Со својата атрактивна естетика, која во себе ги спојува безвременскиот изглед и максимално функционално домување, станбен комплекс Дема Парк е составен од 5 станбени објекти. Комплексот ветува ново урбано искуство кое ќе го ре-дефинира начинот на живеење според сите модерни стандарди поставени на извонредна парцела од 4,600м2.
Лоциран во Општина Карпош, Населба Бардовци, Дема Парк го збогатува пејсажот на населбата и им овозможува на станарите да уживаат во предностите на комплексот.
Bо склоп на комплексот се предвидени и надворешни активности како спортско игралиште, детска зона со лулашки, надворешна покриена летна кујна со тоалети, водна површина како и зона за одмор. Во секоја од парцелите е предвидено дворно место со преден и заден двор кој се состои од ниско и високо зеленило, како и пешачка површина.
Дема Парк е повеќе од дом. Комплексот Дема Парк допринесува безбедност, квалитетно домување и сигурна иднина.
Станбениот комплекс Дема Парк претставува современа архитектонска композиција составена од 5 станбени објекти распространети на 4 нивоа со вкупно 54 станбени единици со диверзифицирана големина и ориентација. Целиот комплекс со сите негови надворешни и внатрешни содржини е направен следејќи ги најсовремените светски стандарди и трендови за функционално, современо и квалитетно домување. Во конструктивен поглед, комплексот претставува скелетно армирано бетонски систем, комбинација од столбови и платна, дефинирани во подолжен и попречен правец, обезбедувајќи ја потребната крутост на системот. Бетон со квалитет МБ30. Сигурноста од сеизмички сили е приоритет во проектирањето и конструирањето на објектите. Како гаранција за статичката и сеизмичка безбедност, објектот поседува сертификат од овластениот институт за земјотресно инжињерство и сеизмологија “ИЗИИС” од Скопје. По комплетирање на објектите, околината ќе биде оплеменета со богато хултикултурно и партерно уредување, надворешни активности како спортско игралиште, детска зона со лулашки, надворешна покриена кујна, водна површина и зона за одмор се со цел збогатување на квалитетот на животот на идните станари.









Процесот на градба
Објект 1
Март 2024-Јули 2024










Објект 2
Април 2025-Септември 2025










Објект 3
Септември 2025-Февруари 2026
















Објект 4
Октомври 2025-Февруари 2026








[ https://www.facebook.com/profile.php?id=100063596799279 ]





