Кон содржината
Градба.мк Градба.мк
✔ Adora Flatiron - ...
 
Известувања
Исчистете ги сите

✔ Adora Flatiron - Кисела Вода

6 Написи
1 Корисници
4 Реакции
5 Прегледи
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема   [#1042]

12/11/2014

Се продава земјиштето на старата сапунара „Цветан Димов“

Општина Кисела Вода преку јавно наддавање продава државно градежно неизградено земјиште лоцирано на местото на руинираната стара фабрика за сапун „Цветан Димов“ наменето за изградба на станбена зграда.

На продажба, согласно денеска објавениот повик од Општината, е градежна парцела од 4.403 метри квадратни, со површина за градење од 2.548 метри квадратни. Земјиштето е предвидено со измената и дополнувањето на делот од ДУП: МЗ Цветан Димов – Славија (блокови 1,2,3,4,5,7,8, и 10).

Почетната цена на јавното наддавање за градежните парцели е 4.300 денари за метар квадратен. Пријавите за учество може да се достават до 15 следниот месец на интернет адресата www.gradezno-zemjiste.mk, преку која ќе се одвива наддавањето на 19 следниот месец во 11 часот, а ќе трае 15 минути. Ќе се врши чекорно наддавање со зголемување на вредноста на секој чекор не помалку од 430 денари.

Вкупниот депозит за учество на наддавањето изнесува 1.950.000 денари, а банкарската гаранција е со износ од 20.000 евра.

[ https://www.porta3.mk/se-prodava-zemjishteto-na-starata-sapunara-cvetan-dimov/ ]



   
Цитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема  

09.03.2015

Уништување на сопственото наследство, со цел имитација на туѓото




Денес, во утринските часови започна рушењето на “Сапунарата” во општина Кисела Вода. Индустриски објект од првата половина на XX век, специфичен по сопственото обликување. Сапунарата „Цветан Димов” до скоро беше ставена под заштита, како значајно градителско наследство.
Нашата негрижа како општество, и неиновативноста на општините, постојано и без никаква анализа уништува архитектонско наследство. Овој објект имаше голем потенцијал, со негова пренамена да стане културен центар, кино сала, општински совет, аматерски театар, библиотека итн.

Повеќето општини воопшто не го користат потенцијалот на архитектонската заедница, немаат познавање за можностите на постоечките објекти, ниту свесност за тековните искуства од интернационален карактер.

Кисела Вода нема чувство за припадност кон градската средина, ниту има стратегија како да стане дел од неа. Левитира во простор полн со недоурбанизирани целини, со доградби и надградби кои го деградираат станбениот градежен фонд, без идеја и концепт.
На одлично растојание од центарот на градот, можеше да поседува објект од културен карактер кој ќе привлечеше движење на луѓе и од другите општини. Простор кој е инспиративен, и одличен материјал да се распише конкурс за идејни решенија кои ќе бараат солуција што со него. Кога не можеме да го препознаеме сопственото наследство и неговиот потенцијал, како прави „туристи” се обидуваме да го имитираме туѓото.
Доколку сме одлучиле да се простиме од сликата која е наследство, треба да размислиме со што ја менуваме. Тоа не е возможно, без повик за распишување на конкурс. Зошто уште еден станбен објект во општина каде не постојат јавни простори, ниту јавни објекти од културен карактер. Ваквите напуштени индустриски објекти во светот се голема атракција, каде со пренамена на функција и современа интервенција се добиваат вистински квалитетни простори. Тие истовремено го носат споменот на минатото, но се движат со сегашноста кон иднината. Тоа е здраворазумен компромис кога треба да се продолжи животот на еден објект. Штом го рушиме, добиваме ли јавна корист од тоа? Имаме ли објект и проект кој е вистински вреден за да се решиме да изгубиме историја на архитектура?

Барање за нов објект со квази барокен израз, на местото на веќе еклектичен објект е лутање и аматеризам , безидејност и правење Дизниленд од сопствениот дом. Од старото да се направи постаро, од сопствен континуитет и реален сведок на едно време, да се посегне по толку моќна слика (Flatiron Building 1902) на мегаполис како ЊуЈорк е дното, потикнато од сеуште живиот проект Скопје 2014. Каков раздор на свеста создава овој проект, и по што се ќе посегне е само страшно прашање, за кое немаме одговор.

[ https://marh.mk/unishtuvanje-na-sopstvenoto-nasledstvo-so-cel-imitacija-na-tugjoto/ ]



   
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема  

31/07/2015

АДОРА FLATIRON СКОПЈЕ – Доживејте го духот на Њујорк во Скопје

Денес започна изградбата на новиот елитен станбено-деловен комплекс Адора Flatiron Скопје, во Општина Кисела Вода, кај Стара рампа.
Адора Flatiron Скопје го носи духот на Њујорк во централното подрачје на Скопје, со што македонската метропола ќе биде дел од светските градови со атрактивната архитектура на Њујоршката урбанистичка икона Flatiron. Предизвик за тимот на Адора инженеринг беше со референцата на култната зграда на Менхетн од 1902, во слични локациски услови во Скопје, во 2015 да изгради препознатлив симбол на светското културно наследство.

Елитниот објект Адора Flatiron Скопје започна да се гради на просторот меѓу бул. Македонија и ул. Иван Козаров, познат како Стара Рампа, во Кисела Вода, на само 1 километар оддалеченост и 10 минути пеш од строгиот центар на метрополата, со панорамски поглед на Порта Македонија и главниот плоштад во Скопје.

Зградата со висина од 54 метри има приземје, мезанин и 16 катови, елитни станови од 31 до 119 м² и луксузен апартман на врвот од 260 м² со фантастичен поглед на Скопје. Објектот има 29 луксузни деловни простории од 45, 90, 123 до 277 м², со можност за спојување до 508, 527, 1035 и 1770 м², со идеални услови за успешни бизниси и модерни паркиралишта.

Објектот има сопствени 350 модерни паркиралишта на три нивоа.

Со препознатливиот архитектонски изглед со елементи на неокласицизам и впечатливи детали, атрактивниот објект Adora Flatiron Скопје, со докажана стабилност и стандардизиран европски квалитет нуди одлични услови за домување во висок урбан стил, со лесна достапност на строгиот центар на Скопје.

[ https://www.porta3.mk/adora-flatiron-skopje-dozhivejte-go-duhot-na-njujork-vo-skopje/ ]



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема  

Официјално означен почетокот на изградбата на Адора Флетајрон Скопје

[ https://www.youtube.com/watch?v=iGVb5654Bm4 ]



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема  

Рендери и процес на изградба



Приказната за Адора FLATIRON Скопје - "The Story Of"

[ https://www.youtube.com/watch?v=NtgkmR9PMhU ]









[ https://www.facebook.com/adora.business.group/photos ]



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема  

Адора Flatiron Скопје е маркантно здание со височина од 60 метри и вкупна изградена површина од 29.200 m², со препознатлив стил и архитектура, што стави силен урбан печат на современо Скопје.
На 16 катови се распоредени 279 модерни, функционални, комфорни домови и луксузни penthouse станови со површина од 31 до 270 m². Објектот има три посебни влезови за становите, седум екстра квалитетни, експресно брзи и бесшумни лифтови. Становите се распоредени по шест на еден кат, во еден влез, со цел станарите да уживаат во интимно и хумано домување во урбаното јадро.

Комплексот располага со 394 паркиралишта за возила на 3 подземни нивоа и партер и со посебен паркинг простор за велосипеди.

Во централниот влез на објектот има домарска служба со приемна рецепција, која е 24 часа на услуга на станарите и посетителите.

Комплексот Адора Flatiron Скопје, започна со градба на 31 јули 2015 година. Целосно е завршен и пуштен во употреба на 26 декември 2017 година.

[ https://adora.com.mk/proekti/%d0%b0%d0%b4%d0%be%d1%80%d0%b0-flatiron-%d1%81%d0%ba%d0%be%d0%bf%d1%98%d0%b5/ ]



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
Сподели: