Кон содржината
Градба.мк Градба.мк
Известувања
Исчистете ги сите

Мостови(општо)

7 Написи
2 Корисници
8 Реакции
2 Прегледи
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема   [#979]

22.05.2025

Трајановски: „Забрзано се работи на санација на мостот на река Вардар кај Башино село“
Мостот на река Вардар кај Башино село изграден далечната 1971 година кој децении наназад опстојувал со видливи оштетувања кои претставуваа опасност по животот на оние кои секојдневно и периодично го користат, и кој беше и времено затворен, а потоа пуштен со времен режим, од 21 март е во фаза на санација. Токму затоа, директорот на ЈПДП Коце трајановски изврши увид во активностите за негова санација заедно со градоначалникот на Општина Велес-Колев и со пратениците Здравковски и Јамалов, како и со деканот на Градежниот факултет Марковски.
„Овде сме сите заедно за да видиме на лице место како течат активностите за санација на мостот каде што како што гледаме Изведувачот на работите „Синтек инженеринг“ ДООЕЛ Скопје забрзано работи и нашите очекувања се дека работите ќе се одвиваат непречено како и до сега и дека согласно со договорот сѐ ќе биде завршено до 21 јуни годинава. Овој мост ги поврзува Велес, Чашка, Извор и Богомила, односно повеќе населени места, тој е од витално значење затоа што низ него има голема фреквенција на возила и тоа на шлепери, полесни товарни возила и комбиња, како и на автомобили, но за жал веќе подолг временски период имаше видливи оштетувања за што по побараното стручно мислење од Градежниот факултет ни беше наложено да го затвориме и итно да го санираме. Но, по два месеци забрана за сообраќај, мостот повторно беше пуштен во функција, а сообраќајот се одвива само по средната лента каде е најмало оштетувањето на мостот и е регулиран од двете страни со семафор. Важи забрана за сообраќање на камиони потешки од 40 тона, за што имаме асистенција од СВР Велес, односно полициски екипи го регулираат движењето на тешките камиони. Ние на кои им благодариме за асистенцијата и соработката. Воедно им благодарам и на професорите на Градежниот факултет во Скопје кои помогнаа да биде монтирана најсовремена опрема под самиот мост, која врши мониторинг 24 часа, и секое движење по мостот се евидентира.“-изјави директорот на ЈПДП Коце Трајановски по извршениот увид.
Изведувачот на работите информираше дека при градежните работи се третира долниот дел од мостот, се поставува нов вид материјал на столбовите за да се зацврстат, и со најсовремено решение се третира мостот од внатре. До овој момент завршени се столбовите што имаат карбонски траки, се работи на заштитата одозгора, односно на премачкување со епоксидна смола што исто така е завршено. Се врши премачкување со таканаречен репаратур малтер и сега останува да се направи армирањето на главните носачи на мостот коишто се оштетени и нивно наново бетонирање и зајакнување од нивната долна страна. Изведувачот започнува и со активности за челичење елементи што ќе ги зацврстуваат столбовите, односно ќе следи поставување на челични врски на столбовите, со што би се зајакнала конструкцијата на мостот.
Инаку, реконструкцијата на овој мост е финансирана од ЈПДП, односно Владата, а проектот е вреден 24.614.554 денари или околу 400.000 евра без ДДВ. Санацијата на мостот кај Башино Село првично треба да го продолжи неговиот век на користење за 5 до 10 години.






[ https://www.facebook.com/drzavnipatista ]



   
Реагираше Bukefal
Цитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема  

10.10.2025

СЛЕДИМЕ ПРОГРЕС: Санација на мост над река Вардар (кај село Здуње)
Јавното претпријатие за државни патишта врши санација на мостот над река Вардар (кај село Здуње) на државниот пат А2, делница Гостивар – Стража.
Имено, состојбата со овој 50 метарски мост веќе поодамна наложува негова итна санација заради негово зацврстување со што ќе се зголеми неговата безбедност, како и безбедноста на учесниците во сообраќајот кои гравитираат на овој патен правец.
Станува збор за коловоз кој е широк 8 метри и 1,20 метри тротоари, за кои во проектот е предвидено да бидат комплетно санирани. Изведувачот над работите ПЕЛАГОНИЈА АД Гостивар и надзорот ГЕИНГ ДОО Скопје веќе имаат изведено околу 50 % од градежните активности и во моментов се работи на левата страна на мостот во правец од Гостивар кон Стража при што се работи на:
✔️долниот строј на мостот
✔️се санира левиот главен носач
✔️се врши бетонирање на дел од секундарните носачи
✔️се санира горната бетонска плоча на мостот по што ќе следи нанесување на нов слој на асфалт, итн.
По завршување на активностите на левата страна ќе се продолжи со активности на десната страна.
Во моментов заради градежните активности има времен режим на сообраќај и со оглед на фреквентноста на овој патен правец ЈПДП апелира за внимателно следење на сообраќајната сигнализација како и за трпение.
Инаку, вкупната вредност на проектот за санација на мостот над река Вардар (кај село Здуње) на државниот пат А2, делница Гостивар – Стража изнесува 41.149.154,50 денари.




[ https://www.facebook.com/drzavnipatista ]



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема  

Градоначалникот Митко Јанчев и претседателот на Совет на општина Кавадарци д-р Стојанчо Рамов, во посета на село Марена, каде ќе започнат градежните активности за изградба на нов мост преку Луда Мара – с. Марена!
Овој проект е со финансиска поддршка од Министерството за транспорт во износ од 12 милиони денари. Во моментот сообраќајот се одвива по една коловозна лента, поради што е воведен редуциран режим на сообраќај. Ова е привремено, до започнувањето на изградбата на новиот мост.
Новиот мост ќе располага со:
-две коловозни ленти
-тротоар од двете страни
-вкупна ширина од 8,5 метри
Со овој проект се подобрува безбедноста и се унапредува патната инфраструктура во овој дел од општината.




[ https://www.facebook.com/photo?fbid=1566753891475273&set=pcb.1566754621475200 ]



   
2
Bukefal и Kavtown реагираа
ОдговорЦитат
(@kavtown)
Почесен член
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 348
 

Мост во Село Ваташа
Почеток на градба 2018
Пуштен во употреба 2020






   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
(@kavtown)
Почесен член
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 348
 

Прекрасниот мост на река Црна кај село Возарци-Кавадарци. Мост кој е направен за потребите на ХЕЦ Тиквеш пред едно 60 години





   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
(@kavtown)
Почесен член
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 348
 

Се гради нов мост на река Брегалница во Штип




https://www.facebook.com/share/v/1CsJPTMh26/



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема  

Во тек е целосна реконструкција на најголемиот мост на реката Брегалница во продолжение на булевар „Гоце Делчев“.
Ова е значаен инфраструктурен зафат кој ќе придонесе за поголема безбедност, подобра поврзаност и поквалитетно секојдневно функционирање на сообраќајот.


[ https://www.facebook.com/photo?fbid=1680788347387959&set=pcb.1680793154054145 ]



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
Сподели: