Кон содржината
Градба.мк Градба.мк
🚧Автопат Гостивар-К...
 
Известувања
Исчистете ги сите

🚧Автопат Гостивар-Кичево

11 Написи
3 Корисници
13 Реакции
3 Прегледи
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема   [#978]

13.03.2023

Најевтино ќе чини автопатот Тетово-Гостивар, за Гостивар-Кичево ќе се издвојат најмногу пари

Автопатот Гостивар-Кичево ќе биде најсложен за градба и ќе чини најмногу средства од четирите проекти што ќе ги реализира американско-турскиот конзорциум „Бехтел-Енка“ во земјава. За делот меѓу Гостивар и кичевското село Букојчани, каде треба да се изградат 30,3 километри, е предвидено да се издвојат 560 милиони евра. Ова беше кажано на денешниот брифинг на министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на ЈП за државни патишта, Ејуп Рустеми.

Мета.мк веќе пишуваше дека за да се доврши автопатот Гостивар-Кичево земјава ќе подигне дополнителни средства за изведба на секцијата од Букојчани до Кичево, односно додатни 130 милиони евра за 12,7 километри автопат. Сепак, оваа трета, последна секција од автопатот е наједноставна за градење, бидејќи минува низ рамничарски терен. Неа ќе ја гради фирма која ќе биде дополнително избрана на тендер, надвор од договорот што е потпишан со „Бехтел-Енка“.

Наспроти Гостивар-Кичево кој ќе биде најскап за изградба, на денешниот брифинг беше најавено дека најевтин за изведба ќе биде автопатот Тетово-Гостивар, каде за 17 километри автопат ќе се издвојат 125 милиони евра. Со овие средства треба да се изгради трета коловозна лента во двата правци, да се рехабилитира постојната траса, а проблем се и надвозниците над постојниот пат, под кои сега има простор само за две коловозни ленти во секој правец. Мета.мк подолг период наназад пишуваше дека трасата меѓу Тетово и Гостивар е најфреквентна во земјава.

На проектот за автопатот Прилеп-Битола, на кракот Д од Коридорот 10, за изведба на 40 километри автопат ќе се издвојат 260 милиони евра. Дополнителни 360 милиони евра ќе чини изградбата на 22 километри од автопатот Требениште-Струга-Ќафасан. Финансиските средства што беа соопштени за автопатите беше образложено дека засега се првични, бидејќи за секоја делница допрва ќе се изработува елаборат и ќе се довршува проектната документација.

На денешниот брифинг беше најавено дека изградбата најпрво ќе започне во април годинава на трасите меѓу Тетово и Гостивар, како и меѓу Прилеп и Битола.

Рустеми и Бочварски денеска најавија дека двата автопати ќе бидат изградени за четири години и седум месеци. Притоа, за експропријација на земјиштето долж овие патни правци ќе бидат издвоени дополнителни 238 милиони евра. Инаку, од годинешниов буџет на Министерството за транспорт и врски се предвидени 244 милиони евра за изведба на автопатите, а истата сума ќе се издвојува и во наредните години.

[ https://meta.mk/najevtino-kje-chini-avtopatot-tetovo-gostivar-za-gostivar-kichevo-kje-se-izdvojat-najmnogu-pari/ ]



   
Реагираше Bukefal
Цитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема  

Трајановски: „Делницата Гостивар – Букојчани е сериозен инженерски потфат во сложен планински предел!

Гостивар – Букојчани е една од четирите делници што се градат на Коридорот 8 и Коридорот 10, и во моментов е овозможена непречена работа на близу 35 % од вкупната должина, односно се работи на 11 км од вкупно 31 км, а работите се изведуваат од 4-тиот до 13-тиот километар.
Токму на овој потег увид по трасата извршија директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски, заедно со претседателот на Владата на РСМ, Кристијан Мицкоски, министерот за транспорт Александар Николоски, Н.Е. Никол Варнс, вршител на должноста Амбасадор на Соединетите Американски Држави, претставници на Бехтел и Енка и други политичари, со цел да се уверат во динамиката на изведбата.
Во изјава за медиумите директорот Трајановски констатира дека има одлично темпо на работа и во зимскиот период, дека активно се работи на 4 моста и 1 натпатник, и дека мостот-близнак кој минува преку долината и над постојниот канал за наводнување (водовод), е еден сериозен инженерски потфат и еден од најголемите во државата со 386 метри должина.
„Мостот има вкупно 22 столба, каде највисокиот столб е речиси 41 метар, а неговата вкупна ширина е 24,52 м. Секој коловоз посебно има по 11,57 м, и содржи по 2 ленти за возење со ширина 3,50 м, и една лента за запирање со ширина 2,75 м. Помеѓу нив има безбедносен простор -таканаречени Њу Џерси бариерите од 80 см (50 см + 30 см). Исто така, и на двата краја на мостот се имплементирани Њу Џерси бариери во ширина од 51 см. Мостот е во завршна фаза од неговата изградба и може да се вози по двете коловозни ленти.
Инаку, генералниот напредок на завршените работи на 11-те км на кои непречено се одвиваат работите во процентуални вредности изнесува речиси 59%. Само во период од една недела на оваа делница извршен е ископ од околу 45.000 м3, насип од околу 1.800 м3, а ангажирани се околу 590 работници, вклучени се повеќе од 500 различни машини и механизација, и околу 55 камиони. Во наведените бројки се вклучени и сите локални подизведувачи и компании од разни области кои се околу 15-тина на број. За потребите на работниците на Бехтел и Енка, пак изграден е камп за привремено сместување и работа со капацитет за повеќе од 1200 лица“, изјави директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски .




[ https://www.facebook.com/drzavnipatista ]



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
(@akul1122)
Почитуван член
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 133
 

ЗА ДВЕ ГОДИНИ СЕ ПРОДОЛЖУВА РОКОТ ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТИШТАТА ШТО ГИ ГРАДИ „БЕХТЕЛ И ЕНКА“ Николоски вели дека две години претходната влада не направила ништо

За две години ќе се продолжи рокот за изградба на автопатското поврзување Тетово-Гостивар и Гостивар- Букојчни, информира денеска министерот за транспорт и врски Александар Николоски за време на увидот на работите на автопатот направен заедно со премиерот Христијан Мицскоски и директорот на ЈП Патишта, Коце Трајановски.

Николоски рече дека притоа очекува да не се зголеми цената на чинење на автопатот што го гради конзорциумот „Бехтел и Енка“.

-Причина за продолжување на рокот за изградба на автопатот е застојот од 2 години бидејќи претходната влада не направила ништо. Надзорниот инженер на проектот во ноември побара да се надополни тој период од рокот за изградба и ние немавме друг избор освен дека прифатиме. Одиме на рокот на завршување декември 2029 година што не значи дека нема да се завршат делови пред тој рок– рече Николоски.

https://plusinfo.mk/za-dve-godini-se-prodolzhuva-rokot-za-izgradba-na-avtopatishtata-shto-gi-gradi-behtel-i-enka-nikoloski-veli-deka-dve-godini-prethodnata-vlada-ne-napravila-nishto/



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
(@mogli)
Угледен член
Се приклучи: пред 3 месеци
Објави: 22
 

Веќе одамна рокот е продолжен до 31 декември 2029 за сите автопати од Бехтел и Енка иако тоа не беше објавено на тв. Истото е видливо на извештаите кои беа објавувани до 31 декември 2025. Сепак по нова година немаме ниту еден извештај. Веројатно тоа има врска со намалувањето на динамиката на работа. До нова година на делницата Битола Прилеп се работеше турбо, но оттогаш досега работите се многу намалени. Зголемени беа за посетата на министерот пред еден месец, по што повторно се намалија. Тоа е видливо за секој кој ја вози на оваа делница. Верувам дека и за Тетово Гостивас е исто. Повторно ќе напишам, автопати во рамница да се градат 5 години не е во ред. Што се однесува до Гостивар Букојчани - теренот е тежок и искрено се надевам дека за 3 и пол години ќе имаме вистински автопат.



   
2
Bukefal и akul1122 реагираа
ОдговорЦитат
(@mogli)
Угледен член
Се приклучи: пред 3 месеци
Објави: 22
 

Дали може некој да направи update на трасата во изградба на openstreetmap за овој автопат? Веќе на sentinel hub се гледа напредок на обиколницата околу Гостивар, како и целата траса од Гостивар до Букојчани, иако голем дел од неа се само мали траги.



   
ОдговорЦитат
(@akul1122)
Почитуван член
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 133
 

@Могли Направив јас пред неколку недели, додадов поголем дел од обиколницата на Гостивар
А мислам дека од тогаш сеуште нема поголеми активности за да знаеме за сигурно каде ќе оди трасата



   
Реагираше Могли
ОдговорЦитат
(@mogli)
Угледен член
Се приклучи: пред 3 месеци
Објави: 22
 

Да, видов дека има, но на sentinel ми изгледаше дека веднаш западно и северозападно од Букојчани има некакви почетни земјени работи кои продолжуваат и во планината. Но, можеби станува збор за планински патчиња, ќе видиме.



   
ОдговорЦитат
(@akul1122)
Почитуван член
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 133
 

@Могли Да и јас следам на сентинел особено од кога министерот Николоски кажа дека од пролетва требало да започнат и со активности кај Букојчани но барем засега се многу минимални според мене
Доста е нејасна трасата јужно од селото Ѓоновица

На OSM колку толку се потрудив да е точна трасата на тој дел што го додадов околу Гостивар сепак не сум ни толку вешт со тој нивниот editor а и башка што користат сателитски снимки од 2017 година



   
Реагираше Могли
ОдговорЦитат
(@mogli)
Угледен член
Се приклучи: пред 3 месеци
Објави: 22
 

Да, и јас постојано следам. А, во однос на editor-от на OSM, вистина е тежок за работа, за снимките дека се стари, веќе нема збор.

Во секој случај, благодарам на информацијата. Сепак, ќе следиме и ќе видиме.



   
Реагираше akul1122
ОдговорЦитат
(@akul1122)
Почитуван член
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 133
 

Почнува сериозно да се пробиваат пристапни патишта и да се пробива самата траса јужно од селото Ѓоновица

Очекуваме поголем прогрес во работите летово
Колку толку почнува трасата веќе да се гледа



   
2
Могли и Bukefal реагираа
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема  

Одличен напредок во изградбата на автопатот Гостивар - Букојчани (заобиколување на популарната Стража).
Трасата се пробива со силно темпо, а истовремено се работи на поставување на столбовите за виадуктите.
Се работи на 4 моста и еден натпатник, еден мост е целосно завршен.








[ https://www.facebook.com/photo/?fbid=1573602537454900&set=pcb.1573602927454861 ]



   
2
❤️
Реагираа akul1122, Bukefal и akul1122
ОдговорЦитат
Сподели: