Кон содржината
Градба.мк Градба.мк
Магистрални патишта
 
Известувања
Исчистете ги сите

Магистрални патишта

3 Написи
2 Корисници
3 Реакции
2 Прегледи
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема   [#896]

Во оваа нишка ќе бидат опфатени сите магистрални патишта,нивна состојба,реконструкција и слични активности.



   
Реагираше Bukefal
Цитат
(@akul1122)
Почитуван член
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 133
 

Шлеперите бегаат од патарини, патиштата се распаѓаат!

Сè почесто се забележува дека дел од товарниот сообраќај, наместо да се движи по автопатната мрежа, се пренасочува кон споредните делници. Причината, според дел од надлежните и учесниците во сообраќајот, е избегнување на трошоците за патарина. Во практика, ако помине камион повеќе делници на автопат (на пример, од север до југ на Коридорот 10), вкупниот трошок може да се собере и на неколку илјади денари по едно патување, зависно од маршрутата и од бројот на наплатни рампи.

Оваа практика директно го зголемува притисокот врз регионалната инфраструктура, која не е проектирана за ваков интензитет и тежина. Последиците веќе се видливи на терен: испукан асфалт, вдлабнатини, деформации на коловозот и намалена безбедност за граѓаните

Низ Македонија сè почесто се повторува истата слика: штотуку рехабилитирани регионални патишта, по неколку месеци или години, повторно се распаѓаат под товарот на тешките камиони и шлепери. Наместо по автопатиштата, дел од товарниот транспорт се пренасочува по регионалните делници, кои никогаш не биле проектирани за таков интензивен сообраќај, а за да се избегне плаќање на патарините, кои се високи за товарните возила.

За тешки товарни возила (камиони и шлепери), патарината најчесто се движи околу 100-170 денари за пократки делници, околу 200-350 денари за средни делници и околу 300-600 денари за најдолгите делници на автопат. Во практика, ако помине камион повеќе делници на автопат (на пример, од север до југ на Коридорот 10), вкупниот трошок може да се собере и на неколку илјади денари од едно патување, зависно од маршрутата и бројот на наплатни рампи.

Токму поради избегнувањето на плаќање патарина и движењето по регионалните патишта, последиците веќе се видливи на делниците: испукан асфалт, вдлабнатини, деформации на коловозот и намалена безбедност за граѓаните. Пример за такво оштетување на коловозот кажуваат возачите што секојдневно патуваат по рехабилитираниот пат Велес – Градско. Тие предупредуваат дека асфалтот може брзо да биде уништен поради движењето на тешки камиони натоварени со руда, земја и со градежни материјали.

– Со затоплувањето и повисоките температури, асфалтот ќе попушти под тежината на камионите. И пак сè ќе биде по старо за кратко време – реагираат возачите од Градско, кои секојдневно патуваат до Велес.

https://www.vecer.press/shleperite-begaat-od-patarini-patishtata-se-raspagaat/



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
(@akul1122)
Почитуван член
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 133
 

ЈПДП: Делницата Стар Дојран – Нов Дојран со нов асфалт

Во рамки на Програмата за одржување и заштита на државните патишта за 2026 година, која Јавното претпријатие за државни патишта ја реализира во соработка со Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта. (ЈП „Македонијапат“), извршени се градежни активности на регионалниот патен правец Р1105, на делницата Стар Дојран – Нов Дојран.

Интервенцијата опфати стругање на стариот и деградиран асфалтен слој, подготовка на коловозната конструкција и вградување на нов асфалтен слој со цел подобрување на безбедноста, функционалноста и квалитетот на сообраќајот на оваа значајна патна врска.

На делницата во должина од 3 километри, со променлива ширина од 6,5 до 7,5 метри, вградени се вкупно 2.400 тони нов асфалт. Со овие активности се овозможува порамна и поквалитетна коловозна површина, што придонесува за поголема удобност при патувањето и намалување на ризиците во сообраќајот.

Вкупната вредност на градежните работи изнесува 40 милиони денари, а изведувач на активностите е ЈП „Македонијапат“. Реализацијата на оваа интервенција е дел од континуираните заложби за подобрување на состојбата на патната инфраструктура, зголемување на безбедноста на учесниците во сообраќајот и обезбедување подобри услови за локалното население, туристите и сите корисници на регионалниот патен правец Р1105.





   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
Сподели: