Кон содржината
Градба.мк Градба.мк
Известувања
Исчистете ги сите

Скверови

8 Написи
3 Корисници
4 Реакции
361 Прегледи
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 7 месеци
Објави: 2282
Стартер на тема   [#1157]

Оваа нишка ги опфаќа проектите поврзани со изведба на скверови,пјацети и слични партерни и хортикултурни уредувања на просторот во градските средини.



   
Цитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 7 месеци
Објави: 2282
Стартер на тема  

Започнавме со уредување на нова мини пјацета на улица „Коле Неделковски“ во Дебар Маало – простор создаден за дружење, одмор и поквалитетно секојдневие.
Покрај оваа локација, уредуваме уште една мини пјацета на улица „8 Март“.




[ https://www.facebook.com/photo?fbid=1482630383877399&set=pcb.1482630553877382 ]



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 7 месеци
Објави: 2282
Стартер на тема  

@stef4o

Сторија на ТВ 24: Граѓаните регираат дека мал плоштад во Дебар маало ќе направи голем проблем за пристапност до домовите

[ https://www.youtube.com/watch?v=kPxRUdxcx4s ]

Станарите на улица Коста Веселинов во Дебар маало стравуваат дека ќе се соочат со голем пробелм поради реконструкција и изградба на мал плоштад што треба да го реализира општина Центар.

Пред околу две недели општинските власти дошле со булдожери, но биле спречени за активности бидејќи веќе имало паркирани автомобили на станарите пред зградите. Во меѓувреме, станарите не добиле официјално известување дека ќе има некакви активности.

Марија Соларова

„Од нашите сознанија, општина Центар предвидува на овој дел, еден вид плоштад, пјаца. Поентата не знам која е, тоа ќе биде многу голем проблем за сите станари на оваа улица. Ние тука се паркираме, нема да има место каде се паркираат автомобили и онака улицата е без паркинг места, а така би се скратиле уште повеќе. Другиот проблем што би се направил-ќе ми го затворат сопствениот влез во дворот. Што значи, јас за да влезам во дворот, ќе треба да ги кружам сите четири улици-Илинденска, Ленинова, Орце Николов.. Освен со паркирањето за станарите, не би можело да дојде ни Брза помош, пожарна или средување на дворот...

Според станарите, дополнителната урбанизација ќе придонесе за зголемување на бучавата на локалната улица што дополнително ќе влијае на квалитетот на животот. Според дел од станарите оваа скица е направена набрзина и е непромислена.

Марија Соларова

„Ова што го предвидуваат не е неопходно, бидејќи тука на неколку чекори од нас има парк, кој со години е неуреден и никаков, се наоѓа карши Владата. Има и повеќе места што може да се средат. Има паркови други кои може да се уредат. Ова тука е непотребно. Ова е само фрлени пари. За што би користело? Само за наше лошо. Јас мислам дека градоначалникот наш треба да биде заинтересиран за проблемите на граѓаните.“

Во моментов жителите од улицата пишуваат петиција што ќе ја достават до општината. Од општина Центар за Телевизија 24 потврдуваат дека се запознаени со проблемот и во понеделник ќе имаат средба со засегнатите.

Општина Центар

„Во понеделник ќе имаме средба со станарите, со цел договор за понатамошен тек. Реализацијата на предвидените пјаци се веќе поминати на Совет. За останатите предвидени две пјаци, тие станари немаат проблем.“

Според податоците од проектната документација, малиот плоштад или познат како пјаца чини 33 000 евра. А, според веќе спроведента јавна набавка општината планира неколку вакви пјаци за што се одвојуваат околу 230 000 евра.

[ https://24.mk/details/storija-na-tv-24-gra-anite-regiraat-deka-mal-ploshtad-vo-debar-maalo-kje-napravi-golem-problem-za-pristapnost-do-domovite ]



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 7 месеци
Објави: 2282
Стартер на тема  

Во 2020-та тука беше отворен т.н Велоштад со убаво уреден тревник,поставени клупи и друга опрема за велосипеди.

 

 

Но за жал денес сликата е ваква 

 

(ВИДЕО) Запуштена околината кај Меѓуградската автобуска станица - „твитерџии“ реагираат за хигиената во Центар

 

Меѓуградска автобуска станица во Скопје најчесто е првата слика за многумина кој доаѓаат во градот. На социјалната мрежа „Х“ граѓани се појави видео кое доловува дека таа „прва слика“ за Скопје остава лош „прв впечаток“.

Имено, профилот со псевдоним „ЛаБуБу“ сподели видео објава од околината на автобуската станица, на кое може да се забележи расфрлан отпад покрај самиот тротоар во запуштениот тревник.

Во натписот на објавата, „ЛаБуБу“ вели: „Во околина на меѓ. автобуска скопје. Гаден народ, уште погадна држава“.

https://skopjeinfo.mk/video-zapushtena-okolinata-kaj-megjugradskata-avtobuska-stanica-tviterdzhii-reagiraat-za-higienat



   
ОдговорЦитат
(@akul1122)
Почитуван член
Се приклучи: пред 6 месеци
Објави: 168
 

@stef4o Кое ѓубре од народ сме



   
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 7 месеци
Објави: 2282
Стартер на тема  

Објавено од: @akul1122

@stef4o Кое ѓубре од народ сме

За жал најголем проблем ни е културата но и одржливоста на проектите,само 6-7 месеца откако го отворија скверот го баталија, неколку месеци ги полеваа тревниците и секое утро чистеа но толку беше.

Ова место секогаш било валкано но изминатиов период е навистина претерано,на овој потег има диви таксисти,бездомници кои спијат по клупите тотален хаос и нехигиена.

 



   
ОдговорЦитат
(@akul1122)
Почитуван член
Се приклучи: пред 6 месеци
Објави: 168
 

@stef4o И башка и дувло наркоманско тоа да не збориме

Срамота е како неможеме да исчистиме еднаш и да остане чисто

Незнам зошто комуналниве претпријатија или не поседуваат или не ги користат помали "вапови", перачи под висок притисок

Тие се многу потребни посебно за чистење на плоштади и плочки што се општо насекаде

Барем еднаш месечно да се исчисти со нив



   
Реагираше stef4o
ОдговорЦитат
Skopje
(@skopje)
Почитуван член
Се приклучи: пред 6 месеци
Објави: 122
 

Има делови во Центар кои не виделе метла или црево со вода со месеци, ако не и со години.



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
Сподели: