Кон содржината
Градба.мк Градба.мк
Космос(Фине Холдинг...
 
Известувања
Исчистете ги сите

Космос(Фине Холдинг)- Ќерамидница

6 Написи
1 Корисници
6 Реакции
4 Прегледи
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема   [#1026]

Стамбено-деловниот комплекс „Космос“ е лоциран на само три километри од Камениот мост, покрај самата река Вардар.
На само три минути пеш, се наоѓа Универзитетот ФОН и претставништво на Мерцедес Бенз. На југ, преку реката Вардар е хотелот Double Tree by Hilton и хотелот Русија и погледот на најубавиот дел од Општината Аеродром во чија позадина пејзажно доминира Водно. Комплексот е изграден на адресата „Перо Наков“ бр. 94, а до него преку реката Вардар , градот Скопје планира изградба на нов мост во непосредна близина и во најскора иднина.

Стамбено-деловниот комплекс „Космос“ е лоциран на само три километри од Камениот мост, покрај самата река Вардар.
На само три минути пеш, се наоѓа Универзитетот ФОН и претставништво на Мерцедес Бенз. На југ, преку реката Вардар е хотелот Double Tree by Hilton и хотелот Русија и погледот на најубавиот дел од Општината Аеродром во чија позадина пејзажно доминира Водно. Комплексот е изграден на адресата „Перо Наков“ бр. 94, а до него преку реката Вардар , градот Скопје планира изградба на нов мост во непосредна близина и во најскора иднина.

ОПКРУЖУВАЊЕ
Во непосредна близина на комплексот „Космос“, е најурбаната општина во нашата држава, Општина Аеродром,комплексите на хотелите „Русија “ и „DoubleTree by Hilton“. Спроти комплексот преку Вардар е Спортскиот
центар „Јане Сандански“, а на неколку минути е студентскиот кампус на првиот и најуспешен приватен универзитет ФОН, што претставува извонредна можност за секој иден студент. На северната страна, кон населбата Автокоманда, се мегасторовите на „Neptun“, „Mr. Brikolage“ и „Тинекс“,а зад нив во далечината се простира извонреден поглед на планинскиот масив на Скопска Црна Гора. На само две минути со автомобил има неколку бензински пумпи , и за десетина минути веќе возите низ строгиот центар на град Скопје.

Комплексот „Космос“ е лоциран на само 20 минути возеење од Скопскиот Аеродром, на десет минути до зградата на Собранието на Република Северна Македонија и до него се пристига од повеќе сообраќајни правци. Преку мостот „Близнак“ и булеварот „Киро Глигоров “ низ кракот од улицата „Перо Наков“, се простираат јужнит и источниот дел од градот Скопје, преку сообраќајниот јазол на крстопатот помеѓу булеварите „Александар Велики “ и „Киро Глигоров“ , северниот и западниот, како и брзиот излез кон автопатот А4 „Гоце Делчев“. Преку новиот мост на реката Вардар кој е во фаза на подготовка на техничка документација за изградба, преку булеварот „Асном“, строгиот центар на градот Скопје ќе е достапен за помалку од пет минути, а Меѓународната железничка станица „Скопје“ е на само пет минути возење. Сообраќајниците се димензионирани со стандардни ширини, радиуси и нагибиза соодветниот тип на категоризација и по нив може да пристапат моторни возила, како и возила на интервентните единици без потреба да совладуваат никакви препреки и комуникациски бариери.

Во целина, комплексот „Космос“ претставува современа и модерна архитектонска и дизајнерска композиција, интегрирана во најпосакуваниот лендскејп на градот Скопје. Комплексот директно влијае и на забрзување на урбанизацијата на непосредната околина. Архитектонската композиција опфаќа: Три нивоа на гаражен простор, Деловен простор на приземјето и мезанинот, Четиринаесет катови стамбен простор со 505 станови, со различни типови на стамбени единици во зависност од нивната големина, позиција и просторна ориентација, сите во склад со важечките стандарди и нормативи за функционално, современо и квалитетно домување. Секој стан поседува можност за дополнително внатрешно преуредување, адаптација и трансформација во согласност со потребите и желбите на корисниците. Партерот, односно приземна платформа за влез во објектот, хортикуларно обогатена со зелени површини, фонтана, базен и останати решенија за комфорно современо домување.

Комплекс „Космос“ претставува станбено деловен комплекс кој во својот состав содржи:

  1. Партер – приземна платформа за влез во објектот и хортикуларно обогатена со зелени и водени површини.
  2. Комплетната станбена зграда во својот состав има три ламели, односно, ламела 1, ламела 2 и ламела 3, при што,секоја ламела во својот вертинален пресек се состои од подрум (-3), приземје, мезанин, 14 ката, поткровје и видиковец.
    Приказ на проектната содржина во стамбено-деловниот комплекс „Космос“:
  3. Приземје и мезанин, влезен хол, ходници, складишен простор, лифтовски простор, деловни простории и локали 2. Катови на кои се лоцирани станови во чиј остав се предвидени: простор за дневен престој (дневна соба), простор за термичка и останата обработка на храна (кујна), простор за конзумирање на храна (трпезарија), гостинско WC, простор за лична хигиена (бања), простор за одмор (спална соба, детска соба) хоризонтални комуникации (влезен хол, ходник, дегажман) отворен простор (балкон/тераса/логија).
  4. Скај бар и видиковец , односно ротационен ресторан со панорамски поглед на градот Скопје, обезбеден со посебен влез (наменски лифтови).
  5. За полесен пристап до подрумскиот дел ,до деловните простории во приземјето и до мезанинот , становите на катовите се обезбедени современи хоризонтални и вертикални комуникации во вид на скали, лифтови, постојки и рампи. Сите наведении елементи се во согласност со нормативите за нивно проектирање, имплементирање и одржување. Квалитетот и сигурноста се водечки императиви во овој поглед.

ФАСАДНА ОБРАБОТКА
Во фасаден состав на стамбено деловниот комплекс „Космос“ се среќаваат следните фасадни обработки:

  1. Во приземјето, алуминиумски носачи и двослојно термопан стакло
  2. По катовите, демит фасада составена од блоксо дебелина од 20 сантиметри и термоизолација од 10 сантиметри, абрип малтер и декоративен панел како завршна обработка на надворешната страна.
  3. По катовите и структурална фасада од алуминиумски носачи и двослојно термопан стакло со која се обезбедуваат оптимални вредности за квалитетно домување во сите четири годишни времиња.


[ https://cactusconstruction.mk/%D0%BA%D0%BE%D1%81%D0%BC%D0%BE%D1%81/ ]



   
Реагираше Bukefal
Цитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема  

Процес на изградба

Јули 2019-Февруари 2026
















[ https://www.facebook.com/FineHolding/photos ]

Мои фотки направени на почетокот од месецов
Комплексов е вселив иако сеуште има активности околу средување на деловните простории и некои други поситни работи.
Околината е хаотична од десната страна се прави една помала зграда од лево има некаква мини база со багери,бетонски пумпи и миксери,патот е само малку зарамнет со песок а од страните има разновиден шут













   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема  

Некои проекти на Фине Холдинг објавени 2020-та кои би требало да се реализираат на територија на О.Гази Баба

Stenben objekt vo naselba "Keramidnica" Opstina Gazi Baba - Skopje, avtorski proekt na Studioto za proektiranje, inzinering i dizajn "ARHI-LAB" dooel Skopje, investitor FINE doo Skopje.




Stanbeno-deloven objekt vo naselba "Chento - Singelic" Opstina Gazi Baba - Skopje, avtorski proekt na Studioto za proektiranje, inzinering i dizajn "ARHI-LAB" dooel Skopje, investitor FINE doo Skopje.




Stanben objekt vo naselba Gazi Baba - Skopje proekt na Studioto za proektiranje, inzinering i dizajn "ARHI-LAB" dooel Skopje.




[ https://www.facebook.com/profile.php?id=100057077725589 ]



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема  

Денешни

Проектот е комплетиран но околината е хаос особено источната страна од каде што е главниот пристап сеуште не е асфалтиран патот а од страните има купишта шут,песок,мини бетонски бази и складишта за градежен материјал
Веројатно со тек на време ќе се отвори и некој маркет во близина освен најавениот Лидл сега најблиску е Годи а во иднина градинка би имало во делот спроти Мак Ауто Стар која е веќе во изградба.












   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема  

Градовите се развиваат таму каде што има визија и инфраструктура.
Со новиот булевар и мост кој ги најави градот Скопје и градоначалникот, овој дел од Скопје конечно добива поврзаност каква што заслужува. Од East Gate, преку Аеродром и Јане Сандански, па сѐ до АУЕ-ФОН, се создава нова урбана оска што ќе го олесни сообраќајот, ќе го забрза развојот и ќе отвори нови можности за инвестиции и бизниси.

[ https://www.facebook.com/photo/?fbid=10239146196186063&set=a.2350232728046 ]



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема  

Колку заработи фирмата зад „Космос“ на Цаноски во 2025 година?

Фине“ ДОО Скопје е фирмата која ги поседува и продава становите во комплексот „Космос“ во Скопје, поврзан со бизнисменот Фијат Цаноски. Комплексот се наоѓа во Ќерамидница, на адреса „Перо Наков“ бр. 94, покрај реката Вардар и во близина на Универзитетот ФОН, а според описот на проектот има 505 станови.

Според податоците од сопственичката структура, Фијат Цаноски има удел од 99,9 проценти во „Фине“ ДОО. Со тоа, тој е доминантен сопственик на фирмата преку која се поседува и продава значаен дел од недвижниот имот во „Космос“.

Финансиските резултати за 2025 година покажуваат дека низ оваа компанија поминал сериозен износ. „Фине“ ДОО лани остварила приходи од околу 27,4 милиони евра, што претставува зголемување од дури 295 отсто во споредба со 2024 година.

Расходите на фирмата во истата година биле околу 26,7 милиони евра, што е раст од 321 процент во однос на претходната година. Компанијата имала 12 вработени.

Иако приходите се мерат во десетици милиони евра, официјално прикажаната добивка е далеку помала. Во 2025 година „Фине“ ДОО завршила со добивка од околу 31 илјада евра, што е зголемување од 40 проценти во споредба со 2024 година, но и натаму е многу мал износ во однос на прометот што го направила компанијата.

Со други зборови, фирмата која стои зад становите во „Космос“ во 2025 година имала големи приходи, уште побрзо зголемени расходи и добивка која изнесува само околу 0,1 процент од приходите.

Дополнително, катастарските податоци покажуваат дека значителен дел од становите во комплексот „Космос“ сè уште се водат како непродадени. Тоа значи дека комплексот и понатаму има голем продажен потенцијал, бидејќи дел од имотот сè уште останува во рамки на фирмата.

„Космос“ има и бурен историјат. Претходната градба на комплексот беше урната во 2011 година, во периодот кога на власт беше владата на Никола Груевски. Уривањето на објектот на Цаноски подоцна стана еден од најпознатите политичко-судски случаи, познат како „ТНТ“, а во јавноста остана запаметен и по рушењето на делови од објектот со експлозив.

[ https://faktor.mk/kolku-zaraboti-firmata-zad-kosmos-na-canoski-vo-2025-godina ]



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
Сподели: