Кон содржината
Градба.мк Градба.мк
Известувања
Исчистете ги сите

Јавна чистота

16 Написи
4 Корисници
10 Реакции
354 Прегледи
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 7 месеци
Објави: 2282
Стартер на тема   [#995]

Во оваа нишка ќе бидат опфатени сите актуелности и состојби со јавната чистота низ градовите во Македонија.



   
Цитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 7 месеци
Објави: 2282
Стартер на тема  

„Комунална хигиена“ доби 650.000 евра за набавка на нови контејнери

Скопје не изгледа почисто од претходно, со нови и чисти контејнери, кои се наместени за граѓаните да мора да ги користат за одлагање комуналне отпад, а многу граѓани во Скопје се жалат дека од „Комунална хигиена“ сѐ уште не ги празнат доволно често.

Сликите од искршени и распаднати контејнери, кои сами претставуваат ѓубре, а не пак да собираат ново, е секојдневна слик, на речиси секоја улица или булевар. Многумина посочуваа дека на толку изградени згради, онаму каде претходно имало бараки, бројот на контејнери е ист, што не ги задоволува потребите на новонаселените, па контејнерите се полнат пребрзо.

Можеби оваа слика ќе се промени наскоро, затоа што денеска Градот Скопје одлучи да го субвенционира комуналното претпријатие во Скопје.

Градот Скопје ќе го субвенционира ЈП „Комунална хигиена“ со 40 милиони денари, нешто повеќе од 650.000 евра, за набавка таканаречени „мали“ контејнери, со зафатнина од метар кубен.

На денешната седница на Советот на Град Скопје, беше донесена оваа одлука. Колку време ќе чекаме на новите контејнери и каде ќе бидат заменети или донесени нови, останува да видиме.

[ https://nezavisen.mk/komunalna-higiena-dobi-650-000-evra-za-nabavka-na-novi-kontejneri/ ]



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
phenomenon
(@phenomenon)
Доверлив член
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 59
 

Населба Карпош, Куманово:



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
(@akul1122)
Почитуван член
Се приклучи: пред 6 месеци
Објави: 168
 

Незнам дали ова е за оваа нишка, но сепак да споделам објавава од градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев:

🗑️Деновиве се поставуваат корпи за отпадоци - урбана опрема на повеќе локации во општина Кавадарци, како дел од проектот за набавка и поставување на нова урбана опрема.
Изведувач на работите е фирмата Метал Апостолов

За убаво Кавадарци!





   
ОдговорЦитат
phenomenon
(@phenomenon)
Доверлив член
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 59

   
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 7 месеци
Објави: 2282
Стартер на тема  

ГОЛЕМИТЕ КОНТЕЈНЕРИ НИ СЕ ПРОБЛЕМ ОТИ ОД 4 КАМИОНИ ЗА ПОДИГНУВАЊЕ РАБОТИ САМО ЕДЕН, ВЕЛИ ДИРЕКТОРОТ НА СКОПСКАТА „КОМУНАЛНА ХИГИЕНА“

Директорот на ЈП „Комунална хигиена“ Драги Митковски вели дека има проблем со собирање на ѓубрето и со преполни контејнери поради големите контејнери од 3.200 литри. За нив од четири камиони кои ги има претпријатието, работи само еден.

Овие контејнери не можат да се подигнуваат со другите возила, туку мора со специјални камиони.

„Големите контејнери кои се поставени долж булеварите и главните улици го создаваат проблемот и се извор на диви депонии. Во функција ни е само еден камион, а и тој понекогаш се расипува. Затоа ако еден ден не се собере ѓубрето, се создаваат депонии околу нив. Исто така, со овие камиони не може да се собере ѓубрето надвор од контејнерите бидејќи отворот е на горниот дел. Потоа праќаме екипи со други возила рачно да го собираат. Затоа овие контејнери ќе ги исфрлиме од употреба. Во тек е набавката на нови возила и контејнери и штом тие стигнат ситуацијата ќе се стабилизира“, вели директорот Митковски на прашањето на САКАМДАКАЖАМ.МК зошто во Скопје и понатаму има полни контејнери, седум месеци по доѓање на фунцкија на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски кој рече ќе го исчисти главниот град за 72 часа.

Контејнерите од 3.200 литри беа набавени во мандатот на градоначалникот Петре Шилегов. Купени беа 540 контејнери за ѓубре, 30 за селектирање на отпад и 4 камиони. Овие контејнери се речиси со трипати поголем капацитет од другите контејнери, опремени се со механизам за автоматско затворање на капакот и педала за ножно отворање. Но, кусо време по нивната набавка почнаа оштетувањето и денеска ретко кој контејнер не е искршен.

Во мандатот на градоначалничката Данела Арсовска не беше набавено ниту едно возило.

Со набавката на Град Скопје која е во завршна фаза ќе се набават 40 нови камиони и 2.500 контејнери.

