Плоштадот „Пресвета Богородица“ е простор околу истоимената црква помеѓу булеварите „Филип Втори Македонски“ и „Крсте Петков Мисирков“.
На плоштадот се поставени три фонтани, во чија средина се наоѓаат столбови обложени со мермерни релјефи на чиј врв се скулптури на Пресвета Богородица, на свети Никола и на свети Петар и Павле. Тие се поставени во првата етапа од изградбата, во август 2013 година.
За градежните работи од страна на општина Центар беше ангажирана градежната фирма „Бетон“. Со промена на власта по локалните избори во 2013, довршувањето на плоштадот го презема Град Скопје. Во јуни 2014, потпишан е нов договор за реконструкција на улицата „Димитар Влахов“, односно левата страна на кејот на реката Вардар со фирмата „Бауер БГ“.
За реконструкција на истата улица и довршување на плоштадот, во март 2015 е потпишан и трет договор, овојпат со компанијата „Урбан инвест“. Со овој проект е предвидено проширување на плоштадот „Пресвета Богородица“ кон реката Вардар .
[ https://skopje2014.prizma.mk/mk/ploshtad-presveta-bogorodica ]
///////////////////////////////////////////////////////////////////////////////////////////////////////////
ДГ Бетон АД Скопје активно работи на изградба на плоштадот Пресвета Богородица, кој е предвидено да се оформи околу истоимената црква во центарот на главниот град. Архитектонското решение предвидува плоштадот да се простира на површина од 3.200 метри квадратни и да бидат изведени три фонтани посветени на Пресвета Богородица, на свети Никола и на свети Петар и Павле.





........
Трите фонтани на плоштадот „Пресвета Богородица", во чија средина на столбови обложени со мермерни релјефи се поставени скулптури на Пресвета Богородица, на свети Никола и на свети Петар и Павле, се ставени во функција. На големиот православен празник, Успение на Пресвета Богородица – Голема Богодорица, отворен новиот плоштад во Скопје, во чест на мајката Божја, Богородица. Благовештението, рождеството христово, сонот на Св. Павле, се само дел од епизодите кои се претставени во форма на длабок релјеф.










[ https://www.facebook.com/beton.ad.sk ]
7 март 2018
280.000 ЕВРА ЗА УРЕДУВАЊЕ НА ПЛОШТАДОТ ПРЕД БАРОКНАТА ЗГРАДА НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА ДРАМСКИ УМЕТНОСТИ
За 280.000 евра партерно ќе се уредува просторот околу новата зграда каде што ќе биде сместен Факултетот за драмски уметности и дел од државни институции, веднаш до црквата Пресвета Богородица во Скопје.
Службата за општи и заеднички работи на Владата склучи договор со ГП “Бетон“ кое со гранитни плочки треба да го поплочи просторот, да постави клупи и корпи за отпадоци и канделабри. Овој дел ќе биде продолжение на плоштадот Богородица, кој го правеше Град Скопје кога градоначалник беше Коце Трајановски и чинеше 470.000 евра.
„Зградата е завршена и веќе месецов институциите ќе почна да се вселуваат. Во договорот за нејзина изградба не било вклучено и уредување на просторот, па затоа моравме да распишеме тендер. Проценетата вредност на договорот беше околу 23 милиони денари, на електронската аукција цената се симна на 17 милиони денари“, вели Пеце Мирчевски директор на Службата за општи и заеднички работи.
За изградба на барокната зграда во која ќе бидат сместени Факултетот за драмски уметности и десетина државни институции потрошени се околу 25 милиони евра. Зградата е на седум ката плус поткровје и почна да се гради во 2012 година.
////////////////////////////////////////////////////////////////////////////////////////////////////////////
3 мај 2023
ЦРКВАТА НА ДИВО НАПЛАЌА ПАРКИРАЊЕ НА ПЛОШТАДОТ БОГОРОДИЦА, НЕМАЛЕ ПАРИ ДА ГИ ПЛАТАТ СМЕТКИТЕ ЗА СТРУЈА


На Плоштадот Пресвета Богородица со години на диво се наплаќа паркирање и никој не реагира. Плочникот и пешачката зона се блокирано со коли, а лице од црквата наплатува и им наоѓа место на возилата.
Наплатата е незаконска бидејќи за да може некој субјект да наплатува паркирање треба да добие дозвола од Советот на Град Скопје. Досега Советот на Град Скопје не дал дозвола црквата да наплатува паркирање, ниту пак ваква точка стигнала на дневен ред.
Лицето кои го затекнавме како наплатува ни рече дена дневна паркинг карта е 100 денари, а месечна 1.500 денари. На нашето прашање дали имаат дозвола за да наплатуваат ни рече да си ја гледаме својата работа.
„Не мудрувајте многу, гледајте си ја својата работа. Па со кои пари да ги платиме сметките за струја, знаете ли колкави суми ни стигнуваат. И кај да се паркираат вработените во сите овие институции кои ги направија“, ни рече лицето од црквата.
Проблемот со паркирање на Плоштадот Пресвета Богородица трае со години. Во време на ексградоначалникот Петре Шилегов инсекцијата на Град Скопје излезе на терен, ги расчисти колите и даде забрана на црквата да наплатува бидејќи немаат дозвола. Но, после неколку дена од акцијата на Градот, пак се врати сè по старо и црквата продолжи да наплаќа паркирање.
Плоштадот Пресвета Богородица почна да се гради во 2013 година во рамките на проектот „Скопје 2014“. На него се изградени три фонтани со мермерни релјефи на кои стојат скулптури на свети Никола и свети Петар и Павле. Изградбата на Плоштадот ја финансираа Град Скопје и Општина Центар и чини околу 5,3 милиони евра.