Продолжуваат градежните активности за реконструкција на Градскиот базен Кавадарци ✔️
Во моментот интензивно се работи на партерното уредување околу базените, додека во двата базени завршува монтажата на новите плочки. Монтирана е и платформата за тобоганите, а паралелно се врши санација на летниковците. Чекор по чекор, Градскиот базен добива нов лик и ќе прерасне во модерен и функционален воден парк за сите генерации.






Bazen & Spa Sirius - Strumica




Coconut hotel and pool - Gevgelija







Bazen Park Panorama - Delcevo




И ова го има во Македонија ❗️
Денес започнува со работа Градскиот базен во Македонска Каменица – влезот е бесплатен! Да, добро прочитавте.
Ова е единстен базен во Македонија кој не е под концесија, и мајката на градот, Соња Стаменкова градоначалник на Општина Македонска Каменица одлучи да го врати во функција.
Значи кога се сака, се е можно.
На овие топли температури, цела Македонска Каменица ќе се разладува - БЕСПЛАТНО 👏
(Facebook- вести од истокот )



04.07.2026
Денес градоначалникот на општина Бутел Дарко Костовски заедно со Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски и министерката за образование и наука Весна Јаневска поставија камен темелник на првиот базен во ООУ „Ацо Шопов“.
Овој базен, чија изградба ќе биде завршена за 18 месеци, ќе биде модерен објект, изграден по сите стандарди и ќе им служи пред сѐ на учениците, спортистите но и на сите граѓани.
Пливањето како спорт има огромно значење за здравјето и развојот на младите генерации.
Со оваа инвестиција која е во вредност од 77.000.000 денари овозможуваме не само услови за развој на спортски таленти, туку и простор за рекреација и здрав живот за сите жители на општината.
Објектот ќе се простира на 621 м2 со 4 летни за пливање и ќе има посебни простории за соблекувални и тушеви. Базенското корито е со правоаголна форма. Базенот ќе ги задоволува сите потреби за тренинг и натпревари според прописите на светската пливачка федерација ФИНА.


[ https://www.facebook.com/zaopstinabutel ]
🏊♂️ Кавадарци добива нов симбол на летото!
Во четврток, 23 јули
🔹 10:00 часот – официјален почеток на Школата за пливање и упис на деца од 8 до 11 години. Со најмладите ќе работат стручни професори по физичко и здравствено образование, кои преку стручен и безбеден пристап ќе ги воведат во светот на пливањето.
Пред граѓаните ќе биде претставен целосно обновениот базен – современ спортско-рекреативен комплекс со нови содржини, создаден да понуди врвни услови за рекреација, спорт и уживање за сите генерации. Со инвестиција вредна околу 1 милион евра, Кавадарци добива еден од најмодерните и најубавите базени во Македонија.
Ве покануваме да бидете дел од овој значаен ден и заедно да го одбележиме отворањето на новото место каде што ќе се создаваат спортски успеси, летни спомени и незаборавни моменти.
Ве очекуваме! 💙🏊
https://www.facebook.com/share/r/1AKQU9vHxD/

















