[ https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/golemite-kontejneri-ni-se-problem-oti-od-4-kamioni-za-podignuvane-raboti-samo-eden-veli-direktorot-na-skopskata-komunalna-higiena/ ]



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
phenomenon
(@phenomenon)
Доверлив член
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 59

   
ОдговорЦитат
phenomenon
(@phenomenon)
Доверлив член
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 59
 






   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 7 месеци
Објави: 2282
Стартер на тема  

Вирално рангирање го смести Скопје меѓу најнечистите во Европа

 
Една листа што во последните денови беше широко споделувана на социјалните мрежи привлече големо внимание поради рангирањето на европските метрополи според чистотата. Од едната страна, се градовите познати по уредни улици и добро одржувани јавни простори, додека од друга страна, има голем број големи метрополи кои, според ова издание, имаат сериозен проблем со ѓубрето.
 

Најчистите градови според оваа листа:

Луксембург, Виена, Љубљана, Осло, Хелсинки, Вилнус, Рејкјавик, Талин и Рига.

Градови кои се обвинуваат за нечистотија:

Рим, Скопје, Атина, Софија, Париз, Букурешт, Белград, Мадрид и Будимпешта.

Зошто Скопје е во друштво на највалканите?

Фактот дека Скопје беше меѓу градовите оценети како најмалку чисти привлече посебно внимание на домашната јавност. Во последните години, главниот град на Македонија често беше предмет на живи дискусии токму поради состојбата на улиците, преполните контејнери, неправилно отстранетиот отпад и изгледот на одредени делови од градот.

Затоа овој список треба да се гледа првенствено како вирален тренд од мрежите, а не како конечна оценка. Сепак, фактот дека Виена и Љубљана беа од едната страна, а Скопје од другата, е доволен за да се постави прашањето: дали градот во кој живееме е навистина толку чист колку што мислиме?

https://nezavisen.mk/viralno-rangiranje-go-smesti-skopje-megju-najnechistite-vo-evropa/



   
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 7 месеци
Објави: 2282
Стартер на тема  

Ќе замириса ли Скопје на шампон до крајот на септември?

 

 

СПоред најавите на градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, контејнерите треба да пристигнат на почетокот на септември, а потоа и камионите кои ќе го одвезуваат сметот, па до крајот на септември, состојбата треба да се подобри.

Сепак, тој смета дека доколку не се воведат повисоки казни, властите нема да можат многу да влијаат во подобрување на сликата со отпадот во главниот град.

– Завршена постапката за набавка на камиони за собирање отпад од страна на Министерството за транспорт преку Светската банка и за скоро се очекува да пристигнат – рече Ѓорѓиевски на денешната прес-конференција, посветена на квалитетот на водата во Скопје.

Ѓорѓиевски вели дека кафулињата и другите угостителски објекти веќе почнале да потпишуваат фоговори со „Комунална хигиена“ за одговорно одлагање на отпадот, а ним може да им се дадат и дополнителни контејнери кои би ги постеавиле близу своите објекти, со што нема да се полнат заедничките контејнери за зградите и за куќите низ Скопје. Сепак, досега никој не излезе со бројка колку од нив навистина потпишале договор и се држат до тоа.

Состојбата со отпадот во Скопје е подобра од онаа пред локалните избори лани, кога контејнерите прелеваа од ѓубре, а околу нив имаше ридови од смет и ѓубре. Остана мислењето дека тоа беше оркестрирана диверзија од партиите, пред избори, да се предизвика неред во главниот град, а службите да не можат да постигнат. Дали владејачките или опозициските партии, или сите заедно, го произведоа проблемот, остана нејасно. Се воведе и одобрено време за одлагање на домашниот отпад, па така по 23 часот, до наутро во 6 часот тоа е забрането. ПОвеќе граѓани беа казнети со 50 евра, за непочитување на оваа забрана.

Сепак,не се надмина навиката да се оставаат вреќи полни градежен шут по реновирање, а особено „омилен спорт“ на скопјани како да е расфрлањето домашна санитарија и галантерија, па чести се сликите кога околу контејнерите се насобрани тоалетни школки, лавабоа, фотелји, кревети, прозорци и друго.

Речиси секоја скопска општина едбаш до два пати годишно има определени датуми на својата теритоја, кога граѓаните може во посебни контејнери да фрлаат кабаст отпад, но често тие термини се промашуваат.

Сега, Ѓорѓиевски предлага, во договор со другите градонаачници, покрај собирниот центар во Карпош, да се определи простор за собирање кабаст отпад во Гази Баба, а во Кисела Вода, рече дека веќе е обезбеден простор.

– Луѓето велат дека повеќе им се исплаќа да платат казна доколку не фатите како одлагаме шут, откаколку да платиме за да го однесат на „Дрисла“, а тоа не е така – вели Ѓорѓиевски.

Сепак, казните од 40 евра за несовесно одлагање отпад, според Ѓорѓиевски се премали.

https://nezavisen.mk/kje-zamirisa-li-skopje-na-shampon-do-krajot-na-septemvri/



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 7 месеци
Објави: 2282
Стартер на тема  

„Живееме меѓу ѓубре, смрдеа и стаорци“: Жители на Маџир Маало бараат итна реакција

Жители на Маџир Маало во Општина Центар алармираат за сериозна нехигиена во населбата, иако живеат на само неколку стотини метри од најстрогиот центар на Скопје. Тие бараат итна реакција од Град Скопје и Општина Центар, посочувајќи дека проблемот трае со месеци.

„Живееме во центарот на градот во услови кои не доликуваат на централна градска населба“, велат жителите во реакцијата испратена до Скопје Инфо.

Фотографиите што ги споделија ја покажуваат состојбата на терен. На нив се гледаат преполни контејнери со отпад и предмети оставени надвор од нив, а на друга фотографија е забележан и стаорец во руиниран простор во непосредна близина.

Според жителите, во близина на нивните домови има само два оштетени и превртени контејнери, околу кои постојано се натрупува ѓубре. Дополнителен проблем претставува распаднат објект, за кој велат дека е жариште на стаорци.

„Состојбата не е само естетски проблем, туку и смрдеа и извор на болести. Нехигиената е дел од нашето секојдневие“, предупредуваат тие.

Како најзагрозени ги посочуваат улиците „Охридска“ и „Петричка“, како и улиците над кејот, каде, според нив, со денови останува и кабаст отпад.

Жителите тврдат дека со месеци се обраќаат до надлежните институции, но досега не добиле ниту конкретен одговор ниту решение за проблемот.

https://skopjeinfo.mk/zhiveeme-megju-gjubre-smrdea-i-staorci-zhiteli-na-madzhir-maalo-baraat-itna-reakcija



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 7 месеци
Објави: 2282
Стартер на тема  

18.08.2026 година...нова депонија на повидок кај СЦ „Борис Трајковски“, ѓубре насекаде, паднат билборд., се шири 

https://www.facebook.com/photo/?fbid=1567900952016725&set=pcb.1567903168683170



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 7 месеци
Објави: 2282
Стартер на тема  

Со 40 камиони и 3.500 контејнери почнува офанзива против отпадот во Скопје



   
2
CitizenA и Bukefal реагираа
ОдговорЦитат
(@citizena)
Активен член
Се приклучи: пред 1 месец
Објави: 5
 

Ајде веќе не се издржува. Дупнативе камиони направија хаос, смрди цело лето. И граѓаните се несовесни со несоодветно пакување на ѓубрето, ама најголемата одговорност е кај властите.



   
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 7 месеци
Објави: 2282
Стартер на тема  

Не биле сите камиони за отпад за Скопје – повеќето ќе заминат во уште 10 други градови

 

Денеска пак, неговиот настап при презентацијата на новите возила, тој  настапи повеќе како претседател на ЗЕЛС, отколку како градоначалник на Скопје. Тој се заблагодари, од името на ЗЕЛС; најмногу на Светската банка која овозможила набавка на овие возила. 

Ѓорѓиевски рече дека ова е  значителна помош за општините – нов начин на третман и собирање на отпадот – а вети дека ќе се заложи овие возила да бидат со продолжен век на траење. 

Како же бидат распределени возилата, не кажа ниту Ѓорѓиевски, ниту подоцна министерот за транспорт и врски Александар Николоски, кој пак откри дека од  овие 40-тина возила само дел ќе останат во Скопје, а другите заминуваат во десет други општини. 

– Вкупно имамње 19 мултифункционални камиони од различен тип, 9 специјализирани камиони или популарно наречени цистерни коишто треба да помогнат во миење на улиците и 21 мултифункционално возило коишто треба да помогнат за чистење на улиците од најмали до најголеми – рече Николоски.

Во овој проект ќе има возила за Скопје, Куманово, Прилеп, Струмица, Штип, Охрид, Тетово, Неготионо, Кичево, Дебар и Велес.

Претходно тој појасни дека оваа набавка е направена  преку Светска банка, која веќе пет години спроведува проект за ревитализација и изградба на улици, но затоа што не биле потрошени сите пари за таа намена, по катастрофалната состојба со оптадот лани пред локалните избори, се дошло на идеја тие 5,5 милиони евра, неискористени пари, да се потрошат за да се најде решение за управување со ѓубрето.

За набавка на денеска презентираните возила биле потрошени 4,2 милиони евра.

Кои возила уште вечерва ќе тргнат га до чистата Скопје, како што претходно најавуваше Ѓорѓиевски, останува да видиме.

https://nezavisen.mk/ne-bile-site-kamioni-za-otpad-za-skopje-povekjeto-kje-zaminat-vo-ushte-10-drugi-gradovi/



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
Страница 1 / 2
Сподели: