Веќе официјално, Стопанска банка АД - Скопје има ново седиште на ул. Филип Втори Македонски бр. 6, 1000 Центар, Скопје.
Со денешната објава во печатените медиуми, Банката информира за промена на седиштето, што претставува дел од стратешките активности на Банката насочени кон модернизација на деловното работење и зајакнување на оперативните и организациските капацитети.
Новата зграда овозможува користење на технички и технолошки напредна инфраструктура, највисоки безбедносни стандарди и високо функционален деловен простор кој го поддржува понатамошниот раст, дигиталната трансформација и унапредувањето на квалитетот на услугите за клиентите.

[ https://www.facebook.com/stopanskabankaSK ]
/////////////////////
Нова централна филијала за ново поглавје во работењето на Стопанска банка


Во нов, современ простор во срцето на Скопје, Стопанска банка АД – Скопје ја отвори својата нова централна филијала, сместена во новата управна зграда на Банката. Станува збор за простор создаден да им понуди поудобно и помодерно банкарско искуство на клиентите. Како Банка со најдолга традиција во Македонија, Стопанска банка со овој нов објект отвора ново поглавје во своето работење, комбинирајќи современ дизајн, функционалност и финансиски услуги прилагодени на денешните потреби на клиентите.
Централната филијала „Гранд“ е лоцирана на ул. „Филип Втори Македонски“ бр. 6 во „Гранд бизнис центар“ и таа ќе ја замени досегашната главна филијала во Градскиот трговски центар (ГТЦ). Филијалата „Гранд“ е дизајнирана како современ, отворен и внимателно осмислен простор, во кој модерната естетика, функционалноста и удобноста се спојуваат во едно современо банкарско искуство. Со впечатлив ентериер, топла и пријатна атмосфера и концепт што поттикнува природна и непосредна комуникација меѓу клиентите и вработените, се создава амбиент во кој клиентите се чувствуваат добредојдено и удобно уште при првиот чекор. Просторот е организиран така што овозможува персонализирано искуство за секој клиент, почнувајќи од посебни канцеларии за состаноци со деловните клиенти, до отворени и непосредни позиции за финансиски консултации и продажба со физички лица.
Во филијалата се сместени благајни, како и внатрешен ATM простор каде клиентите можат да добијат поддршка и практична обука за користење на бесплатните АТМ услуги на Банката.
Дополнително, веднаш до филијалата е поставена и нова 24/7 ATM зона со три cash-in банкомати, овозможувајќи им на клиентите брз и едноставен пристап до основните банкарски услуги во секое време. Во новата корпоративна зграда е сместена и СТБ Брокер, специјализирана за брокерски и финансиски услуги, која располага со сопствен, засебен влез и модерни работни простории. На овој начин, клиентите на Стопанска банка на едно место добиваат комплетна финансиска услуга – од секојдневно банкарство до инвестициски и брокерски активности.
– Нашата цел беше да создадеме простор кој нема да биде само класична банкарска филијала, туку место каде што клиентите ќе се чувствуваат добредојдено, пријатно, ќе добијат персонализирана услуга и ќе можат полесно и побрзо да ги користат современите банкарски решенија. Новата централна филијала е одраз на тоа како ние во Стопанска банка го гледаме и практикуваме модерното банкарство – отворено, достапно и ориентирано кон потребите на клиентите и современите трендови – изјави Татјана Калајџиева, сениор директор за продажба и мрежа на филијали.
Филијалата е официјално отворена на 26 мај и ќе работи со работно време од понеделник до петок од 8:30 до 16 часот.
Денешни
Од пред некој ден е поставено логото на Стопанска Банка на деловниот центар



Кулата Гранд Вју

Успешно завршена и предадена новата Управна зграда на Стопанска банка, во рамки на проектот Гранд Скопје, реализиран преку извонредна соработка помеѓу инвеститорот MG Fashion, архитектонското студио Syndicate studio, целиот проектен тим, и надзорот Metric Design, со што овој објект стана првиот во Северна Македонија што се стекна со престижниот Златен LEED сертификат и е меѓу првите сертифицирани објекти од овој ранг на Балканот.
Ова достигнување претставува доказ дека кога визијата, знаењето, професионализмот и посветеноста се обединети, резултатот е проект што поставува нови стандарди во одржливото и современо градење.




[ https://www.facebook.com/grandskopje ]


Една денешна
Во бизнис центарот се сместени
Stopanska Banka
PWC North Macedonia
Taskforce BPO

Неколку извадоци од видео по повод поставувањето на логото на PWC




Може да се види дека и делот од комплексов што ќе биде трговски центар е веќе видлив од улично ниво.

@Skopje Трговски центар? Се знае која е површината и некои од закупците или сеуште е прерано?
Може нема да биде класичен мол, но знам дека е предвиден деловен простор, т.е. простор за продавници. Барем на рендерите е така прикажано.
За закупци уште не се знае, барем нема информации на интернет.
Еве, на овој детаљ од рендерот е прикажан делот со продавници:

@Skopje Од рендеров личи на оние молови на отворено, типа "retail parks".
Убаво дефинитивно место и може неколку продавнички да се отворат
Дефинитивно поатрактивно тука да отвориш нешто отколку во ГТЦ
Да, мислам дека ова дополнително ќе го дотепа ГТЦ, за жал.
@Skopje ГТЦ пати за една целосна реконструкција и реновација..
Ноќе е криминално дувло...
Жално е но сепак за ГТЦ најдобар реален спас е да биде делумно ако не и целосно срушен
Едноставно таков тип на трговски центар функционирал во Југославија, во денешно време неможе да опстои






































