Кон содржината
Градба.мк Градба.мк
Споменици и скулпту...
 
Известувања
Исчистете ги сите

Споменици и скулптури

8 Написи
3 Корисници
4 Реакции
884 Прегледи
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 9 месеци
Објави: 2755
Стартер на тема   [#1165]

Оваа нишка е наменета за сите активности поврзани со поставување на споменици и скулптури низ државата,нивно одржување и други поврзани вести.

 



   
Цитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 9 месеци
Објави: 2755
Стартер на тема  
Паркчето е раскопано од август 2025. Во мај добивме уверување дека ќе биде уредено „во најскоро време“.
Помина цело лето, а „најскоро“ сè уште го чекаме.(од фб)
 

 



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 9 месеци
Објави: 2755
Стартер на тема  

Вечниот оган во центарот на Скопје, за 35 години независност доби сандали

Вечниот оган, во паркот „Жена борец“, во Скопје, првпат запален во 2012 година, на Денот на независноста,  денес, неколку смени на власта и надлежноста подоцна, и две недели по помпезната прослава на 35 години од независноста, доби сандали. 

 
Ниту некој се грижи за него, ниту некој го обновува, ниту некој од властите го спомнал, а грда слика е и за жителите на главниот град и за посетителите, странски или домашни. 

Претпоставувам дека туристичките водичи кои го роварат центарот на градот, покажувајќи им го скопскиот „дизниленд“, од кој сакале-неќеле, вадат некоја пара, го избегнуваат во широк круг, иако е потесното централно подрачје. 

 

Еве денеска, преку објективот на нашиот фотограф Борис Грданоски, погледнете како тој изгледа, а за тоа како изгледал пред три години, под една друга власт, прочитајте и видете во текстот подолу.

https://nezavisen.mk/vechniot-ogan-vo-vcentarot-na-skopje-za-35-godini-nezavisnost-dobi-sandali/



   
ОдговорЦитат
Skopje
(@skopje)
Почитуван член
Се приклучи: пред 8 месеци
Објави: 163
 

Обновен е релјефот на мајката со трите деца на споменикот на децата бегалци од Егејска Македонија што се наоѓа во шаркот „Жена борец“ во централниот дел на Скопје. Поставувањето на релјефот е извршено денеска во попладневните часови од страна на стручните екипи.

До ова дојде откако во јуни годинава на чествувањето на споменот на прогонот на Македонците во Граѓанската војна во Грција беше најавено дека ќе се врати ова обележје. Претседателот на Светскиот македонски конгрес Тодор Петров на чествувањето на 80-годишнина од почетокот на Граѓанската војна во Грција и 78-годишнина од прогонство на деца Македонци од Егејскиот дел на Македонија во 1948 година тогаш најави дека од Министерството за култура било најавено дека наскоро ќе се врати паметникот.

Ова се случува цели 18 месеци откако беше искорнат и украден релјефот чиј автор е Даница Павловска – Циги од сè уште непознати сторители.

Ова обележје во изминативе години беше предмет на вандализам. Почитта досега се искажуваше пред гол бел бетонски постамент откако повеќе спомен-обележја кои се наоѓаа на предната и на задната страна на споменикот беа искршени.

Се очекува под бакарниот релјеф да се врати и натписот: „Татковината копнеж на прогонетите“.

 

https://www.vecer.press/obnoven-e-reljefot-na-majkata-so-trite-decza-na-spomenikot-na-deczata-begalczi-od-egejska-makedonija/



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 9 месеци
Објави: 2755
Стартер на тема  

ВО БИТОЛА ПОСТАВЕН СПОМЕНИК НА ЈОНЧЕ ХРИСТОВСКИ



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
(@ivan_s)
Доверлив член
Се приклучи: пред 1 месец
Објави: 46
 

Да почнам прво од добрата страна. Супер е вака што се дава фокус и на модерни уметници, немора секој споменик да биде историско-политички.

Ама што правиме со главата што изгледа вака несразмерно и малку дури и смешно?!



   
ОдговорЦитат
Skopje
(@skopje)
Почитуван член
Се приклучи: пред 8 месеци
Објави: 163
 

Објавено од: @ivan_s
↑

Да почнам прво од добрата страна. Супер е вака што се дава фокус и на модерни уметници, немора секој споменик да биде историско-политички.

Ама што правиме со главата што изгледа вака несразмерно и малку дури и смешно?!

Изгуглај го на фотографии и ќе видиш дека и за време на животот имал доста голема глава во однос на телото.

 



   
ОдговорЦитат
Skopje
(@skopje)
Почитуван член
Се приклучи: пред 8 месеци
Објави: 163
 

„Дојрански рибар“

Оваа скулптура е авторско дело на уметникот Никола Пијанманов поставена на шеталиштето во паркот на Стар Дојран непосредно до брегот на Дојранското езеро. Ја симболиира вековната поврзаност на дојранчани со езерото, симбол на животот и нивното економско и животно опстојување.

Истата ќе биде свечено презентирана пред јавноста на 5 ноември 2026, Денот на ослободувањето на Дојран.

Скулптурата е дел од проектот „Скулптурални инсталации/Топоними“ на Центарот за современи уметности – Скопје, финансиски поддржан од Министерството за култура и туризам на РСМ во рамки на поддршката за развој на Креативните индустрии во 2026 година.

https://www.facebook.com/photo/?fbid=1571504131686226&set=a.654691490034166



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
Сподели: