20.10.2011
Се бара изведувач за Плоштадот „Скендербег“ во Скопје
Општина Чаир вчера распиша меѓународен тендер за изградба на првата фаза на Плоштадот „Скендербег“. Изведувачот би требало да се знае во втората половина на следниот месец, а од Општината се надеваат дека до крајот на годината ќе започнат градежни активности на терен. Автори на идејното решение се архитектите од „Архинг Груп“
Плоштадот „Скендербег“ ќе се реализира во три фази. Првата фаза го опфаќа просторот пред стоковната куќа „Илинден“, а со третата фаза плоштадот ќе се прошири и на територијата на општината Центар, се до објектот на Македонската филхармонија [»мапа]. За таа цел ќе биде премостен булеварот Гоце Делчев на потегот од крстосницата со улицата Стив Наумов до стоковната куќа „Мост“. Ваквата проширена верзија на плоштадот, за која Општина Центар се согласи летово, ќе се простира на вкупно 28.674 метри квадратни, наместо 12.865 метри квадратни доколку проектот се реализираше само на територијата на Чаир. Идејното решение содржи и подземна гаража на просторот околу стоковната куќа „Илинден“. Проектот ја има подршката на Владата на Република Македонија, која за негова реализација досега обезбеди околу 650.000 евра.
[ https://build.com.mk/se-bara-izveduvach-za-ploshtadot-skend/ ]
/////////////////////////////////////////////////////////
17.01.2012
Камен темелник за Плоштадот „Скендербег“
Денес беше формално означен почетокот на изградбата на Плоштадот „Скендербег“ во Скопје, проект тежок 10 милиони евра. Градежните работи ќе се одвиваат во три фази. Во првата фаза која ќе чини 2,5 милиони евра е предвидено поплочување на просторот пред стоковната куќа „Илинден“, како и покривање со плато на комплексот дуќани на улица Казанџиска. Оваа фаза би требало да заврши во рок од седум до осум месеци.
Целиот проект треба да финишира до 2014 година, до кога плоштадот ќе се прошири и на територијата на општината Центар, се до објектот на Македонската филхармонија [»мапа]. За таа цел ќе биде премостен булеварот Гоце Делчев на потегот од крстосницата со улицата Стив Наумов до стоковната куќа „Мост“. Ваквата проширена верзија на плоштадот, за која Општина Центар се согласи минатото лето, ќе се простира на вкупно 28.674 метри квадратни, наместо 12.865 метри квадратни доколку проектот се реализираше само на територијата на Чаир.
Автори на идејното решение се архитектите од „Архинг Груп“, изведувач е скопската подружница на австриската компанија „Алпине“ (Alpine Bau GmbH), а надзорот го врши „Веинг“. Проектот го финансира Владата на Република Македонија и Општина Чаир.
[ https://build.com.mk/kamen-temelnik-za-ploshtadot-skender/ ]
///////////////////////////////////////////
Скопскиот плоштад „Скендербег“ ќе ги поврзе општините Чаир и Центар, а се гради , во неколку фази, почнувајќи од јужниот приод на Старата скопска чаршија.

Kамен темелникот за изградба на плоштадот беше поставен на 17 јануари 2012 година. Првата фаза заврши со неколкумесечно задоцнување поради банкротот на австриската фирма „Алпине бау“ во пролетта 2013 година.
Предвидено е плоштадот да се протега на површина од 28.674 квадратни метри, сѐ до објектот на Македонската филхармонија. За таа цел се врши премостувањето на булеварот „Гоце Делчев“. Задачата ѝ е доделена на фирмата „Бауер БГ“.
Истовремено, општина Чаир распиша Конкурс за избор на идејно решение за изработка на мозаици за надземен пешачки премин. Избрано е решението на Јосиф и Лиљана Дробонику, Тома Томаи Џамо и Невзат Бејтули.
По завршувањето на втората фаза, ќе биде распишан тендер за изведба на третата фаза, со која е предвиден подземен паркинг на две нивоа со капацитет од 400 возила на местото на постојниот паркинг кај стоковната куќа „Илинден“.
Идејното решение за изградба на плоштадот „Скендербег“ го изработи бирото „Архи Груп“. Автори на идејното решение се архитектите Бетим Зеќири, Бекир Адеми и Бесиан Мехмети.
Проектот го финансираат Владата на Република Македонија и општина Чаир.
[ https://skopje2014.prizma.mk/mk/Ploshtad-Skenderbeg ]
/////////////////////////////////////////////////////////
29.12.2013
Плоштадот „Скендербег“ ќе биде завршен во 2014 година
Иако доцнат изведбените работи на проектот, плоштадот „Скендербег“ ќе биде завршен на време. Од Општина Чаир ветуваат дека преостанатите две фази од изградбата на овој јавен простор во центарот на Скопје ќе бидат завршени во текот на 2014 година. Како што беше објавено и на започнувањето на проектот, наредната година ќе се работи на најсложениот дел – втората фаза, која опфаќа премостување на булеварот „Гоце Делчев“ до објектот на Македонската опера и балет. На тој начин, ќе се оформи целината на ова урбано јадро, кое треба да се поврзе со плоштадот „Филип Втори“. Причина за доцнењето во реализацијата на проектот е долгата процедура за добивање на документите, кои не се докомплетирани. Од Општината наведуваат дека изградбата на плоштадот ќе продолжи напролет.
Остварувањето на проектот за плоштадот „Скендербег“ стартуваше во јануари 2012 година, а што најголем дел од изведбените активности финишираа во првата половина на 2013 година. Како изведувач на зафатот беше избрана австриската градежна компанија „Алпине“, која банкротираше во текот на јуни година. Овие околности влијаеја врз завршните работи на првата етапа од проектот, кој според одговорните од Општина Чаир сега комплетирани.
Финансиската конструкција на овој проект изнесува околу 10 милиони евра, средства што се обезбедени од владиниот и локалниот буџет. Идниот плоштад ќе се простира на површина од 28.674 метри квадратни, пешачка зона што ќе ги спојува општините Центар и Чаир. Во рамките на проектот е предвиден и подземен паркинг на две нивоа на местото на постоечкиот паркинг кај споменикот „Скендербег“.
[ https://build.com.mk/ploshtadot-skenderbeg-ke-bide-zavr/ ]
//////////////////////////////////////////////////////////
09.11.2014
Втората фаза од изградбата на плоштадот „Скендербег“ во Скопје ќе голтне 10 милиони евра (ДОПОЛНЕТО)
Фирмата „Бауер БГ“ ќе го изведе премостувањето на булеварот Гоце Делчев, со кое плоштадот „Скендербег“ ќе се прошири и на територијата на општина Центар [»мапа]. Градежните работи треба да почнат во наредните десетина дена и да се завршат во рок од една година, а според информациите што ги пренесе дневниот весник „Дневник“, „Бауер БГ“ за своите услуги ќе наплати околу 10 милиони евра. За време на реализацијата на проектот ќе функционира посебен сообраќаен режим.
Основниот проект за оваа фаза од изградбата на плоштадот „Скендербег“ го изработи Друштвото за градежништво и услуги „Урбан Стил Инженеринг“, за што Општина Чаир веќе издвои околу 440 илјади евра. Проектот предвидува изградба на мост преку булеварот Гоце Делчев на потегот од крстосницата со улицата Стив Наумов до стоковната куќа „Мост“, врз кој ќе се наоѓа платото на плоштадот (со што ќе бидат покриени околу 150 метри од булеварот). Ваквата проширена верзија на плоштадот, за која Општина Центар се согласи во 2011 година, ќе се простира на вкупно 28.674 метри квадратни, наместо 12.865 метри квадратни доколку проектот се реализираше само на територијата на Чаир.
По завршувањето на втората фаза, ќе биде распишан тендер за изведба на третата фаза, со која е предвиден подземен паркинг на две нивоа со капацитет за 400 возила на местото на постојниот паркинг кај стоковната куќа „Илинден“. Kамен темелникот за изградба на плоштадот беше поставен на 17 јануари 2012 година. Реализацијата на првата фаза заврши кон средината на минатата година и чинеше околу 2,7 милиона евра. Автори на Идејното решение се архитектите Бетим Зеќири, Бекир Адеми и Бесиан Мехмети.
[ https://build.com.mk/vtorata-faza-od-izgradbata-na-ploshtad/ ]
//////////////////////////////
12.01.2015
Започна втората фаза од изградбата на плоштадот „Скендербег“
Скопската општина Чаир ги отпочна работите за изградба на втората фаза од плоштадот „Скендербег“, со која е предвидено да се премости булеварот Гоце Делчев. Работниците на градежната компанија „Бауер БГ“ веќе го оформуваат градилиштето. Од локалната самоуправа најавуваат дека јавниот простор над скопската сообраќајница ќе се протега на 8.000 метри квадратни, додека површината пред стоковната куќа „Илинден“ ќе опфаќа околу 14.000 метри квадратни. Плоштадот ќе се простира од стоковната куќа „Мост до улицата Стив Наумов, како и од стоковната куќа „Илинден“ до Македонската опера и балет.
[ https://build.com.mk/zapochna-vtorata-faza-od-izgradbata-na/ ]
///////////////////////////////////////////////////
05.05.2017
Втората фаза од плоштадот „Скендербег“ поскапе за дополнителни 300.000 евра
Изградбата на скопскиот плоштад „Скендербег“ се ближи кон својот крај, но цената на проектот продолжува да расте. Општина Чаир и „Бауер БГ“ од Скопје на почетокот од април годинава склучиле дополнителен договор за непредвидени работи во висина од 18.174.129 денари. Вкупната вредност на проектот се искачи на над 682 милиони денари и надмина 11 милиони евра, вклучувајќи ја единствено втората фаза. Локалните власти веќе најавија дека оваа фаза од изградбата на плоштадот „Скендербег“ ќе заврши до крајот на мај годинава.
Покривањето на левиот дел од јавниот простор се одвива побрзо, поаѓајќи од фактот што се употребуваат префабрикувани бетонски елементи. На терен веќе се поставува и дел од урбаната опрема на плоштадот, кој е предвидено да се простира на 22.000 метри квадратни. Премостувањето на булеварот „Гоце Делчев“ опфаќа површина од 8.000 метри квадратни. Локалните власти порачаа мозаици, кои ќе се постават на бетонските платоа кон чаршијата и кон страничните ѕидови на скалите од амфитеатарот.
По целосното завршување на работите, општина Чаир планира да премине кон реализација на третата фаза од проектот. Овој сегмент ќе опфати изградба на подземен паркинг на две нивоа со капацитет од 400 возила, со што ќе се ублажи проблемот со недостиг за паркирање околу Старата скопска чаршија.
[ https://build.com.mk/vtorata-faza-od-ploshtadot-skenderbeg-poskape-za-dopolnitelni-300-000-evra/ ]
///////////////////////////////////////////////////////////////////////////
29.08.2017
ФОТО ВЕСТ: Заврши втората фаза од изградбата на плоштадот „Скендербег“














Општина Чаир ја комплетираше реализацијата на втората фаза од изградбата на плоштадот „Скендербег“ во центарот на Скопје. Новиот плоштад го премостува булеварот „Гоце Делчев“, оформувајќи јавен простор со површина од околу 8.000 метри квадратни. Во средиштето на јавниот простор е поставена инсталација, чиј облик го следи дизајнот на новиот објект на Македонската филхармонија. Инсталацијата е прекриена во бела боја, градејќи незначителна врска со објектот на Македонската опера и балет.
Просторот под плоштадот е осветлен и е оспособен за движење на возила, пешаци и велосипеди, додека од страничните страни на плоштадот се изведени пристапи за велосипеди, два ескалатора и лифт. Скалишниот простор се спушта кон стоковната куќа „Мост“, Старата скопска чаршија и споменикот на Скендербег. Пред некогашната стоковна куќа „Илинден“ е поставен споменикот „Скендербег“, чијшто нов постамент е издигнат неколку метри повисоко во однос на претходниот постамент.
Пред обележјето на оваа значајна личност за албанскиот народ е оформен втор помал плоштад. Централно место во овој јавен простор заземаат мозаиците со мотиви од неколку албански тврдини, но и со мотиви од старо Скопје. Меѓу нив, сигурно најголемо внимание ќе предизвика муралниот мозаик налик на оној што го краси Националниот историски музеј во Тирана. На скопската верзија се наоѓаат знамето на Албанија, Мајка Тереза, Скендербег, албанските партизани и преродбеници, но и други ликови од албанската историја. На околниот простор е поставена урбана опрема и осветлување.
Изградбата на плоштадот „Скендербег“ чинеше над 11 милиони евра. Овој проект беше составен дел од проектот „Скопје 2014“, во кој како инвеститор се јавија македонската влада и општина Чаир. Градежните работи на терен ги изведуваше скопската фирма „Бауер БГ“. Целокупната површина на плоштадот треба да опфати 22.000 метри квадратни, но третата фаза од проектот треба допрва да се изведува.
Во последната фаза од реализацијата на плоштадот „Скендербег“ треба да се изведе подземен паркинг на две нивоа со капацитет од 400 возила. Засега нема информации за тоа кога би почнала изградбата на овој паркинг.
[ https://build.com.mk/foto-vest-zavrshi-vtorata-faza-od-izgradbata-na-ploshtadot-skenderbeg/ ]
20.04.2021
Плоштадот „Скендербег“ – сè уште недовршена градба

Иако изградбата на плоштадот „Скендербег“ во Скопје започна пред скоро една деценија, сè уште не е завршена. Според авторите, се очекува проектот да продолжи, за да добие значење во третата фаза, а не е исклучена и можноста да продолжи понатаму и во иднина.
Крајниот рок за завршување на проектот Плоштад „Скендербег“ беше 2014 година. Покрај првата верзија, проектот претрпел неколку измени кои се видливи во самата структура на плоштадот. Првенствено беше предвидена изградба на плоштад во права линија со површината на трговскиот центар „Мавровка“, додека булеварот Гоце Делчев би поминувал под него. Проектот се смени подоцна и плоштадот се подигна еден кат над постојниот пат, во форма на тераса, во близина на бистата на Ѓерѓ Кастриоти Скендербег.
Изградбата требаше да се одвива во три фази. Првата фаза, која вклучува работи во територијата која и припаѓа на Општина Чаир, завршила во 2013 година. Втората фаза, каде се вклучени главно изградбата на надвозникот на Булеварот „Гоце Делчев“, започна во тек на 2016 година, додека плоштадот конечно се инаугурираше во август 2017 год. Реализацијата на третата фаза се уште не започнала.
Овие измени, како и други правни пречки направија да работите се одолговлечат. Еден од идејните автори вели дека политизираната бирократија и ограничените финансии била клучните проблеми во овој проект.
„Наметнатиот политички карактер и политизираната бирократија (во главно на национална база) беа клучните пречки при конципирање на проектот. За изведбата на истиот, веруваме дека главни пречки биле парадоксалните финансиски рамки кои влијаеле врз времетраењето на градбата, како и на сегашното непотполно функционирање“, вели Бетим Зеќири, архитект на планот на Плоштадот „Скендербег“.
Првично, овој проект е предвидено да чини над 10 милиони евра, но конечната вредност изгледа ќе биде неколку пати повисока. Се обративме до Општина Чаир преку Барање за пристап до информации од јавен карактер, од каде ги обезбедивме договорите за изградба на проектот.
Договорот потпишан со „Интернешенал Инвестмент Груп“ за изградбата на првата фаза, според документот обезбеден од Општина Чаир, е со вредност од 153.015.662 денари, или приближно 2.5 милиони евра.
За втората фаза, Општината имала договор со „Бауер БГ ДОО“ со вредност од 663.964.093 денари, или 10.8 милиони евра.
Од Општината информираат дека за третата фаза сè уште нема договор за изведба, туку само договор за проектирање.
Третата фаза на изградба на Плоштадот „Скендербег“ сè уште не започнала
Работите за третата фаза на проектот уште не започнале. Во оваа фаза, во главно е предвидена изградбата на подземниот паркинг, со што би се проширило шеталиштето од бистата на „Ѓерѓ Кастриоти Скендербег“ во правец на Трговскиот центар „Мавровка“. Актуелниот градоначалник на Општина Чаир, Висар Ганиу, на претходните локални избори, во неговиот план за локална самоуправа насловен „Договор 2017-2021“, ветил завршување на оваа фаза во тек на четиригодишниот мандат, за што се предвидуваше буџет од 786.169.857 денари, или околу 12.8 милиони евра.

Со оваа програма се предвидува изградба на подземна гаража на катови во рамките на плоштадот „Скендербег“, трета фаза, со обезбедување на 380 паркинг места со регулирање на плоштадот“, се наведува во програмата на Демократската Унија за Интеграција „Договор 2017-2021 година
Од општина Чаир велат дека деталниот проект за оваа фаза е готов, но дека работите не се започнати. Ни ветија дека ќе бидеме информирани за причините поради кои работите не започнале, но сепак тие информации не се доставени до нас.
Според проектантите, доколку се надминат тендерските пречки и со соодветни претприемачи, оваа фаза може да се заврши во временски рок од околу една и пол година.
„За изградба на третата фаза на плоштадот Скендербег се потребни 12 до 18 месеци. Тоа во голема мера зависи од техничката подготовка на претприемачот што ќе гради и секако и од начинот на наддавање. Ако главниот критериум на овој тендер би била најповолната понуда, тогаш времето за изградба би можело да се удвои“, истакна Бекир Адеми, еден од проектантите на плоштадот „Скендербег“.
Одржувањето на Плоштадот „Скендербег“, неуспешна мисија
Плоштадот претрпел големи штети, не работат лифтовите што го поврзуваат приземјето со терасата, како и електричните скали. Лифтовите никогаш не функционирале, а електричните скали работеа само неколку дена откако беа пуштени во употреба. Просторите за лифтови се претворени во корпи за отпадоци. Клупите и зелените површини се оштетени. Мозаикот, како и неколку бетонски плочи имаат пукнатини.

Архитектот Бесиан Мехмеди вели дека проектантите немале пристап до надзор над работите, за да го потврдат квалитетот на изградбата.
“Користените материјали за изградба на Плоштадот Скендербег во Скопје се главно тие што се предвидени со проектната документација. За нивниот квалитет не можеме да дадеме мислење бидејќи не сме имале пристап до соодветни докази за квалитет“, вели Бесиан Мехмеди, проектант на плоштадот „Скендербег“.
Проектантите велат дека моменталната состојба на плоштадот е релативно добра и покрај минималната грижа. Од друга страна, додаваат дека би било добро во иднина да се вклучи во разни културни и уметнички проекти.
Од Општина Чаир побаравме конкретни информации за годишните трошоци за одржување на Плоштадот „Скендербег“, но не добивме одговор.
Граѓаните имаат различни мислења за изгледот на плоштадот. Некои од нив бараат брза реализација на првичната идеја за истиот.
„Со сегашната состојба на овој проект, јас не би ја именувал оваа зона како плоштад, поради недоволната интеграција со јавната површина околу Чаршијата и зоната по булеварот „Гоце Делчев“, поврзување кое не е ни многу природно, особено во смисла на промена на нивоа. Ова може да се забележи и од начинот како и колку граѓаните го користат овој простор“, вели В.Ф., граѓанка.
„Претставува инженерско и естетско достигнување. Меѓутоа, се надевам дека ќе се најде административен начин да се реализира првичната идеја на овој проект, да се поврзе со јавната површина надвор по Булеварот „Гоце Делчев“, што ќе и даде смисла и вредност на оваа интервенција“, вели А.Х.
„Дефинитивно не личи на плоштад, не ни знаев дека е наречен плоштад. Изгледа како напуштено место, недостасуваат зелени површини, дрвја и нешто друго за да изгледа поприродно и да може граѓаните да го чувствуваат како плоштад. Како што изгледа сега, со целата оваа бучава од автомобилите, не ми паѓа на памет да го сметам за плоштад“, рече И.К.
Бидејќи нема никакво објаснување од општината, кога точно овој плоштад ќе се смета за завршен, сè уште не е познато. Исто така, не е познато колкава е веројатноста проектот повторно да претрпи измени, како што тоа се случи неколку пати од првичната идеја.
[ https://pina.mk/4772-ploshtadot-skenderbeg-se-ushte-nedovrshena-gradba/ ]
26 ноември, 2024
Ќе се гради подземна гаража кај плоштадот „Скендербег“ – Владата ќе издвои 20 милиони евра
Гаражата, според првиот вицепремиер Меџити, ќе биде од особено значење за Старата скопска чаршија бидејќи ќе го реши долгогодишниот проблем со недостигот на паркинг-места во овој дел од градот, а ќе придонесе и за значително зголемување на туристичкиот потенцијал на Старата скопска чаршија
Владата на денешната седница донела одлука да издвои 20 милиони евра за изградба на подземна катна гаража кај плоштадот „Скендербег“, информира попладнево на прес-конференција првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, кој додаде дека со ова ќе се решат инфраструктурните проблеми со кои се соочуваа овој дел од главниот град.
Според првиот вицепремиер, станува збор за повеќегодишен проект кој предвидува изградба на на 371 ново паркинг-место, распоредени на две подземни нивоа, со вкупна површина од 13 илјади квадратни метри, со адекватен број паркинг места за лица со посебни потреби.
„Со оваа инвестиција ние ја демонстрираме нашата посветеност кон решавање на инфраструктурните предизвици со кои се соочува нашиот главен град, Старата скопска чаршија, Општина Чаир и Општина Центар“,
рече Меџити.
Изградбата на подземната гаража, како што посочи тој, ќе биде од особено значење за Старата скопска чаршија бидејќи ќе го реши долгогодишниот проблем со недостигот на паркинг-места во овој дел од градот и ќе го олесни сообраќајот и пристапот за локалните жители и посетителите.
Проектот, според првиот вицепремиер, ќе придонесе и за значително зголемување на туристичкиот потенцијал на Старата скопска чаршија.
„Туристите ќе имаат подобар пристап до овој културно-историски дел од градот што ќе придонесе за развој на локалната економија и ќе создаде нови можности за бизниси во регионот. Особено сум задоволен што Владата успеа да одвои средства за овој важен проект во рамки на Министерството за транспорт. Ова е доказ дека со заеднички напори и визија можеме да постигнеме значајни подобрувања во животот на нашите граѓани. Нашата обврска да продолжиме со вакви иницијативи кои ќе донесат долгорочни придобивки за целото општество“,кажа тој на прес-конференцијата.
Во наредниот период, Меџити рече дека ќе работат на реализација на проектот во најкраток можен рок и со највисок квалитет и дека ќе обезбедат транспарентност и отчетност во сите фази од изградбата.
Одговарајќи на новинарско прашање, првиот вицепремиер рече дека проектот е готов и дека тендерската постапка ќе се отвори наскоро, а на почетокот на годината очекува да почнат градежните работи.
23.03.2026
ФОТО | Се рони бетонот и столбовите под „Скендербег“, Градот најави увид


Откако ќе се направи увид, од Град Скопје информираа дека ќе следува детална проценка на оштетувањето на овој простор, односно и на столбовите и на бетонските плочи над булеварот, а потоа би се направила евентуална санација што би спречила каков било немил настан.
Граѓани од минатата недела започнаа да алармираат за сериозна опасност кај подвозникот на булеварот „Гоце Делчев“ што поминува под плоштадот „Скендербег“, каде што дел од потпорните бетонски плочи се сериозно оштетени, започнуваат да се ронат од влагата и се поткршени, создавајќи сериозна закана за илјадниците возачи што секојдневно минуваат на оваа локација.
Бетонските плочи се ронат, Градот ќе направи увид
„Слободен печат“ отиде на критичната локација од овој подвозник, каде што можевме да забележиме дека апелите и загриженоста на скопјани е сосема оправдана – плочите се ронат и на едно место се веќе одвоени една од друга, а на неколку места над подвозникот плочите се излупени и избледени, влагата сè повеќе се проширува и зафаќа поголем дел од потпорниот дел од подвозникот.
Можеби најсериозно е оштетувањето на дел од носечките столбови над кои е сместен плоштадот „Скендербег“, кои се поткршени, изронети и одвоени, што не претставува закана само за возачите што минуваат под плоштадот, туку и за пешаците што се движат по плоштадот.
Веднаш ги контактиравме Град Скопје и ги информиравме за овој проблем, од каде што ни одговорија дека во најкус рок ќе им дадат насоки на ЈП „Улици и патишта“ да направат увид на конструкцијата и целиот тој простор над булеварот каде што има разронети метални плочи и бетонски столбови.
– Во врска со оштетените бетонски плочи над булеварот „Гоце Делчев“, ве известуваме дека Град Скопје во најкус можен рок ќе испрати екипи на ЈП „Улици и патишта“ – Скопје за да извршат увид на терен и да ја утврдат состојбата на конструкцијата – изјавија од Градот.
Откако ќе се направи увид, од Град Скопје информираа дека ќе следува детална процена на оштетувањето на овој простор, односно и на столбовите и на бетонските плочи над булеварот, а потоа би се направила санација.
– По извршениот увид, ќе се направи детална процена на оштетувањата, по што ќе се пристапи кон соодветна санација на сите утврдени оштетени и небезбедни делови, со цел спречување евентуални несакани настани и обезбедување безбедно одвивање на сообраќајот. Во однос на реставрацијата на целиот простор над булеварот, дополнително ќе се постапува согласно наодите од стручната анализа и утврдената состојба на терен – соопштија од Град Скопје.
Ви препорачуваме
1
Унгарскиот шеф на дипломатијата со години ѝ давал на Русија доверливи информации од состаноците на ЕУ, објави „Вашингтон пост“
2
Транспарентност по мерка на Владата и на МНР – портпаролот на министерот Муцунски наречен Фејсбук
3
ВИДЕO | Трагедија во Њујорк: авион на „Ер Канада“ удри во возило на писта, има загинати и повредени
4
Курсна листа на НБРСМ: Колку чини еврото денес?
5
Трамп се закани дека ќе ги збрише иранските електрани, Израел започна нови напади врз Техеран: Еве што се случуваше на 23-от ден од војната
Прикажи повеќе вести
ВОЈНА ВО УКРАИНА
1
Украина: Продолжуваат разговорите за решавање на војната со посредство на САД
Прикажи повеќе вести
Оштетување на подвожњакот кај Скендер Бег - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Оштетување на подвожњакот кај Скендер Бег - Фото Слободен печат - Методи Здравев
ФОТО | Се рони бетонот и столбовите под „Скендербег“, Градот најави увид
Филип Николов
Пред 56 минути
Откако ќе се направи увид, од Град Скопје информираа дека ќе следува детална проценка на оштетувањето на овој простор, односно и на столбовите и на бетонските плочи над булеварот, а потоа би се направила евентуална санација што би спречила каков било немил настан.
Граѓани од минатата недела започнаа да алармираат за сериозна опасност кај подвозникот на булеварот „Гоце Делчев“ што поминува под плоштадот „Скендербег“, каде што дел од потпорните бетонски плочи се сериозно оштетени, започнуваат да се ронат од влагата и се поткршени, создавајќи сериозна закана за илјадниците возачи што секојдневно минуваат на оваа локација.
Report Ad
Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber
Препорачано
ФОТО | Пастелни фасади и симетрија: Пет европски градови кои наликуваат на филмовите на Вес Андерсон
Антоан Гризман ќе игра во МЛС лигата за Орландо сити
ГАЛЕРИЈА | Уништен лифтот кај „Скендербег“
НАЈНОВО НА SPORT.COM.MK
Партизан поразен во „вечното дерби“
Реал преку пресврт до три бода против Атлетико
Сензација во Мајами: Корда го сруши светскиот број еден
Оштетување на подвожњакот кај Скендер Бег - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Оштетување на подвозникот кај Скендер Бег – Фото Слободен печат – Методи Здравев
Бетонските плочи се ронат, Градот ќе направи увид
„Слободен печат“ отиде на критичната локација од овој подвозник, каде што можевме да забележиме дека апелите и загриженоста на скопјани е сосема оправдана – плочите се ронат и на едно место се веќе одвоени една од друга, а на неколку места над подвозникот плочите се излупени и избледени, влагата сè повеќе се проширува и зафаќа поголем дел од потпорниот дел од подвозникот.
Можеби најсериозно е оштетувањето на дел од носечките столбови над кои е сместен плоштадот „Скендербег“, кои се поткршени, изронети и одвоени, што не претставува закана само за возачите што минуваат под плоштадот, туку и за пешаците што се движат по плоштадот.
Оштетување на подвозникот кај Скендер Бег - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Оштетување на подвозникот кај Скендер Бег – Фото Слободен печат – Методи Здравев
Веднаш ги контактиравме Град Скопје и ги информиравме за овој проблем, од каде што ни одговорија дека во најкус рок ќе им дадат насоки на ЈП „Улици и патишта“ да направат увид на конструкцијата и целиот тој простор над булеварот каде што има разронети метални плочи и бетонски столбови.
– Во врска со оштетените бетонски плочи над булеварот „Гоце Делчев“, ве известуваме дека Град Скопје во најкус можен рок ќе испрати екипи на ЈП „Улици и патишта“ – Скопје за да извршат увид на терен и да ја утврдат состојбата на конструкцијата – изјавија од Градот.
Оштетување на подвожњакот кај Скендер Бег - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Оштетување на подвозникот кај Скендер Бег – Фото Слободен печат – Методи Здравев
Откако ќе се направи увид, од Град Скопје информираа дека ќе следува детална процена на оштетувањето на овој простор, односно и на столбовите и на бетонските плочи над булеварот, а потоа би се направила санација.
– По извршениот увид, ќе се направи детална процена на оштетувањата, по што ќе се пристапи кон соодветна санација на сите утврдени оштетени и небезбедни делови, со цел спречување евентуални несакани настани и обезбедување безбедно одвивање на сообраќајот. Во однос на реставрацијата на целиот простор над булеварот, дополнително ќе се постапува согласно наодите од стручната анализа и утврдената состојба на терен – соопштија од Град Скопје.
Ѕидовите вандализирани, лифтот уништен
Одејќи кон оваа локација, за нас, но и за сите минувачи беше невозможно да се избегнат руинираните лифтови и скалила што водат кон плоштадот „Скендербег“. Глетката беше ужасна, лифтовите беа покриени со прашина и вандализирани.
Автоматските врати од лифтот се целосно уништени и насилно отворени, а внатрешниот дел од лифтот е исполнет со секаков тип ѓубре, ќеси со отпад, стара и валкана облека, а ужасно е валкан и внатрешниот дел од вратата на лифтот, која е покриена со кафена материја. Сѐ на сѐ, целата оваа глетка и состојба го прави тотално неупотреблив за граѓаните.
Лифтовите не работат со години, а негрижата од надлежните се забележува со тоа што освен што се надвор од функција, лифтовите се ужасни и однадвор, пречкртани со секакви спрејови за боја, а оштетување може да се забележи и на стаклената конструкција околу лифтот која е огромна и премногу валкана. Прозорците се матни, а наместа и кафени, бидејќи очигледно оваа градба со години не е генерално исчистена од комуналните служби на Општината
Со оглед на ужасната состојба и нефункционалноста на лифтот, скалилата се единствениот начин за качување на плоштадот, но и патот до нив не е нешто почист од просторот околу и во лифтот – ѕидовите се исчкртани, корпата за отпадоци е уништена и откорната, правејќи ја глетката на пешаците навистина „магична“ додека се качуваат по скалилата за да стигнат до плоштадот „Скендербег“.


На прашањата до Општина Чаир зошто местото е заборавено од нивните служби и дали во скоро време на оваа локација ќе наминат општинските комуналци, но и до каде е изградбата на подземниот паркинг, што претставува последната трета фаза од проектот за плоштадот „Скендербег“, оттаму до објавувањето на овој текст не добивме одговор.
Најпрвин останува да видиме дали екипи на „Улици и патишта“ ќе излезат на терен и ќе направат увид на оштетените бетонски плочи кај подвозникот, да направат процена и потоа да ги санираат овие критични точки, кои претставуваат сериозна закана за големиот број граѓани што секојдневно минуваат преку оваа подземна сообраќајница.
Плоштадот сѐ уште не е завршен, а досега чини над 11 милиони евра

Градењето на плоштадот „Скендербег“ беше предвидено да се одвива во три фази, а камен-темелникот беше поставен во јануари 2012 година. По завршувањето на првата и втората фаза со одредени задоцнувања, плоштадот конечно во 2017 беше пуштен во употреба за граѓаните, но третата и последна фаза остана недовршена до денес.
Третата фаза предвидува изградба на подземен паркинг на две нивоа со капацитет од 400 возила на местото на сегашниот паркинг кај стоковната куќа „Илинден“, но речиси една деценија по пуштањето на употреба на плоштадот, работите за третата фаза со која би завршил овој проект, сè уште не започнале.
Ветувања за започнување на третата фаза имаше и од ексградоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, кој вети завршување на подземниот паркинг до 2021 година, за кој имаше и предвиден буџет од околу 12,8 милиони евра.
Сепак, Ганиу не успеа ниту во првиот ниту во вториот мандат да ја заврши подземната гаража. И актуелниот градоначалник Изет Меџити во изборната кампања вети подземен паркинг не за 400 возила, туку дури за 800 возила.
– Имаме владина одлука и отворена набавка за изградба на подземна гаража на две нивоа под плоштадот „Скендербег“, со капацитет од 800 возила и површина од над 12.500 метри квадратни. Ова ќе го ослободи централното јадро, ќе овозможи нормално функционирање и ќе ја зголеми вредноста на Чаршијата – изјави Меџити.
Сепак, повеќе од пола година од изборите, на оваа локација во Чаир нема никакви градежни активности кои би го означиле почетокот на изградбата на подземната гаража, со која би се финализирал проектот за плоштадот „Скендербег“.
Куполите на плоштадот Скендербег во Скопје ќе се трансформираат во библиотеки!
Според градоначалникот на Општина Чаир, овие куполи ќе се пренаменат како библиотеки, а на овој простор секоја година традиционално ќе се одржува ,,Саем на албанската книга"


[ https://www.facebook.com/photo?fbid=1338781101679755&set=pcb.27302364329397157 ]
Може да почне третата фаза од реализацијата на плоштадот „Скендербег“
Раководителот на Секторот за урбанизам, Џенгис Хани, информираше за весникот ВЕЧЕР дека третата фаза опфаќа изградба на паркинг со две подземни нивоа, со вкупна површина од над 14.000 квадратни метри, односно со површина од над 7.000 квадратни метри на секое ниво. Вкупниот капацитет на двете нивоа ќе биде 400 возила, односно по 200 возило на секое ниво, а ќе има и паркинг-места за лицата со посебни потреби. Хани објасни дека надземниот дел на паркингот ќе биде пешачка зона и ќе биде уреден со неколку фонтани што ќе бидат без корито, а ќе биде поставена урбана опрема, односно клупи, жардиниери, како и нови канделабри. Се очекува за околу два месеци да почнат градежните активности, а изградбата ќе трае две-три години
Отстранета е административната пречка за реализација на третата фаза од плоштадот „Скендербег“. Имено, градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, информираше дека Владата ја донела одлуката за пренос на сопственоста на земјиштето на плоштадот „Скендербег“ на Општина Чаир.
Според Меџити, со оваа одлука се создадени сите предуслови за отворање на постапката за јавна набавка и започнување на градежните работи за заокружување на еден од најзначајните проекти.
– Со одлуката на Владата се отстранува последната административна пречка и се отвора патот за реализација на третата фаза од плоштадот „Скендербег“. Сега се создадени сите услови многу брзо да почне постапката за јавна набавка и реализацијата на овој значаен проект – изјави Меџити.
Раководителот на Секторот за урбанизам, Џенгис Хани, информираше за весникот ВЕЧЕР дека третата фаза опфаќа изградба на паркинг со две подземни нивоа, со вкупна површина од над 14.000 квадратни метри, односно со површина од над 7.000 квадратни метри на секое ниво.
– Вкупниот капацитет на двете нивоа ќе биде 400 возила, односно по 200 возило на секое ниво, а ќе има и паркинг-места за лицата со посебни потреби – нагласи Хани.
Тој објасни дека надземниот дел на паркингот ќе биде пешачка зона и ќе биде уреден со неколку фонтани што ќе бидат без корито.
– Воедно, ќе биде поставена урбана опрема, односно клупи, жардиниери, како и нови канделабри – наведе Хани.
Реализацијата на оваа трета фаза чини околу 25 милиони евра.
– Проектот е готов, а наредната недела се очекува и одобрението за градба. Потоа ќе се распише јавна набавка за избор на најповолен изведувач. Така што се очекува за околу два месеци да почнат градежните активности – истакна Хани.
Тој додаде дека реализацијата ќе се одвива во фази, најмалку две, бидејќи се работи за покомплексен објект, кој ќе се гради на фреквентно место, каде што постојано има движење на луѓе. Изградбата би таела две-три години.
Изградбата на плоштадот „Скендербег“ почна на 17 јануари 2012, кога беше поставен камен-темелникот. Првата фаза на плоштадот заврши во 2013 година. Втората фаза почна со реализација во 2016 година, а плоштадот беше пуштен во употреба во 2017 година. Чинеше вкупно околу 11 милиони евра.
Идејното решение за изградба на плоштадот „Скендербег“ го изработи бирото „Архи груп“, а автори се архитектите Бетим Зеќири, Бекир Адеми и Бесијан Мехмети.
[ https://www.vecer.press/mozhe-da-pochne-tretata-faza-od-realizaczijata-na-ploshtadot-skenderbeg/ ]