Оваа нишка ќе ги опфати сите случувања во врска со квалитетот на воздухот во Скопје и другите градови низ државата кои се соочуваат со проблемот на енормно загадување особено изразено и критично во текот на зимскиот период.
(ВИДЕО) АНАЛИЗА: Скопјани и лани дишеле загаден воздух, иако двојно подобар од пред 15 години
[ https://www.youtube.com/watch?v=8b6vF_VPmvA ]
Така покажуваат исторските податоци од дневните просечни концентрации на ПМ10 честички од 2012 година кои се достапни во извештаите на Министерството за животна средина. Податоците ги прибираат државните мерни станици поставени на неколку локации низ главниот град
Од Министерството за животна средина велат дека промените се резултат на поголем број на мали мерки кои ги презела или државата или, пак, како резултат на помош од странски држави како – менување на греењето на државни институции, купување еколошки автобуси, субвенции за замена на стари печки во домаќинства и слично. Еко-активистите, пак, велат дека значајна улога има потоплото време и промените во струењето на ветровите



ПОЖАР ВО ШУТО ОРИЗАРИ, СЕ ЗАПАЛИ МАШИНА ЗА МЕЛЕЊЕ ЖЕЛЕЗО

Гори депонијата во населбата Шуто Оризари. Како што информираа од Центарот за управување со кризи, преку бројот 112 е добиена пријава дека се запалила машина за мелење железо.
На терен интервенира Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје со две противпожарни возила.
„Според информација од ЦУК, добиена во 12:03 часот од градоначалникот на Шуто Оризари, пожарот е ставен под контрола и нема опасност од негово ширење, бидејќи плацот е ограден со ѕидови“, велат од ЦУК.
[ https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/pozhar-vo-shuto-orizari-se-zapali-mashina-za-melene-zhelezo/ ]
РАДОВИШ ГО ВКЛУЧУВА АЛАРМОТ за итни мерки и препораки за граѓаните
Утринава градот беше обвиткан со густ чад што се спушташе од градската депонија, која гори веќе пет дена. На терен е ангажирана целокупна расположлива механизација — камиони кипери, багери и булдожери — со цел депонијата да се покрие со земја, што според препораките на надлежните институции е единствениот начин за задушување на чадот.
Во моментот депонијата не е во пламен, но и понатаму испушта густ чад кој се спушти кон градот.
Главна препорака до граѓаните е да не излегуваат надвор доколку немаат итна потреба.




[ https://www.facebook.com/photo?fbid=1556596426469150&set=pcb.1556598293135630 ]

