Оттогаш ништо не е преземено за неа. Од Град Скопје велат дека се затечени два судски процеси за конкретниот случај, од кои едниот е решен неодамна, во Апелациониот суд, во корист на Град Скопје и пресудата е правосилна. Веруваат дека ќе биде решен и вториот судски спор, исто така во корист на Град Скопје, со што, како што велат, ќе се отворат можности, преку ЈП „Улици и патишта“, да се преземат подготвителни активности за отстранување на тој објект, согласно со правната регулатива

 

Галијата во реката Вардар спроти хотелот „Холидеј ин“ останува чир во Скопје. Таа е прибежиште на бездомниците, но е и лоша слика за големиот број туристи што ја посетуваат метрополата. Самата руинирана конструкција го привлекува вниманието на туристите, кои сакајќи да се фотографираат во неа, ризикуваат да пропаднат и да се повредат кога поминуваат по гнилите скали и по искршените штици на мостот што води до неа.

Постоеја обиди таа да се дислоцира, но не успеаја, при тоа, два пати беше зафатена од пожар. Последниот пожар се случи на 22 февруари 2024 година, а претходно таа гореше  на 1.8.2023 година.

Оттогаш ништо не е преземено за неа.

Од Град Скопје велат дека со доаѓањето на новото раководство, биле интензивирани процесите во врска со посочената галија.

– За конкретниот случај се затечени два судски процеси, од кои едниот е решен неодамна, во Апелациониот суд, во корист на Град Скопје и пресудата е правосилна. Изразуваме верување дека, имајќи ја предвид судската практика, ќе биде решен и вториот судски спор, исто така во корист на Град Скопје. Со ова се отвораат можностите Градот, преку Јавното претпријатие „Улици и патишта“, да преземе подготвителни активности за отстранување на тој објект, согласно со правната регулатива.

Обид за отстранување на оваа галијата имаше уште во 2021 година, со образложение на тогашните градски власти дека фирмата што стопанисувала со неа не платила неколку закупнини. Но, тој беше безуспешен, бидејќи фирмата закупец поведе судски спор против Град Скопје, уверувајќи дека не постои основ за уривање на галијата.

Тогашната градска власт уверуваше дека овие галии во коритото на реката Вардар не се само надвор од здравата естетика туку и опасност за граѓаните на Скопје, имајќи предвид, како што тврдеа, дека според сите анализи што ги направил Градот, но и според студијата на УНДП, тие претставуваат сериозна опасност од поплави, кои може да нанесат сериозна материјална штета и да ги загрозат животите на скопјани.

https://www.vecer.press/galijata-sproti-holidej-in-ostana-chir-srede-czentarot-na-skopje/



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 8 месеци
Објави: 2622
Стартер на тема  

(ВИДЕО+ФОТО) Галијата кај „Холидеј Ин“ со години скапува во Вардар откако „потона“ во судски постапки!

Од трите галии во Вардар изградени во рамки на „Скопје 2014“, денес работи само една. Што се однесува до другите две, тие се нефункционални, при што за едната постои важечки договор со приватен субјект, додека другата веќе со години скапува, откако „потона„ со судско-правни лавиринти. Како што може да се види на лице место, таа е во исклучително лоша состојба, а од Град Скопје за „Фокус“ велат дека затекнале 2 судски процеси, од кои едниот неодамна е решен на апелационен суд во корист на Градот.

Од трите галии што своевремено беа изградени во реката Вардар во рамки на контроверзниот проект „Скопје 2014“, моментално функционира само една – онаа во средина, спроти Градскиот трговски центар.

Што се однесува до другите 2 галии, тие се нефункционални и запуштени, што особено важи за онаа близу „Холидеј Ин“ и спроти МНР, која се наоѓа во исклучително лоша и руинирана состојба.

Имено, станува збор за галијата што почна да се урива додека скопски градоначалник беше Петре Шилегов, меѓутоа тој процес остана на половина поради промена на локалната власт, како и поради правни постапки покренати од страна на сопственикот.

За потсетување, активностите за уривање на галијата започнаа на самиот крај на мандатот на Шилегов, кој, како што е познато, загуби на локалните избори во 2021 година од Данела Арсовска.

Веднаш по доаѓањето на Арсовска на чело на локалната самоуправа во Скопје, работници што работеа на демонтирање на галијата беа нападнати од лице кое, како што известуваа тогаш медиумите, е поврзан со бугарската компанија што се јавува како сопственик на галијата.

Со оглед дека состојбата околу овој објект веќе долги години е статус-кво, прашавме во Град Скопје каква е позицијата на моменталната градска власт на чело со Орце Ѓорѓиевски околу оваа руинирана галија, како и кон трите галии генерално?

Односно, прашавме дали тие треба да останат и да функционираат на постојните локации, или пак треба да се отстранат поради тоа што претставуваат ризик при евентуални поплави?

Од одговорите што ги добивме произлегува дека за галијата спроти ГТЦ која е единствено функционална, како и за онаа кај МЕПСО која долго време не работи, постојат важечки договори, додека третата галија кај „Холидеј Ин“ била предмет на 2 судски постапки.

Позицијата на градската администрација е јасна во врска со галиите кои се наоѓаат во коритото на реката Вардар. За првата галија кај Холидеј Ин се затекнати 2 судски процеси, од кои едниот неодамна е решен на апелационен суд во корист на градот и пресудата е правосилна.

Изразуваме верување дека, имајќи ја во предвид судската практика, и вториот судски спор ќе биде решен исто така во корист на Град Скопје. Со ова се отвораат можностите и градот преку Јавното претпријатие Улици и патишта да презема подготвителни активности за отстранување на тој објект согласно правната регулатива“, ни одговорија од Град Скопје.

Инаку, овие галии или бродови во Вардар беа дел од милионскиот проект „Скопје 2014“ на владата на Никола Груевски, со кој се измени ликот на главниот град. При една од многуте измени на ДУП-от „Мал Ринг“, во време на Владимир Тодоровиќ, во коритото беа вцртани маркички за 6 сплавови.

Така, на јавното наддавање во Град Скопје во 2012 година, кога скопски градоначалник беше Коце Трајановски, беа продадени 2 локации на фирмата „Фаланга“ – кај зградата на МЕПСО и кај хотелот „Холидеј ин“. И двете денес не работат.

Подоцна истата година, пак, беше продадена уште една локација на фирмата „Воденица“ до  ГТЦ, т.е. спроти Археолошкиот музеј и меѓу двата пешачки моста. Денес, единствена оваа галија работи.

Всушност, за сите 3 бродови беа склучени договори со градските власти за поставување урбана опрема заради вршење угостителска дејност. Иако сопствениците првично имаа рок да ги стават во функција за 24 месеци, сепак, тие рокови не се почитуваа, па Градот им ги продолжуваше роковите со анекс-договори.

Во меѓувреме, пак, доаѓаше до одредени промени во сопственоста, така што нов сопственик на галијата кај „Холидеј Ин“ стана „Интек Мак“, за на крај бродот да го добие „Севрис АД“. Кога почна уривањето на бродот, од оваа компанија реагираа велејќи дека се е чисто и дека ги исполниле сите обврски, притоа барајќи фер судење.

Според Студијата за намалување на ризикот од поплави која ја изготви УНДП заедно со Град Скопје и Центарот за управување со кризи, во Вардар не треба да се градат насипи, прегради и други објекти, а галиите за третина ја намалиле проточноста на реката.

https://fokus.mk/video-foto-galijata-kaj-holidej-in-so-godini-skapuva-vo-vardar-otkako-potona-vo-sudski-postapki/



   
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 8 месеци
Објави: 2622
Стартер на тема  

(ВИДЕО) Фекалии од канализацискиот испуст под Владата го пожолтеа Вардар

Уништено корито, загадена вода, брани од градежни материјали среде тек, наместо кеј – брегови од депонија. Ова е сликата за нашата најголема река Вардар, за нашиот симбол опеан во стотици народни песни, слика која се пресликува речиси во секој град низ кој минува нејзиното корито.

Ништо подобра не е состојбата на Вардар во центарот на Скопје: валкан, токсичен и претворен во голема канализациска цевка во која завршуваат фекалиите од градот, индустриските отпадни води, како и отпадот од крајно несовесни граѓани.

Жителите кои ги хранат секојдневно патките во Вардар се сеќаваат на времињата кога Вардар беше преполн со рибари.

А, денес истите граѓани беа сведоци на излевање на жолтеникава течност од еден од канализациските испусти од десната страна на Вардар. Над испустот се наоѓа точно објектот на Владата, а од спротивната страна е Јавното претпријатие Водовод и Канализација Скопје кое е задолжено да се грижи и за канализациската мрежа во главниот град.
Оваа жолтеникава течност уште толку ја замати водата која овој период има прилично ниско ниво поради недостигот на дождови.

За жал, Вардар е бистар само кај својот извор Вруток над Гостивар, а веќе на следната точка на која се вршат мерења кај гостиварско Форино водата е високо загадена, односно спаѓа во води од четврта класа. Во Скопје, Велес, Неготино и Гевгелија реката ја менува бојата во кафена и не е потребен примерок за анализа за да се утврди дека и тие геадови придонесува во континуираното загадување на Вардар со фекалии.

https://fokus.mk/video-fekalii-od-kanalizatsiskiot-ispust-pod-vladata-go-pozholtea-vardar/



   
ОдговорЦитат
Сподели: