Кон содржината
Градба.мк Градба.мк
Известувања
Исчистете ги сите

Кучиња скитници

8 Написи
2 Корисници
7 Реакции
296 Прегледи
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 7 месеци
Објави: 2282
Стартер на тема   [#994]

Оваа нишка ќе служи за вести и актуелности во врска со деценискиот проблем со кучињата скитници низ државата.



   
Цитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 7 месеци
Објави: 2282
Стартер на тема  

КУМАНОВО НЕМА ПАРИ ЗА СТАЦИОНАР ЗА УЛИЧНИ КУЧИЊА, ДИМИТРИЕВСКИ ВЕЛИ ИМА ИНИЦИЈАТИВА ДА СЕ НАПРАВИ РЕГИОНАЛЕН ЦЕНТАР

Општина Куманово нема пари сама да финансира изградба на прифатилиште за улични кучиња, но постои иницијатива за отворање на регионален центар кој би функционирал на принципот јавно-приватно партнерство. Вака градоначалникот Максим Димитриевски одговори на прашањето на советничката на СДСМ, Марина Манојловска, како Општината планира да се справи со големиот број кучиња скитници, кои ја нарушуваат безбедноста на граѓаните.

Тој потсети дека Скопје изгради ваков центар кој чинел многу пари, а дополнително годишно се трошат околу 40 милиони денари за негово одржување, но, сепак, не е решен проблемот со кучињата скитници.

„Не знам дали сте биле во ваков центар. Потребни се климатизација, греење, специјални подлоги, сето ова согласно меѓународни нормативи и стандарди. Тоа не е едноставно, ќе се направи кафез и ќе се пуштат кучињата, бидејќи тогаш ќе реагираат сите здруженија за заштита на животни и ќе кажат не ги чувате кучињата како што треба. Трајно решение за кучињата во моментот нема, освен подигање на свеста на сопствениците“, кажа Димитриевски.

Тој откри дека постои иницијатива на ниво на Североисточен регион за отворање на заедничко прифатилиште кое ќе се финансира од сите шест општини, меѓутоа тоа може да се реализира само доколку се обезбедат потребните пари.

„Ако ги добиеме потребните средства планираме да направиме регионален центар, но не по принципот на Град Скопје, туку со јавно-приватно партнество. Тогаш тоа нема да биде само на товар на нашата општина туку на целиот регионот и на партнерот. За јавно-приватно партнерство може да се искористат и капацитетите на Ветеринарно- сточарски центар „Тодор Велков“, кои се наоѓаат во село Четирце, на локација на поренешени војни магацини“, кажа Димитриевски.

Градоначалникот смета дека доколку општината самостојно изгради прифатилиште, ќе се соочи со дополнителен сериозен финансиски товар за негово одржување, слично како што е случајот со Градскиот затворен базен и Пречистителната станица за отпадни води, кои генерираат милионски загуби што се покриваат од локалниот буџет, наместо да се вложат во развој на градот.

Според него, потребно е доуредување на законската регулатива, со која стриктно ќе се предвидат високи казни за сопствениците на домашни миленичиња кои не ги чипираат и имунизираат, и јасно разграничување помеѓу чување и одгледување на домашни миленичиња.

Димитриевски посочи дека и во државата постојат и други сериозни проблеми од оваа област, како што е немањето на кафилерија и гробишта за угинатите миленици, кои се погребуваат каде што ќе се стигне и со тоа се прави кривично дело.

Во Куманово врие од кучиња скитници, а постојат сомневања дека се носат и од други општини. Повеќето се мирни, но кога се движат во глутници, особено во период на парење, знаат да бидат агресивни. Често се напаѓаат и меѓу себе, што дополнително предизвикува страв кај граѓаните. Неретко и самите се жртви на несовесни поединци.

Деновиве имаше неколку напади на деца, поради што јавноста се крена на нозе и бара итно решавање на проблемот. Општина Куманово лани исплатила отштета од 65.000 евра на 43 граѓани каснати од улични кучиња.

