Во оваа нишка ќе се следат вести поврзани со наплатните станици вдолж патиштата низ државата,нивни цени и слични поврзани теми.
За почеток нешто накратко во врска со патарините од сајтот на ЈПДП
.....
За утврдување на висината на надоместокот за употреба на пат (патарина) за различните видови на возила, во зависност од видот на возилото, бројот на осовини и висината кај предната осовина, возилата се распоредуваат во пет категории:
прва категорија А: моторни возила со карактеристики на мотоцикли (со две тркала),
прва категорија Б: возила со две осовини и висина кај предната осовина пониска од 1,3 метри,
втора категорија: возила со три или повеќе осовини и висина кај предната осовина пониска од 1,3 метри,возила со две осовини и висина кај предната осовина повисока од 1,3 метри или пониска од 1,8 метри и возила со приколка со три или повеќе осовини и висина кај преднатаосовина пониска од 1,3 метри,
трета категорија: возила со три осовини и висина кај предната осовина повисока од 1,3 метри и возила со две осовини и висина кај предната осовина иста или повисока од 1,8 метри
четврта категорија: возила со четири или повеќе осовини и висина кај предната осовина повисока од 1,3 метри.
Висина на возилото кај предната осовина, се мери вертикално од коловозот донајвисоката точка на возилото, над предната осовина.
Мапа на патарини

Цени по делници


Започнува доградбата на Наплатна станица Миладиновци
Јавното претпријатие за државни патишта започнува со реализација на проектот за доградба на Наплатната станица Миладиновци, кој претставува значаен чекор во модернизацијата на системот за наплата на патарини во државата.
Со овој проект ќе се воспостави електронска наплата на патарина на Наплатната станица Миладиновци, со користење на безконтактни смарт-картички и уред за електронска наплата – ТАГ, што ќе овозможи побрз проток на возилата, поголема ефикасност и зголемен комфор за корисниците на автопатот.
Инаку, проектот е дел од Договорот за изградба и инсталација на наплатни станици на Коридор VIII и на автопатот Миладиновци – Штип, склучен со Конзорциумот Аселсан – Жикол. Досега, согласно со договорот и по принципот „клуч на рака“, целосно се испроектирани и реализирани наплатните станици Преод, Кадрифаково, Глумово и Желино, финансиран преку заем од Европската банка за обнова и развој (ЕБРД).
Со цел намалување на времето на чекање и овозможување побрз проток на сообраќајот, апелираме до учесниците во сообраќајот да го пренасочат своето движење кон Наплатната станица Петровец, каде што е воспоставена функционална електронска наплата на патарина и се овозможува брз и ефикасен премин.

М-ТАГ УРЕДОТ ЗА ПЛАЌАЊЕ ПАТАРИНА МОЖЕ ДА СЕ КУПИ И ВО ПРОДАВНИЦИТЕ НА МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ
Македонски Телеком од денеска почна со продажба на M-ТАГ уреди за електронско плаќање патаринисоопшто компанијата. Со овој уред поминувањето на наплатните рампи на Јавното претпријатие за државни патишта е брзо и без чекање.
Цената на уредот е 1.175 денари со ДДВ и може да се плати на 24 рати. За наплата на патарините преку М-ТАГ достапни се три начина: со платежна картичка, со месечна постпејд сметка или со надополнување на припејд сметка.
За активирање на M-TAG, потребна е регистрација на: www.telekom.enp.mk
Уредот се поставува на внатрешната страна на ветробранското стакло на возилото. Во специјално означената М-ТАГ лента, системот го препознава уредот, наплатата се извршува автоматски и рампата се отвора без запирање.
Засега М-ТАГ може да се користи во Македонија, а наскоро и во соседните земји.
ОД 15 ЈУНИ СО М-КАРД НЕМА ДА МОЖЕ ДА СЕ ПОМИНУВА НА ЛЕНТИТЕ СО М-ТАГ НА ПАТАРИНИТЕ
Од 15 јуни, патарините лентите означени за M-ТАГ ќе бидат наменети исклучиво за корисници со електронски тагови. Со ова, на овие ленти се укинува наплата со M-КАРД. Со М-КАРД ќе може да се плати на останатите достапни ленти на патарината, согласно со нивната намена, соопшти Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП).
Со уредот М-ТАГ поминувањето на наплатните рампи на ЈПДП е брзо и без чекање. Уредот се поставува на внатрешната страна на ветробранското стакло на возилото. Во специјално означената М-ТАГ лента, системот го препознава уредот, наплатата се извршува автоматски и рампата се отвора без запирање. Засега М-ТАГ може да се користи во Македонија, а наскоро и во соседните земји.
ЈПДП апелира за строго почитување на вертикалната и хоризонталната сигнализација, како и на информативните електронски табли поставени пред и на самите патарини, каде е извршена јасна категоризација на лентите по вид на плаќање: електронска наплата (M-ТАГ / M-КАРД), готовинско плаќање (КЕШ).
Воедно, за непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, корисниците се должни да ја следат сигнализацијата за статусот на лентите: зелена стрелка – означува активна (отворена) лента, црвен икс (X) – означува затворена лента.
Непочитувањето на означувањето и намената на лентите може да предизвика застои во сообраќајот и да влијае врз безбедноста и ефикасноста на сообраќајот, велат од ЈПДП.
@stef4o Фала богу. Јас реално и комплетно би ги укинал М-кард. Тотално непотребен изум кој не постои во ниедна друга држава само кај нас може да измислат такви глупости.
А за Бехтел и Енка проективе чекаме и затворен систем на патарини а не од Скопје до Охрид да имам 10 патарини. Се надевам барем Тетово-Охрид ќе го направат затворен систем а реално со малку поголема инвестиција може и А1 да се направи со затворен систем.
На 19 мај 2026 година, ЈПДП објави тендер со наслов „Изработка на физибилити студија за имплементација на наплата на патарина на автопатот А2“.
Тендерот ќе ја оценува изводливоста за воведување затворен систем за наплата на патарина на коридорот на автопатот А2 помеѓу Тетово и Ќафасан.
Постојните автопатски клучки ќе бидат анализирани за да се утврди дали поддржуваат затворен систем за наплата на патарина, а ќе бидат разгледани и различни технологии за наплата на патарина.
Тендерот може да го најдете тука.
Возачите револтирани по новите правила на патарините: „Која е поентата на MCard ако чекаме со кеш?“
објави Скопје1.мк
Од денеска стартуваа измените во системот за наплата на патарините, при што лентите означени за МТАГ ќе бидат наменети исклучиво за корисници на електронски тагови. Од ЈПДП апелираат граѓаните внимателно да ја следат сигнализацијата и распределбата на лентите според начинот на плаќање. Во меѓувреме, дел од возачите реагираат дека на одредени наплатни станици, често нема посебно активна лента за MCard, поради што корисниците на оваа услуга се принудени да чекаат во редиците за плаќање во готово.
„Да го потсетиме ЈП за државни патишта да обезбеди ленти за MCard. На патарина Петровец редовно нема лента за MCard. Ако сакате да направите ред, прво направете услови за користење на услугите. Која е логиката со платен авансно на MCard да чекаме на лента за плаќање во кеш?“, вели возач. објави Скопје1.мк
„Зошто ни служи MCard кога ретко ја вклучувате? Три каси за кеш и една MTag се вклучени речиси секогаш. Кои се поволностите на MCard – еден денар поевтино?“, прашува друг возач.
„Од утре не смее да нема одвоена лента за MCard. Која би била нејзината поента ако треба да чекам заедно со оние што плаќаат во готово?“, реагира трет корисник.
Сличен став има и четврти возач, кој смета дека посебни ленти за MCard мора да има на сите патарини бидејќи картичката се наплаќа и треба да обезбедува одредени предности за корисниците.
„Ако MTag е повластена услуга, тогаш понудете го истото и за MCard“, порачува тој. објави Скопје1.мк
Има нешто ново околу патарината кај Миладиновци?
@tatata Од тоа што се гледа според камерите и неколку пати што имам пројдено од кога е најавена реконструкцијата сега засега никакви конкретни активности на терен
Незнам што чекаат дали најголемите гужви па баш тогаш да почнат
МТаг достапен и во Лукоил од денес
