Ѓубре, запуштеност, непријатна миризба… е лицето на Скопје пред туристите
Неуредените зелени површини и обраснатите грмушки се само дел од сликата. На просторот има и расфрлано ѓубре, хартии и пластични ќеси. Веднаш зад Спомен-куќата на Мајка Тереза се наоѓа Феудалната кула, објект кој припаѓа на посебен вид станбена архитектура, кој истовремено служел и за одбрана и кој сега не може да се одбрани од несовесните граѓани. Дополнителен проблем претставува просторот што служи како мал премин кон околните згради. Малку подзатскриен, во недостиг на јавни вециња, тој практично е претворен во јавен тоалет. Градските власти велат дека континуирано спроведуваат активности за одржување на јавната хигиена, со фокус на централното градско подрачје и на просторот околу значајните културни и историски обележја
На само неколку чекори до срцето на Скопје – смрдеа, ѓубре и запуштен простор. Во непосредна близина на туристичките атракции – Спомен-куќата на Мајка Тереза и Феудалната кула, местото што треба да биде дел од уреденото и репрезентативно лице на главниот град изгледа како заборавен градски агол. Клупите веднаш до зградата на Фондот за здравствено осигурување се полни со стари ќебиња, јакни и со чадори, веројатно на бездомниците што престојуваат и преноќуваат на овој простор.
Неуредените зелени површини и обраснатите грмушки се само дел од сликата. На просторот има и расфрлано ѓубре, хартии и пластични ќеси. Веднаш зад Спомен-куќата на Мајка Тереза се наоѓа Феудалната кула, објект кој припаѓа на посебен вид станбена архитектура, кој истовремено служел и за одбрана и кој сега не може да се одбрани од несовесните граѓани. Дополнителен проблем претставува просторот што служи како мал премин кон околните згради. Малку подзатскриен, во недостиг на јавни вециња, тој практично е претворен во јавен тоалет, па се шири смрдеа во пошироката околина.
Се подготвуваме Скопје да стане европска престолнина на културата во 2028 година, а во исто време се соочуваме со сериозен недостиг на основна култура на однесување. Јавните површини се користат за вршење нужда, а отпадот се фрла каде што ќе се стигне – реагира жител од околните згради.
Вели дека тој и неговите соседи пријавувале и реагирале, но се жали за недоволна заинтересираност на надлежните за одржување на централното градско подрачје, кое треба да биде огледало на Скопје, па станува појасно зошто делови од центарот изгледаат запуштено и неуредно.
Градските власти најавуваат дека се чистат и уредуваат Градскиот плоштад и Камениот мост, но впечатокот е дека не продолжуваат активностите и во непосредната околина. Потребни се само неколку метри за да се стигне до посочената локација и за да се види состојбата, по што би можеле да се преземат соодветни мерки.
Од Град Скопје велат дека континуирано спроведуваат активности за одржување на јавната хигиена, со фокус на централното градско подрачје и на просторот околу значајните културни и историски обележја.
– Посочената локација ќе биде предмет на дополнителна проверка и соодветно постапување од надлежните градски служби. Во однос на лицата без дом што престојуваат на посочените локации, нивното згрижување и обезбедувањето соодветна социјална заштита не се во надлежност на Град Скопје. За овој дел е потребно постапување од надлежните институции за социјална заштита, со цел да се обезбеди соодветна помош и достоинствен третман на овие лица – одговорија градските власти.
https://www.vecer.press/gubre-zapushtenost-neprijatna-mirizba-e-liczeto-na-skopje-pred-turistite/




Пристигна првата испорака - 3.300 нови контејнери за Скопје, најголема набавка во историјата!
https://www.facebook.com/photo/?fbid=1647797653640184&set=pcb.1647798250306791
ГРАД СКОПЈЕ ПОЧНА ДА ГИ ЗАМЕНУВА ГОЛЕМИТЕ КОНТЕЈНЕРИ СО НОВИ ПОМАЛИ, НАБАВЕНИ СЕ 3.300
Град Скопје почна со замена на контејнерите со нови, кои се помали. Набавени се 3.300 контејнери со капацитет од 1.100 литри. Со нив ќе се заменат големите контејнери кои беа со капацитет од 3.200 литри набавени во времето на ексградоначалникот Петре Шилегов.
„За еден месец треба да бидат замените сите контејнери. Ќе се постават повеќе садови во деловите од градот каде што има нови згради. Металните контејнери се наменети за места каде што се повторува палењето на садовите, како и за фирми“, вели директорот на ЈП „Комунална хигиена“, Драги Митковски.
Митковски пред неколку месеци изјави дека проблемот со собирање ѓубре и со преполни контејнери е поради големите контејнери од 3.200 литри. Од четирите камиони за нив кои ги има претпријатието, работи само еден. Овие контејнери не можат да се подигнуваат со другите возила, туку мора со специјални камиони.