[ https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/kumanovo-nema-pari-za-statsionar-za-ulichni-kuchina-dimitrievski-veli-ima-initsijativa-da-se-napravi-regionalen-tsentar/ ]



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
(@kavtown)
Почесен член
Се приклучи: пред 7 месеци
Објави: 409
 

Регионален стационар за бездомни миленици Шепа Кавадарци













   
❤️
akul1122 и Bukefal реагираа
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 7 месеци
Објави: 2282
Стартер на тема  

Град Скопје исплатил околу 750.000 евра за напади од бездомни кучиња во 2025 година

Град Скопје во текот на 2025 година исплатил околу 750.000 евра оштета на граѓани поради напади од бездомни кучиња, при што биле поднесени стотици тужби и судски одлуки за надомест на штета, покажуваат податоци објавени од повеќе домашни медиуми и институционални извештаи.
Според официјалните податоци, од јануари 2025 до јануари 2026 година се поднесени вкупно 440 тужби за нематеријална штета предизвикана од каснувања од кучиња скитници, а судовите донеле 383 правосилни одлуки врз основа на кои градот исплатил значителни финансиски средства на оштетените граѓани. Овие податоци укажуваат на континуиран тренд на зголемени пријави за вакви инциденти во урбаните делови на градот.

Жителите во повеќе скопски општини пријавуваат дека нападите најчесто се случуваат во станбени населби, во близина на училишта и паркови, што дополнително ја зголемува загриженоста за јавната безбедност. Дел од случаите завршуваат со полесни повреди, но има и посериозни инциденти кои бараат медицинска интервенција.

Во меѓувреме, институциите се соочуваат со критики дека системското решение за проблемот со бездомните кучиња доцни, и покрај постоењето на програми за нивен хуман третман и заловување. Според дел од извештаите, општините имаат обврски кон јавното претпријатие „Лајка“, но тие не се исполнуваат целосно, што дополнително го отежнува справувањето со проблемот.

[ https://nezavisen.mk/grad-skopje-isplatil-okolu-750-000-evra-za-napadi-od-bezdomni-kuchinja-vo-2025-godina/ ]



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 7 месеци
Објави: 2282
Стартер на тема  

ПОТРОШИВМЕ 200.000 ЕВРА ЗА ОБЕСШТЕТУВАЊЕ КАСНАТИ ОД КУЧИЊА, ДВЕ ГОДИНИ ЧЕКАМ ОБВИНИТЕЛСТВОТО ДА ЈА РЕШИ КРИВИЧНАТА ПРИЈАВА ЗА ЗЛОУПОТРЕБА, ВЕЛИ ВЕЛЕШКИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК КОЛЕВ

Повеќе од 200 илјади евра потрошила Општина Велес за обесштетување граѓани каснати од бездомни кучиња во 2025 . Тоа е за над 25 илјади евра повеќе во споредба со претходната година. Најниска исплата имало во 2023, кога за оваа намена биле издвоени еден милион денари. Градоначалникот Колев вли дека две години чека решение по кривичната пријава што ја поднесе до Основното јавно обвинителство Велес против непознат сторител за оштетување на општинскиот буџет.

Зголемен е и бројот на граѓани кои побарале обесштетување поради каснување од бездомно куче, од 159 случаи во 2024 година на 172 минатата година.

„Двесте илјади евра, наместо да ги вложиме во реновирање градинка или изградба на инфраструктура, ги трошиме за обесштетување граѓани каснати од бездомни кучиња. Тука гледам злоупотреба и користење на општински, народни пари за лични интереси и потреби: одење на одмор, подготовка на зимница или купување дрва за огрев. За некои сограѓани ова е брза заработка“, вели градоначалникот Марко Колев.

Од вкупно исплатените 12.821.621 денар за обесштетување во 2025 година, 7,7 милиони денари биле исплатени на физички лица, а 5,1 милион денари на адвокати.

Додека до локалната самоуправа пристигнале 172 барања за обештетување, во СВР Велес биле евидентирани 187 пријави за лица каснати од кучиња скитници. Во Општата болница Велес во текот на 2025 лекарска помош поради каснување од куче побарале 157 лица.

„Во 2023 имавме договор со осигурителна компанија таа да ги исплаќа оштетените. Потоа требаше судски постапки и потврда од Апелација, што одзеде време, па дел од пресудите се прелеаја во 2025 и затоа има зголемување на исплатите. Две години чекам решение по кривичната пријава што ја поднесовме до Основното јавно обвинителство Велес против непознат сторител за оштетување на општинскиот буџет, но епилог сè уште нема. Дел од сограѓаните чуваат кучиња, а потоа ги оставаат на улица, па бројот на бездомни кучиња постојано расте“, додава Колев.

За надминување на проблемот со кучињата скитници, девет општини од Вардарскиот Плански Регион, заедно со Министерството за локална самоуправа и Швајцарската амбасада, изградија стационар за бездомни кучиња „Шепка“ со капацитет од околу 70 кучиња. Стационарот е лоциран во близина на Кавадарци, но засега не го решава проблемот.

Советник во Општина Велес оценува дека со досегашното функционирање на стационарот ниту граѓаните, ниту кучињата се безбедни на улиците.

Од раководството на стационарот побарале време за да се почувствуваат ефектите од работата на центарот, посочувајќи дека бездомните кучиња најчесто се последица на неодговорни сопственици кои по краток период ги напуштаат своите миленици.

Во Велешката болница минатата година, освен поради каснување од кучиња, пациенти побарале лекарска помош и поради каснување од видра – еден случај, од мачка – 20 случаи, од глушец – еден случај и едно каснување од коњ.

[ https://sdk.mk/index.php/naslovna/potroshivme-200-000-evra-za-obesshtetuvane-kasnati-od-kuchina-dve-godini-chekam-obvinitelstvoto-da-ja-reshi-krivichnata-prijava-za-zloupotreba-veli-veleshkiot-gradonachalnik-kolev/ ]



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 7 месеци
Објави: 2282
Стартер на тема  

СОВЕТОТ НА СТРУГА НЕ ОДОБРИ ДА СЕ ГРАДИ СТАЦИОНАР ЗА УЛИЧНИ КУЧИЊА ЗА ПОЛА МИЛИОН ЕВРА

Општина Струга засега нема да гради стационар за бездомни кучиња, откако вчера Советот на Општината не ја усвои физибилити студијата за реализација на проектот преку модел на јавно-приватно партнерство. Со тоа, проблемот со големиот број улични кучиња во градот и натаму останува нерешен, а кучињата ќе продолжат да бидат на улиците додека не се изнајде прифатливо решение.

Мнозинството советници велат дека не се против изградба на стационар за бездомни кучиња и дека целосно ја поддржуваат потребата од конечно решавање на проблемот со кучињата скитници во Струга. Сепак, тие реагираа дека во физибилити студијата не била прецизно наведена точната локација каде што треба да се гради објектот.

Според нив, не е доволно образложено и зошто Општина Струга би требало да издвои околу 170.000 евра за земјиште, кога во други општини кои изградиле стационари земјиштето било отстапено без надомест.

„Единствената дилема за која поставивме неколку прашања беше поврзана со локацијата предвидена за изградба на прифатилиште за кучиња скитници. Но, за жал, авторот на студијата не беше присутен во салата, а од општинската администрација добивме само делумни одговори. Најпрво прашавме зошто е предвидена сума од 175.000 евра за купување земјиште, кога Општина Струга располага со значителни површини земјиште со понизок квалитет, соодветни за ваков тип објект. Во повеќе други општини, како што се прифатилиштата ‘Шепа’ во Кавадарци и ‘Лајка’ во Скопје, општините обезбедиле земјиште без надоместок за реализација на вакви проекти“, вели советникот од ВМРО-ДПМНЕ, Коста Хиохи.

Со студијата беше предвидено изградба на стационар за бездомни кучиња на површина од 2.500 квадратни метри, на околу два километри од центарот на Струга, со најмалку 75 боксови. Проценетата вредност на инвестицијата изнесуваше 523.000 евра.

„Второто, а воедно и најважно прашање, се однесуваше на точната локација на идното прифатилиште. Иако во студијата е наведено дека тоа ќе се наоѓа на околу два километри од градот, побаравме прецизно да биде посочено каде е планирана неговата изградба. Иако целосно ја поддржуваме потребата од итно и ефикасно решавање на проблемот со кучињата скитници, сметаме дека не треба да се носат избрзани одлуки кои на долг рок би можеле да создадат нови проблеми, како што денес се соочуваме со последиците од дивата депонија“, вели Хиохи.

Според последните официјални податоци, во Струга и околината се евидентирани над 600 кучиња скитници, а се проценува дека реалниот број е значително поголем. Градот со години се соочува со проблемот со бездомните кучиња, кој покрај безбедносните ризици за граѓаните предизвикува и значителни финансиски трошоци за општинскиот буџет поради обесштетувања и судски постапки по основ на каснувања. Само по основ на овие спорови, штетата за општинскиот буџет изнесува околу еден милион денари годишно.

„Реализацијата на овој проект ќе го намали бројот на кучиња скитници во Струшкиот Регион, а со тоа и можноста од каснувања. Струга со години се соочува со овој проблем и сега за првпат како Општина преземаме посериозен чекор преку јавно-приватно партнерство да изградиме современ стационар кој ќе биде атрактивен и ќе поттикне вдомување на животните. Нема да се откажеме од овој проект“, вели градоначалникот на Струга, Менди Ќура.

Општина Струга секоја година издвојува по 500.000 денари за заловување и хуман третман на кучиња скитници, при што се третираат меѓу 13 и 24 животни годишно. Сепак, проблемот континуирано се продлабочува, меѓу другото и поради носење кучиња од соседните општини.

Градоначалникот Ќура вели дека е воспоставена соработка со околните општини за чипирање на кучињата, со цел да се спречи нивно неконтролирано префрлање од една во друга општина.

[ https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/sovetot-na-struga-ne-odobri-da-se-gradi-statsionar-za-ulichni-kuchina-za-pola-milion-evra/ ]



   
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 7 месеци
Објави: 2282
Стартер на тема  

Уличните кучиња го чинат градот 46 милиони денари, Лајка во рок од 6 месеци добива над 700 пријави за заловување

Речиси 46 милиони денари, односно околу 750 илјади евра, исплатиле градските власти во изминатата година, како оштета на граѓани каснати од бездомни кучиња. Само до 24 јуни годинава, јавното претпријатие Лајка, кое располага со 140 места за кучиња, примило 710 пријави од граѓани за заловување на бездомни кучиња. Стационарот иако располага со 140 места, моментално е дом на околу 180 кучиња благодарение на надворешни боксови кои се дополнително обезбедени за групно чување кучиња.

И покрај милионските исплати и напорите на ЈП Лајка, граѓаните и понатаму се жалат од групи бездомни кучиња во повеќе скопски населби.

Според процедурата на ЈП Лајка, граѓаните кои ќе забележат улично или агресивно куче треба да поднесат пријава преку веб-страницата на претпријатието, каде што е достапна посебна алатка за пријавување. По заловувањето, кучињата се носат во стационар, каде што поминуваат низ ветеринарен третман односно стерилизација, вакцинација против беснило, микрочипирање и обележување со ушна маркичка.

По завршување на третманот и проценката на однесувањето, тие повторно се враќаат на локацијата од која биле заловени. Исклучок се случаите кога има пријавено каснување поткрепено со медицинска документација. Во тие ситуации, кучето по заловувањето не се враќа на истата локација.

Од ЈП Лајка проблемот со големиот број улични кучиња го припишуваат и на неодговорното сопствеништво и неконтролирано размножување на домашните кучиња.

„Градот Скопје, како и секоја општина во државата, има обврска да спроведува мониторинг на уличната популација на кучињата. Последниот мониторинг беше спроведен во 2023 година, а во моментов се спроведува нов со методологија развиена од ICAM, кој е дел од WOAH. Мониторингот во 2023 година покажа дека на територијата на Град Скопје циркулираат околу 4.000 улични кучиња, од кои околу 48 отсто се стерилизирани. Истовремено, околу 18 отсто од кучињата затекнати на улица биле сопственички, но оставени без надзор. За споредба, во Скопје има околу 40.000 регистрирани сопственички кучиња, а само 9 отсто од нив се стерилизирани“, велат од ЈП Лајка.

До редакцијата на Мета.мк пристигнаа поплаки од граѓани за групи бездомни кучиња во различни делови на Скопје. Една од нив е од жителка на Тафталиџе, која тврди дека група кучиња со месеци престојува во нивната населба.

„Групата кучиња се појави минатата есен преку ноќ. Јасно беше дека се донесени од друга локација. Ниту едно од нив не ни беше познато, ниту имаше ушна маркичка. Меѓу нив имаше и мајки со малечки. Оставени беа на многу небезбедна локација, веднаш покрај фреквентна улица, поради што секој ден слушаме кочење на возила што се обидуваат да ги избегнат. Не е безбедно ниту за возачите ниту за кучињата“, вели таа.

Според неа, кучињата се агресивни кон минувачи кои шетаат домашни миленици, но и кон велосипедисти и луѓе на тротинети.

„Многупати се пријавени во Лајка и во Општина Карпош, но и понатаму се на истата локација. Одговорот што го добивме е дека ќе ги земат за да го поминат хуманиот третман, но дека не можат да ги задржат бидејќи капацитетите им се исполнети. Тоа не го решава проблемот, ниту за кучињата, ниту за граѓаните кои не можат да излезат од дома без страв“, додава таа.

Од ЈП „Лајка“ велат дека токму оваа група кучиња е идентификувана како приоритет за интервенција и дека според нивните теренски согледувања станува збор за кучиња кои не се автохтони за тоа подрачје.

„Нивното истовремено појавување како оформена група, како и фактот што ниту едно од нив претходно не било третирано, упатува на основано сомнение дека се дислоцирани од друга општина надвор од Град Скопје“, велат од претпријатието.

Со слично искуство се соочил и граѓанин од Ѓорче Петров, кој студира во странство и моментално води постапка за надомест на штета поради каснување од куче.

„Неколку дена пред Нова година се враќав дома и пред влезот на зградата ме пречекаа шест кучиња. И претходно повеќепати ми се имаат пуштено и лаеле по мене, па очекував дека, како и другите пати, само ќе лаат. Но овојпат ми се стрчаа, ме заобиколија и почнаа да рипаат по мене. Обично имам точак или ранец за да се одбранам, ама тогаш бев без ништо. Најголемото куче, кое и претходно повеќепати ме има нападнато, ме касна за ногата. Инстинктивно го удрив и успеав да се пробијам и да влезам во зградата“, раскажува тој.

Истата вечер заминал во Државна болница на преглед.

„Во последните неколку години доаѓам во Скопје на пократки периоди и секојпат кога се враќам има се повеќе кучиња и речиси секојпат сум нападнат. Секоја вечер кога се враќам дома морам психички да се подготвам и да очекувам дека повторно ќе бидам нападнат од кучиња,“ вели тој.

Од ЈП Лајка, во текот на минатата година биле заловени околу 1.000 кучиња, од кои 850 биле стерилизирани. Останатите биле сопственички кучиња, случаи на откажано сопствеништво или кучиња повторно заловени поради загубена ушна маркичка.

Град Скопје не одговори на нашите прашања поврзани со темата.

На почетокот на оваа година беше најавено дека Град Скопје ќе инвестира 30 милиони денари за  проширување на капацитетите на ЈП Лајка, „со цел трајно и системско решавање“ на проблемот со бездомните кучиња но до тогаш, Град Скопје продолжува да исплаќа милионски суми за надомест на штета поради напади од бездомни кучиња.

https://meta.mk/ulichnite-kuchinja-go-chinat-gradot-46-milioni-denari-lajka-vo-rok-od-6-meseci-dobiva-nad-700-prijavi-za-zalovuvanje/



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 7 месеци
Објави: 2282
Стартер на тема  

ЗА ГОДИНА И ПОЛ ЌЕ НЕМА ГЛУТНИЦИ УЛИЧНИ КУЧИЊА ВО СКОПЈЕ, ВЕЛИ ДИРЕКТОРОТ НА „ЛАЈКА“ ДИМИТРОВСКИ

 

Директорот на „Лајка“ Димитровски вели дека овој проблем не може веднаш да се реши кога бил занемаруван со години.

„Знам дека проблемот е голем, еве сега се наоѓаме во Расадник, после ќе интервенираме во Карпош и во комплексот згради ‘Александрија’, каде имаме пријави за глутници нетретирани кучиња. Потребен е континуитет и ние работиме на решавање на овој проблем. Сега се заловуваат најмногу кучиња досега. Имаше две екипи, сега имаме три, значи се работи од сабајле до вечер. И јас сум постојано на терен со заловувачите. За година и пол проблемот ќе биде решен. Исто така, проблем ни е тоа што има граѓани кои не дозволуваат да ги заловиме кучињата, па наместо да ја завршиме работите ние се објаснуваме со нив“, вели Димитровски.

Тој вели дека е очигледно оти кучиња во Скопје се носат од други градови и затоа низ градот се појавуваат глутници големи кучиња.

https://sdk.mk/index.php/naslovna/za-godina-i-pol-ke-nema-glutnitsi-ulichni-kuchina-vo-skopje-veli-direktorot-na-lajka-dimitrovski/



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
Сподели: