Кон содржината
Градба.мк Градба.мк
Известувања
Исчистете ги сите

Хаварисани возила

5 Написи
1 Корисници
3 Реакции
256 Прегледи
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 7 месеци
Објави: 2282
Стартер на тема   [#1001]

Оваа нишка служи за постирање на сите работи поврзани со хаварисани возила и нивно оставање на јавните паркинзи и површини низ градовите во Македонија.



   
Цитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 7 месеци
Објави: 2282
Стартер на тема  

Хаварисаните возила во Кисела Вода повеќе нема да го узурпираат јавниот простор!
Инспекциските служби на Општина Кисела Вода се на терен и започнаа со лепење известувања за отстранување на возилата во неупотреблива состојба. Врз основа на мапирањето направено во соработка со месните заедници, ги лоцираме сите точки каде што овие возила ги блокираат паркинзите, тротоарите и зелените површини.
Сопствениците имаат рок од 10 дена сами да ги дислоцираат своите возила. Ова е неопходно за да го ослободиме просторот за пешаците и да овозможиме нормално движење низ нашите населби.
Доколку возилата не бидат отстранети во предвидениот рок, општинските служби ќе изготват решенија за нивно подигнување од страна на колективниот постапувач „Грин Роад“ до собирното место наменето за таа цел.




[ https://www.facebook.com/photo?fbid=1520591280074708&set=pcb.1520591476741355 ]



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 7 месеци
Објави: 2282
Стартер на тема  

Меџити: Започна отстранувањето на над 200 хаварисани и напуштени возила во Чаир


Општина Чаир денеска започна акциски процес за отстранување на над 200 хаварисани и напуштени возила од јавните површини на територијата на општината, со цел ослободување на паркинг-просторот и подобрување на урбаниот ред.
Од општинската прес-служба соопштија дека со оваа акција веднаш се ослободуваат стотици паркинг-места за жителите, создавајќи пофункционални услови за движење и паркирање во различни делови на Чаир, а истовремено се придонесува и за заштита на животната средина.

– Од денес ослободуваме стотици паркинг-места за граѓаните и истовремено отстрануваме долгогодишен еколошки проблем. Ова се конкретни резултати што се гледаат и се чувствуваат секојдневно во Чаир – изјави градоначалникот на Чаир Изет Меџити.

Општина Чаир најавува дека и во наредниот период ќе продолжи со конкретни мерки и активности во функција на подобрување на јавните простори и квалитетот на живот на граѓаните.

[ https://nezavisen.mk/medzhiti-zapochna-otstranuvanjeto-na-nad-200-havarisani-i-napushteni-vozila-vo-chair/ ]



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 7 месеци
Објави: 2282
Стартер на тема  

,,Старо купујем” – Државата продава 990 хаварисани возила

Од Агенцијата за управување со одземен имот иннформираат дека предмет на продажба се вкупно 990 хаварисани возила (патнички и товарни моторни возила, мотоцикли, трактори, приколки), кои имаат третман на отпаден материјал.

-Проценети се 990 возила на кои им е даден третман на отпаден материјал. Точната количина во килограми на возилата за старо железо ќе се утврди на денот на мерењето и документира со кантарски белешки по што ќе се изврши фактурирање со точните количини.
За сите возила заедно, почетната цена за продажба на електронското јавно наддавање изнесува 13 (тринаесет) денари за еден килограм старо железо без ДДВ, велат од Агенцијата.

Јавното наддавање ќе се одржи на ден 21.08.2026 година, со почеток во 10:00 часот и ќе трае 1 (еден) час и 30 (триесет) минути, односно до 11:30 часот.



   
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 7 месеци
Објави: 2282
Стартер на тема  

Се собираат хаварисани возила во Аеродром – граѓаните да пуштат фотографија и локација

 
Инспекцијата на Општина Аеродром денес започна со ослободување на јавните површини преку подигнување на хаварисаните возила, информираат во Фејсбук групата Општина Аеродром – Граѓанска патрола.
 
– Го поздравуваме овој потег и ја поддржуваме акцијата, затоа што освен што го нагрдуваат ликот на општината, хаварисаните возила претставуваат безбедносен ризик и сериозно ги оптеретуваат паркинзите, кои и онака имаат мал капацитет. Да продолжиме со мапирање на локации со хаварисани возила низ Аеродром, која потоа би ја доставиле на увид до службите за понатамошно процесирање.
 

Од таму бараат во коментар „да испраќате СЛИКИ и ЛОКАЦИИ (Google Maps или пишана адреса), како би имале што подетална и успешна чистка. Што помасовни, толку поголема успешност!“

Но, на официјалната страница на Општина Аеродорм, оваа информација ја нема. 

https://nezavisen.mk/se-sobritaa-havarisani-vozila-vo-aerodrom-gragjanite-da-pushtat-fotografija-i-lokacija/



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
Сподели: