Кон содржината
Градба.мк Градба.мк
Известувања
Исчистете ги сите

Градилишта

6 Написи
1 Корисници
4 Реакции
1 Прегледи
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема   [#1002]

Оваа нишка се однесува на градилиштата во централните градски подрачја и состојбата околу нив.
Многу честа појава е несоодветната обезбедност на просторот околу градилиштата,бројни импровизации и узурпации на околниот простор,зафаќање на тротоари и улици со градежен материјал и слично.



   
Цитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема  

Во Дебар Маало,облак прашина од рушење на куќа на ул.Христо Смирненски
Се руши без соодветна обезбеденост на околината ниту пак се прска со вода со цел смалување на прашината
Изминативе неколку години Центар доживува вистинска експанзија со нови градилишта,треба да се поведе сметка за нивната обезбеденост поготово кога на иста уличка истовремено има по 4-5 објекти во градба

[ https://www.facebook.com/photo?fbid=989851350245059&set=a.178690421361160 ]



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема  

ФОТО Хаос на градилиште, се сруши дел од ископот – граѓаните прашуваат: Дали ова е безбедно?


Граѓаните со недели предупредуваа дека градилиштето на улицата „Теодосиј Гологанов“ во близина на Католичка црква, е небезбедно, а денеска дојде до сериозен одрон на земјиштето.

Според очевидци, земјата се срушила додека багер работел во внатрешноста на ископот, при што пропаднал дел од улицата покрај градилиштето, објави 4news.mk На фотографиите се гледа огромна дупка, висечки кабли и оштетена инфраструктура, додека дел од коловозот и тротоарот се буквално „влезени“ во ископот.

[ https://4news.mk/foto-haos-na-gradilishte-se-srushi-del-od-iskopot-graganite-prashuvaat-dali-ova-e-bezbedno/ ]



   
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема  

ФОТО: Хаос на градилиште во центарот на Скопје, пропадна дел од улицата - падна бандера, оштети возила, граѓаните револтирани



Градилиштето заедно со заштитните огради на улицата Теодосија Гологанов, карди кафулете „Интермецо“ се излизгало, при што оградите пропаднале во дупката која е ископана, но истовремено се срушила и бандарата на улицата, која паднала врз паркиран автомобил.

Граѓаните од околинте згради веќе револтирано кометираат оти предупредувале дека градилиштето на улицата „Теодосиј Гологанов“ во близина на Католичка црква, е небезбедно, поради што денеска се случил сериозен одрон на земјиштето.

Според очевидци, земјата се срушила додека багер работел во внатрешноста на ископот, при што пропаднал дел од улицата покрај градилиштето. На фотографиите се гледа огромна дупка, висечки кабли и оштетена инфраструктура, додека дел од коловозот и тротоарот се буквално „влезени“ во ископот.

Жителите од околните згради велат дека уште од стартот предупредувале на небезбедното копање и недостатокот на соодветна заштита. и претходно објавија дека имало свлекување на земјиштето и проблеми со стабилноста на теренот.

За среќа, засега нема информации за повредени лица, но граѓаните стравуваат дека ваквите ситуации можеле да завршат многу потрагично.

Се очекува инспекциските служби и надлежните институции да утврдат дали биле почитувани сите безбедносни стандарди и кој ќе понесе одговорност за инцидентот.

[ https://faktor.mk/foto-haos-na-gradilishte-vo-centarot-na-skopje-propadna-del-od-ulicata---padna-bandera-oshteti-vozila-gragjanite-revoltirani ]



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема  

Потребни се 300 камиони со земја за да се затрупа ископот на „Теодосиј Гологанов“ во Центар

[ https://www.youtube.com/watch?v=-KX31LF4NHg ]

Околу 300 камиони со 2.400 тони материјал ќе бидат потребни за да се затрупа дупката на „Теодосиј Гологанов“ која настана поради свлечиште, а каде требаше да никне петкатница. Ова го покажале последните пресметки. Десетици камиони веќе истурија земја. Но, додека трае санацијата, багерот кои во понеделникот, кога се случи одронувањето, а багеристот се спаси, сè уште е во дупката. Со оглед на тоа дека има најава за влошување на временските услови останува да се види колку од работата ќе може да се заврши денеска. Сепак, од Центар не добивме одговор на прашањата дали има издадено мерки и казни од градежен инспектор, кој бил на боледување во моментот на инцидентот, а другиот од Кисела вода не бил во државава.

Вчера и деканот на Градежен, Јосифовски апелираше да се затрупа темелната јама, затоа што има индиции дека ако не се случи тоа, може да имa опасност и за другите објекти во близина.

Кажа и дека немало ниту надзор на терен, кој имал шанса да реагира и да бара работите да бидат изведени како што треба. Телма се обрати со прашање до компанијата „ХИГХ Конструксион Груп Гостивар“, во сопственост на Исмаил Беџети, која била надзорот. Прво се обидовме телефонски, но бројот кој е испишан на страницата Бизнис мрежа не постои, а на прашањата дали работеле на објектот, вршеле ли надзор и дали можеби имале забелешки кои ги испративме на мејлот, одговори не добивме.

Телма дојде и до документ од кои може да се види дека жители од соседниот објект пред извесно време се обратиле до Државниот инспекторат за градежништво. Побарале вонреден инспекциски надзор со образложение дека помеѓу нивниот објект и новиот треба да има простор од еден метар, но е целосно заграден и постои опасност двата да се залепат.

Од таму им одговориле дека првично треба да постапи Општина Центар од каде, пак, од овластен градежен инспектор кој бил позајмен од друга општина им посочил дека во досегашната фаза на изградба не се забележани отстапувања и нема основ за продолжување на инспекцискиот процес.

Реакции имало поради бучава, се работело и во недела, но и за тоа дека градилиштето излегува на булеварот. Барале општината да преземе мерки.

Пред неколку дена ова градилиште го проголта тротоарот, а дел од коловозот пропадна во дупка. Одронувањето на земјата во градилиштето однесе и две бандери.

[ https://telma.com.mk/2026/05/28/potrebni-se-300-kamioni-so-zemja-za-da-se-zatrupuva-dupkata-vo-czentar-koja-progolta-trotoar-i-del-od-kolovozot-na-teodosij-gologanov ]



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема  

Зградите околу свлечиштето во Капиштец се безбедни, Општините не треба да дозволуваат градење без основен проект за јама


Поради овие свлечишта, како што вели деканот Јосиф Јосифовски, треба сериозно да се преземат мерки со кои ќе се свестат и ќе се „затегнат“ инвеститорите и изведувачите на градежните објекти од овој тип и додаде дека Факултетот се нуди да помогне преку изготвување правилник за градење, кој ќе биде спроведен од локалните самоуправи.

Поминаа речиси две недели откако на градилиште во Капиштец, поточно на улицата „Видое Смирненски“, имаше опасно свлекување на земјиштето поради кое се оштети дел од тротоарот, водоводната и канализациската мрежа, но според извештајот од експертите од Градежниот факултет, нема опасност за оштетување или уривање на околните објекти, која беше најопасната можна последица од овој немил настан.

Нема опасност за зградите, избегната е голема катастрофа
Јамата неделава се затрупува, а според деканот на факултетот, професорот Јосиф Јосифовски, фактот што околните згради се надвор од опасност е големо олеснување и можеби единствениот позитивен момент од оваа лоша ситуација, бидејќи секое оштетување на околните објекти би значело голема катастрофа.

– Според мене, најголемата катастрофа е избегната бидејќи околните објекти се безбедни од евентуална деформација на земјиштето. Околу јамата има повеќе згради, не сакам ни да помислам што ќе се случеше ако само еден од овие објекти беше зафатен од свлекувањето на земјиштето. Да, оштетен е дел од тротоарот, долу се оштетени кабли за струја, водовни и канализациски цевки, но, за среќа, нема опасност за околните објекти. Ако се урнеше или се оштетеше некој околен објект, тоа ќе беше огромна штета. Единствено заради тоа имам некое, ако можам да кажам, позитивно чувство од оваа ситуација – објаснува деканот за „Слободен печат“.

Тој посочи дека по настанот, на кризниот состанок во Општина Центар, Градежниот факултет дал насока што побрзо да се затрупа јамата за да се истражи дали постои опасност за околните згради, а според него, повикувајќи се на извештајот за градилиштето, иако директна одговорност имаат изведувачот и инвеститорот, работата можела да се спречи и со реакција на Општината и на градежните инспектори.

– Ние не дадовме конкретен рок, но им дадовме насоки јамата да биде затрупана во најбрз можен рок. Таа во саботата беше речиси затрупана. Во ситуацијата во Капиштец има повеќе страни што се одговорни, секој можел нешто да направи и да преземе, од Општината, инспекторите и фирмата што го вршела надзорот, не се виновни само инвеститорот и изведувачот, иако според извештајот изведувачот ја има директната одговорност бидејќи не работел по зададените правила и прописи – вели Јосифовски.

Сите имаат одговорност, потребни се промени
Деканот соопшти дека според извештајот од направениот увид, конструкцијата на јамата била катастрофална, немало основен проект за јама туку само техничко решение, а лош бил и квалитетот на изведбата.

– Прашање е дали на локацијата воопшто се појавил градежен инспектор, на кризниот состанок во Општината ни беа покажани писма и констатации од градежни инспектори, но тие требало да ги забележат сите овие нерегуларности – додава деканот.

Јосифовски смета дека иако Законот за градба предвидува само основен проект за изградбата на објектот, се подразбира, но и според неодамнешните случувања, Општината треба да е задолжена да бара и основен проект за ископување јама.

– Треба да се најде начин за да се свестат и инвеститорите и изведувачите. Законот за градба бара основен проект за објектот што е предвиден да се гради, но не бара подготвителниот терен да има основен проект. Изведувачите и инвеститорите ја избегнуваат таа заштита за да заштедат, но и тие не се инженери за да ја поседуваат таа стручност, а Општината е задолжена да побара основен проект за јама, а не само за објектот – објаснува тој.

Во еден месец на две локации во Скопје се случија свлекувања на земја при ископ на јама за градилиште, што според Јосифовски е недозволиво и опасно, земајќи предвид дека во Кисела Вода поради свлекување на земјата беше затрупан и еден работник, кој за жал го загуби животот.

[ https://www.slobodenpecat.mk/zgradite-okolu-svlechishteto-vo-kapishtec-se-bezbedni-opshtinite-ne-treba-da-dozvoluvaat-gradenje-bez-osnoven-proekt-za-jama/ ]



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
Сподели: