Кон содржината
Градба.мк Градба.мк
Проблем со напуштен...
 
Известувања
Исчистете ги сите

Проблем со напуштени објекти

9 Написи
2 Корисници
7 Реакции
4 Прегледи
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема   [#993]

Оваа нишка ќе третира проблеми со напуштени објекти(згради,куќи,фабрики) низ градовите во Македонија со сите опасности кои истите ги создаваат.



   
Цитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема  

16/01/2026

Напуштените бараки претворени во депонија

Жителите на Стар Аеродром велат дека повеќе од една година местото е претворено во депонија. Реагираат дека во изминативе месеци се ширел тежок мирис, бидејќи дивовселените користат најлон, пластика и друг отпад за затоплување во напуштените бараки. Освен тоа, се жалат дека има зголемен број кучиња скитници во целиот реон. Некои од нив сметаат дека треба да се урнат бараките, а дивонаселените да си одат од каде што дошле. Други, пак, ги сожалуваат бидејќи нема каде да одат, додека трети коментираат дека е потребно да им се доделат социјални станови. Дел од нив предлагаат да се реновираат бараките и да им се доделат врз основа на социјални критериуми. Од Општина Аеродром известуваат дека ги имаат задолжено сопствениците да ја одржуваат посочената парцела, која е во приватна сопственост

Жителите на Стар Аеродром бараат решение на проблемот со дивонаселените ромски семејства во напуштените бараки на улицата „Вангел Тодоровски“ во Стар Аеродром, каде што живеат во супстандардни услови. Тие велат дека повеќе од една година местото е претворено во депонија.

Реагираат дека во изминативе месеци се ширел тежок мирис бидејќи дивонаселените користат најлон, пластика и друг отпад за затоплување. Освен тоа, се жалат дека има зголемен број кучиња скитници во целиот реон.

Некои од нив сметаат дека треба да се урнат бараките, а дивонаселените да си одат од каде што дошле. Други, пак, ги сожалуваат бидејќи нема каде да одат, додека трети коментираат дека е потребно да им се доделат социјални станови. Дел од нив предлагаат да се реновираат бараките и да им се доделат на дивонаселените врз основа на социјални критериуми.

– Државата треба да најде решение за овој проблем. Како градоначалникот на Кавадарци им обезбедил плацови и куќи на дивонаселените Роми? Тоа може да го направат и нашите градоначалници со дислокација од местата што не прилегаат за живеење – децидни се жителите на Стар Аеродром.

Дополнителен проблем е што инвеститорот на објектот што е во градба истура шут врз покривот на соседната барака, што претставува опасност од негово уривање, но и го претвора местото во градежна депонија.

Граѓаните се децидни дека Општина Аеродром мора да интервенира на локацијата, бидејќи по случувањето инцидент, ќе биде доцна.

– Треба да помине инспектор од Општината, да донесе решение дека е напуштен објектот и да му наложи на сопственикот да го затвори со тараби, лим. Затворање на вратите, прозорците итн. За сè има решение доколку се сака да се работи по прописи – предлагаат жителите и додаваат дека покажува историјата зашто се неспособни институциите да решат проблем со дивонаселени лица.

– Тоа го видовме и со „Вардариште“ и со „Ранка Милановиќ“ – децидни се околните жители.

Од Општина Аеродром известуваат дека ги имаат задолжено сопствениците да ја одржуваат посочената парцела, која е во приватна сопственост.

– Парцелата е исчистена во повеќе наврати, од страна на сопствениците, а воедно е поставена и ограда. Инспекциската служба на Општина Аеродром врши редовни контроли за следење на состојбата на терен и за почитување на законските обврски – образложуваат од Општина Аеродром.

Општинските власти информираат дека во согласност со Деталниот урбанистички план од 2012 година, на местото на бараките е предвидена изградба на објект за колективно домување.

[ https://www.vecer.press/napushtenite-baraki-pretvoreni-vo-deponija/ ]


Напуштени бараки во Стар Аеродром претворени во депонија, граѓаните бараат итна реакција од надлежните

Состојбата е влошена во зимските месеци, бидејќи од руинираните бараки се шири силен мирис затоа што дивовселените луѓе во нив се затоплуваат со горење најлони, пластики и друг отпад. Од Општина Аеродром тврдат дека ги задолжиле сопствениците да ја одржуват парцелата.

Повеќе од една година напуштените бараки на улицата Вангел Тодоровски во Стар Аеродром се дивонаселени од ромски семејства, кои немајќи други живеалишта, живеат тука во крајно супстандардни услови. За овој проблем надлежните досега не реагираат, но се жалат граѓаните кои живеат во соседството дека просторот е претворен во депонија.

Како што велат, состојбата е уште повеќе влошена во зимските месеци, поради тоа што од бараките се шири тежок мирис бидејќи луѓето се затоплуваат горејќи најлони, пластики и друг отпад. Покрај тоа, тврдат дека во целиот реон има и зголемен број кучиња скитници и бараат што поитно решение на проблемот.

Време е Општината и сите инспекции – градежна, за животна средина, екологија – да се позанимаваат со овој голем проблем. На оваа улица нема ни улично осветлување иако долго време пријавување. Проблем се и искршените азбестни покриви на старите бараки, а сите тоа го дишеме – коментира еден од жителите.

Веднаш до бараките во тек е изградба на нова зграда, од која голем дел од шутот исто така завршува на овој простор. Поради сето тоа граѓаните кои живеат во близина бараат итно решение и апелираат до Општината да им наложи на сопствениците на напуштените објекти да ги иселат луѓето кои се диво вселени и да го исчистат просторот.

Од Општина Аеродром велат дека знаат за проблемот и тврдат дека сопствениците имаат таква обврска.

Општина Аеродром ги има задолжено сопствениците да ја одржуваат посочената парцела. Парцелата во повеќе наврати е исчистена од страна на сопствениците, а воедно е поставена и ограда. Инспекциската служба на Општина Аеродром врши редовни контроли за следење на состојбата на терен и за почитување на законските обврски – велат од Аеродром, иако на терен освен што просторот е ограден со лимени тараби не се забележува дека нешто е исчистено.

На прашањето дали и што ќе се гради на местото на бараките и кога, затоа што штом објектите се оставени во ваква состојба обично се чека нова изградба, од Аеродром потврдуваат дека на овој простор во иднина ќе има зграда

На тоа место е предвидена изградба на објект за колективно домување согласно со деталниот урбанистички план од 2012 година – одговараат од Општината.

Но, неизвесно е кога тоа ќе биде и дали дотогаш ќе се најде решение со семејствата, кои во бараките нашле прибежиште.

Како што е познато државата и надлежните служби досега не го решија проблемот со згрижувања и обезбедување сместување за луѓето кои со години бесправно живеат во објектот на некогашната установа за згрижување деца и младинци „Ранка Милановиќ, кој е исто така претворен во депонија.

Нема решение и за ромските семејства кои живеат во импровизирани живеалишта на депонијата „Вардариште“, иако градоначалникот Орце Ѓорѓиевски деновиве се пофали дека започнало чистење на површинскиот слој на депонијата, без да ги спомне луѓето кои живеат таму.

[ https://www.slobodenpecat.mk/napushteni-baraki-vo-star-aerodrom-pretvoreni-vo-deponija-gragjanite-baraat-itna-reakcija-od-nadlezhnite/ ]



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема  

ФОТО | Руината кај мостот „Беласица“ ниту се урива ниту се обновува, само се полни со ѓубре







Според важечкиот ДУП С 08 на Општина Центар, на оваа локација е зацртана маркичка за единаесеткатница, поточно за објект со приземје и десет ката. Она што е интересно е дека намената на зградата што во иднина треба да се гради тука е Б-4, односно државна институција.

Напуштен објект покрај булеварот Гоце Делчев веднаш пред свртувањето на мостот „Беласица“, со години стои руиниран, полн со ѓубре и е прибежиште на бездомници и наркомани. Никој не знае зошто ниту се обновува ниту се урива, ни дали нешто од ова се планира да се случи наскоро, но секој што поминува тука го забележува грдиот објект.

Дури и постарите скопјани веќе заборавиле за што точно служел на времето овој објект, кој е празен веќе две децении, а последно во него биле сместени магацини на една компанија за производство на леб. Претходно, во периодот по земјотресот, според раскажувањата на оние што подолго паметат, во двокатната зграда се наоѓало трговско училиште, а во одреден период тука функционирал и интернат за ученици.

Сега тој е со разурнат покрив, без врати и прозорци и во него единствено егзистираат глувци и некои очајни луѓе кои се засолнуваат во објектот каде што поради дотраеноста, остатоците од покривот можат да им се урнат врз глава.

Овој објект со децении е напуштен и притоа внатре е претворен во депонија, но исто така и во дворот од објектот кон кејот има депонии и разновидни отпадоци. Целата покривна конструкција е распадната и претставува опасност за минувачите на тротоарот бидејќи висат голем број парчиња, греди, табли од покривот. Пред неколку години го заградија со тараби, но сега повторно е мета на бездомници и од задната страна повторно се создава депонија каде што повремено има и спалување на отпад – вели граѓанин, кој додава дека при секој посилен ветар летаат парчиња од покривот, кој е азбестен, па со самото тоа уште понебезбеден.

Минатата година Општина Центар ја расчисти дивата депонија околу руинираната зграда и го исчисти ѓубрето натрупано со години.

Иако не беше во наша надлежност, ние минатата недела започнавме со расчистување на дивата депонија. Депонијата од стари двоседи, троседи, фотелји, бела техника, облека и смет се расчистува од општинските служби. Оваа депонија е и под надлежност на Градот Скопје, а под Градот е и јавното претпријатие „Комунална хигиена“. Но, непостапувањето на градот не нè спречи ние да не постапиме. Срамота е и недозволиво ова што се случува, во нашиот град доаѓаат туристи, а во близина има голем трговски центар. Депониите се потенцијален извор на инфекции – рече тогаш градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски.

Според јавно достапните информации на Агенцијата за катастар на недвижности, објектот е сопственост на Друштвото за транспорт, градежништво и трговија „Вато“ ДОО од Студеничани, додека површината пред него е државно земјиште. При тогашната акција се исчисти само просторот околу, но не и внатрешноста на објектот, обврска што треба да ја преземе самиот сопственик.

Од Центар тврдат дека инспекторите веќе го задолжиле сопственикот да ја спроведе оваа активност.

Секторот за инспекциски работи го има задолжено сопственикот на објектот да го исчисти и да го обезбеди (загради) просторот. Просторот пред објектот, кој претставува јавна површина, неколкупати беше исчистен од службите на Општина Центар. Овластен инспектор за животна средина повторно ќе го задолжи сопственикот да го исчисти и просторот кој се наоѓа на приватната парцела – велат од Општината.

Непознато е до кога ќе стои вака руинираната зграда на локацијата во близина на „Ист гејт мол“ и кога ќе се урива, но според важечкиот Детален урбанистички план С 08 на Општина Центар, на оваа локација е зацртана маркичка за единаесеткатница, поточно за објект со приземје и десет ката. Она што е интересно е дека намената на зградата што во иднина треба да се гради тука е Б-4, односно државна институција.

Од Центар не одговорија што точно ќе се гради и зошто на приватно земјиште е вцртан државен објект, но сè уште не е побарана дозвола за градба.

Општина Центар за конкретната градежна парцела нема издадено одобрение за градење – велат оттаму.

Кога ќе дојде ред за градење, државата ќе мора убаво да ги исплати речиси 700-те квадратни метри што ги поседува сопственикот или да не гради. Во иднина пак, којзнае, можеби ќе се смени намената во новиот ГУП, а со тоа и во ДУП-от, па зградата од државна институција да стане станбена.

[ https://www.slobodenpecat.mk/foto-ruinata-kaj-mostot-belasica-nitu-se-uriva-nitu-se-obnovuva-samo-se-polni-so-gjubre/ ]



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема  

Руина во Капиштец се претвори во дива депонија, на само неколку метри од амбулантата

[ https://www.youtube.com/watch?v=OJvqgJQLz2o ]

Во строгиот центар на градот, меѓу згради, амбуланта, кафулиња и фреквентна пешачка патека сцена како од хорор филм. Руиниран објект во Капиштец со години се распаѓа пред очите на јавноста, а денес е претворен во дива депонија, легло на смет, страв и неизвесност.

Градежен шут, искршен мебел, распадната покуќнина и отпад на секој чекор. Мирис на влага, нечистотија и запуштеност во срцето на населбата.

Но, оваа руина не е само напуштен објект. Таа е и засолниште за бездомни лица. Празни шишиња, чаши и траги од импровизиран престој сведочат дека зад овие распаднати ѕидови се уште има живот.

А додека само неколку метри подалеку пациенти влегуваат во амбуланта, деца поминуваат по тротоарите, а жителите се обидуваат нормално да го живеат секојдневието, оваа руина во срцето на Капиштец станува се поголема опасност. Жителите велат проблемот одамна ја надминал естетиката. Стравуваат за здравјето и безбедноста. Најмногу, велат, ги плаши појавата на стаорци кои се почесто се забележуваат околу објектот. Иако со години алармираат, решение се уште нема.

„Ова е поранешен хостел, инаку е зграда сигурно од време после втора светска војна на Железница беше се сеќавам. Знам дека тука живеат бездомници и знам дека има спор некаков околу нејзината сопственост . Во секој случај се работи за грд објект кој што треба под итно да сд отстрани. Пречи од сите аспекти особено што се собираат глодари, се размножуваат глодари и дека местото на оваа локација која што се наоѓа е целосен вишок“, вели еден жител

„Како не пречи, пречи. Апсолутно пречи, не знаеш кој има внатре, што се случува, да поминеш покрај него непријатно многу“, вели друг граѓанин.

„Реално не изгледа убаво треба да се сруши, ама не да никне нова зграда туку да се направи парк за да се разубави самиот дел овде бидејќи има многу згради и натрупано е“, коментира граѓанин.

Од Општина Центар велат, тие немаат надлежност. Инспектори, со асистенција на полицијата, излегле на терен, случајот бил пријавен и известени биле надлежните институции.

При извршената контрола констатирано е дека во посочениот напуштен и руиниран објект во населбата Капиштец, диво се вселени повеќе бездомни и сомнителни лица, кои имаат создадено мини депонија. Објектот е во сопственост на РСМ, поради што Општина Центар не може да постапи за негово расчистување, изјавија од општина Центар

И од Македонски железници Инфраструктура велат дека обејктот е на државата, а како носител на правото на користење на градежното земјиште е запишан Фонд за комунално уредување на градежно земјиште.

„ЈП за железничка инфраструктура Железници на Република Северна Македонија – Скопје не е запишано ниту како сопственик, ниту како носител на правото на користење на предметното земјиште/објект. Поради тоа, претпријатието нема правна надлежност самостојно да одлучува за уривање на објектот, ниту може да утврди рок за негово отстранување“, велат од Јавно претпријатие за железничка инфраструктура

И додека институциите ја префрлаат одговорноста, жителите секојдневно живеат покрај руина што станува се поголем ризик, единствено што вирее е цвеќето околу објектот и на распсднатите кровови .

[ https://telma.com.mk/2026/05/11/ruina-vo-kapishtecz-se-pretvori-vo-diva-deponija-na-samo-nekolku-metri-od-ambulantata/ ]



   
ОдговорЦитат
(@phenomenon)
Доверлив член
Се приклучи: пред 3 месеци
Објави: 50

   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема  

Видео од напуштениот објект сопственост на Вато ДОО Студеничани во Центар спроти Ист Гејт и новата зграда на Адора

[ https://www.youtube.com/watch?v=ZvFFqXgsX8Q ]

Влегуваме во најмрачниот и најопасниот напуштен објект во центарот на Скопје, Македонија. Снимањето на оваа локација е екстремно ризично за здравјето и безбедноста, но влеговме со камера за да ја документираме суровата реалност која институциите и минувачите одбираат да не ја видат.

Ова е напуштената фабрика до зградата на МТВ – место со години заборавено од сите, освен од оние кои немаат каде да одат. Денес, овој објект е претворен во огромна депонија, собиралиште на зависници и неофицијален „Red Light District“ во срцето на Скопје.

Дали е можно среде главниот град, на само неколку метри од државните институции, да постои ваков социјален и хуманитарен хорор? Ова не е само обична прошетка низ урнатини, туку повик за одговорност. Срамота е вакво нешто да се случува во 21-ви век.



   
2
Govrleec и Bukefal реагираа
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема  

Во руиниран објект во Капиштец, полн со ѓубре и смрдеа, се населија бездомници, сега и коњи пасат наоколу



Распаднатиот објект со години е оставен како депонија, а од неодамна во него се вселени бездомници со што проблемот е влошен уште повеќе. Граѓаните што живеат во околината, веќе не знаат кому да се обратат – се жалеле во Општина Центар, а неколкупати пријавувале и во полиција, но досега не виделе дека тие излегле на терен по нивната пријава.

Руинираниот објект во Капиштец, во кој порано беше сместен пансионот „Бјанко“, лоциран веднаш до кружниот тек спроти Католичка црква, со години е оставен на пропаѓа и е претворен во вистинско ѓубриште.

На објектот нема ни врати ни прозорци, покривот се распаѓа, откорнато е сѐ што можело да се продаде, а остатоците се преполни со шут, стари душеци и ѓубре. До неодамна, како што раскажуваат жители на населбата, во него одвреме-навреме свраќал по некој бездомник или зависник, но никој трајно не се задржувал во депонијата во која нема никакви услови за живот, но е и небезбедна за престој.

Но, според граѓаните што реагираа во нашата редакција, очајни што никој од надлежните не наоѓа решение за овој проблем, од пред месец-два во оваа руина се сместиле бездомни семејства, најпрво едно, а потоа уште неколку, со што проблемот уште повеќе се влошил.

Живеат тука неколку семејства со деца, со бебиња, цела ноќ се слуша плачење, викање, музики, удирање по тарабуки. Почнаа и да прават некои импровизирани живеалишта надвор до објектот, заградуваат со некакви лимови. Таму нема ни струја ни вода, само ѓубриште, па во околината вршат нужда, насекаде смрди ужасно. Имаат и коњи, пасат наоколу по тревите. Околу целиот објект околината е преплавена со ѓубре, неиздржливо е навистина и никој не реагира – велат жители на Капиштец.

Загрижените граѓани неодамна имале и средба на која разговарале за проблемот за кој веќе не знаат кому да се обратат. Се жалеле во Општина Центар, а неколкупати пријавувале и во полиција, но досега не виделе дека тие излегле на терен по нивната пријава.

Загрижени сме, се собравме да разговараме што и како да преземеме. Пријавивме и во полиција, не знаеме дали излегле на терен и дали некако воопшто постапиле. Општина Центар тврди дека не е нивна надлежност. Овде состојбата е ужасна. На 50 метри од оваа депонија е „Интермецо“, демек елитата се собира таму, а овде смрди на измет. Со години објектот пропаѓа, ама во последниов период е неподносливо. И тоа среде центар ова се дозволува – велат тие.

Според нив, дел од дивовселените се и агресивни кон луѓето што проаѓаат оттука, а притоа во непосредна близина има и спортски игралишта, тука е и детското игралиште кај ТЦ „Зебра“, па се загрижени и за своите деца. Тие бараат надлежните што поитно да постапат и да најдат некакво решение.

Пред две години екипи на Општина Центар на двапати го чистеа овој објект. Од локацијата се отстрануваше смет, шут, кабаст и градежен отпад. Оттогаш досега, колку што е познато, ново чистење не е спроведено, а впрочем и не станува збор за вообичаена дива депонија што би се решила само со чистење на ѓубрето, туку за напуштен и руиниран објект полн со отпад, кој е потенцијален извор на зараза и кој треба целосно да се урне.

Уште минатата година од Општината посочија дека станува збор за објект што не е во нивна надлежност и дека во тек е постапка за доделување на Општина Центар.
Сега, на прашањето дали надлежноста е веќе решена и дали ќе преземат нешто да се реши состојбата што им создава секојдневни проблеми на жителите на Капиштец, оттаму објаснуваат дека се во координација со Град Скопје, кој се јавува како директен наследник на Фондот за комунално уредување градежно земјиште, а тој фонд веќе не постои, па поради тоа, како што тврдат, сопственик на објектот е Град Скопје.

Бидејќи станува збор за легален објект, впишан во катастар на недвижности, отстранувањето не може да се спроведе веднаш, потребна е соодветна правна постапка за негово отстранување, во согласност со важечката регулатива. Ова значи дека Општина Центар нема право самостојно да интервенира врз објектот, туку постапката треба да се води преку надлежниот сопственик (Град Скопје), со почитување на законските процедури за отстранување легално запишани објекти. Затоа, очекуваме Град Скопје да преземе одговорност и да стави крај на овој долгогодишен проблем – велат од Центар.

Оттаму потсетуваат дека во неколку наврати, со присуство на МВР, го расчистувале објектот на барање на жителите, но дека тоа се само привремени мерки.

Крајно време е за трајно и сериозно решение – истакнуваат од Општината.

Во Град Скопје, пак, тврдат дека се запознаени со состојбата на постојниот објект, дека постапката започнала уште минатата недела и веќе се преземаат активности според нивните надлежности за надминување на ситуацијата.

Вчера, откако „Слободен печат“ побара одговори во врска со оваа руина, на терен биле испратени градски инспектори.

При вчерашниот инспекциски увид, на локацијата беа затекнати повеќе малолетни лица. Поради тоа, постапувањето мора да се одвива во согласност со законските процедури и со вклучување на надлежните институции. Веднаш е испратен допис до Центарот за социјални работи Скопје за да постапат во однос на малолетните лица – објаснуваат од Градот.

Откако ќе заврши постапката на надлежните институции и кога ќе се создадат услови за безбедно постапување, од Град Скопје велат дека ќе пристапат кон расчистување и чистење на просторот.

Дали ќе биде така или жителите на Капиштец и понатаму ќе се нервираат со постојната состојба, времето ќе покаже.

Како што е познато, досега институциите не се покажаа ажурни ни во случајот со руинираниот објект на поранешната установа за згрижување и воспитување деца и младинци со проблематично однесување „Ранка Милановиќ“ во општината Гази Баба, во кој во нехумани услови со години живеат бездомни семејства, а објектот и околината се претворени во вистинска депонија.

Надлежните сè уште не можат да најдат решение и за семејствата што во супстандардни куќички живеат на депонијата „Вардариште“. Слична е состојбата и со напуштените бараки на улицата „Вангел Тодоровски“ во Стар Аеродром каде што исто така се дивонаселени ромски семејства.

[ https://www.slobodenpecat.mk/vo-ruiniran-objekt-vo-kapishtec-poln-so-gjubre-i-smrdea-se-naselija-bezdomnici-sega-i-konji-pasat-naokolu ]



   
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема  

Низ градов особено низ централното градско подрачје има неколку вакви напуштени и руинирани објекти кои со години се мета на бездомни лица,претставуваат опасност и за минувачите а исто така се претворени во депонии од кои демнат зарази.
Притоа општините/градот немаат развиено никакви механизми за решавање на овие проблеми,доколку не можат да вршат рушење на објектите ако се предмет на некакви судски процеси тогаш можат да наложат кон сопствениците да ги одржуваат имотите,соодветно да ги оградат и да си имаат надзор врз истите се додека не се изнајде конечното решение. Во спротивно општините нека ангажираат свои служби и механизација нека ги исчистат и оградат локациите па нека испорачаат фактура кон сопствениците на објектите.

Во продолжение краток преглед на неколку вакви покритични точки во градот поточно Центар и Аеродром

Големата напуштена зграда спроти Ист Гејт,сопственост на ВАТО ДОО Студеничани со децении објектот е напуштен а последните 15-тина години е мета на бездомници,зависници а целата внатрешност,двор и околина е претворена во депонија.
Во текот на зимскиот период имаше и честа појава на спалување кабли.










Напуштениот објект во Капиштец,среде центар на град полураспаднат објект претворен во депонија и засолниште на бездомници,пред извесно време и во Парк на новинарите имаше импровизирани шатори каде што живееа претежно ромски семејства и создаваа депонии.

Во О.Аеродром,поточно населба Мичурин веднаш до новиот црковен храм Св.Тројца Јерарси со децении опстојува напуштена куќа сопственост на ЕУРО БАУ ГМБХ, која е повремена мета на бездомници,дворот е целосно обраснат во високи треви а исто така служи и како јавен тоалет.Веројатно некаков спор меѓу наследници го кочи процесот на рушење на објектот и изградба на нова зграда.








Исто така во Аеродром,нас.Стар Аеродром на ул.Вангел Тодоровски веќе неколку години има дивовселени ромски фамилии кои веќе имаат создадено депонија во дворот на бараките кои се откупени од Бауер и Вардарградба за изградба на нов станбен објект








   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема  

Ова е напуштената фабрика до зградата на МТВ – место со години заборавено од сите, освен од оние кои немаат каде да одат. Денес, овој објект е претворен во огромна депонија, собиралиште на зависници и неофицијален „Red Light District“ во срцето на Скопје.

Дали е можно среде главниот град, на само неколку метри од државните институции, да постои ваков социјален и хуманитарен хорор? Ова не е само обична прошетка низ урнатини, туку повик за одговорност. Срамота е вакво нешто да се случува во 21-ви век.



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
Сподели: